Број 2864  среда, 17 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Доаѓаат поројни дождови и силни ветришта

Во Русија измерени рекордни минус 57 Целзиусови степени

Метеоролозите за денешниот ден предвидуваат влошување на времето проследено со многу силен ветер и обилни врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта и силен југоисточен ветер со брзина до 100 километри на час. Денеска попладне ќе има нови врнежи од дожд, чиј интензитет ќе се зголеми особено во текот на ноќта и утре. На одделни места се очекуваат да наврнат и повеќе од 30 литри на квадратен метар.

Според вонредната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи, викендов и во текот на идната недела температурите ќе бидат во опаѓање, а времето ќе биде променливо облачно со северен ветер и со слаб снег. Од вторник се очекува поголемо заладување и значителен пад на температурите, така што и преку ден на места ќе бидат под нулата.

Рекордно ниски температури и поларен студ деновиве ги зафатија повеќе места во светот. Температура од речиси минус 60 степени е регистрирана во руската Република Саха (Јакутија). Во главниот град Јакутск е измерена температура од минус 48 степени, додека во Верхојанск минус 57, а во Оимјакон минус 56 степени. Поради ниските температури, учениците ќе бидат распуштени. Засега нема негативни последици од студот, на кој локалното население е навикнато, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Лошите временски услови предизвикаа проблеми и поплави и во Италија.

Нивото на водата во венециските канали се зголеми за 115 сантиметри и се излеа низ улиците и плоштадите на пониските делови од овој италијански град. Меѓу поплавените делови е и познатиот плоштад „Сан Марко“. Италијанската Служба за цивилна заштита вчера соопшти дека е регистриран и раст на речните нивоа на Тибар во реонот на Рим и на По во Торино. Според италијанските медиуми, нивоата на водата и во двете реки се доближуваат до критичната граница, што претставува опасност од излевање.

Рекордно силни ветрови се регистрирани во швајцарските Алпи, пренесе Франс прес. Нивната брзина во централниот швајцарски кантон Берн достигна 252 километра на час, што претставува втора најголема брзина измерена во историјата на земјата. Три лица загинаа, а петмина се сериозно повредени од лавини во Швајцарија во текот на последните денови, а ниски температури и обилни врнежи од снег ја зафатија Шпанија. Снегот ја затрупа дури и најјужната автономна област Андалузија. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 5490 пати.

Испрати коментар

Од: Бастион
Датум: 17.12.2008 09:28:13
Да се надеваме дека ова што ќе се случува денеска и утре,ќе биде последниот топол бран,некаде до крајот на Јануари.На сите ни треба студена зима,и топла пролет,а не обратно,т.е. во Декември и Јануари да биде топло,а Февруар и Март да дојде правата зиме.Затоа се надеваме дека од наредната недела,како што ни прогнозира и управата за хидро-метеоролошки работи,ке имаме постудено време проследено со снег.Друго е Ново Годишните и Божиќните празници да ги дочекаме со снег,а друго е вака,со дожд или топло време.Градовите се украсени и спремни за празнување,единствено што недостига се парите и снегот.
Од: Petre
Датум: 17.12.2008 10:00:28
neli bese globalno zatopluvanje, nemalo zima, meckite nejkat da spijat...bla..bla...bla...
Од: Mamica
Датум: 17.12.2008 12:17:25
Pa rekoa globalno zatopluvanje ova ispadna globalno ladenje ako izmrzneme kje bideme kako fosilite od kameno doba na polanriot pol ...... toa e
Од: Keti
Датум: 17.12.2008 13:27:50
Petre nema pojma sto zboruva. Makedonija pati od neznalici i neuki lugje. Za takvi glaven problem e VMRO i SDSM i slicni gluposti.

Најди! во Утрински
Македонија
Дали ќе куртули од разрешување директорката на Пулмологија?
Прилепските сарми во битка за Гинис
Протест на акционери од „Микрогранулат“ во Гостивар
Бесплатни прегледи за простата
Се бара отворање на студентското радио
Ниту денар отштета за пожарот во Битола