Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
21.10.2012, 15:25

Петиција против зонското паркирање

На социјалните мрежи се појави петиција со која се бара укинување на зонскиот систем на паркирање. Со петицијата „Потпиши се за укинување на зонското паркирање“, иницијаторите ги повикуваат скопјани да го дадат својот глас за да се укине зонското паркирање кое зема се' поголем замав не само во централното градско подрачје, туку веќе почна да се применува и низ населбите, со што, како што се вели во некои коментари, одредени институции ги злоупотребуваат и рекетираат граѓаните.

„Проектот ја изгуби својата смисла. Тој требаше да овозможи во строгиот центар да има постојано слободен паркинг за краток престој додека да се заврши неопходната работа и потоа местото да се отстапи на друго возило. Но, денес зонско паркирање има буквално на секоја улица и тротоар“, „Ова е класичен пример за рекет од институции, ова е смислено само за полнење нечии приватни џебови. Земјиштето е на граѓаните“, „Не можеме веќе да си ги посетиме пријателите и роднините, бидејќи еден час може да не' чини и 45 денари. Ова мора да прекине“, се дел од коментарите на оние што ја поддржуваат иницијативата.

Петицијата која се шири на социјалните мрежи ќе биде поднесена до Советот на Град Скопје. Иницијаторите очекуваат дека на тој начин по правен пат ќе се укине зонското паркирање како штетна мерка за граѓаните. (С.Р.)


Статијата е прочитана 1190 пати.

Испрати коментар



Хуманитарна акција за социјалните случаи во Карпош
Опомена за неплатена фирмарина
Од Нова година ѓубрето во Центар ќе се фрла под земја



Смрт за зони и пајак возила, 22.10.2012 00:46:12
Ве молам да објавите на кој начин можеме да ја потишеме оваа петиција. На илјадници граѓани страдаат од зоните и пајак возилата
Јосиф Давидов, 22.10.2012 09:38:17
Незнам што им смета на гаѓаниве што се направи ред со паркирањето, порано ако сакав да завршам некоја работа во центар ми беа потребни најмалку половина час да барам паркинг место, а сега е сосема поинаку, слободни паркинг места има секогаш, но со едно апсолутно се согласувам а тоа е дека ние имаме највисока цена во Европа на паркин час, колку за споредба во Р. Словенија поточно во Љубљана еден час за паркинг место се наплатува 1 евро но на просечна плата од 1.350 евра. а кај нас еден час е 75 центи и тоа на фингирана просечнана плата од 335 евра. Затоа максималната цена кај нас би требало да изнесува до 20 денари за еден час и ништо повеќе. Ама ако нема арач, како ќе функционира државата, никако!!!
Павле, 22.10.2012 09:45:02
Со многу мала инвестиција, општините на лесен начин доваѓаат до полнење на општинските каси. Од една страна општините ове пари ги користат за инвестиции,што е добро, но п��к од друга страна слободата на движење на граѓаните им е ограничена. До пред некое време во Општина Аеродром,граѓаните кои живеат во зградите и ги паркираат пред нив своите возила, им се наплатуваше за паркинг.Сега плаќаат само тие што доваѓаат на гости кај своите роднини. Полека но сигурно мислам дека секој паркинг се претвара во зонско паркирање, а парите кои се заработуват од овој би рекол лесен начин, се огромни.
nepoznat, 22.10.2012 09:46:25
Vakov aramiluk nema nikade.Se krade narodot do gola kozza.Poedinci od vladeackata partija se napolnija pari.aramiluk do koga taka.Vednas da se prekine ajduklukot.
Cvetko, 22.10.2012 12:48:43
Zalosno e sto TC Biser skoro propadna od dobrite idei za zonsko parkiranje. Imeno, neka pominat gospodata od gradski parking da gi prasaat trgovcite zosto gi zatvaraat dukanite i zosto, sega na prizemje vo najprometniot del na biser, vo sekoj 3 dukan ima oglas SE IZDAVA. 30 godini ziveam vo toj reon, NIKOGAS nemalo problem so parking prostor. Edinstven problem okulu pazarceto koe i so zonskoto parkiranje, pak e vo haos. Ovie od gradski parking se ziva stetocina za opstestvoto! So zadovolstvo ke se priklucam kon peticijata! Neka go objavi nekoj linkot of FB... Bravo za storijava!
Ајван Доктор®, 22.10.2012 13:42:03
Навистина би сакал некој од умниве градски советници кои ја донеле одлуката за зонско паркирање,да ми посочи во која европска земја постои паркирање на тротоари!Изгледа дека таква нема ниту во светот,па ни во оние земји кои ние по правило ги сметаме за примитивни!Некако,како по обичај,нашите „силни умови“ги препишуваат решенијата од западниот свет преобликувајќи ги за своја лична финансиска полза!Цената е преголема во однос на стандардот,а парите сигурно се трошат ненаменски!Основно за Скопје е дека треба да се спречи понатамошен прилив на нови жители во него!Градот,не само што не ќе може да диши од пренатрупаност со возила,туку веќе има и појави на недостиг на вода и електрична енергија!Покрај пренатрупаноста со градби и кичспоменици,градот станува пренатрупан и со возила и со луѓе!Градот кој е планиран за најмногу 200-300 илјади жители не ќе може да издржи долго време со ваква стапка на прилив на нови жители и,ако вака продолжи,наскоро може да очекуваме негов колапс!
даница трпковска, 22.10.2012 16:05:26
ЈП Паркинзи дури наплаќа и за места кои не се обележани од нивна страна и истите не се во нивна надлежност
sofi, 22.10.2012 18:29:28
Link www.peticije24.net/ukinuvanje na zonskoto prakiranje... Uf, red bese!!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (34)
За Јованка Стане Доланц е никаквец. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Холивуд на Северно Море
Со своите добро сочувани природни пејзажи, даночни олеснувања и способни техничари, Белгија во последниве неколку години...
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |