Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Правила на награден СМС-квиз „Освој финале“

Организатор на наградниот квиз е Медиа Принт Македонија доо Скопје со седиште на ул. Супи бб, 1000 Скопје и тој ќе се одвива во дневните весници: "Дневник", "Утрински весник" и "Вест".

Наградниот СМС-квиз се одвива на целата територија на Република Македонија, а ќе почне на 3 мај 2010 година, а ќе трае до 7 јуни 2010 година.

Наградниот квиз е натпревар во брзина и знаење, тој е ексклузивен и експресен и ќе се одвива во пет (5) различни кола во траење од по една недела (почнувајќи од ден понеделник - до ден недела).


Како да учествувате во наградниот квиз

Секој што сака да учествува во наградниот СМС-квиз во едно коло, ќе треба да го испрати клучниот збор АФРИКА (НА ЛАТИНИЦА) преку СМС на бројот 14748.Со испраќање на клучниот збор АФРИКА (НА ЛАТИНИЦА) се регистрира за учество во едно коло на наградниот квиз.

Учесникот ќе ги добие прашањата преку СМС. Секој ден се добиваат различни прашања. Ќе треба да се одговори точно и најбрзо на вкупно 6 различни прашања во текот на едно коло (една недела).

Учесникот го почнува наградниот квиз во понеделник со испраќање клучен збор АФРИКА (НА ЛАТИНИЦА), при што ќе го добие првото прашање, а потоа и последователно секој ден добива различно прашање. Доколку учесникот се регистрира за учество во наградниот квиз во текот на неделата, тогаш ги добива и мора да ги одговори последователно и точно прашањата од претходните денови, заклучно со прашањето од денот во кој се регистрирал од истото коло, за да може понатаму да продолжи и да го заврши колото до крај.

Брзината се одредува со мерење време од моментот кога добитникот ќе го добие прашањето до моментот кога ќе го испрати одговорот, односно вкупното време од шесте интервали од моментот кога учесникот ќе го добие прашањето до моментот кога ќе го испрати точниот одговор, вклучувајќи го и интервалот од испраќање на клучниот збор до одговарање на прашањето на дадениот број.


Врз база на вкупната брзина се рангираат учесниците, и на тој начин се одредува типот на награда во зависност од освоеното место.

На прашањата се одговара со испраќање на еден од трите (3) понудени одговори.

За учество во секое од наредните кола треба повторно да се испрати клучниот збор АФРИКА (НА ЛАТИНИЦА) преку СМС на бројот 14748 и да се одговори на наредните нови шест прашања од тоа коло.

Прашањата ќе бидат поврзани со досегашните 18 светски фудбалски првенства, и ќе треба најбрзо точно и да одговори.

Учесникот што одговорил најбрзо и точно на сите шест прашања во текот од една недела (почнувајќи од понеделник, завршувајќи во недела) ја добива главната неделна награда "ПАТУВАЊЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА СО ПОСЕТА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР".

Петнаесетте (15) утешни награди ќе ги добијат учесниците што ќе заземат од второ до шеснаесето место врз база на брзината на точно одговорените шест прашања во текот на неделата.

СМС-пораките може да се испраќаат од кој било префикс од мобилната телефонија во Република Македонија. Цената на една СМС-порака ќе изнесува 30 денари (плус 18% ДДВ).

За времетраењето на наградниот квиз ќе бидат поставени вкупно 30 дневни прашања.

Наградите ќе се доделуваат еднаш неделно во периодот од пет недели (времетраењето на наградниот квиз) и ќе се доделат по шеснаесет (16) неделни награди за секое коло.

Имињата или телефонските броеви на добитниците, заедно с�� точните и најбрзи одговори на неделните прашања, ќе бидат објавувани секој вторник, за времетраењето на наградниот квиз, во дневните весници "Дневник", "Утрински весник" и "Вест".

Подигнувањето на наградите ќе се врши во просториите на Медиа Принт Македонија, со документ за лична идентификација. Доколку станува збор за малолетно лице, тогаш е задолжително присуство на родител/старател.

Добитниците на главната неделна награда (патување во ЈАР) мора да се полнолетни лица, државјани на Република Македонија и да поседуваат валидна патна исправа. Медиа Принт Македонија не одговара ако добитникот не добие виза за патување во ЈАР.

Едно исто лице или еден ист телефонски број нема право да добие повеќе од две награди за времетраењето на овој награден квиз.

Правото на учество им е одземено на вработените во Медиа Принт Македонија, Графички центар ДООЕЛ Скопје, Издаваштво Круг ДООЕЛ и Огледало ДОО Скопје, како и на членовите на нивните потесни семејства.

МПМ како организатор на наградниот СМС-квиз не сноси никаква одговорност за какво било доцнење, грешка или прекин при операцијата или комуникациската линија со учесниците.

Организаторот нема да биде вклучен во било каква расправа за употребата на бројот на мобилниот телефон од неовластено лице. Наградите ќе бидат доделени само на легитиме и квалификуван сопстевник на бројот на мобилниот телефон

Секоја недела (секое коло) награди:

1 х Патувања во ЈАР со платен превоз и сместување

1 х Спортски комплети
(тренерки, шорцови, маичка, патики и дуксер)

1 х Дрес од Горан Пандев

1 х Фудбалски топки на Македонската фудбалска репрезентација

3 х Дрес на Македонската фудбалска репрезентација

3 х Маици

3 х Дуксери

3 х Летни јакни


#
Статијата е прочитана 1225 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Мурал од 150.000 фунти за нејзината кариера
Почесен член на „Кис“
Уценуван од „сериска“ љубовница
Најдобрата вратоврска ја купив во Шутка
Херојско спасување на пријателот