Брoj 2738  среда, 16 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Буџет по мерка на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Усвојувањето на ребалансот помина без пратеничката група на СДСМ, која ја напушти седницата

Александрија Стевковска

Собранието вчера по предлог на Владата експресно го стави на дневен ред разгледувањето и го усвои ребалансот на Буџетот за 2008 година и покрај забелешките на опозицијата за прескокнување на законската процедура.

Усвојувањето на ребалансот помина брзо, со прифаќање неколку амандмани предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и повлекување на сите предложени амандмани од страна на ДУИ. Покрај противењето на опозицијата, народните пратеници ги изгласаа измените и дополнувањата на Буџетот за 2008 година, со што обезбедија плус 260 милиони евра за расходите на државата. Позициите на владејачката партија во насока на одобрување на ребалансот се темелат на зголемената реализација на даночните приходи, очекуваниот поголем прилив на уплата од дивиденда од „Македонски телеком“, како и очекувани зголемени приливи од концесии и приватизација. Според предложените измени, вкупните приходи се планирани на износ од 144 милијарди и 706 милиони денари, вкупните расходи се на ниво од 150 милијарди и 371 милион денари, а дефицитот е оценет на 5 милијарди и 665 милиони денари и е во рамки на проекцијата од 1,5 проценти од бруто-домашниот производ.

Министерот за финансии Трајко Славески појасни дека приходите бележат зголемување за 12,4 отсто во однос на проекциите и оти тоа се должи на реалните остварувања во првата половина од годината, кои се за 10,25 проценти над планираните очекувања. Според него, измените на Буџетот се антиинфлаторни, наспроти обвинувањата на експертите и опозицијата дека се работи за проекција на трошење пари која само ја подгрева инфлацијата. Според министерот за финансии, секое трошење кое има реално обезбедени приходи не претставува притисок врз инфлацијата, туку обратно, односно зголемените капитални расходи може да имаат позитивен ефект врз забрзување на економскиот развој. Според министерот Славески, ревидираните проекции не предизвикуваат поместувања на дефицитот и тој е во рамки на 1,5 отсто од БДП.

„Одржувањето вакво ниво на дефицитот ќе има позитивен антиинфлациски ефект врз стабилизирањето на цените и значителна поддршка на режимот на фиксен девизен курс и зголемување на кредибилитетот на државата во меѓународни рамки“, изјави Славески.

На ова тврдење се спротивстави Игор Ивановски од СДСМ, кој потенцираше дека полниот буџет со кој се фали Владата значи сиромашни фирми и граѓани.

„Ова е прв пат техничка влада да предлага Буџет, изготвен без поддршка од коалициониот партнер ДУИ. Со овој ребаланс партијата на власт сака да си обезбеди екстра-пари само за себе. Освен тоа, Славески испомеша термини, периоди на споредување на бројки за БДП, индустриско производство, инфлација, со што практично владејачката партија си ги објаснува работите како што самата сака да ги претстави“, истакна Ивановски.

За Ивановски е дискутабилен начинот на полнењето на Буџетот и тврдењето на Владата дека тоа е резултат на подобрените економски перформанси и повисокиот животен стандард.

Јован Манасиевски од ЛДП го оцени ребалансот на Буџетот како изборен. Тој имаше забелешка дека Владата со ребалансот си доделила дополнителни 350 милиони денари, со што си ја финансирала изборната кампања.






Статијата е прочитана 1536 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 16.07.2008 00:36:35
Трајко брборко,не му подметнувај на Никола да го мразиме,оддели од буџетот за сиромашниот Македонски народ,кој гледаш како изгледа,а ти си се направил како манекен,не тие срам бивш комуњар......требаше да те смени Никола грешка му е....
Од: marko
Датум: 16.07.2008 05:48:44
navistina gruevski treba da go smeni Slavevski,najslaba karika mu e vo timot,krajno vreme,najverojatno togas vladata ,podobro ke se spravi so inflacija ,so nov mimister za finanssii
Од: Militant na DPA
Датум: 16.07.2008 08:44:23
Nikogas ne bi rekol pozitivnI zborovi za partijata na banditite,kriminalcite(DUI),no edno ke priznavam deka trebase da bide minister za finansi G.FATMIR BESIMI,mislam deka dobro ke go vodise ovoj resor.Go poznavam mnogu dobro,mi bese asistent na fakultet.Coekot magistrirase i doktorirase vo anglija.Smetam deka i vo toj resor (EKONOMIJA),kade sto e imenuvan super ke se snajde.Inaku drugite kadri od DUI vistina se basi buzuk(i bi ve zamolil da ne objavite sliki od RAFIZ ALITI,epten e gaden mi se slosuva!I nesto drugo sakam da recam,bi gi zamolil tie albanci da se koregirat vo nivnite napisi da ne go preglasat ALI AHMETOSKI kako lider na site albanci.Zatoa sto za nad 100.000 albanski glasaci e lider G.MENDUH THACI........
Од: sasho negotino
Датум: 16.07.2008 09:25:32
Pa dragi moi prijateli mnogi logicno deka bugjetot ke bide po merka na dpmne. Pa zarem ne vi e jasno deka potrosenite milioncinja za vreme na nepotrebnite predvremeni izbori sto se potrosija deka ke treba da se vratat.N ezaboravajte se potrosija MILIONI na kampanjata na Gujo.Da ama vo ovoj slucaj parite ke gi vracame nie Makedoncinjata, koi dozvolivme edna vakva populisticka i nezrela vlada da ne vode.Bugarija i Romanija veke izbegaa daleku pred nas,Albanija ne pomina , Sribija isto taka.E sega e red na Kosovo da ne stigne pa i pred nas da vleze vo Nato i Eu. Tesko na nas so vakvata vlada na celo so Gujo
Од: Aleksandar
Датум: 16.07.2008 09:41:59
Ako sakame da stvorime navika na sovesnost koga vozime ke mora da ima tehnicki dokazi za tova koj kako vozi .se nadevam so novite tehnicki zafati za postavuvanje na kameri ke se slozat poveketo gragani deka e ispravno,koga ima vo NYK,Berlin,Pariz,zasto da nemame i nie,ne sakam da kazam veruvajte bidejki e prestapi vo vozenjeto po gradot ostanuvat nekaznato.Licno jas go pozdravuvam.E sega organiziraniot kriminal kako mislime lugeto sto pravat organiziran kriminal poveke od miljonski evra kako da se gonat so mobilni ili vo sedenje vo kancalariji,koj e toj sto ke saka da osteti drzava so poveke miljonski sumi da ne e spremen posufisticirana oprema,zatova go pozdravuvam predlogot na vladata za osovremenuvanje na tehnickite pomagala, mislam kako gragani ako sakat da napravat vo borba so organiziraniot kriminal a nema zasto da ne im veruvame jas licno veruvam deka ke ima uspeh so tova ke pocustvuvame podobro.Ednostavno treba da im posakame uspeh i sto pobrzo da pocnat da fukcionirat rabotite
Од: Igor
Датум: 16.07.2008 10:18:51
Добро е. Ќе има пари за реклами за да знаеме до кај сме дојдени со преродбата.
Од: A. Nikolov
Датум: 16.07.2008 11:16:58
Vladata na diktatorot gleda megalomanski.No makedonskiot narod i toa go zasluzuva.Volna ke ima se dodeka ke ima ovci za strizenje.Nekoj ke kaze deka zboruvam so golema doza na omraza sprema diktatorskata vlada.No zivi da bideme pa jke vidime shto ke se sluchi ponatamu.Eve vladata ne odalechuva od NATO i EU.Ke si ziveeme sami opkruzeni so hieni.Vladata na Nikolaj se nafaka so razni investicioni proekti koi nema da gi realizira a istovremeno ke se nakrade od narodnite pari.Eve tret pat vo budzetot odvojuvat pari za kompjuteri za sekoj uchenik.Zarem sredstvata ne trebashe da bidat odeleni a ikazuvaa deka kompjuterite se kupeni.Isto taka ke vovedat policiska drzava i redno e da ima policiski chas.A na internet da komentirame nema da stane zbor,vednash vo aps.Vladata ke se iznakrade i ke ja unishti drzavata da nema koj da gi goni za kriminal.
Од: lbn
Датум: 16.07.2008 12:30:56
do nasilnikot na dpa¦site kadri na dui se kako fatmir besimi no so ke kazite vie za leka na pr so ima samo osnovno obrazovanie i taci vojvodata so visa skola i red drugi takvi i posle sakate da vodite drzava,nikogas
Од: Zani
Датум: 16.07.2008 13:44:21
Ama bash mi e zal za g-dinot militant i go zalam ama igo falam za edna rabota go falam za toa deka go respektira profesorot ama mi e zal za toa sto uste ne moze da sfati deka negoviot lider gonekje cel sfet ( Amerika) a toj e zaslepen , edno vreme koga OVIE lugje koi sega se vo Dui go pomaga da krade glasovi od PDOP SEGA GI KUDI TOA E TOA LUGJE tOI SHTO TE POSTAVIL TOI I TE SMENI. A militante treba da znaesh deka Ahmeti nikogash ne SE prekrstil vo VOJVODA EPA KOGA GO MENUVASH I VERATA I NACIJATA Taka gospod te Kaznuva!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: do militantot na Dpa
Датум: 16.07.2008 14:48:59
Nisto nemate zaednicko so albancite vie ste vise nego cetnik na celo so taciiiiiiiii
Од: karamela
Датум: 16.07.2008 15:01:06
Dragi moi ,se e normalno jas sum clen na sdsm koj ni e kriv mojte sakani partijci koga bevme na vlast parite ne gi davaa odnosno Nikola Popovski kako od ceb da gi davase,ne vrabotuvaa,ja polnea kasata na drzavata i sega si dojdoa na gotovo da trosat epten sme domakini i zatoa na slednite izbori ke imame 20 pratenici
Од: Antonio
Датум: 16.07.2008 15:24:11
Parlamentot od den na den se poveke nalikuva na rastimuvan orkestar,se stancaat zakoni bez nikakva analiza i debata, a pratenicite od parlamentarnoto mnozinstvo delunaat kako roboti koj samo stiskaat kopcinja.Ocigledno e deka teroristicko-vrhovistickata koalicija funkcionira besprekorno.
Од: pegasus
Датум: 16.07.2008 18:41:53
militant znaqi vojvotqe na vojvodata od tetovo.nemam komentar pominaja izborite.DUI e na vlast albancite mirno spijat,bugjetot ke bide raspodelen praviqno.nie mislime za integraciza ,razvoj,vlez vo nato i vo eu.a vie kako da stanete vojvoda,ama i glasot barajte go kaj makedoncite ,zosto albancite nema nikogas da glasat za vojvotqinja.IZET MEXHITI ..............ZAKON...........
Од: МК
Датум: 16.07.2008 18:47:34
Од Македонските патриотски каси на Грујо неможам ништо да разберам ,само вкуен промет на Македонски производи а кои се тие производи ги нема никаде.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Утре се избира наследникот на Дане Илиев
Се скенира состојбата по изборите во Македонија