Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Мекејлеб играч на колото во Евролига

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, е прогласен за МВП во натпреварите од деветтото коло во Евролигата. Ја одигра најдобрата партија, во најдобриот меч на неговиот тим, водејќи ја Монтепаски Сиена до убедлива победа над Фенербахче со 94:65 за осигурување на првото место во групата Ц. За изведбата против турскиот претставник доби индекс 34 што е највисок во неговата евролигашка кариера. На теренот мина 25 минути и беше централна фигура. Постигна 22 коша (7/10 за два поена, 8/8 слободни фрлања), статистички впиша уште три скока (сите офанзивни), 7 асистенции и четири „украдени“ топки. Мос додаде 15 поени, Каукенас 13, Лавринович 10. Прв стрелец во тимот од Истанбул беше Марко Томас со 10 коша.

Триумф на домашен терен оствари и Макаби Електра. Во Тел Авив падна Химки со 80:76, резултат кој го елиминира рускиот состав од топ 16 фазата и во неа ги одведе Жалгирис, Каха Лаборал и Партизан од групата А. Најефикасен во победничката екипа беше Џереми Парго со 18 коша, 15 вгради Гај Пнини, Кејт Лангфорд со 20 поени беше најрасположен за игра кај гостите.

Барселона загуби кај Литвос Ритас со 88:87, победа со која литванскиот состав ги одржа надежите за дофат на топ 16 фазата во последното коло. Бјелица уфрли 19 коша за домашните, дабл-дабл ефект забележа искусниот Шарунас Јасикевичиус (11 коша, 10 асистенции), прво име кај Каталонците беше Фран Васкез со 27 поени.

Иако кошаркарите на Литвос Ритас влегоа со плус 7 во последната минута од мечот, сепак, дозволија драма во завршните моменти. Младиот Рики Рубио, по прекршокот врз него на центарот на теренот, доби три слободни фрлања за израмнување и продолжување. Првите две ги погоди, но не и третото, по кое топката, на 7 десетинки до крајот, ја фати Гечевичиус.

Во последниот евролигашки дуел во четврточната програма Валенсија го победи тимот на Армани Џинс, во Милано, со 75:60. Мартинез реализира 20 коша за победничкиот тим, Ибрахим Џабир даде 13 за поразениот.

Резултати од мечевите во 9. коло во кошаркарската лига одиграни во четвртокот

Група А: Макаби Електра - Химки 80:76. Табела: Макаби Електра 17, Жалгирис 14, Партизан 14, Каха Лаборал 13, Химки 12, Асеко Проком 11.

Група Ц: Литвос Ритас - Барселона 88:87, Монтепаски Сиена - Фенербахче 94:65. Табела: Монтепаски Сиена 17, Барселона 15, Фенербахче 15, Шоле 13, Литвос Ритас 12, Цибона 9.

Група Д: Армани Џинс Милано - Валенсија 60:75. Табела: Панатинаикос 15, Унион Олимпија 15, Ефес Пилсен 14, Армани Џинс Милано 13, Валенсија 13, ЦСКА Москва 11.


#
Статијата е прочитана 512 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Интер против Баерн во реприза на ланското финале во ЛШ
Бостон останува главна приказна во лигата
Интер и Пандев го искачуваат светскиот врв
Црногорките ја запреа забревтаната Данска
Кројф разочаран зашто Барса го „продаде“ дресот
Македонија во втор шешир во ждрепката
Атлетико Мадрид надвор од трката за одбрана на трофејот
Победа и пораз на Георгиев во Банско
Маринова 34. на СП на 400 м слободно
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks