Број 3444  понеделник, 29 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Политика

Повеќе нема бесплатен ПАП-тест секоја година

Доколку ПАП-тестот е в ред следната контрола на грлото на матката, на товар на државата, е по четири години

Јасмина Јовановска

Жените повеќе нема да можат да прават бесплатен ПАП-тест еднаш годишно. Доколку ПАП-тестот е в ред, за следната здравствена контрола на грлото на матката, на товар на државата, може да се јават дури по четири години. Во меѓувреме, на припадничките на понежниот пол не им останува ништо друго - ако сакаат да одат на гинеколог за ПАП-тест ќе мора да платат партиципација најмалку од 60 денари, па се' до 500 денари.

Жените револтирано прашуваат дали бесплатниот ПАП-тест беше само уште една лажна реклама. „Речиси две години Владата и Министерството за здравство зборуваа дека мора да се оди редовно на ПАП-тест и тоа барем еднаш годишно, мора навреме да се открие ракот на грлото на матката, од каде сега ова ПАП-тест на четири години. Државата нема повеќе пари, па сега нема ни бесплатни ПАП-тестови“, жестоко реагираат жените што ги сретнавме пред неколку скопски матични гинеколошки ординации.

Кампањите и рекламите за ПАП-тест еднаш годишно одеднаш ги снема. „Додека требаа да се потрошат парите и кампањите да бидат успешни на секој чекор се трубеше за ПАП-тестот. Зошто тогаш не ни кажаа дека медицински е на четири години да се прави ПАП-тест, туку сега, кога мора да плаќаме од свој џеб“, потенцираат пациентките.

И матичните гинеколози се револтирани од ваквиот пресврт во здравствената политика за гинеколошка контрола на жените и, според нив, ова се прави само Фондот за здравствено осигурување да заштеди. „Само се бара начин како да ни скратат од капитацијата, која и така е прениска. Секои три месеци за остварување на превентивните цели, меѓу кои и за ПАП-тестовите, добивавме пари. Сега и тие ќе ни ги скратат. Со што ќе работиме, не знам“, се жали еден скопски матичен гинеколог. Тој уште вели: „Како гинеколози од жените бараме редовно да доаѓаат за ПАП-тест за навреме да се открие ракот на грлото на матката, а со контроли на четири години, додека дојдат за ПАП- тест, ракот не само што може да се појави, туку и да ја разори матката“.

Од ФЗО се правдаат дека и досега матичните гинеколози немале право да прават бесплатни ПАП-тестови секоја година. „Согласно со правилникот, матичниот гинеколог добива пари за превентивни ПАП-тестови само за 25 отсто од пациентките за кои тој се грижи за нивното репродуктивно здравје. Ова значи дека жената кај матичниот гинеколог за бесплатен ПАП-тест може да се обрати на четири години. Поради кампањата, матичните гинеколози можеби добивале пари за бесплатни ПАП-тестови од Министерството за здравство, но од фондовската каса ништо повеќе од парите за превентивни ПАП-тестови за 25 отсто осигуренички“, објаснува портпаролот на ФЗО, Бранко Аџигогов, и тврди дека нема никакво кратење на средствата за превентивните цели на матичните гинеколози.

И Министерството за здравство, пак, се повикува на препораките на Светската здравствена организација дека бесплатни ПАП-тестови треба да се прават на четири години. „Ако ПАП-тестот е негативен, жената ќе дојде на контрола по четири години. Но, ако тој е позитивен, тогаш ако треба ќе доаѓа и на шест месеци“, образложува д-р Јованка Костовска, раководителка на превентивниот сектор во Министерството за здравство. И Костовска вели дека и гинеколозите и жените, најверојатно бесплатниот ПАП-тест еднаш годишно го помешале со оној од кампањата. „Кампањата што беше скрининг само за неосигурани жени, но, покрај нив се прегледуваат и осигурени, заврши. Па, сега кај матичен гинеколог бесплатен ПСП-тест може да се прави само на четири години“, образложува д-р Костовска.

Никој од здравствените власти не објаснува зошто тоа не им било кажано и на матичните гинеколози и на осигуреничките кога траела кампањата, туку дури сега. За да се расчистат овие дилеми Министерството за здравство најави средби со матичните гинеколози. Од Министерството за здравство уште најавија скрининг во внатрешноста на земјата во четири пилот- општини. (J.J.)


#
Статијата е прочитана 2459 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 29.11.2010 12:40:55
Е Нема а зошто?????????????????????.
Од: Ruza
Датум: 29.11.2010 13:35:31
A sto pravime sto eden od uslovite za dobivanje pari za vitro na drzaven trosok e i rezultat od PAP test ne postar od edna godina? Zosto tamu se veli edna a ne cetiri godini?Kade tepani ovie zeni so trosoci za trista ispituvanja (samo da se otkazes od toa), pa uste i sega promena na politikata so PAP-ot .Pa uslovite za IVF gi izmislija od Fondot ne pacientkite.Togas i uslovot neka bide"PAP test" ne postar od 4 godini.Sramota.Po grbot na zenite pagja se.A vamu porazitelni podatoci za porast na kancerogenite zaboluvanja vo Makedonija.
Од: забегани
Датум: 29.11.2010 14:27:53
НЕЛИ БЕШЕ ВАЖНО ПАП СЕКОЈА ГОДИНА ДА СЕ ПРАВИ!? А МЕНЕ БЕСПЛАТЕН НЕ БЕСПЛАТЕН ИСТО МИ СЕ ФАКАШЕ.ПАК ПО 1000 ДЕНАРИ СИ ПЛАЌАВ. ДОБРО Е ЗА СК 2014-ТА НЕКА ИМА ИМА ПАРИ А ЗА ДРУГОТО ...ЌЕ СЕ СНАОЃАМЕ
Од: Zena
Датум: 29.11.2010 15:51:12
Bravo za Ghuevski! Vazno pari za kic spomenici niz gradov ima. Ah ke se spasi li narodov od ovaa 'vlada'???
Од: јас
Датум: 29.11.2010 16:57:07
Што се прават наудрено гинеколозиве ?! Жалеле оти се укинал бесплатниот ПАП-тест..Па ќе жалат , ами како ?! ЗЕМАА И ОД ФОНДОТ И ОД ПАЦИНЕТИТЕ ..Мојата сопруга секој тест , а беше еднаш годишно , исто и нејзините пријателки , СИ ПЛАЌААпо 1000 денари за секој тест.. БЕСПЛАТЕН !!!! Да, беше , ама секој 30 февруари во годината
Од: Komentator
Датум: 29.11.2010 18:39:13
E more "zabegani" nadobro ke ni se snajdat zenite ..vo AD Butel...dobro i toa cini pari ama barem ednas e...dali ovaa drzava ima na um koga umira edna zena togas i celoto semejstvo ostanuva polumrtvo...ne stojati kukaka na sidovite tuku na grbot na zenata...veli narodna pogovorka a da dodadam uste ..ne e dete siromav bez tatko ..SIIROMAV E BEZ MAJKA...!!!
Од: spire
Датум: 29.11.2010 19:57:35
Vazno e da ima pari za Triumfalkata na Grujo...... drugo ne e bitno........za ovoj narod i ova e mnogu........sam si gi glasase.......
Од: Νικόλαος Γρούιος Μεγαλοσ Πατριοτισ
Датум: 29.11.2010 20:53:47
Имаат споменици, па ќе можат да се лечат!
Од: mene
Датум: 30.11.2010 03:10:34
zeni ne krevajte race, so pari ili bez pari kontrolirajte se ednas godisno, zdravjeto e najvazno. a koga ke gi dobite rezultatite od testot ( SE RAZBIRA DOBRI) odete i masovno namocajte im se na site skulpturi za koi drzavata IMA pari. ova e sramota, na site vi pozeluvam NAJDOBRO ZDRAVJE!!!!
Од: Ништо не е бесплатно
Датум: 30.11.2010 03:34:31
Ние немаме бесплатно здравство (пробајте без паричник да отидете во болница или во Клинички центар на пр), за сите прегледи се плака партиципација, за многу лекови, па и доплата, за болнички денови, но срекни сме и за тој дел од услугите и лековите што не ги плаќаме. А мора да се плаќа бидејќи има мал број вработени и малку пари се слеваат во фондовската каса од придонеси за здравствено осигурување. Во Дијагностички центар за гинеколошки преглед три услуги се ставени во пакет: ПАП, ултразвук и колпоскопија и мора да се плати 1300 ден. Ни досега не беше бесплатно. И вака голем број жени умираат од рак, а со поретки прегледи зарем нема да се зголемат трошоците за операции, цитостатици, зрачења, зарем превентивата не е поевтина?
Од: Мира
Датум: 30.11.2010 11:13:21
Во ред е...не ни требаат бесплатни тестови..нека се шири ракот...нека умираат македонските жени од страшната и неизлечива болест!!! Важно премиерот не може да заболи од рак на грлото на матката...тој ќе доживее успешно да го реализира проектот Скопје 2014! А до тогаш сите ние обичните граѓани ќе се разболиме и ќе изумреме! СРАМОТА!!!

Најди! во Утрински
Политика
На избори со точен попис на дијаспората
Не' очекува нова инвазија од трговски центри
Документи за 2001 на „Викиликс“?
За средношколците 500 стипендии
Груевски на самит во Триполи
Градежниот инспекторат затропа и на вратите на Општина Охрид
Дисперзирани студии на ДУТ во Скопје
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars