|
|
|
|
|
|
Интервју
Да не го користат „Космос“ за дневнополитички поени
Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
Единствена причина зошто го прифатив новиот мандат е вербата во Груевски и во тимот што го состави, вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
Билјана Ангеловска
Вашиот нов мандат е изненадување за многумина. Иако важевте за еден од најблиските соработници на премиерот, сепак, се говореше дека нема веќе да бидете министер.Што беше пресудно повторно даја прифатите министерската функција?
Шпекулациите се веќе минато. Сакам да потенцирам дека и натаму останувам активен член на ВМРО-ДМПНЕ и ќе се залагам за реализација на партиската програма посебно во делот на инфраструктурата која во најголем дел е дел од новата владина програма. Да се биде член на Владата речиси пет години, за мене преставува голем предизвик, но, во исто време и голема обврска. Кога си министер мораш да се откажеш од многу приватни работи, како што е времето поминато со семејството, или слободен викенд, но, од друга страна, фактот дека можеш да решиш голем број проблеми и да реализираш проекти кои ќе останат запаметени со генерации, дава стимул и енергија да продолжиш понатаму. Единствена причина заради која го прифатив новиот мандат е вербата во Груевски и тимот кој тој го состави, во насока дека можеме да ја подобриме економската и општата состојба во Македонија. Континуитетот е битен кога се планираат голем број проекти. Започнат е проектот за реновирање на аеродромите, реконструкцијата на 250 километри локални и над 350 километри регионални патишта, инвестиции во водоводната и фекалната инфраструктура во висина од 50 милиони евра, изградба на патниот правец Табановце- Куманово и други 4 патни правци. Во фаза на реализација е изградбата на Коридорот 10, кон крајот на август или почетокот на септември се очекува да започне постапка за избор на компанија која ќе го гради ��стиот. Оваа година ќе завршиме со проектирањето на документацијата за гасификација на Македонија, а наредната следи почеток на нејзината реализација, изградба на станови и куќи за сите категории граѓани, подготовки за исклучување на аналогното телевизиско емитување и воведување дигитален пренос и ТВ продукција, обновување на патничкиот и товарниот возен парк на АД МЖ Транспорт, рехабилитација на поголемите железнички станици во државата.
Во текот на минатиот мандат се соочивте со непријатен извештај на Државниот ревизор, кој, сепак, помина без никакви последици за Вас, но и за било кој во Министерството. Што се случи со тој извештај, дали МВР работи на таа приказна, или го затвори случајот?
Извештаите на ревизорот претставуваат коректив на работата на институциите и јас лично сметам дека нивните забелешки не смеат да се игнорираат. Јасно е дека по нив мора да се постапува. Да, точно е, добивме одредени забелешки, притоа ги корегиравме посочените пропусти. Јасно е дека вашето прашање за овој извештај доаѓа поради шпекулациите што во тој период во медиумите најчесто ги пласираше еден пратеник од опозицијата, кој изврши личен атак врз мене како министер, тврдеше дека има манипулација со парите во министерството. Да ве потсетам дека обвинувањата се покажаа како неточни! Јас лично извештаите и сета документација ги доставив до Антикорупциската комисија, но и до Јавното обвинителство. Тоа беше институционален пат да се стави крај на невистините што се лиферуваа. Откако двата органа спроведоа истрага, констатираа дека во извештајот нема никакви спорни моменти што би подлежеле на кривична или прекршочна санкција. Вистината е дека најголемиот дел од парите за кои опозицијата зборуваше дека се предмет на манипулација, всушност, со владина одлука беа префрлени од Министерството за транспорт на сметката на Јавното претријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, задолжено за изградба на стадионот „Филип Втори“. И, верувајте кога некој ќе го спомене тој, како што велите „непријатен извештај“, кај мене се будат пријатни чувства. А знаете зошто? Затоа што ме потсетува дека Министрството во целосно законска и легална постапка реализираше уште еден проект, изграден е грандиозниот стадион, достоинствен за македонските спортисти.
Во полн ек е имплементацијата на Законот за легализација на бесправната градба и откупот на дворовите. Како сте задоволен од досегашниот тек?
До сега ниту една владејачка гарнитура не го реши овој долгогодишен проблем. Како што е познато крајниот рок за поднесување барање за легализација е 3 септември. До сега во сите општини во државата поднесени се вкупно 89.553 барања, а доделени се 4.612 решенија. Ние очекуваме во наредниот период, како што се ближи крајниот рок бројот на лицата што ќе поднесат барање значително да се зголеми. За таа цел повторно апелирам до граѓаните да не го чекаат крајниот рок, затоа што сериозно размислуваме да не го продолжиме овој рок и да има парични санкции за лицата што не поднеле барање. Ги повикувам сите градоначалници да формираат тимови, кои од куќа во куќа, од фирма во фирма, на терен, дополнително ќе им го објаснуваат процесот на граѓаните.
Деновиве е во тек уривањето на комплексот „Космос”. Колку реално има недоследности во изградбата на овој објект и можеше ли да се стори нешто за да се избегне тоа?
Било кој случај вклучително и „Космос“ не треба да се користи за дневнополитички поени. Сите ние без разлика дали сме министри, пратеници, директори треба да ги почитуваме законите. Доколку не сме задоволни од одлуката на било кој орган, имаме право на жалба пред домашните судови, а ако не сме задоволни од нивните одлуки и пред меѓународни. Воспоставување правна држава е важно за сите граѓани во државата, а сите ние носиме одговорност за одлуките и постапките што ги правиме.
Што се случи со тендерот за давање под концесија на патиштата? Зошто два пати се пролонгира рокот, нема доволно заинтересирани фирми?
Министерство го води процесот за избирање концесионер за проектот за концесија со изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта. Станува збор за патните правци, што се долж патниот Коридор 8 во Македонија поделени во два пакета. По завршување на постапката за евалуација на доставените барања во првата фаза, Комисијата утврди дека 5 компании ги исполниле условите за учество во понатамошната постапка. Во однос на продолжување на рокот, Владата донесе одлука со која се овозможува продолжување на рокот за доставување на понудите во втора фаза и тој рок е 13 септември 2011 година. Рокот е продолжен од причини што според Законот за спречување на корупција, во период на избори и техничка влада не е дозволено отуѓување или издавање на државен капитал.
Кога Министерството конечно ќе се зафати да направи нешто во железницата? Во тој дел се' е во катастрофална состојба. На што ќе му дадете приоритет?
Покрај редовното одржување на пругата кое се врши непрекинато во изминатиот период, веќе се обезбедени 17,6 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за ремонт на 54 километри од пругата на коридорот 10. Очекувам до крајот на годинава да биде склучен договор со избраната градежна фирма за делниците Табановце-Куманово (12 км) и Миравци Смоквица (12 км) и работите да започнат во почетокот на 2012 година. Иста постапка ќе се спроведе и за избор на фирма за ремонт на делницата од Ногаевци-Неготино (28 км) и очекувам договорот да биде склучен до средината на 2012 година, а градежните работи да завршат до крајот на 2013 година. Во делот на железничката инфраструктура планираме да се обезбедат средства во висина од 5,7 милиони евра од ИПА фондовите и тоа за изработка на техничка документација за реконструкција на делницата Куманово-Дељадровци, реконструкција на постојната траса Драчево–Велес, за рехабилитација на пругата Битола - Кременица, за модернизација на железничка станица во Скопје. Со ревидираната Оперативна програма за регионален развој за период 2010-2011, за средства од околу 24 милиони евра се предложени проектите за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици по должина на Пан-Европскиот Коридор 10, ремонт со реконструкција на повеќе делници. Што се однесува за делот кон Бугарија, во тек изработка на физибилити студија и студија за оценка на влијанието на животната средина и социо-економск��от живот. Веќе обезбедивме 1,5 милиони евра грант за изработка на основни проекти за рехабилитација на првата делница од Куманово до Бељаковце. Очекувам дека до крајот на оваа година договорот со избраниот проектант ќе биде склучен, а до средината на 2012 година, проектите ќе бидат изработени.
Од јули државата почна да им го предава на општините државното неизградено земјиште. Колку општини досега го преземаа управувањето и кои?
Од вкупно 85 општини заедно со Град Скопје, 48 општини го исполнуваат условот за доволен број вработени лица кои се здобија со потврда за положен стручен испит. Од овие 48 општини до сега до Комитетот за градежно земјиште се имаат обратено општините Гевгелија, Карпош, Кочани, Струмица, Велес и Демир Капија. Овие шест општини имаа доставено некомплетна д��кументација која се бара согласно законот и до нив е испратено барање за нејзино докомплетирање. По доставување на потребните документи, Комитетот за градежно земјиште ќе достави предлог до Владата за пренесување на правото за управување со градежното земјиште од страна на овие општини. Досега ниту една општина ги нема исполнето условите и критериумите од Законот за градежно земјиште и нема добиено овластување да управува со државното градежно земјиште. Морам да истакнам дека нашите очекувања беа дека поголем број општини ќе ги исполнат условите за управување. Во наредниот период очекуваме општините да ги исполнат критериумите и да може да го превземат управувањето со земјиштето.
Коридорот 10 - напролет
До каде се работите околу доизградбата на Коридорот 10, останати се само уште 20-тина километри од Демир Капија до Смоквица. Што ја одолговлече толку многу изградбата?
Очекуваме оваа пролет да започнат градежните работи за изградба на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28 километри со проценета вредност на градежните работи од 254 милиони евра. Со изградбата на оваа делница целиот Коридор 10 кој поминува низ Македонија ќе биде на ниво на автопат. Со тоа ќе се оствари функцијата на транзитен паневропски коридор и двигател на економијата. |
#
|
Статијата е прочитана 2967 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Itar Pejo |
Датум: 13.08.2011 00:24:43 |
|
Skandalite na vlasta da ne se koristat za dnevnopoliticki celi i dobivanje poeni. Nikoj, a narocno opozicijata, ne smee da zboruva za Kosmos, za lovot na vestici, za zatvoranje na politicki lideri, za zataskuvanje na soucestvo vo ubistva na plostad, za zatvoranje na mediumi, za blanko podpisan odkazni resenija, za penzionirani medicinski sestri sto imaat stanovi vo praga, za avtenticno tolkuvanje. Jas imam edno pozitivno prasanje za ministerot: patistata za Treskaec i Zrze izgradeni li se ili doprva ce se gradat? Alo, alo ... patistata za Treskaec i Zrze... alo, alo .... |
|
|
|
|
|
|
Од: MajkinPerth |
Датум: 13.08.2011 02:35:06 |
|
Kako moze eden milionski objekt da se rusi,a iljadnici divogradbi da se legalizirale.na kogo mu prodavate muda za bubrezi. |
|
|
|
|
|
|
Од: kiki |
Датум: 13.08.2011 03:23:54 |
|
Gledate Gospoda od Vlasta, ne bilo strasno da se dade intervju za nekoj medium.Mozebi eden den ke soberete hrabrost pa da iskocite na bilo kakva debatna emisija so nekogo od opozicija. |
|
|
|
|
|
|
Од: ace |
Датум: 13.08.2011 07:59:00 |
|
Zalno e sto vo mkd brojot na nepismeni e ogromen,pa takvi kako ovie dobivaat vlast
Gospod nema ni e napomos |
|
|
|
|
|
|
Од: Коста Стоименовски |
Датум: 13.08.2011 08:23:44 |
|
Прашање: Дали зградата на Фијат ќе се уриваше доколку тој не ја напуштење „Преродбата“? Како може коалициски партнер во владата со години да не плаќа данок на имот за зградата на неговата ТВ, а „преродбеничката“ влада од се победните граѓани го цеди и последниот денар? Сопственикот на оваа ТВ плати данок на имот, но, само за 4 минати години и тоа откако скандалот беше откриен во еден сега веќе згаснат весник! А, бре министре за каква правна држава, за какви закони зборуваш кога пресудите ги носи твојата „преродбеничка“ влада!!! Погледај ја одлуката на владата од септември 2006 година со која на судиите им се забранува да пресудуваат против РМ! Доколку сакаш за тоа можам да те убедам со моето лично искуство! За концесиите за патиштата јас во неколку наврати ве предупредував дека тоа се чисти илузии и заблуди, но, вие тоа или не го разбирате или не сакате да го разберете, а, сепак, упорно го залажувате народот, поточно наивните гласачи! |
|
|
|
|
|
|
Од: pece |
Датум: 13.08.2011 09:46:44 |
|
Abe ne e ovaj od VIKILIKS, |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 13.08.2011 09:52:15 |
|
Нормално дека градбата на Фијат Цановски нема врска со политиката.Тоа е чист бизнис помегу инвеститорот и власта.Ако Цановски платеше рекет на власта,немаше ни влакно да му фали на главата во време кога се легализира се живо и диво.А тука е проблем и конкурентната цена на деловните простори и станови со што беа загрозени пријателите инвеститори во градба на власта.Зарем овој објект неможеше да се намали за еден спрат помалку.Стокатниците ке ги гради власта. |
|
|
|
|
|
|
Од: vlado |
Датум: 13.08.2011 10:30:50 |
|
drag mile,
proveri vi recnik sto e dnevnopoliticki poen. mozes da konsultiras i vikipedija za toa sto e politika. (za odgovornost, dzabe i da citas, nema da ti fati crpkata).
e sea, pod "politika" spagja da nikoj za tebe ne glasa pak otkako ke legaliziras se i sesto, a ke im srusis na politickite protivnici.
ama mnogu e simpaticno kako apeliras do gragjanite da ne pravat taka. ti ide so naocarite, srcence si... |
|
|
|
|
|
|
Од: порака |
Датум: 13.08.2011 11:11:58 |
|
Абе, вие државата ја злоупотребувате и ја дискредитирате за да се борите со неистомисленици, ќе плаќате оштети како за Космос така и за лустрацијата, а продаваш муда за бубрези да не се злоупотебувало. Тоа не е злоупотреба, туку нужда да се застане на пат на една налудничава власт, на која еден ден ќе и се суди за злосторничко здружување. Мислам дека ти ќе бидеш заштитен сведок. |
|
|
|
|
|
|
Од: asterix |
Датум: 13.08.2011 11:30:21 |
|
А Мики да не ја корсити власта за пресметка со политичките не истомисленици нема да е лошо? |
|
|
|
|
|
|
Од: Temjance |
Датум: 13.08.2011 13:09:18 |
|
E moj ministre, kade ti zivees. Kako mozat drugite da gradat i bez odobren proekt i bez plateni komunalii, ludjeto od opozicijata ne mozat so odobren proekt i plateni komunalii. Supi legalizirate, a milionski vredni objekti urivate, kogo vie pravite budala. Uste ke zboruvate da ne se koristi Kosmos vo dnevna politika, vie sto pravite samo frlata lopati na neki mesta i po 5-6 pati za isti objekt, kako ne vi e sram. Neka, narodot makedonski ne e so kratko pametenje ke vi naplati. Dali se secavate na Kadievski i toj sedese na vaseto mesto, gi rusese haciendite vo Zlokucani, no taa funkcija mu bese posledna, se nadevam deka praviloto ke se potvrdi. Dali mozete mirno da spiete covecko sustestvo bez dusa i bez trunka covecnost vo sebe da srusite objekt od 60.000.000 evra, pa taa e investicija ostanuva vo Makedonija, nema Fiat da ja odnese nadvor. Ama go rusite sto nema reket za vas i vasite puleni. Go konkurira Pece Naumovski koj gradi sproti nego, ma poskapo. Gospod da vi plati. |
|
|
|
|
|
|
Од: Milos |
Датум: 13.08.2011 13:34:19 |
|
sto treba da se rus neka se rusi ..ali kako ne go rusevte koga i vi bese partner vo vlasta? ili kako ne rusite pola objekiti nis skopje koi se nad dozvolenoto ..eve vo gorce petrov sokol diga na zgrada dva sprata plus od dozvolenoto ....a tetovo i gostivar e pola bezpravno izgraden ..abe makedonce sve dodeka megusobno se unistuvame nikogas nema da ne bide~ |
|
|
|
|
|
|
Од: AA |
Датум: 13.08.2011 13:52:38 |
|
Трета година се гради автопат Куманово Табановце , срамота . Патот е катастрофа . Се гради преку сите норми . Нема мост , виадукт , тунел а во тендерот беше даден рок од 18 месеци ? Колку месеци се гради досега , дупло . Да се испита како е изведен тендерот . За ова треба да се одговара . |
|
|
|
|
|
|
Од: stara VMRO-vka |
Датум: 13.08.2011 14:00:06 |
|
Mnogu mi e interesno koga nekoj vakov nadgraden vmro-vec donesen po linija koja site ja znaeme,pa uste i od provincija Prilep kade sto nemaat uste voda da ni soli pamet na graganite od Skopje,pa uste se drznuva i da rusi na nekoj sto ne mu e ni do kolena.Kaj tebe pri revizija moze i da se koregira neli???A kaj nekoj sto sakate da go urnete zatoa sto ve napusti nemoze neli???Koja ironija!!!!!! Zapamti nemozes sekogas da bides na vlast,toa e momentalno,a posle kade ke odis?????Brodot sto potona,kade ti e moralnata odgovornost??? Vie samo terajte kako SIVONJI ste,ama nema za dolgo. |
|
|
|
|
|
|
Од: KOSMOS |
Датум: 13.08.2011 16:01:52 |
|
Aloo dete...samo vie prodolzete da rusete.Ima i utre neli !? |
|
|
|
|
|
|
Од: uzalen |
Датум: 13.08.2011 18:41:36 |
|
greota e ova sto se pravi a seto toa se odnesuva na torbeskata populacija koja e dosega e najloalna za makedonija a se ugnetuva kako od makedoncite taka i od albancite i nikogas nema glava da krenat.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Коки |
Датум: 13.08.2011 20:42:15 |
|
Во ерата на озаконување на дивоградбите рушат имот на опозициски политичар, и ликот вели дека нема политика. Или со други зборови, ликот на сите ни кажа дека сме морони. Алооо, не се сите како тебе морони, не мора да лажеш, и така никој не ти верува! |
|
|
|
|
|
|
Од: реален познавач и на други работи |
Датум: 13.08.2011 23:01:31 |
|
Срам да ти е Јанакиески. Те гледав низ ходниците на ФОН, тебе, Тодоров, Конески и некои други, како пролетва висите пред вратите на професорите и чекате да ви пишат оценки. Веројатно затоа што на ФОН не можеше да се добие диплома како на Шефилд во Солун имате лични фрустрации, па затоа постапувате вака и не се одзивате на повикот на Фијат на јавна дебата. За кои судови зборувате? Па таткоми се тужи со државен орган веќе пет години и на божја правда добива нарачани пресуди. Страмота, страмота, страмота ... |
|
|
|
|
|
|
Од: Majel Bau od Minhen |
Датум: 14.08.2011 16:12:24 |
|
Ministerof ukazuva deka nemaat namera dago prodolzat rokot za prijavi na divogradbite koi vazel do Septemvri godinava, i zatoa planirale soodvetni kazni. Toa znaci deka keve kaznime ali objektot kevi s´toi i ponatamu. Sprotivno na toa rusat objekt koi ima dozvola gradezna ima plateno komunalii ili da recam imaat hipoteki pod zalog vo vrednost od 11 milioni. Gospodine Ministre ako mozete taka dase narecite.Site onije koi imaat izgradeno nelegalno i dobivaat moznost dago legaliziraat za samo po 1 euro po kvadrat i nego pravat niv treba daim se rusi zatoa sto toa go pravat namero, poftoruvajki deka nesakaat ida postuvaat zakoni, ane Gospodinot Canopski. Razmislete kade sakate daja vodite Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
|
|