Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Стил

Сурја намаскар - апотеоза на сонцето: во име и во слава на животот

Љубен Луј Ѓорѓиоски

Од сите јога-вежби, ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО - СУРЈА НАМАСКАР претставува исклучително ретка, една од неколкуте одбрани и целосно заокружени јога-вежби - садхани. СУРЈА НАМАСКАР е вистинско решение за секој човек. ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО овозможува да се обнови животната енергијата кај секој јога-практикант и да се зацврстат неговите стари, добри и позитивни навики. Во исто време, редовното практикување на овој циклус јога-вежби овозможува никнење и создавање нови, здрави, пред се', доблесни животни навики. Комбинацијата на асани - класични јога-вежби, со пранајама - контролирано свесно дишење, мантри и медитација дејствува ревитализирачки на целиот човечки организам. Тоа е идеален и совршен спој на вежби, посебно благотворни за активен, динамичен и креативен живот. Дозволете си на себеси вистинско секојдневно празнување преку практиката на СУРЈА НАМАСКАР. Тоа е искуство и совршена комбинација за здравје, виталност, спиритуалност и уживање.

СУРЈА НАМАСКАР: ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО е идеален спој на вежби. Таа е за вистински, искрени љубители на јогата. Се почнува со умерен и одмерен дневен ритам, кој со текот на времето прераснува во препознатлив животен стил на јога-практикантите. СУРЈА НАМАСКАР ја зацврстува вербата во себе и ја враќа довербата во природата. Практикувајќи го ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО јога-аспирантот го буди соларниот аспект, нурнат длабоко во својата човекова природа и ја ослободува оваа натурална, витална и космичка енергија. Слободниот проток на сончева и на животна енергија дава поттик за развој и за проширување на свесноста. Ова значи и многу повеќе здравје, виталност, смирен ум, креативна свест што се стекнуваат со редовно вежбање на СУРЈА НАМАСКАР. Одделувајќи само неколку минути секое утро, кои ги минуваме со ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО, создаваме здрава позитивна јога-дисциплина - анушасалам, а истовремено значи дефинитивно навраќање кон природата. Тоа е еден импресивно прекрасен, древно восхитувачки чин на почит и обожавање на сонцето, како извор и поддржувач на животот. ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО: СУРЈА НАМАСКАР го облагородува дотогашното тривијално секојдневје. Внесува софистицирана спиритуалност во исушеното духовно катадневје на современиот човек. Со тоа животот добива деликатен вкус на спиритуалност, кој е неопходен за создавање здрава, креативна и продуктивна личност. СУРЈА НАМАСКАР го осветлува патот по кој милениумски чекореле мудреци и јогини во насока кон светлината на сопственото внатрешно сонце.

Уште од дамнина, од прастари времиња јогините имале обичај, кој се задржал до денес: да се разбудат многу рано. Откако ќе ја направат својата утринската лична хигиена, тие се подготвени пред изгревот на сонцето, пред да се појават првите сончеви зраци да ги почнат своите редовни и секојдневни јога-вежби. Многумина практиканти на јогата, безбројни школи за јога и многумина духовни учители денот го почнуваат со древната јога- вежба: СУРЈА НАМАСКАР - Поздрав на СОНЦЕТО. Во часовите кога сонцето изгрева или заоѓа, сончевите зраци се исклучително благотворни и позитивни за човекот и за неговиот организам. Затоа, редовната практика на ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО ги преобразува практикантите во јаки, здрави, витални, чисти лица. Тоа како подарок го добива секој од сонцето, само ако редовно, секое утро, го поздравува со СУРЈА НАМАСКАР.

Искусните практиканти на јогата секогаш и секаде се восхитени од оваа вежба. ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО е идеална за почетници и совршена садана за напредни аспиранти. Се вежба од млада возраст, а таа во исто време претставува вистинска сладост за стари и за доблесни практиканти. Аплицирајќи го ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО во својата катадневна јога-вежба, создаваме врвно искуство во кое се сладат сите наши сетила, ужива умот и се збогатува духот. Ритамот на креативност зачестува, доблесноста и позитивноста од нас протекуваат како непресушен извор, создавајќи вруток на активен и целосно исполнет живот. Со практикување на ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО: СУРЈА НАМАСКАР создаваме од себе лица богати со здравје, виталност и духовност и еден богат свет на среќни, креативни и доблесни лица.

Уверете се во сето ова преку непосредно, лично искуство. Затоа, драги мои, дозволете си на себеси редовна практика на СУРЈА НАМАСКАР. Вежбајте јога и внесете го ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО во вашето секојдневје!

Дојдете и оваа недела во Кокино, во мугрите на новиот ден да го поздравиме сонцето, летото и најдолгиот ден и вежбајќи СУРЈА НАМАСКАР!


#
Статијата е прочитана 411 пати.

Испрати коментар

Од: Alek
Датум: 19.06.2010 13:20:44
Прекрасно! Ја вежбам секое утро откако ми ја покажаа на курсот за Шри-Шри јога. :)
Од: Lady Snow
Датум: 20.06.2010 10:25:21
Prekrasno se chustvuvam po Surija Namaskar...vo mene budi nova energija. Blagodarnost do Stevan od Yoga centarot koj so trpenie raboti so praktikantite.

Најди! во Утрински
Стил
Ден за најголемиот кралски настан во Европа во новиот век
Со име на дивата роза
За „Леонтиќ“, убавината е сериозна работа