Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Георгиевски му пишува на Груевски

Зошто ги штитите кодошите


Георгиевски во отворено писмо го прашува Груевски од што се плаши кога со партиски договор со ДУИ ја опструира лустрацијата

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, вчера преку отворено писмо до премиерот Никола Груевски ја обвини владејачката партија дека е главен кочничар на доследното и принципиелно спроведување на лустрацијата. Во писмото Георгиевски го п��ашува Груевски кои се неговите мотиви и од што се плаши кога со партиски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се заштитени двајца пратеници, за кои Комисијата за илустрација поседувала докази дека биле кодоши.

Експремиерот уште тврди дека Груевски го знае идентитетот на пратеникот - партнер во портокаловата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт има можност да расчисти некои контроверзии во однос на наводните соработници на УДБА и ДБК инфилтрирани во партијата.

Груевски вчера од Штип одговори дека воопшто не помислил да ја опструира лустрацијата и некого да заштитува. „Не ми паѓа напамет некого да го закочам или да го заштитам, ако некој си правел такви работи, тој треба да си одговара, независно дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ, дали е од некоја трета партија или не е од ниту една партија. Пред вас стои еден од најголемите поддржувачи на процесот. Го поддржувам со сите сили овој закон. Тие што го коментираа законот во нивно владеење имаа можност да донесат и спроведат закон, но ниту донесоа ниту спроведоа. Оние што го спроведуваат сега се обвинети за тоа“, изјави Груевски.

„Кои се вашите мотиви за неспроведувањето на овој Закон, за мене остануваат нејасни, но факт е оти ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на лустрацијата во Македонија за да биде спроведена доследно и принципиелно. Случајот со заштита од ваша страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас беше гротеска, но најновата ваша опструкција на Законот за лустрација станува трагична и претставува сериозен удар врз демократијата во Македонија. Со непријатна изненаденост ја примив информацијата оти сте направиле договор со ДУИ за двајцата пратеници да биде запрена понатамошната процедура“, прашува Георгиевски. Притоа, појаснува дека станува збор за еден пратеник на ДУИ и за еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не знам на кое ниво го кршите Законот со блокадата врз работата на Комисијата за лустрација, но сакам да ви напоменам оти таквиот чин е наполно ваша лична морална и политичка одговорност, претежно спрема дваесетгодишната историја на ВМРО-ДПМНЕ. Дотолку повеќе што бездруго вам ви е познат идентитетот на кодошот од вашата парламентарна група“, му пишува Георгиевски на Груевски.

Истовремено го потсетува дека тој бил многу млад за да се сеќава оти истиот човек долги години бил во највисоките структури во ВМРО-ДПМНЕ, а во одреден период дури и нејзин потпретседател. „Луѓето, пак, се сеќаваат на неговата акцентирана припадност на т.н бугарско крило на ВМРО-ДПМНЕ, а јас се сеќавам оти тој човек стана и министер и, конечно, најважното, откако беше сменет од министерската позиција, беше главниот организатор при купувањето шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во 2000 година. Што значи оти тогаш сме имале неуспешен обид на своевиден државен удар организиран од страна на службите за државна безбедност“, вели Георгиевски.

Завршувајќи го писмото, уште еднаш повторува дека е непријатно изненаден поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги заштитува луѓето кои биле соработници на тајните служби. „До ден-денес не ми се јасни вашите мотиви за патронство на подземни сили од ваков сој“, потенцира Георгиевски. (О.В.)

На кого мисли Георгиевски

Георгиевски го знае кодошот од ВМРО-ДПМНЕ. „Тој човек долги години бил во највисоките структури во ВМРО-ДПМНЕ, а во одреден период дури и нејзин потпретседател. Стана и министер и откако беше сменет од министерската позиција, беше главен организатор при купувањето шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во 2000 година“


#
Статијата е прочитана 3610 пати.

Испрати коментар

Од: dejan
Датум: 23.09.2010 12:08:19
znae georgievski da pogodi direktno vo celta takae zosto gi stitat spiunite oti i oni se spiuni srpski
Од: b
Датум: 23.09.2010 12:16:05
Кој би претпоставил дека ,,насликаниот,, бил кодош? Зочто ли нашиот омилен водач му застана во одбрана. Сиромачкиот наш водач, сардисан од сите страни. Владеењето му пука по сите чавови. Никој несака да го прими во Њујорк, сиромаштијата овде несносна, безраборица, тие околу него дивеат,луѓе по болници умираат, убиства и самоубиства секој ден, афери на сите страни, ништо не функционира во општествово. До кога вака?
Од: Itar Pejo
Датум: 23.09.2010 12:21:23
Kodosive neka si gi vadat ocite, nie seir ce gledame.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2010 12:38:16
Ептен релевантен соговорник има Утрински.Демек го знае кој е кодошот дури од 2000 год.ровари и замислете со дозвола негова купува 6 пратеника од власта.Дури по 10 год. ни открива дека некој со негово знање прави партиски криминален поткуп,плус кодош.Сега ќе се истура опозициските коментатори и ќе не убедува за релевантноста некогашниот нивни,,црн непријател,,Тоа што вели премиерот да секој нека одговара нее важно,вашен е овој полинационален играч.
Од: Трпе
Датум: 23.09.2010 12:42:36
Нормално,како може со свој камен да се удира по глава.Зарем да удри и по своите.Тоа е исто како што им ги врзува крилјата на антикорупциската комисија.
Од: son
Датум: 23.09.2010 12:59:22
Od vesnikot Spic go znaeme koj e.
Од: mikica
Датум: 23.09.2010 13:14:35
aj bre zdodevni ste site se napunivte so pari....narodov nema za leb, vie samo se prepukuvate. ovoj tivok narod treba site da ve podbere i grujovci i ljubcovci i brankovci i ahmetovci so edna cvrsta motka i da ve odnese da odite da kopate po nivi da vidite sto e tezok zivot. najdovte pa zajdovte!
Од: viki
Датум: 23.09.2010 13:17:32
vekovna vistina za trojcata makedonci-komita,vojvoda i kodos
Од: ?!
Датум: 23.09.2010 13:57:35
Tolku li se ograniceni "sredstvata" ta mora da se oslobodi mesto za novi?Nema potreba.Sega celoto opstestvo nie po merka.Raboti bezplatno.Razlikata e samo za kogo.
Од: Vo tinja i ziva pesok
Датум: 23.09.2010 14:30:02
Grujo, Grujo !!! da ne ti sum vo kozata. Epten si "zakaskan" vo ziva pesok. Kolku povece pretas tolku povece propadjas. dali predosecas kaj ce ti bide krajot za nekoe vreme?
Од: Тоше
Датум: 23.09.2010 14:45:01
Затоа телевизијата која ја има нелустрираниот кодош веднаш стана Грујовизија. Партијава на власт си ги користела доказите не за спроведување на Законот туку за уцена. Само што сега Георгиевски им ги помати сметките. А не ќе е чудно и Латас да е ‘стиснат‘ на ваков начин. Од каде пак инаку би бил поголем вмровец од самите вмровци.
Од: makedonka
Датум: 23.09.2010 15:07:02
Bravo Mikica ti imas tocno resenie pa sto ne se digne Makedonskiot narod vo tivki demonstracii i da im kaze na politicarite deka tie se birani od narodot i za narodot a ne tie da se obvinuvaat edni so drugi i gledaat nivni interes i narecuvaat so "iminja" toa e isto kako sto vo Bosna se podelija na cetnici, ustasi i balii i do kade stignaa....
Од: Stojko
Датум: 23.09.2010 15:32:24
@Feliks> Sega ke se soglasam so tebe vo odnos na Ljubco, ili npr Filip (toj sto strajkuvase so glad, neli0, ama da te potsetam deka polinacionalni , a i razni soncogledi i polipartiski ima i vo redovite na segasnava DPMNE.
Од: До: viki
Датум: 23.09.2010 17:10:41
Да Вики, вистина е! Само што не ги предводел војводата, туку Кодошот!
Од: nn
Датум: 23.09.2010 19:06:30
Covekot od slikata e sigurno kodos bidejki toj mu gi pomati i smetkite na direktorot na astibo koj izvrsi samoubistvo, i toj istiot rabotese vo SOK po odredena naredba vo edna ekspozitura vo istocna makedonija
Од: Platenik
Датум: 23.09.2010 22:00:40
Sekoj sto barem malku razbira od politikata moze lesno da dojde do toa za koj kodos se raboti. Nego go interesiraat samo parite i vlasta. Nisto drugo. Pa, tokmu toj ,,VMRO-vec,, najmnogu pari napravi vo periodot na vladeenjeto na SDSM koga se napravi konspirativnata i kriminalna privatizacija. Za pusti pari podgotven e da napravi se.
Од: vancho
Датум: 23.09.2010 23:09:27
Sto pametuva Georgijevski,prvo neka si pita sto Pamet je toj.Koga negov naj blizok rodnina ja ukrade Proneveri Drzavata so Milioni ZAR narodot ke mu veruva nego i ponatamu ili podobro da se povleche od politika.
Од: Феличита
Датум: 24.09.2010 08:27:08
Среќко,некој по 10 години открива....А некој по 15 години открива дека во 1995 година....А во тие 15 години,девет години е на власт!
Од: Pavle
Датум: 24.09.2010 08:53:08
Abe site veke znaeme za koj se raboti.Kodosot ima konsultantska kuka,stedilnica,televizija i dr.Bas takov mu treba na Gruevski,da gi fali "takanarecenite proekti" i dobro mesto za perenje na valkanite pari.I sto drugo da se kaze za ovie,kriminalci vo patriotsko ruvo.APASI.

Најди! во Утрински
На прво место
Уставен суд во конфликт со лустрацијата
Судијата бара јавно да проговори дали бил кодош
Кадровски резови и во ДУИ



"""