Во светот јавно се бакнуваат, нашите никаде ги нема
Во Македонија постои социјален живот на ЛГБТ луѓето, кој се' уште е невидлив
Жаклина Ѓорѓевиќ
Двесте шпански хомосексуалци со бакнеж го поздравија доаѓањето на папата Бенедикт Шеснаесетти додека поминуваше во својот папмобил низ улиците на Барселона. Бакнежот го симболизираше нивниот револт и протест поради неговата политика за хомосексуалците и употребата на кондоми. Во Србија се' уште се раскажува за парадата на хомосексуалците и контрапарадата од минатиот месец, кои завршија со над стотина повредени. Жител на албанскиот град Лежа отворено призна дека е хомосексуалец во емисијата „Биг брадер“, која се емитува на телевизијата Топ чанел, при што експресно предизвика протест на 400 млади луѓе. Хомосексуалците во светот од поодамна, а во поново време и од регионов, отворено признаваат каква е нивната сексуална определба. Министри, пратеници, градоначалници... од речиси сите светски дестинации од ист пол се мажат, се женат и немаат никаков проблем зашто нивните сограѓани и соработници знаат дека се хомосексуалци.
Но, за разлика од светските трендови, нашите хомосексуалци ги нема никаде. Никој не признава дека има поинаква сексуална ориентација, иако низ градските седенки не стивнуваат озборувањата за тоа кој е или не е хомо од повеќе или помалку популарните ликови.
Веќе три години не функционира Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација МАССО и оттогаш никој не зборува за луѓето од ЛГБТ-популацијата. Се кријат ли, каде исчезнаа?
Во Македонија се се' заврши со приказната за Кочо Андоновски, човекот кој е единствениот досега што призна јавно дека е хомосексуалец. Сега работи во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тој вели дека тоа што ја нема организацијата, не значи дека ЛГБТ-луѓето не постојат.
„Моментно МАССО не е активна. Нема активна организација која е посветена на правата на ЛГТБ-популацијата и која континуирано работи на правата на лезбијките, геј, бисексуаците и трансродните личности“, вели Андоновски, некогашниот претседател на МАССО.
Според него, МАССО ја извршила својата улога за отворање дебата во однос на сексуалната ориентација и човековите права. „Затоа е потребно самоорганизирање на ЛГБТ-луѓето и формирање нова организација“ коментира тој.
Бакнежот на хомосексуалците во Барселона Андоновски го коментира како нормална реакција на луѓе „што трпат континуирано говор на омраза од страна на Католичката црква“. „Тоа е еден апел во име на слободата на правата на сите луѓе. Како што верниците имаат права на свое религиско уверување, имаат и ЛГБТ права во однос на недискриминација врз основа на сексуална ориентација“, смета Андоновски.
На прашањето каде се изгубија хомосексуалците, тој објаснува дека во Македонија постои социјален живот на ЛГБТ луѓето, кој, за жал, се' уште е невидлив. Сепак, прогнозира дека за една-две години ќе има позрела и самоорганизирана ЛГБТ-заедница, која ќе биде подготвена јавно да се бори за своите права.
Моментно Хелсиншкиот комитет дава бесплатна правна помош за сите оние што се чувствуваат дискриминирани по каква било основа.
Славчо Димитров, координатор на „Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права“ го оценува протестот на шпанските хомосексуалци како еден од подобрите што ќе ги памети човештвото. „Со тоа му се упати јасна порака на папата дека се залудни сите напори на Црквата да го избрише постоењето на одредена група луѓе“, ни изјави Димитров. Тој додава дека има јавни личности што се хомосексуалци, но тие се принудени да водат двоен живот на кој се присилени од општествотож. Притоа, смета дека проблемот со нивното непојавување во јавноста лежи во тоа што генерално нема политичко освестување за таа проблематика во земјава.
Македонија доживува критики од Европската унија дека законот за антидискриминација не е во согласност со европското законодавство.
Македонци одат во Белград да го менуваат полот?
Неколку транссексуалци од Македонија бараат да го променат полот, но тоа планираат да го сторат во Белград, а не во државава, за да се заштитат од јавна осуда, дознаваме од неофицијални извори. Со тоа и нивниот идентитет, кој засега се чува во строга тајност, ќе мора да се промени во личните документи што ги поседуваат.
За разлика од досегашните случаи кога вакви личности го менувале полот и поради тоа заминувале надвор од државава, овие неколку старо-нови ликови решиле да останат во Македонија и тука да продолжат да живеат со новиот идентитет.
Невладини организации нудат бесплатна правна помош за сите оние што ќе се одлучат на овој чекор.
A kakoo ke se razmnozuvaat za da idnite generacii imaat PARTNER ???? Za da imaat so kogo da se.... Ludilo...do kade sme stignale...
Од: caki
Датум: 10.11.2010 12:55:23
Kolku se sekirate za homoseksulcite(se rasplakav)koga ke pocnete da se se sekirate za Makedoncite!
Од: deli
Датум: 10.11.2010 13:01:43
Respektiram, deka ima luge so druga sexualna orientacija, no ne posakuvam postojano za niv da slušam i da čitam, oti toa stana eden vid "moda" vo denešen svet. Neka živeat kako što sakaat, ako ne im prečat na drugi luge (što važi uostalom za site i vo site pogledi, ne samo vo sexualna orientacija), a ne da se postojano naglasuva i rešava nešto za niv. Za sreka, vo vekina zemji, barem "civilizirani" ne se više nikako diskriminirani, a ako im e ubavo so istiot pol - nivna rabota. Toa postoji, bilo popularno a detalno e dokumentarisano e ušte vo antičko vreme, a bidejki Makedonija e vo suština antička zemja, kako što stalno čitam, nejzinite žiteli deneska sigurno dobro znaat, što e toa i na ništo takvo i ne se čudat. Mi tekna edno prašanje: kade pak isčezna Felix???
Од: vladimir
Датум: 10.11.2010 13:17:40
Koj sto saka neka si pravi i neka bide ali to sto nesto se potencira nesto sto tolku saka da se prezentira javno nesto ne e vo red ima nekoja zadnina iako za mene toa e neprirodno sme ucele biologija znaeme sto e priroda kako funkcionira lanecot nareen reprodukcija zivot ljubov toa nigde go nemaat spomnato ova e balkna i mislam deka nema potreba da si stavaat vo zdrava noga trn ete im go zapad neka se ljubakaat neka se setaat goli ovde fala ne moeto dete nekam da znae za niv
Од: SPIRIDON
Датум: 10.11.2010 13:48:49
Vidi be Žaklinče,vaa tema ti e nogu i interesna i tera na seriozno razmisluvanje,razbira se.Ama toa LGBT mi mate mozoko,da ne e toa neščo kako BJRM,neznam,stra mi e veke od kratenki.A srvarno pa te kaj nas ni nekoj se kerebeče ni pa preteruva u različnata seksualna orientacija.A ima gi.Ama imam dilema u koj koš da gi staam tija šo se "samozadovoluvat",ako pravilno se izrazi.A i oni ne se otkrivat.Kaj nas ti e se konspirativno,pa švalerite i švalerkite,neli i oni se podrugo seksualno orientirani.E da dodadam i neščo za legalizacijata na prostitucijata,te Amsterdam si punil kasata od taa rabota.A koj ke ja rabote taa rabota.Sestra,majka,snaa,kerka,brat,mislam na vija LGBT,ili ke uvezeme od stranstvo.A može i so dekret ministerstvoto da rasporede,vaj mesec vija,drugio onia,za raznolikost i za ramnopravnost u sekoj pogled.Pa i oni da se uklučat u punenjeto nadržavnata kasa,pa ke ima i za spomenici,neli.
Од: normalen
Датум: 10.11.2010 14:06:14
Homoseksualnosta e " B O L E S T" i takvite treba da baraat lekarska pomos, samo takvo pravo imaat nisto drugo !!!
Од: Alek
Датум: 10.11.2010 14:17:12
Кој погоре ја стресе глупоста за хомосексуалците и Македонците како две дисјунктни множества, хахаха. Како да се хомосексуалците се’ само не Македонци. Јавното неприфаќање на хомосексуалците од страна на оваа власт (односно декларативно прифаќање, ама под услов да не се видливи) е само собирање поени кај најпростиот дел од гласачкото тело, типични хомо балканикуси. Следниот пат кога некој жестоко ќе настапи од позиција на хомофобија и мачоизам, сфатете дека сфатете дека попрво би легнал(а) со личност од истиот пол отколку луѓето со приземни и умерени ставови.
Од: граѓанин
Датум: 10.11.2010 14:23:15
Можно ли е се прашувам себе си и целата јавност, прашањето на сексуалната ориентација да стане симбол на „човековите права и слободи“ кога сите ние секојдневно сме дискриминирани отворено на десетици други начини, како граѓани. Ова е сепак нечија агеда , ова прашање да се актуелизира до врв.Да си геј е симбол на борбата на слобода и правда, а да си сиромав, без работа,омаловажен од политичките елити, без пристап до основните средства за живот, без право да се жалиш...е тоа не е нешто трендовско и актуелно. Од хомосексуалците направивме жртви, херои...ексклузивна каста. Кај се стечајците, раселените лица, лицата со посебни потреби, младите високо образовани кои заради немање партиска книшка немаат избор. Па ок, ќе станам геј ако тоа ми донесе плата, респект, рамноправен третман.
Од: ?
Датум: 10.11.2010 14:42:01
Ние сме чуден народ. Хомосексуалците би ги тепале ако парадираат а о�� друга страна и за Александар(се шушка дека и тој бил “обратен“) би тепале за споменик да му се направи. На Бики 13 на концерт ќе му одиме ама на улица и него би го истепале. И Азис ништо подруго не го очекува! Се прашувам какви луѓе се тепачиве и плукачиве по “обратните“? Ако се сигурни во својата сексуална определба нема зошто да плукаат и тепаат освен ако не е од страв да не го сменат таборот. А за геј браковите, подобар и таков ако функционира со взаемно разбирање и слога отколку дисфункционале со ќотеци и слини методи од рајот превземени.
Од: Бисекс дечко
Датум: 10.11.2010 16:13:26
Стално кога се во медиумиве се пишува за хетеросексуална љубов ставате слики од некој згодни и млади дечки и девојки.
А кога се пишува за хомосексуалци ставате слики од некој грди стари мажи што се бакнуваат, се држат за рака или пак (како во случајов) стари травестити.
Од: nisto ne e slucajno
Датум: 10.11.2010 16:17:33
vlasta poradi momentalnata svest na nasiot narod vo vrska so ovaa tema e protiv legaliziranje,a opozicijata e za legaliziranje i prifakanje na ovaa pojava.Dokolku ne bea istive politicari,stavot ke im bese sprotiven i na ednite i na drugite
Од: adanac
Датум: 10.11.2010 16:19:33
izbegani se nadvor be srcka. koj ke ti sedi u taa vasa vukojebina?? se mazat, zenat, imaat deca..iako spijat so ist pol vi krevet. vie zivejte si si vo vasiot pravoslaven Iran, gledajte Farma, pijte si go vinoto posto ne mozete da go zivezete nadvor i uzivajte si vo vasite spomenici na homosexualci, Bugari i predavnici..
Од: ?!
Датум: 10.11.2010 16:59:24
Браво граѓанин.Навистина добро типишно граѓански кажано.Нема што да се додаде или одземе.
Од: Mitre
Датум: 10.11.2010 17:18:52
a dava li EU azil na gejovite od FyrMakedonija ????
.. ako dava, ke se multiplicira brojot vednash
Од: Горан Илиев
Датум: 10.11.2010 23:00:40
Се создава слика дека христијаните ги мразат хомосексуалците. Тоа не е вистина. Христијаните го сметаат за неправилен и грешен нивниот начин на покажување (сексуална) љубов кон истиот пол. Бог замислил бракот да биде помеѓу маж и жена. Тоа го потврдува и природата. За жал. живееме во време на испревртени вредности. Светот оди во се поголем неморал и пропаст. Но јас и понатаму верувам дека Бог има љубов дури и за хомсексуалците, и ако некој од нив се покае и одврати од таквиот живот, Бог може да му прости и да го исцели и исполни неговото срце.
Од: hetero
Датум: 11.11.2010 02:32:03
"Во светот јавно се бакнуваат, нашите никаде ги нема"
I podobro da gi nema !!!!
Од: Makmak
Датум: 11.11.2010 03:23:09
Aleksandar Makedonski bil homoseksualec. Toa e i dobro dokumentirano, no koj saka da cita??
Од: civiliziran
Датум: 11.11.2010 04:54:11
SRAMOTA ZA MAKEDONIJA.
Gi citam nekoi od komentarive i nemozam da sfatam deka sakame da odime vo Evropa. Koga ke prestanete lugjeto da gi gledate spored nivnata seksualna, religiozna, nacionalna ili politicka opredelba?
Gledajte vo covek kako covek, a ne dali e poinakov od vas. Toa se nivnite zivoti i ke si gi ziveat kako sakaat. Vo nivnite oci mozebi vie izgledate poinaku.
Analizirajte se sebesi, ama vo sekoj pogled, pa ako utvrdite deka ste perfektni, togas pocnete da gi sudite drugite.
Од: razumno
Датум: 11.11.2010 09:06:20
a da pocnat da se lecat, bolest kako sekoja bolest, mora da ima nekakva terapija i za vakvi bolesti
Од: Karolina
Датум: 11.11.2010 10:00:42
Ne e za cudenje, nam ni nedostasuva i tolku malku um i tolerancija za da svatime deka nemame pravo da si go pikame nosot vo ljubovniot i seksulaniot zivot na drugite luge. Ic ne ni teknuva deka nema da ni bide bas seedno nekoj javno da debatira dali toa sto go pravime nie vo nasiot krevet e bolno ili ne...Ne veruvam deka naskoro ke krenat glas i kaj nas, oti sigurno ke se najdat 100tici mazista koi redovno gi tepaat svoite zeni i deca da im odrzat takva lekcija i na "pedercistata" Se vo ime na zastita na cistata i sveta Makedonska nacija neli...