Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Клиниките во распад, сите во паника

Лекарите и медицинските сестри, пак, се во грч дали ќе стасаат навреме да ги згрижат болните лица и до кога ќе го издржат ова темпо

Јасмина Јовановска


Универзитетските клиники во Скопје и технички и функционално се разнишани поради што и болните и лекарите се во паника. По одливот на кадарот од клиниките во приватниот сектор, пациентите исплашено прашуваат каде ќе се лекуваат. Зашто, според нивните најчести коментари, на клиниките на прсти се бројат лекарите на кои можат да им веруваат, и ако се разболат дека ќе откријат од што боледуваат и соодветно ќе се лекуваат. Тие уште се жалат дека времето за закажување на прегледите, испитувањата и операциите постојано се пролонгира, со што се случува за некои прегледи и операции, ако досега чекале по еден месец, сега да им се закажуваат за по два, па и повеќе месеци.

Лекарите и медицинските сестри, пак, се во грч дали ќе стасаат навреме да ги згрижат болните лица и до кога ќе издржат да работат со ова темпо зашто поради намалениот број вработени, нивната работа е двојно, па и тројно зголемена, а со тоа и одговорноста за здравјето на болните е уште поголема.

Работата со пациентите и функционирањето на клиниките уште повеќе се усложнуваат зашто речиси нема ден да не откаже некој апарат, да недостасува некој лек или, пак, игли, шприцови, канили, сетови за инфузија..., се жалат лекарите. Друг проблем е што испитувања што се битни за операции ги прават и неискусни лекари, па операторите со страв влегуваат во операционите сали. Со еден збор, реагираат клиничарите, работат во неподносливи и импровизирани услови, кои ретко некој лекар што држи до својата стручност и професионалност, може да ги издржи.

„Не дај боже да тргнеш на клиниките, којзнае како ќе завршиш. За едно срцебиење ме шетаат повеќе од еден месец и на крај повторно не можеа да утврдат со сигурност која е причината. На едно место немало реагенси, на друго место за ехо на срце се чека со недели“, реагира една млада пациентка.

Дел од болните, се разбира, оние што имаат пари, го избираат приватното здравство зашто таму не мора да чекаат да се поправи апаратот или со месеци да чекаат ред за да се прегледаат.

„Но, секој нема пари да плати, па да чека да му ги рефундира Фондот. Повеќето чекаат да се поправи апаратот или да им дојде редот“, раскажува друг пациент, кој вели дека тој зел кредит за да се оперира во приватна болница за да си ги скрати маките и нервозите. На друга пациентка, пак, додека чекала за да ги направи потребните испитувања за операција на стомак, состојбата и' се искомплицирала и сега повеќе не е ни за интервенција. За снимање на апаратот за компјутерска томографија во јавното здравство требало да чека еден и пол месец, а да оди во приватна институција немала пари. Во меѓувреме, нејзината состојба значително се влошила.

Оваа пациентка е само една од стотината што секојдневно се судираат со слични или исти проблеми на клиниките, неволно констатираат дел од лекарите.

Директорите на клиниките не откриваат како се справуваат со техничките и со организациските проблеми. На некои клиники, како што дознаваме, е направена таква реорганизација со што некој вид сложени операции се укинати и не се работат, а медицинските сестри се распределуваат на други одделенија. На други клиники, според доброупатени извори, се прават распределби на кадарот за да не трпи функцијата на одделенијата, но факт е дека ќе се зголемат листите на чекање како за прегледи, така и за операции, зашто и да сакаат, толку е кадарот и повеќе не можат физички да издржат. Новите реорганизации ќе се одразат и на одморите на вработените. На некои клиники вработените ќе користат најмногу по десет дена одмор, а кај некои ни толку. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 5833 пати.

Испрати коментар

Од: Od sprovedenite
Датум: 05.07.2010 00:01:49
NIE SPROVEDUVAME Vlada na Republika Makedonija
Од: marinka
Датум: 05.07.2010 00:07:03
ova E SMISLENA IgRA NA VMRO DA SE UNISTI ZDRAVSTVO DOBIVAT MITO OD PRIVATNI BOLNICI da se forsira privatni a unisti javno kakva logika ima za privatni kardiologii da se davat povisoki ceni za lecenje otkolku vo solun...kriminal na golemo od "najpatriotska vlada do sega"
Од: lazar
Датум: 05.07.2010 01:30:58
E pa kako vo cel svet, taka i doma. Koj ima pari ke ima se, koj nema neka crkne. Sto si mislevme so zapad ke ni e poarno? Mizi da ti lazam - doprva ke se place po starite denovi koga se funkcionirase "vo skapaniot socijalizam". Dobro utro vo realniot kapitalizam - i nazdravje. Neveruvate, prasj te gi graganite na bivsa Istocna Germanija.
Од: Doktor
Датум: 05.07.2010 02:40:15
Vladata treba da donese reversna odluka vo koja ke se vrati kadarot vo drzavnite bolnici a privatniot sektor da se stavi pod hitno vo 'malce morgen' sostojba...Na koj nacin postanaa privatni vlasnici - korupcija i negrizlivost - samosatisfakcija...Sramota za Makedonskata vlada sto dozvoli da se dojde vo vakva sostojba...Zapadot barem ima golema populacija so bogati pa zatoa i ima privatni bolnici...Nie sme uste mlada i mala zemja i mora da se najde nacin za lekuvanje na pogolemiot del od stanovnistvoto a ne da izumri i ona sto e ostanato od 'MAKEDONIJA'...
Од: mkd
Датум: 05.07.2010 02:51:55
za toa zdravstvo na sekoj eden vraboten vo makedonija se krati mesecno od nekovata plata odredena suma za da moze narodot da se leci i doktorite da zimaat plata prasanjeto e kade odat tie pari, ke vi kazam se kradat i zasto e ovaa zbrka po klinikite za da gi privatiziraat da gi zeme nekoj za dzabe makedonce osvesti se
Од: Dr.Med.Stojadin B.Naumovski - Coci
Датум: 05.07.2010 03:58:21
Dosega povekepati sum predupreduval za sostojbite vo zdravstvoto i za procesot na tendenciozno unistuvanje na toa sto bilo gradeno so generacii. Za zal poveketo akteri molcea, a ete so razni cistki bivaat zaplasuvani i onie koi imaa doblest da progovorat. Prvo kontaminacija ( so korupcija) a potoa kontrola na doktorite i medicinskiot personal so uceni... Veruvam deka se uste imame sansa da go sapsime zdravstvoto i zdravjeto vo Makedonija...ke treba malku i samozrtva kaj medicinarite no i kaj Vladata.
Од: nacional-patriot
Датум: 05.07.2010 04:49:42
Povtorno go postavuvam prasanjeto.Zosto opozicijata ne podnese interpelacija protiv ministerot za zdravstvo?Deka toj e od DUI?
Од: suada
Датум: 05.07.2010 06:26:39
ne gledam komentari od VMRO ovcinjata. KAJ SE ZBILO TOVARISI. ova sto go pisuva pogore e zaebancija vo odnos na toa kako e vistinskata sostojba na t.n kliniki . podobro bi bilo da se narecat selski bolnici. no taka e koga za zdravstvoto nema pari, a za gluposti se frlaat milioni evra. ova e samo pocetok. do krajot na godinata i MIRKA SEZNAJKA ke mora da napise nekoj zbor za kataklizmata vo "reformiranoto zdravstvo" na Lazarevic koj sega dava soveti kako da se ispravi. ova e samo pocetok na krajot. nazdravje makedoncinja.
Од: mitre od dolnodupeni
Датум: 05.07.2010 07:34:13
Не се грижите ќе се лечиме со тревки, министерот отишол во Кина за да праша како оди тоа...со тревките.Можеби ќе увезуваме и тревки...Носело голем профит...А нели за парите се работи... Катастрофата ја донесоа а сега ќе се крстиме што не снајде со ова...ДЕЦАВА.
Од: Patalec
Датум: 05.07.2010 07:47:51
Spisocite se pravat da bidat dolgi zaradi dopolnitelnata dejnost,kade lekarite zemaat iljadnici evra mesecno. Sto e cista zloupotreba vrz pacientite.
Од: Горан
Датум: 05.07.2010 08:18:40
На сите што овде секојдневно оставаат коментари за тоа колку е пре��расна владата, дека спомениците се повеќе од потребни и дека има пари за се, им посакувам што побрзо да имаат работа по болниците за да уживаат во благодетите што им ги овозможува Владата.
Од: kole
Датум: 05.07.2010 08:19:19
тетка Тања Бумбарката ова ќе во изврти и ВМРО-вчињата ќе лупаат бели бумбари....... На здравје народе, за ова со гласавте..........
Од: Ајван Доктор®
Датум: 05.07.2010 08:29:37
Хаосот,станува сè поголем!Остваруваат!Во земјава владее невидена Анархија!Изместени се основните вредности,каде дечиња,без искуство и знаење,со пониско образование,стануваат шефови и директори кои одлучуваат за секојдневните (дури и банални) проблеми!При тоа,Дрско и Самобендисано,ги игнорираат Знаењето и Искуството!Имаме ситуации каде Незавршени специјалисти се на повисока позиција од Професори Доктори!Стекнати дипломи без знаење,со книшка,со партиска припадност,со пари..!Царуваат Шупљоглавоста и Силата,Умисленоста!Сè сами Велики Александровци и Антички Македонци,Горди на своето Незнаење,шетаат низ институциите и шефуваат,со рачињата длабоко набиени во џебот!Ловот на вештерки продолжува!Ловџиите,се најчесто луѓе кои и без образование и труд си ги оствариле своите сништа: вработување,џипови,палати,станови,позиција,титула...Јавното здравство се уништува,но и Приватното нема да стигне многу далеку!Тонеме,многу побргу одошто мислиме,но не се грижам-Си имаме споменици!
Од: gogo
Датум: 05.07.2010 08:40:05
sramota ,golema sramota. zoshto ni se odbivaat od plata pari za zdravstvo i kade odat tie pari. plakame a za vozvrat shto dobivame.gospod da ni e na pomos i neka ni go chuva zdravjeto. a parite shto ni gi zemaat neka im se aram
Од: mitko
Датум: 05.07.2010 08:40:17
samo Vlado Dimov moze da ja opravi rabotava vo zdravstvoto..da se vrati da si napravi uste edna vila na vodno a mozebi i edna jahta za drugarite Panovski i ostali veledrogerii koi gi napumpaa klinikite so dolgovi,
Од: Dame
Датум: 05.07.2010 09:00:29
E Lazare Lazare do zapad ne sne ni svrteni a kamoli da sne kako zapad . Uste ne sne izlegle od kalta a nie sne kako zapad .Ako sporeduvas so zapad najdi gi tie zapadnjacki maniri vo MK denes ??? Zapad ne se ostvaruva so 50 % nezaposlenost ,odliv na skolovan kadar propadnati investicii i ......
Од: vase
Датум: 05.07.2010 09:01:52
Medicinski kadar ima dovolno na site kliniki.Sega se raboti na realizacija na proektot za nova medicinska oprema i za rekonstrukcija i izgradba na novi gradezni objekti na klinikite.Slikata na zdrastvoto vo RM sekojdnevnpo se menuva i voopsto na cela RM.Treba samo da se znae deka se naednas ne moze da se napravi.
Од: atanasija
Датум: 05.07.2010 09:03:23
Ova miniaterstvo za zdravstvo,kako i ova ministerstvo za obrazovanie rabotat na unistuvanje na se postojno:mislat deka udrile direktno na minatiot-socijalistickiot-sistem na ureduvanje,pa pocnuvaat odnovo vo ovie oblasti,kako da se raboti za otvoranje analfabetski kursevi:univerziteti na sekoj cos,samo da se unistvi Skopskiot koj recisi 7o godini sozdava strucnaci od site oblasti-no,verojatno ovie od Vladata pominale pkraj nego,ili ne znaat kade e,a otvoraat i klinicki centri vo site gradovi-no bolnite trcaat vo Skopje,na Medicinskiot klinicki centar kade raboti kadar sozaden i na univerzitetot i niz povekegodisno rabotno iskustvo.Zosto ovaa Vlada udrira po bolnite opstestveni tocki:zdravstvoto i obrazovanieto e prasanje za strucnjacite od medicinskata psihijatriska oblast.ova mene mi e tesko da go objasnam,osven so dva zbora-unistuvackiot poriv kaj vlasta.
Од: nadidan
Датум: 05.07.2010 09:23:19
Каде е сега антикорупциска да поведе истрага за потеклото на парите на сопствениците на приватните клиники,поликлиники.Од нашава државичка не верувам дека има произлезено толку многу богаташи што им оставиле наследство на сегашниве сопственици.Колу чини приватната клиника Систина на Орка Камчев, и од каде му се парите,да ја отвори оваа клиника.Докога ке биде слеп овој народ и мирно се ќе гледа а?
Од: trevor
Датум: 05.07.2010 09:38:51
A za privatno da si platis na Klinika i aparatot raboti i lekarite se tuka i imaat vreme da te pregledaat i tretiraat?
Од: Васка
Датум: 05.07.2010 10:12:52
Ништо не се постигнува преку ноќ.Само што кај нас ноќта трае 4 години ,кутар Васе!Сто пати се пофаливте со инвестици од 40.000, па 65.000 евра,реализацијта е нула.Така е кога државата ја водат полуписмени деца,а најписмениот меѓу нив има завршено вечерна школа во Прилеп
Од: Smislena namera
Датум: 05.07.2010 10:16:22
Site ovie t.n. reformi odea kon raspadjanje i urnisuvanje na javnoto zdravstvo so cel poedinci od n otvorenite privatnite zdravstveni kapaciteti za kratok period se obogatat. Jas ne znam od kade gi crpea tie idei . Pa vo nitu edna zemja na Zapad nema znak za ravenstvo medju privatnite i javnite( drzavnite zdravstveni ustanovi) Primer vo Velika Britanija 35% od zdravst. kapacieti se privatni, vo Francija Belgija i Holandija, Slovenija uste pomalku,Tamu drzavata se grizi za javnite( drzavni) zdravstveni kapaciteti , koi gi koristat groto od naselenieto, a koristenjeto na privatnite bolnici si go placaat onie so "podlabok djep"Privatnoto zdravstvo edino go interesira profitot i se zanimava so medicinski granki koi nosat profit, a ne gi interesira preventiva ili med. disciplini koi ne se profitni i kade bi bile izlozeni na golemi troskovi. Seto ova sto se pravi i se privilegiraat nekoi privatni zdravstveni kapaciteti go devastiraa FZO taka da javnoto zdravstvo ostana kako sirace.
Од: Nostradamus
Датум: 05.07.2010 12:49:38
Za zal nitu eden komentar koj bi znacel nesto konstruktivno, mozebi korisna ideja ili slicno....samo plukanje, vregjanje, zolch... .Verojatno toj sto gi kroi planovite za Makedonija go postignuva efektot. Narodot go podeli na vmro- i sdsm- ... dve grupi OVCI. Se oformija dve grupi koi patoloski se mrazat megjusebno. Omrazat vo posledno vreme kulminira do tolku sto pocnuva da prerasnuva vo nasilstvo. Potrebna e mala iskra i ovaa omraza kje plamne so bratoubistvo. Togas na toj sto go kreira ova ludilo,a vo momentoiv od strana si gleda seir, ke mu se ispolni zelbata i bez kapka pot ke si go prisvoi ona sto so godini ne mu uspeva. Toa ke bide krajot na vekovnata prikazna za Makedonija. Toj sto ke prezivee ke raskazuva.
Од: s.v.
Датум: 05.07.2010 13:07:16
SE E VO RASPAD VO NASAVA DRZAVA NE SAMO ZDRAVSTVOTO,,,PRERODBA VO 1000000000000000000 CEKORI.
Од: zdravstvo
Датум: 05.07.2010 13:47:32
ZDRAVSTVOTO E VO "PROCUT". OSTVSRUVAMEEEE !!!???Tesko na narodot.Soprugite na funkcioneri od vlasta(Gruevski, Gjorcev i dr.) se poroduvaat vo privatnite kliniki, a izjavuvaat deka premnogu vlozuvaat vo zdravstvoto.Privatnite kliniki eden aparat go kupuvaat za 450.000 EU, a nasiot minister za istiot aparat na "tender" plakja preku milion EU.
Од: ivan somcev
Датум: 05.07.2010 14:54:06
klinikite ke bidat takvi oti predhodnata vlada mislese na kradenja i unistuvanje na seto sto bese napraveno oasocijalizmot.
Од: pane
Датум: 05.07.2010 16:12:41
a znaete li sto e sledno na red.Sega doktorite begaat po privatnite bolnici,a polse nekoe vreme ke pocnat da begaat po svetot togas sto ke pravime ke uvezeme izgleda doktori od nekade, no koj ke dojde da raboti vo vakvi uslovi i pod ovie pritisoci neznam .samo nekoi od afrika

Најди! во Утрински
На прво место
Собранискиот инцидент запечатен со писмa
Иванов му го честита 4 Јули на Обама
Помалку испити за среднистите