Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Забава

Концерт

„Љубојна“ за Свети Никола во МЦМ

Во неделата вечерта, присутните во скопскиот клуб МЦМ доживеаја нови бранови од емоции, радост, блаженост и еден тон позитивна енергија од целовечерниот концерт на македонскиот состав „Љубојна“. Веселата дружина низ свирката не предизвикаа со боите на љубовта, блик на изворен мелос и ритмистика, но и инспиративна естетика и голема доза импровизација - совршена танцувачка подлога и модерен музички израз.

По двомесечна пауза, Верче - славејче, контрабасистот Оливер Јосифовски, гитаристот Бојан Петков, виолинистот Илија Филиповски, диџејот Јордан и перкусионистите Демир и Најдо Шаќирови неколку часа неуморно ширеа насмевки на оние што решија да не бидат дел од нечија домашна слава, туку токму со „Љубојна“ да го дочекаат нашиот Дедо Мраз, Свети Никола.

Интимната атмосфера ја потковаа со теми од трите албуми, но и приспособени аранжмани на композиции од својата музичка архива, примарно наменети за балет, театарски претстави, разновидни сценски и филмски проекти. Ведрите лица на гостите покажаа дека оваа групација е способна во секое време, на каква било локација да донесе искрена интеракција и создаде магија од повеќеслојната современа музика, преточена од македонскиот фолклор. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Сака да се смири со сопругот
Ја изневерил Ванеса со 19-годишна манекенка
„Хјундаи и10“ - Штедлив и практичен мал градски автомобил
 

Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks
Storms ahead for Hungarian EU presidency