Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter

Интервју

Сигурен сум дека ќе влезам во финалето

Ѓоко Танески

Македонскиот евровизиски претставник завчера отпатува со автомобил за Осло. Првиот прес и проба го очекуваат на 17 мај

Катерина Шекеровска

Следен со полициска придружба до излезот од градот и поддршка на повеќе фанови завчера, точно напладне Ѓоко Танески со автомобил го започна своето патешествие до Осло, Норвешка, каде што од 25 до 29 мај ќе се одржи изборот за Песна на Евровизија. Нашиот евровизиски претставник кој ќе ја пее песната „Јас ја имам силата“ патува во друштво на својот рапер Били ѕвер и ПР- асистентката Ема Темелковска. Првата средба со новинарите и техничката проба на импозантната сцена во „Теленор арената“ го очекуваат веќе на 17 мај.

Влијае ли врз тебе целокупната атмосфера пред тргнувањето?

„Јас сум нов во оваа работа. Не мислев дека ќе биде вака, но ете... За мене е се' ново. Што се однесува до мене, јас мојата работа си ја терам максимално колку што можам заедно со мојот тим и ПР. Ние си ја завршивме нашата работа, а сега како и со што ќе одиме, вакви или онакви знаменца или друг промотивен материјал, тоа е пропуст на други, а не наш.“

Како течеа подготовките за „Евросонг“? Подготвен ли си за Осло?

„Јас сум секогаш подготвен. Пеењето не ми е проблем, напоредно се подготвував и за концертот што се одржа во саботата вечер и за настапот во Осло. Вежбавме заедно со девојките кои ќе бидат со мене на сцена и кои ќе го понесат товарот околу кореографијата, а моја должност е да ја испеам песната како што треба. Сите сме во координација и ќе биде интересно на сцена. Мислам дека енергијата веќе ја имаме и дека ќе ја пренесеме на 25 мај.“

Почнаа ли пеперутките во стомакот, имаш ли трема од толку голема сцена?

„Немам трема. Сум бил на таа сцена како придружен вокал со Мартин Вучиќ, иако сега, секако, товарот е поголем како вокал, но, во секој случај, сум релаксиран од таа страна. Доколку го знам текстот, а го знам, нема да има никаков проблем.“

Со каква кореографија ќе настапиш?

„Не знам како да ја опишам кореографијата. Во секој случај, јас ќе бидам во преден план и ќе пеам, а девојките ќе играат, ќе лазат околу мене, имам и јас некое отфрлање, ќе биде интересно...“

Колку килограми ослабе?

„Не знам, не сум се мерел. Самото трчање и обврски пред „Евросонг“ си го направија своето.“

Ќе дојде ли семејството со тебе во Осло како поддршка?

„Ќе патувам со автомобил заедно со раперот Били Ѕвер и мојата асистентка. Патувањето и возењето воопшто не ми се проблем, напротив, уживам. Мојата ќеркичка нема да дојде зашто е многу мала, а патот е долг. На првата полуфинална вечер кога настапувам ќе пристигне сопругата заедно со моите браќа и внуци, така што на 25 мај ќе имам убава семејна поддршка од првите редови во арената „Теленор“.

Сметаш ли дека неколкуте промотивни патувања беа доволни за твоја промоција?

„Не направивме доволно, но што е - тука е. Одам со сета позитивна енергија и во Осло ќе дадам се' од себе!“

Какви се твоите очекувања?

„Очекувам, односно сигурен сум дека ќе влезам во финалето и мислам дека ќе се пласиран во погорните места.“

Кои се твоите фаворити?

„Секогаш кажувам дека Македонија ми е фаворит! Има добри песни, не е дека нема, но на таа сцена таму се' е релативно и неизвесно до самиот крај.“

Од кого се чувствуваш најзагрозен во првата полуфинална вечер?

„Не знам. И во нашата вечер има моќни држави што сигурно излобирале влез во финалето. Се надевам дека ќе бидам во првите 10, а ако влезам, гарантирам висок пласман.“

Какви се твоите впечатоци по неодамнешниот солистички концерт во Универзална сала, која беше полупразна?

„Концертот помина како што помина, не сум баш задоволен. Повеќе не би коментирал.“

Која е твојата порака пред стартот на „Евросонг“?

„Би сакал на луѓето во дијаспората да им порачам да бидеме единствени, да се соберат на таа вечер и да испраќаат што повеќе пораки со што ќе придонесат за наш влез во финалето.“


#
Статијата е прочитана 1234 пати.

Испрати коментар

Од: m i l c o
Датум: 13.05.2010 07:17:31
mnogu e skromen coveko, uvbavo e da si optimist no ne preteruvaj batka ,,, ke ti ostane vo sekavanje ubava prosetka
Од: Mitko
Датум: 13.05.2010 07:43:02
Ако не успее да се пласира - најголема вина сепак мора да понесе македонската телевизија која си мести свои пеачи, како ио последниот избор.Јас не очекувам ништо посебно.
Од: kris
Датум: 13.05.2010 12:36:28
Ако не успее да се пласира кривецот лесно ќе го најдеме..... Бранко Црвенковски се разбира....
Од: film
Датум: 13.05.2010 15:02:04
Jas mislam deka ovaa pesna ne samo sto ke se plasira vo finaleto, tuku i ke pobedi i cela evropa ke paga vo trans koga ke ja slusa. Odma posle evrovizija koga svetot ke ja cue, pesnata ja ima vo britanskata I amerikanskata top lista i tamu ke stoi neprikosnoveno nekolku nedeli, a posle toa site nie ke sme srekni i gordi makedonci zatoa sto sme svetski hit majstori. Toooooooo.......

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Исчезна „македонско претседателство“
Оптимизам само до Jуни!
Асиметрични кркми и романтични локни
Посексапилна од Меган Фокс
Херојот од соседството
Претседател на дистанца
Куп пари за матурскиот пакет
Солитер
Дете преживеа авионска несреќа
Подобро своја копија отколку туѓа
Александар, Макавеите и јазолот
Пејачот на „Санаториум“ ќе оди на финалето во Јужна Африка
Бегајте од униформираноста
Кога власта ја бојкотира власта
Матурската вечер - спомен за цел живот
Граѓаните ќе бидат предупредени за жештините