Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Хеликоптерот паднал поради редица пропусти

Владата го разгледа извештајот за несреќата. Обемното досие ќе оди во Обвинителството

Даниела Трпчевска

Во 3 часот вчера изутрина Владата го разгледа извештајот за падот на армискиот хеликоптер „МИ-17“, при што загинаа 11 припадници на АРМ. Лошите временски услови, непочитувањето на процедурите за инструментално слетување, неисправните инструменти и одредени пропусти во обуката на мировниците, се само дел од причините што се посочуваат во обемниот извештај како пресудни за падот на воздухопловот.

Во мирна атмосфера, со неколку дополнителни прашања, министрите ставиле крај на едногодишната предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата која се случи кај катлановско Блаце. Досието за хеликоптерот ќе биде доставено до скопското Обвинителство.

Како што неофицијално дознаваме, засега на него ќе остане ознаката класифициран документ. Нема најави кога јавно ќе биде обелоденет овој обемен извештај на државната Комисија за спречување несреќи и сериозни инциденти во воздухопловството.

Семејствата на загинатите мировници во сабота ќе ги посетат вечните живеалишта на нивните најмили, во пресрет на едногодишнината од кобната несреќа кај катлановско Блаце, која се случи на 12 јануари. Тие се' уште чекаат да ги дознаат причините за смртта на своите најмили.

Информациите што беа објавени досега во јавноста укажуваат дека војниците воопшто не требало да полетаат од базата „Бутмир“ во Сараево. Тоа утро времето било лошо, со магла и намалена видливост, што требало да биде доволна причина за да се одложи полетувањето кон Скопје. Исто така, се посочува и дека била донесена погрешна одлука, со тоа што не им било овозможено со автобус да се вратат во Скопје.

За курцшлусот да биде уште поголем, екипажот на само неколку километри пред слетувањето на аеродромот „Александар Велики“, се соочил со неисправни инструменти.

Неофицијално, извештајот посочува дека бил неисправен или, пак, можеби не бил вклучен Мод Ц на транспондерот, но проблеми имале и со радарот и САНДЕЛ-от, поради што не можеле да ја применат процедурата за инструментално слетување.

Така во услови на магливо и лошо време, со неисправни инструменти, по третото свртување над брдото, на 1.300 метри, армискиот хеликоптер изгубил контрола, отстапил од маршрутата на движење и удрил во околните дрвја, по што се запалил.

Но, на овој кобен настан му претходеле и низа други проблеми и сплет на околности, кои според сознанијата на Комисијата, довеле до несреќата. Пред да тргнат на пат во мисијата АЛТЕА во Босна, ��ировниците се соочиле со нарушени меѓучовечки односи, на што укажуваа и нивните семејства, што исто така е дел од мозаикот за целиот случај.

Семејствата на загинатите повеќепати изнесуваа забелешки и за текот на истрагата, посочувајќи дека самите на местото на несреќата пронашле делови од хеликоптерот, како и една од црните кутии, која била оставена во фиока во вингот. Дел од овие пропусти, како што дознаваме, биле уочени и од страна на членовите на државната Комисија.

Исто така, дошле до сознанија за одредени пропусти при модернизацијата на хеликоптерите, за кои, како што тврдат нашите извори, не била побарана согласност од производителот на хеликоптерот. Истрагата утврдила и дека не бил склучен договор со овластена сертифицирана фирма за вршење на поправките на хеликоптерот, туку, наводно, биле правени од фирми кои не се овластени за тоа.

Како што неофицијално дознаваме, истрагата утврдила дека во хеликоптерот немало карго-товар со опасни материи и оружје, а исто така е отфрлена и можноста дека хеликоптерот бил насилно соборен.

Во несреќата која се случи утрината на 12 јануари, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.


Статијата е прочитана 1142 пати.

Испрати коментар

Од: demokrat
Датум: 25.12.2008 00:13:42
znaci vojnicite bile dobri disciplinirani i obuceni za vo misija a ega ne se. sramno e sto mrtvite se krivi za nesrekata spored ova. sramno e sto se odzema na nivnite deca spomenot, kaj izgubile roditel bar da rastat so pomislata deka roditelot im bil prav heroj - sto vo sustina e. sramno e sto ministern ne im odvoi 5 min da im dade paketcinja mu bea povazni mitinzite po selana. i na kraj, mi nalikuva na hajka koja ke bara da padne glava so obzir deka vladeackata garnitura ne go mirisa nacalnikot a generalstabot bidejki ne e vmrovche veruvam za nego e ova. 3g e na vlast vmro a niedna sredba na generalot so premierot. za kakov pocit na institucii i edintvo posle toj zboruva. ne pocituva generali, pretedatel a milenko zatvorenikot go pocituva valjda sto mu sedi u studio i dozvoluva da mu se obraka kako da se ortaci
Од: зоран87
Датум: 25.12.2008 02:23:11
Целата одговорност за случајот треба да се бара во генералштабот а не во владата.Сите добро знаеме кој е врховен командант и под чија надлежност е генералштабот.Само за потсетување владата на РМ, а посебно министерството за одбрана и поранешниот министер Лазар Еленовски целосно им излегоа во пресрет на семејствата на војниците, додека најодговорниот за целата оваа ситуација, претседателот како врховен командант не најде ни 5 минути време да ги посети семејствата на настраданите и лично да им изрази сочувство. Страмота е некој да собира политички поени на сметка на трагично загинатите македонски херои
Од: Trajko
Датум: 25.12.2008 07:35:35
Zalno za zaginatite i za nivnite semejstva.No ovde ima ispushteno deka i za ovoj nemil nesreken sluchaj,vinovni se i opozicijata iako vladata ne pochituva hierarhija.
Од: cancer
Датум: 25.12.2008 08:39:02
...ne deka cvrsto veruvam vo teorii na zagovor, ama mislam deka vo ovaa nesrekja ima neshto povekje od neispravni instrumenti ili loso vreme... obuceni piloti mozat da go sletaat helikopterot po recisi sekakvo vreme... ne iznesuvan stavovi, samo impliciram...
Од: petar
Датум: 25.12.2008 11:22:56
Vie si znaete? Na narodot se mozite da mu servirate pa makar i laga a nie vaka ke si komentirame ne deka se razbirame vo letanje ili vo politika samo otkako gi zakopaja telata so sekakvi pofalbi i pocesti a sega ne znaele da letaat ne bile obuceni im se rasipal instrument se skarale vnatre vo hilihopterot koj pobrgu da sleze da se vidi so svoite bez disciplina bozem se ovie deca od cetvrto oddelenie.
Од: flying-monaco
Датум: 25.12.2008 11:43:42
Absurtno e da narodot nosi zakljucok od sto padnal helikopterot. Nee normalen onoj koj osuduva politicari za nesrekjata. Ne ja znaat rabotata onie koi izjavuvaat vo medii vakvi gatanki. Sigurno e deka imalo nekakva greshka pred nesrekjata, ali najmala vina politicarite...pa i bilo od koja partija bile...Ostavetegi heoite neka pocivaat vo mir...
Од: Gox
Датум: 25.12.2008 12:56:54
Demokrat? Pa civa glava treba da padne be druze? Na cistackata vo General stab ili na nekoe sekretarce ??? Sto lupetas bez veze,sega ti e krivo VMRO-DPMNE...Od moralen aspekt,toa kaj nas e NAUCNA FANTASTIKA,trebase da si odi i generalot i ministerot,ama toa,vo nekoi podobri vreminja.Sekogas tie sto zaginale,za zal,se najgolemite vinovnici.Nie niv ne moze da gi vratime sekako,moze samo da se spomnuvaat kako makedonski heroi. Neka pocivaat vo mir !!!
Од: Кичево
Датум: 25.12.2008 14:46:26
Најлесно е да се обвинат мртвите, тие не можат да се бранат. Во културни и демократски земји најголемата вина ја сноси Министерот што значи се4га Еленоски да излезе и да каже што има во своја одбрана. Слава и почит на загинатите
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 25.12.2008 15:30:24
Доволно се, „крокодилските солзи„,ако не и отповеќе!?Кога знаеме оту во таа антимакедонска завера пак се замешани тројанските коњи на југоболшевичката клика, на чело со Бранко ЦРВЕНКОВСКИ И НЕГОВИТЕ АПОЛОГЕТИ КОИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ НЊГО И НСЕКАДЕ НИЗ ВИТАЛНИТЕ ТОЧКИ НИЗ мАКЕДОНИЈА КОИ УШТЕ ОД ВРЕМЕ НА „осамосвојуванјето, РЕФЕРЕНДУМОТ ГО ТРЕТИРААТ КАКО НЕКОЈА„БЕЗВРЕДНА ДЕКЛАРАЦИЈА, а не, како легитимна желба на народот изразена скоро со 90% волја на народот.Така црвенковски се однесува заедно со киро глигоров, кога ја продадоа Македонија повторно, кога првпат ја продадоа Македонските комун исти по 1948 година,кога ги испозатворија сите умови кои мислеа за самостојна МАКЕДОНИЈА,А ПРЕД ТОА ИСТИТЕ КОМУНИСТИ ГИ ЛИКВИДИРАА, неколкуте Македонски мислители кои беа во редовите на народно ослободителната војска,како што беше КОЧО РАЦИН, ВО ТОЈ ФАКТ ТРЕБА И ДА СЕ БАРА ОТСАСТВОТО НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ПРИ ПРОСЛАВАТА НА СТОГОДИШНИНАТА од раѓанјето на тој голем ум на МакедонијА КРСТЕ ПОП/СТ

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Verbatim
Карикатура
Брана за професорите да предаваат на приватните универзитети
Изрезилена љубов