Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија во ракометна еуфорија

Ракометарките на Македонија по големите победи над Хрватска и Србија загубија од Русија со 43 : 24

Web Update

00:00, 09.12 - Ракометарките на Македонија загубија од селекцијата на Русија со 43 : 24, во натпревар за што подобар пласман на европското првенство што се игра во Скопје и Охрид.

Натпреварот што вчера се одигра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје пред околу 5.500 гледачи, Македонките го започнаа одлично и во 13 - тата минута водеа со 9:6. Тогаш Русинките направија серија од 7:0 и ја одржуваа предноста до полувремето на кое заминаа со резултат од 15:12.

Во второто полувреме Русија постојано ја зголемуваше предноста и на крајот стигна до убедлива победа.

Во првиот натпревар од групата која се игра во Скопје попладнево Хрватска ја победи Белорусија со 43:35. Поуспешни од втората двојка меѓу Германија и Шведска, беа Германките кои победија со 33 : 22.

На табелата води Германија со шест бода, втора е Русија со пет, пред Хрватска, Македонија и Шведска со по два бода, а последна е Белорусија со еден освоен бод. 

Денеска се играат натпреваритре од Охридската група. (МИА)

Текст од печатеното издание:

Роберт Димитриевски

Македонија ја зафати вистинска ракометна еуфорија по пласманот на женската ракометна репрезентација во вториот круг на 8. Европско првенство со победата од 31:30 во директниот дуел со Србија во последното коло од прелиминарната група Д. Не се памети таква побарувачка за влезници како пред натпреварите од втората фаза со Русија синоќа, со Шведска утре од 18,15 ч. и со Белорусија задутре од 20,15 ч. Во новоформираната група 2 домаќинот пренесе два бода од победата над Хрватска, со која пред синоќешниот дуел со светскиот шампион се наоѓаше на третото место.

Соседската пресметка меѓу Македонија и Србија директно решаваше за тоа кој од нив ќе го продолжи натпреварувањето, а кој предвреме ќе ги спакува куферите. Македонскиот тим беше во предност со оглед на тоа што му вршеше работа и еден бод, па и пораз до два гола разлика, а Србинките мораа да слават со разлика од три или повеќе погодоци. Дополнителна тежина на меѓусебниот дуел му дадоа игрите на српската делегација надвор од теренот, што уште повеќе ја вжешти атмосферата во исполнетата сала „Борис Трајковски“.

Избраничките на селекторот Владимир Глигоров фуриозно ја отворија средбата со четири гола во низа, но гостинките возвратија со серија од пет погодока, а во 19 мин. стигнаа и до плус три (10:7). Токму таа минута го смени развојот на настаните во овој дуел, кога класичното пробивање на лево крило полските судии Барановски и Леманович го окарактеризираа како седмерец за Србија. Тогаш експлодира гневот на публиката, која претходно жестоко реагираше и на двете дискутабилни исклучувања на Мечевска, па полетаа ситни предмети на теренот што предизвика неколкуминутен прекин.

Од тој момент па до крајот на мечот Полјаците се загубија, влегуваа од грешка во грешка, носејќи одлуки на штета на двата тима, за што бурно негодуваа и двете клупи. Македонските ракометарки се созедоа, ја вратија контролата врз играта и врз резултатот и преку Бујанова во 42 мин. ја достигнаа најголемата разлика во мечот од 23:19. Тимот на Часлав Динчиќ, сепак, не крена бело знаме и со серија од 7:1 со единствениот гол на Медвед во 50 мин. поведе со 26:24. Алармантното доближување на противникот до посакуваната разлика последен пат се случи на шест минути до крајот, кога ѓорчепетровката Поповиќ погоди за 28:26, но тогаш со четири гола во низа Македонките ја отстранија неизвесноста околу пласманот во вториот круг.

„Наша цел беше да ја поминеме групата и тоа го направивме не со една победа, туку со две. Сите 14 девојки покажаа големо срце. Покажавме дека можеме да одиграме добро, дека има и Македонки што знаат да играат ракомет“, изјави јунакот на мечот Тања Андреева, која сите 60 минути ги помина на македонскиот гол и притоа одбрани 18 удари.

„Овој меч не беше на ниво поради психолошкиот товар. Се надевам дека ова нема да биде наша последна победа на ЕП. Среќен сум што девојките се надминаа себеси, покажаа нов квалитет - силен колектив што не се предава. Таа одлика се надевам дека ќе ги краси и во вториот круг“, без зборовите на селекторот Глигоров.

Ова е втора победа на Македонија над Србија едноподруго на еврошампионатите по таа од 25:23 на стартот од претходното ЕП 2006 во Шведска, а заедно со елиминацијата во баражот за СП 2005 во Русија веќе може да се зборува за комплекс на српските ракометарки спрема македонските. За Србинките, пак, ова е второ ЕП што го напуштаат уште по првиот круг, и повторно со максимални три пораза како пред две години во Шведска.

Македонија - Србија 31:30



Полувреме: 16:14. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судии: Барановски и Леманович од Полска. Седмерци: Македонија 4/5, Србија 2/3. Исклучувања: Македонија 10 мин., Србија 8 мин. Технички грешки: Македонија 16, Србија 21.

Македонија: Треноска, Андреева (17+1), Мечевска 2 (2/2), Коцевска (0/2), Ѓорѓиевска 1 (1/3), Кресоја 4 (3/3, 1/1), Младеновска 1 (1/1), Бујанова 6 (6/13), Тодоровска 8 (8/14), Портјанко 4 (1/7, 3/4), Црвенкоска 1 (1/1), Пецевска 3 (3/5), Барјамоска 1 (1/2), Новеска. Селектор: Владимир Глигоров.

Србија: Паплацко (3), Томашевиќ (7+1), Крпеж 1 (1/1), Поповиќ 4 (4/5), Лекиќ 7 (5/7, 2/2), Стевин 1 (1/2), Дамњановиќ 2 (2/6), Балаќ 4 (4/4), Ериќ 3 (3/7, 0/1), Рајовиќ 3 (3/4), Огњеновиќ 4 (4/8), Цвииќ, Ѓорѓевиќ, Медвед 1 (1/4). Селектор: Часлав Динчиќ.

 


#
Статијата е прочитана 2321 пати.

Испрати коментар

Од: Markos
Датум: 09.12.2008 00:38:00
Za žal, edinstvena mi e možnost natprevarite vo salata "Boris Trajkovski" da gi sledam preku isto taka žalna MTV, kaj koja e pak komentatorot ubedlivo najžalnata alka. Prostačko i navredlivo "navivanje", so idiotska identifikacija so makedonskite rakometarki ("dadovme gol", "ni go poništija golot"), samo se del od "tvoreštvoto" na komentatorot. No toj ne zaostanuva zad kolegite od bivšata država. Zaedničko im e na site "plukanje" po sudiite. Sudiite (sudije, suci, sodniki) se najvinovni do kolku nivnata mila reprezentacija ili klub ja utne rabotata. Ima li koj da gi izbrka ovie rezil-komentatori?
Од: navivac
Датум: 09.12.2008 02:03:39
Bi sakal da zamolam ako moze MTV da prestane da gi reklamira svoite sponzori za vreme na natprevarite. razbiram deka moraat no navistina ne znam kako e mozno da go pravat dodeka ima akcija? isto taka bi saal da ja zamolam vladata na DPMNE da prestane da go pravi istoto. sto se odnecusva na devojkite.... samo napred! najdobri ste!
Од: mia
Датум: 09.12.2008 11:43:39
za promena mozebi e podobro komentarive na ovaa strana da bidat za rakometarkite i za rakometot, a ne samo da se upatuvaat kritiki.A do navivac za tvoja informacija i ako si vistinski navivac ke znaese deka ako ne bese Vladata ke ni ja odzemea moznosta da bideme organizatori.A normalno e sekoj sto e sponzor da bide reklamiran za vreme na natprevarot,kako sto e slucaj so VIP. A sega edno golemo bravo za rakometarkite iako vcera ne pokazaa sto vistinski znaat,sepak ni riredija ogromno zadovolstvo so igrata od minatata nedela.Se nadevam i so site sili ke gi bodram i vo slednive natprevari.Bravo,sekoja cest za devojkite.A bogami i za najprekrasnata Makedonska publika koja gi bodri besprestan.
Од: mirco
Датум: 09.12.2008 12:17:55
nemaat pojma
Од: GG
Датум: 09.12.2008 12:21:34
pa taka e koga slavat pred vreme vo fufo...Toa ti e mentalitet..ja pobedivme srbija i hrvatska i gotovo - Koj e kako nas !!!
Од: Прокоп
Датум: 09.12.2008 12:57:08
Гунар Прокоп во Охрид беше неполн ден, но за тие десетина часа добил впечаток дека организацијата на турнирот, атмосферата, како и соработката на луѓето од организацијата била многу подобра од „централата“ во Скопје.

Најди! во Утрински
Спорт
Блан
Шустер
„Комити“ го сардисаа Вардар на Стража, Кометал најави излегување од клубот
Интер гази, Јуве и Милан го следат
Напад со нож, искорнат семафор и тотален хаос во базен во Атина
РФМ и АМС со богати награди за играчите
Денеска на ЕП
Радуловиќ на местото на Младеновска
Кресоја
Враќање на Свиндал и на Рајх
Динчиќ со дрвја и камења по ЕХФ
Бернар нов светски рекордер на 100 м
За Бостон 12. победа во низа
Македонија прв полуфиналист