Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Црвенковски останува во политиката

Лидерот на СДСМ го обвини премиерот Груевски за лажен патриотизам и за манипулации со историјата

Моника Талеска


ПРИЛЕП - „Не се повлекувам од политиката ниту од партијата додека оваа работа што ја започнав со вас целосно не ја завршам. А, тоа значи со вас, секогаш и секаде, до крај, до конечна победа“. Ова им го порача на сите „душегрижници“ лидерот Бранко Црвенковски од завчерашниот митинг на СДСМ, што се одржа на националниот празник 11 Октомври на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, прв од серијата митинзи за уривање на Владата.

Црвенковски објасни дека во Прилеп не се дојдени за да го партизираат празникот и да го делат народот. „За овие лажни патриоти од власта, периодот од 1945 до 1990 година и заедничкиот живот во рамките на Југославија, е период во кој се' е црно, погрешно и срамно. А, забораваат дека токму во тој период се поставија темелите на современата македонска држава, браните за заштита и развој на македонскиот национален идентитет“, нагласи Црвенковски.

Илјадници граѓани од сите градови на Македонија го демонстрираа своето незадоволство од власта во Прилеп. Дождот што врнеше со часови не беше пречка членовите, симпатизерите, но и многу граѓани што не се политички определени да бидат присутни на народниот собир. Со чадори во едната рака и партиски и државни знамиња во другата, тие скандираа како реакција на критиките што ги упати лидерот на СДСМ на адреса на власта.

Црвенковски го обвини премиерот Груевски за лажен патриотизам и за менување на историјата и манипулации со историјата. „Груевски се срами од вистинската историја на македонскиот народ и затоа измислува нова. Тој не го брани, туку со политички инженеринг го менува нашиот национален идентитет. Затоа е лажен патриот и манипулатор со националните чувства на секој наш човек, на целиот наш народ“, рече лидерот на СДСМ. Притоа ја осуди власта за лоша економска политика, а резултат на тоа е водечкото место на Македонија во Европа според стапката на сиромаштија, невработеност и најниско ниво на странски инвестиции.

„Македонија е земја во која секој трет граѓанин нема леб да јаде и не може да се облече. Но, Македонија е и рекордер според смртноста на новороденчињата и на родилките“, истакна Црвенковски. Критикувајќи ги состојбите во здравството, тој им се извини на сите граѓани што беа дел од спотовите на опозицијата емитувани неодамна, но рече дека не смее да се затворат очите пред реалноста. „Во изминативе недели бевме критикувани за спотовите што ги емитувавме. Ни забележаа дека прикажаните сцени биле страшни, потресни, морбидни. Јас се согласувам со тоа и ја користам оваа прилика да им се извинам на сите луѓе чии судбини беа прикажани. Но, во тие спотови ништо не беше измислено, монтирано, изрежирано. Жално е, страшно е, потресно е, ама тоа е денес реалноста во Македонија. Тоа е судбината на илјадници и илјадници наши семејства“, потенцира Црвенковски.

Тој ја обвини власта дека е креатор на криминал и корупција во државата. Веќе не постои, како што рече, „разграничување што е држава, а што мафија, кои се полицајци, а кои криминалци“. Според него, власта, очигледно, не сака, ниту може да ја внесе државата во НАТО и во ЕУ. Тој им порача на граѓаните дека не ВМРО-ДПМНЕ, туку „бедата, сиромаштијата и бесперспективноста се најголемите непријатели на земјата“. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 3663 пати.

Испрати коментар

Од: неутрален
Датум: 13.10.2010 12:14:51
Стварно незнам зошто Бранко троши енергија да го врати Прилеп во игра.После она што во неделата го видов кај Јофе јасно ми е во каква мизерија живеат прилепчани.Имаат градоначалник кој не знае да прочита два реда текст но имаат и локален лидер на СДСМ кој е уште полош од него.Па со него ли ќе ги туркате вмровчињата?Овие двајца е жално да се гледаат на ТВ а можам само да замислам како изгледаат и што зборат во живо.Прилепчани примете мое сочуство.Катастрофа!!!
Од: pirgan
Датум: 13.10.2010 12:26:54
bruka.izvestuvacov zivee vo iluzija,prilepcani znaat zosto.ne sto nemase neopredeleni,tuku nitu eden prilepcanec nemase.fijasko.se otkri vistinata,kako vo prikaznite deka carot e gol!
Од: Hari
Датум: 13.10.2010 12:46:33
Bilo koj da dojde na vlast posle ovaa katastrofa so DPMNE ce bide napredok. Branko moze da ja izvlece zemjata od dnoto, a se ona sto mu se pripisuva kako opaska od minatoto proizleguva od propagandnata masinerija na Grujo. Kolku e vinoven BC za tranzicijata uste povece e Grujo, toa e fakt!!!
Од: Rubin Gulaboski
Датум: 13.10.2010 13:01:02
Brane MOLIM TE OSTANI, oti so tebe e 102.5 % sigurna pobedata na VMRO-DPMNE a so toa i moeto rabotno mesto (i na mnogumina kako mene) vo idnina. Vo tvoe vreme Brane, so doktorska titula 3 internacionalni knigi 3 patenti i 50 naucni trudovi publikuvani vo internacionalni casopisi sto se citirani povejke od 1000 pati jas bev prisilen da rmbam po evropski jabandziski laboratorii za drugi profesori od EU da se kitat so nasi dostignuvanja. No otkako tebe te snema ovaa vlada imase doblest da ne pokani da bideme profesori i da se vratime vo MKD. E toa e razlikata megju bivsata i ovaa vlada. Molim te Brane ostani i ponatamu na celo na SDSM oti ti si garant deka povejke SDSM nema da se vrati da ja vodi drzavata, ti si siguren gubitnicki faktor vo sekoja edna kombinacija i ekstremno se raduvam na toj fakt. www.rubingulaboski.synthasite.com
Од: Dr. Jana Lozanoska
Датум: 13.10.2010 13:22:51
Koga Prof. Igor Janev mu ponudi Plan B za spas na imeto vo OON,pretsedatel Branko Crvenkovski obeka realizacija i potoa, koga imashe prilika, ne go realizira istiot Plan za spas na RM. Tolku za sovest i patriotizam na Branko Crvenkovski.
Од: Dejan
Датум: 13.10.2010 13:32:03
Branko e definitivno visoko nekade vo oblacite.Covekot poveke se obraka na negovite vo partijata koj veke znaat deka so nego nikogas poveke na vlast!!Taka da Brane aman odi si ne mozeme da te gledame pveke a boga mi i da gi slusame tvojte prazni zborovi!!
Од: gimi
Датум: 13.10.2010 13:33:06
Brane ostani vo opozicija za dobroto na Makedonija.
Од: sonce
Датум: 13.10.2010 13:41:42
Не се повлекувам од политиката ниту од партијата додека оваа работа што ја започнав со вас целосно не ја завршам. А, тоа значи со Вас, секогаш и секаде, до крај, до конечна победа“. НАПРЕД сите сме со тебе и нема повлекување се додека не е осветли Македонија сонце.
Од: НЕМА ШАНСИ НАТО И ЕУ БЕЗ КАПИТУЛАЦИЈА
Датум: 13.10.2010 13:43:51
Јас сум сигурен што сака Грција а со што нема да се согласи. Бранко рече идентитет и јазик да се сочуваат. Грција тоа не го дозволува. Како ке не внесеш во ЕУ и Нато. Само со капитулација.
Од: Трпе
Датум: 13.10.2010 13:56:21
Аман,бре Бране,што ти требаше да ги употребуваш овие зборови.Ѓи преплаши дечиштава.Досега од сон рипа,одсега и нема да можат да заспијат.Нели гледаш дека и после четри години неможат да сватат дека тие се власт.Научиле некои илузионистички штосови и само нив ги презентират.Е ова клептоманството им е најслаба страна.
Од: јас
Датум: 13.10.2010 17:00:54
Pirgan , немој да го гнасиш Прилеп со твоите портокалови коментари дека никој не дошол.ИМАШЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ОТКОЛКУ НА ПРОСЛАВАТА НА ПОРТОКАЛОВИОТ РОДЕНДЕН..Доказ---: http://www.youtube.com/watch?v=wmBIG1P7RWQ .И престани веќе еднаш со плукање на СДСМ и почни веќе еднаш да плукаш по овие портокалови арамии..за што се фатија ,се’ исушија во Прилеп.Последен доказ е кружниот тек што го прават во центарот.Го заглавија сообраќајот веќе трет месец, а полицијата место да го олесни движењето , само казнува.А Мајранчо е посебна приказна и треба еден роман за да се опише сите зделки и провизии !!!
Од: "vodolija"
Датум: 13.10.2010 17:21:01
Bravo Monika , super dobro ja opisa situacijata od sobirot na gragjani na vasiot plostat.! Nekolku pati ponovi deka Branko ja obvini Vladata, Branko ni vo eden moment ne ja obvini Vladata, tuku iznesuvase NEPOBITNI FAKTI za stvarnata fakticka sostojba vo drzavata, i do koj stepen Gruevski i ovaa Vlada , so nivnoto Ideolosko Teroristicko Vladenie ja dovedoa drzavata. A, onoj komentator sto se fali deka imal svoi patenti i izumi i poradi Branko trebal da odi da raboti vo stranstvo.Posle takvi necivilizirani negovi izrazi , mu poracuvam deka negovoto ZNANJE moze da posluzi SAMO KAKO SUROVINA ZA VESTACKO GJUBRE !!!???4331
Од: Ana
Датум: 13.10.2010 17:56:35
Nesto mnogu se vozbudile platenive vmrovcinja i se zasilile da plukaat po Branko i pod tekstov. Toa pokazuva deka se nervozni, deka se plasat od svoite zlodela sto mu gi pravat na narodot, deka sega nema da ima prostuvanje za nenasitnite apasi. A onoj so doktorskata titula neka ne se plasi deka ke ostane bez rabota. Pa neli Evropa na golemiov strucnjak mu e otvorena! I mojot sin ima amerikanska magistratura od Harvard,engleski doktorat od Oksford, raboti i objavuva niz Evripa i Amerika, pa nikoj ne mu ponudil da se vrati, iako bezbroj pati konkuriral na objavenite konkursi. I sega za toa Branko li ni e kriv? Jasno e bratce zoto te vratile-ili si partijsko vojnice ili si im zavrsil dobra rabota pozadi granicata.
Од: D.V.
Датум: 13.10.2010 18:58:46
Pretsedatelot Crvenkovski, samo ja potseti Vladata, deka padnatite borci od NOB, cii spomenici ne samo sto ne se neguvaat kako i nimnoto delo, tuku deka trebe poveke da se pocituvaat. Toj potsetnik kako normalno, go oglasi vo Prilep bassh na slavniot den 11 Oltomvri. Seto toa e sosema na mesto i moze da mu sluzi na cest. Ako kako sto veli po nekoj naracan komentator, nemalo sobrano 15 000 dusi( sto ne e tocno), barem imase poveke od proslavata na rodendenot na VMRO vo Skopje; da ne napomnuvam deka lugeto se plasea da go dadat javno svoeto mislenje, a ima i takvi koi se prodavaat za po nekoe vrabotuvanje na clan od familijata. TAKA bese izglasano i poslednoto resenie za promena na "maliot ring" so onoa odlucuvacko, EDEN glas poveke, od arhitektot koj taka si osigural iden tender za svojata firma,od kako veke ednas istiot, promenil i partija...
Од: Trpce
Датум: 13.10.2010 19:24:06
go zabole nego za EU i NATO.. vazno da se dojde na vlast, treba da se narani armijata reketari.. a posle ke raboti isto sto i sega vlasta.. ke pregovara do beskraj...
Од: алек
Датум: 13.10.2010 19:34:53
Остануваш да, ама во опозиција зошто таму вечно ти е загарантирано местото !!!
Од: Od Prijatel
Датум: 13.10.2010 21:59:38
Isto tise fajka ta si ostanal ili ne i taka ste katastrofa.....
Од: Мене до Вас
Датум: 14.10.2010 05:30:33
За зал никој не ја прифати борбата на Партизаните и нивната цел - слобода на народот и нацијата. Партизаните имаа парола „Подобро гроб отколку роб„. Додека сегашнава опозиција сака во ЕУ со паролата: „Подобро роб отколку гроб„. Па макар и име продале. Се прашувам зошто сите се удираат во гради со 11 ти Октомври кога не ја поддржуваат целта дека е подобро гроб отколку роб?
Од: tatoo
Датум: 14.10.2010 09:31:22
До Пирган. Ако царот е гол, тогаш твојот грујо заедно со фамилијата ќе бидат соголени до гола кожа, ако дојде Бранко на власт. Држете се вмр-овчички!!! Бранко доаѓа !!!
Од: meto
Датум: 14.10.2010 10:59:22
hahahh kaj ostanuvas bre.. vo istorijata da kako promasaj na vekot..

Најди! во Утрински
На прво место
Канал 5 и А1 во битка до истребување
Груевски повика на з��еднички фронт
СДСМ му се налути на спикерот за интервјуто во „Утрински“






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia