Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Се исправија два стражарски лава на мостот „Гоце Делчев“

Деновиве се очекува да се монтираат и преостанатите два лава

Деспина Трајковска

По неколкумесечно исчекување, без многу помпа и официјален чин, со уверување дека нема да ја нарушат статиката на мостот „Гоце Делчев“, вчера се поставија двата од четирите лава, кои се дел од владиниот ��роект „Скопје 2014“. Лавовите во стражарска положба, излеани во бронза, секој тежок по пет тони, долг пет метри, а висок седум метри, дело на сопружниците Елена и Дарко Дуковски, почнаа да се монтираат на три и полметарските мермерни постаменти уште в зори. Екипа од италијанската леарница „Фердинандо Маринели“, каде што се лееја скулптурите вршеше нивно фиксирање на самото место под будно око на еден од авторите. Се очекува конечниот замислен лик на лавовите да биде готов до 8 септември. Дотогаш, всушност, треба да се доработатот постаментите.

„На постаментите деновиве ќе ги фиксирам релјефите во бронза, на кои ќе има мотиви од ајдутството и од комитскиот период претставени преку ликовите на Сирма Војвода, дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георгиев Беровски, Питу Гули, Васил Чакаларов, Панде Кљашев, Партеније Зографски, Глигор Прличев, а симболично ќе биде изгравирана и заклетвата на комитите претставена преку пиштол и нож“, информираше вчера возбудено Дуковски, презадоволен од тоа како неговото дело се вклопило во амбиентот.

Појасни дека симболичната нишка на лавот и мотивите е знамето со лав што го носеле ајдутите и комитите при секоја битка. Авторот е убеден дека убавината на лавовите и целосниот амбиент, воопшто, ќе биде уште повпечатлив кога ќе се обнови и оградата на „Гоце Делчев“, за која моментално се работи изведбен проект.

Инаку, општинарите од Центар и вчера уверуваа дека нема простор за сомнеж за статиката на мостот по конечното поставување на сите четири лава, а кое се очекува веќе денеска.

„Скулптурите се поставуваат надвор од конструкцијата на мостот, така што нема да има дополнителни оптоварувања и можност за нарушување на статиката на објектот, иако веќе извесен период постојат такви шпекулации“, изјави вчера Јовица Ацковски, портпарол во Општина Центар.

Тој најави дека денеска или утре се очекува да се постават и останатите два лава, дело на Константин Јанев. Уверувањата од општината за безбедноста на мостот неколкупати досега ги коментираа и стручните лица, кои потенцираа дека токму предвидената локација на скулптурите нема да претставува проблем за статиката. Таа би била доведена во прашање само во случај да била избрана друга локација, како, на пример, крилата на мостот, самиот мост или, пак, средишниот распон на објектот, што, сепак, не е случај со фактичката состојба.

Двата лава што се поставија вчера, според авторите Дуковски, се реални, додека другите два ќе бидат стилизирани. Леењето на сите четири скулптури ги чинеше општинарите речиси 2,5 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 3341 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 25.08.2010 00:12:10
Ајде ,аирлија работа,владата на РМ остварува.Со ваков стандард и вакво здравство граганите на РМ ке изумрат но склуптурите ке бидат вечни,и ке се знае во време на чие владеење биле поставени.Бладата работи на скратување на животниот век на своите грагани.А и така пензискиот фонд ни е тенок.
Од: kumanovac
Датум: 25.08.2010 00:18:28
koga imame africki standard normalno e i lavovi da imame.da bideme vo ton sto bi se reklo neli.toa sto koga ides da primis inekcija treba sam da si kupis spric bidejki nema vo javnite zdravsteni ustanovi-toa i ne e tolku vazno neli.OSTVARUVAAT.
Од: ivan
Датум: 25.08.2010 00:27:03
Dobro dojdavte vo Sofia-lavov most
Од: Emigrant
Датум: 25.08.2010 01:11:12
Blogosloveni sme site sto si zaminavme od ovaa napolno luda drzava. Amin
Од: ace
Датум: 25.08.2010 01:33:24
E sega Grcite ke ne priznaat..Inaku, lavovite ke gi kasnat za 'zadnikot' sto voopsto ' ne gi boli' za Makedonija..
Од: mudar
Датум: 25.08.2010 02:25:12
Bravo makedonskiot simbol Lavot...gordost makedonska!!!
Од: bobi
Датум: 25.08.2010 03:07:22
od denes lavovite ke odime da gi jademe ej narode 2.5 milioni evra pari se toa c c c da mi se isusi rakata sto glasav za ovie
Од: Ljubotan
Датум: 25.08.2010 06:21:32
Mnogu mi e zal,al sepak moram ,da go kazam; Ce kazam ,Da ja Spasim Dusata!; Dixsi Et Salvavi,Animan Meam. Im se stavaat;Spomenici,Bisti,Pametnici i Monumenti od ;Betonski i Bronzani Glavi i Statui,[kako na vuneno vreme -Gojko Gjogo} na sustestva: .Sto nit jale nit luk mirisale vo Skopje,nit go stapnale, nit go videle,nit slusnale za Skopje.Site znaat istorijata na Skopje, nee samo so Glavite na ovie od poslednive 100 godini.Aaa site molcime od kogo i za kogo?.Ova pak mi Lici ;Lesno dojde ,a uste polesno ima i da otidne. So ovaa Dobra Ujdurma ,nekoj debelo ima da se Ovajdi,.Crkvite ,Manastirite.so se sto Skopje se gordeese, ne padna od nebo! Postoljinata vo Skopje ce ostanat,a glavite ce bidat frleni po Vardar i zameneti So ;Ali, Semo,Ahmed,,Adem ,Nevzat...
Од: СИМБОЛИ НА М��КЕДОНИЈА
Датум: 25.08.2010 07:48:02
Двата главни симболи на Македонците низ историјата на СОНЦЕТО И ЛАВОТ. Да ни донесат среќа. Доста соседите крадеа и се китат со македонски симболи и дејци и великани. Да живее Македонија.Да живее мојот македонски народ кој по број е поброен од соседите независно што поголемиот број околу четири милиони е присилно асимилиран во последните сто години.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 25.08.2010 07:53:29
A ova ne znael skulptorov kolku pari mu isplatile...Lele nikoj demek ne znae kolku se krade od narodot???.I tolku pari???Ova se navistinja zamajuvanja na narodot no i ogromni drpanja od narodniot denar...Da e vo Kina se znae krajot...
Од: pero
Датум: 25.08.2010 08:03:00
Невидена фаца и интелегенција! Браво - каде ли го најдоја?
Од: Radmila
Датум: 25.08.2010 08:33:10
Eee, G-dine premiere sto se mozevte da napravite so2,5 MILIONI evra za svojot narod......... SRAMOTA
Од: spire
Датум: 25.08.2010 08:43:28
По глава им скокале.............нели Феликс????
Од: забеган.
Датум: 25.08.2010 08:44:02
Лавовите се исправија,Но Македонија се повеќе се наведнува (пропаѓа).7
Од: zagrizena
Датум: 25.08.2010 08:52:15
Francuzite koi pravea rekostrukcija na mostot ne prezemale odgovornost dokolku se narusi statikata bidejki se opteretuvaat negovite kraevi. Ne znam dali nekoj sfaka no mostot ima posebna statika koja ne smee da se narusuva, no za lavovite i mostot ke go zrtvuvame. Edna modernisticka linija i elengancija se narusuva so kic i uste novata "barokna" ograda pa toa ke bide primer za kic i nevkus. Skopje samo napred se poveke nalikuvas na Nusikevata g-ga Ministerka.
Од: evropa
Датум: 25.08.2010 09:21:26
2,5mil evra za ova abe ostana li covek so pamet vo mak?pa neli drzavna kardiohirurg bi cinela 1,5mil evra a nemalo pari za toa.........?nemate nitu eden negovatelski dom za stari.....nitu za cerabrakna paraliza...nitu za autizam....abe kade ziveete na mars ili evropa???
Од: Davor Kamenko
Датум: 25.08.2010 09:35:24
Moreee lavovi da ve izedat, da mozam ke ve pustam vo afrika da vidite sto se lavovi!!! SRAMOTA!!!
Од: Иван
Датум: 25.08.2010 09:51:18
Конечно на некој му текна на вистинскиот и единствен симбол на Македонија - лавот. Сите останати симболи кои од 1945 до сега се промовираа во Македонија се измислени симболи за политички цели. Единствено лавот е вистинскиот симбол кој го има на многу знамиња и грбови како симбол на Македонија со векови наназад.
Од: Afrika
Датум: 25.08.2010 09:51:25
Da se sporeduva makedonskiot standard so standardot na Afrika e navreda za afrikancite. Videte gi studentskite domovi vo Skopje i presmetajte kolku od niv ke se renoviraa so parite za lavovite. Ama, so renoviranjeto na domovite ne moze da se postigne provizija kakva sto se dobiva so kupuvanje na bronza po cena od 125 EU/kg.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 25.08.2010 09:58:31
Сега помирно спијам, лавови ме чуваат.
Од: Скопјанка
Датум: 25.08.2010 10:04:26
Одлично ставија терет од 200тона на мост кој беше саниран затоа што можеше да падне во секој момент.Да не зборувам за 2,5 милиони евра што се потрошени за нив , а за замена на канцерогените азбестни кровови од училиштата нема пари. Уметникот е посебна приказна.
Од: Danče
Датум: 25.08.2010 10:40:57
što e važno deka bolnicite i učilištata se vo raspagajne ili deka gi nema najpotrebnite i najsoodvetnite sredstva za lekuvajne važno e deka sme polni so spomenici so koja ne napolna ovaa vlada namesto da vrabotuva ili da gi zadrži starite muzei koi se vo raspagajne tie sekojdnevno postavuvaat novi spomenici i gradat novi crkvi za da ima narodot kade da se moli od takvata vlast
Од: s.v
Датум: 25.08.2010 10:53:00
strasno nemam zborovi,narodot gladen tie spomenici,edvaj cekam da ne sotrat do kraj.se spasile site sto izlegle od ovaa drzava.
Од: Вераг
Датум: 25.08.2010 11:04:51
Дали некој се прашал каква врска има поставување наспоменици со културата па министерството за култура да ги финансира? Посебно онаа грандиозна Триумфална порта којашто министерствити ќе ја гради покрај мислењети на Уставниот суд. Во исто време стари цркви и манастири пропаѓаат бидејќи владта не дава пари за реставрација за ни. Вероватно оправдување и е светската криза,која се разбира ние сме ја надминале па затоа гради владата споменици. Црквата Богородица Перивлепта е искључок,таа серетаврира рблагодарение на 650.000 евра,но не од нашата влада,туку од таа на САД. Тие што се одушевени од поставување споменици нека обаснат како со нивна помош на светот ќе му докажеме дека сме народ со историја, а не со стари цркви од 13,14 век?Најпосле,зашто овие споменици
Од: PRILEPCANEC
Датум: 25.08.2010 11:16:20
Кога од страна на СДСМ беше обвинет ВМРО ДПМНЕ за ненаменско и расипничко трошење на парите од буџетот односно од граѓаните на оваа држава,без срам и перде,без никакво чувство за реалност излезе БИЧИКЛИСКИ застанат пред АЛУМИНА и кажа како СДСМ рушел,а тие граделе, ШТО ГРАДАТ СПОМЕНИЦИ ЗА МРТВИТЕ,ЛАВОВИ.НАРОДОТ ЗА ТОА ШТО СДСМ ЗГРЕШИ ГИ КАЗНИ и тие се сега опозиција.ДПМНЕ ги доби изборите поради ветувањата дека ќе направи фабрики,ќе ја реставрира и воскресне економијата,ќе го подобри стандардот на живеење,што имаме од тоа денес по четири години НИШТО ........................
Од: Itar Pejo
Датум: 25.08.2010 11:26:59
Zosto ne e predvidena monumentalna skulptura na ovca, noviot simbol na makedonskiot narod?
Од: Leeds
Датум: 25.08.2010 11:28:24
Sega znam deka nikogas ne sakam da se vratam vo Makedonija! Strasna i zalosna rabota za narodot Makedonski... Sekoj sekogas si gleda svoj interes, ama nasive politicari nemaat nikakva svest za narodot!
Од: jas
Датум: 25.08.2010 11:35:05
apsolutna bugarizacija od vladata!!! vo pravo e ivan - isto kako na lavov most vo sofija - nekoj den ke mora da mora da ukineme alexander, a gr4koto lobi e silno; ke smenime i ime na aerodrom i ke ni ostanat...lavovite..da moze nekoj evropski politi4ar koga doaga vo skopje i gi vidi, posle vo sofija da mu tresat ..'eve eden narod..isti simvoli..'..a moze i orel da stavime vruz lavot - neli e albanski simbol..i pak kako 'orlov most' vo sofija..ne se misli vo mkd..fakt!!!
Од: Гоце
Датум: 25.08.2010 11:49:26
Лавови, слонови, жирафи можат да бидат симболи на афричките народи, ама кај нас, во Европа??? Вака, ниту во Афричка унија нема да не' примаат, оти ја крадеме и нивната историја и им ги превземаме лавовите. Ако веќе ни' требаат симболи, треба да избереме пиперки и патлиџани, оти само тоа го имаме (и тоа не многу квалитетно)...
Од: ROMPLUS
Датум: 25.08.2010 12:39:30
Излишно е ра се коментира цел проект. Дајте да бараме предвремени парламентарни избори и што поскоро да си оди оваа влада, а потоа да се изврши детална ревизија на потрошените пари. и потоа се знае .......
Од: Ena
Датум: 25.08.2010 13:16:00
Zalno.Namesto da se bara care kako da se isciviliziraat seljacanava so ni go okupiraa grado tie gledaat da im ja dolovat atmosferata vo koja sto ziveele-prirodnata sredina.Ne na lavovite na seljacanava mislam.Eeee luge nemozat ad se prehranat i deva da cuvaat,a tie op 2,5 miliona za lavovi.Ah more Hitler so fin coek bil.
Од: bg
Датум: 25.08.2010 13:16:42
За 2500000 евра може да се изгради целиот зоопарк со вистински лавови. За живите нема пари а за споменици пари да сакаш, таква крадене го нема никаде. Поздрав од лавов мост во Софија
Од: konstantin
Датум: 25.08.2010 13:31:45
ubavo e vo nasata drzava da ima spomenici i skulpturi, no treba i narodot koj e gladen da se nahrani . znaci neka se gradat ama postepeno. eden spomenik,po nekolku godini drug spomenik i taka da ima najprvindobro zdravstvo,hrana ,potoa i spomenici so koi kje se gordeeme.
Од: NV
Датум: 25.08.2010 14:58:47
Лавови има и ѓи имало во Африка. Кај нас има афион (најквалитетен) од кој сте опианети. Наши симболи можат да бидат ЛИСИЦИ, СТРАЧКИ...кои кра-... НЕ ПРОДАВАЈТЕ УМОВИ, СЛОГАНИ и Струмички кикири. Доста се скоро 20 години!!! Приберете се и надвор од НАЦИОНАЛИЗАМ, ЦРКВИ, МАНАСТИРИ, РЕЛИГИОЗНИ ОБЈЕКТИ. НА РАБОТА, НА ТРУД! Овие се последните мигови на „ГУМНО Е„ од Мите Богоевски од Болно, Ресен, Преспа. ЛАВОВИТЕ ПОДАРЕТЕ ИМ ГИ НА АФРИЧКИТЕ (не племиња) туку нации/ Сега “мошори„ ... со ова последново најмалку двајца ке разберат кој сум/ ПРИЈАТНО
Од: miki
Датум: 25.08.2010 16:24:13
nassiot simbol e kucceto Sharplaninec, kakov bre lav?! glupost, nevidena od ovaa vlast! samo zalno e sto so glupostite nema kraj........

Најди! во Утрински
Скопје
Умреа уште два елена во ЗОО
Плоштадот ќе се пополни со тезги