|
|
|
|
|
|
Што е Бошкоски за СДСМ, тоа е Манасиевски за ВМРО-ДПМНЕ
ОМ и ЛДП најавија изборни соло-настапи, што не значи дека нема да им наштетат на доскорешните партнери
Александра М. Митевска
Што им е заедничко на ЛДП и на Обединети за Македонија? На прв поглед тешко би можело да се најде допирна точка меѓу партиите на Јован Манасиевски и на Љубе Бошкоски, особено од аспект на нивната идеолошка матрица или политичка историја. Сепак, ако се земат предвид последните случувања околу двете партии на површина излегуваат повеќе сличности, барем кога е во прашање нивното значење за двете најголеми партии - владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ и нивните шанси на следните парламентарни избори.
„Мислам дека следните избори ќе бидат биполарни, дека граѓаните ќе се поделат по прашањето за името и за интеграциите - на оние што се за брз влез во НАТО и во ЕУ и на оние што се против промена на името. Во таква ситуација, помалите партии имаат помал капацитет да им нанесат штета на главните партии“, коментира аналитичарот Петар Арсовски.
И Обединети за Македонија и либералдемократите деновиве предизвикаа одредени потреси во политичката арена и испровоцираа зајадливи реакции од своите доскорешни партнери. Асистенцијата на ЛДП за обезбедување двотретинско мнозинство за донесување на неколку закони од областа на правосудството, СДСМ ја протолкува како доказ дека Манасиевски е омилен опозиционер на премиерот Никола Груевски. Преминувањата на неколку вмровски комитети кај Бошкоски, пак, за ВМРО-ДПМНЕ се сигнал дека Обединети за Македонија станале најбројна политичка партија во цел свет и во вселената, така што сега Бошкоски можел да се кандидира за претседател на космосот, во тесна битка си клингонците и претставниците на планетата Сатурн.
Сепак, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, колку и да го релативизираат значењето на ЛДП и на ОМ, не пропуштаат можност да и' предочат на јавноста дека нивните некогашни соработници сега шурувале со „непријателот“. Како што социјалдемократите велат дека либералдемократите, со кои беа во коалиција речиси една деценија, сега работат во полза на власта, така и ВМРО-ДПМНЕ ја критикува некогашната вмровска икона - Бошкоски дека бил приврзок на СДСМ.
Тоа што и од ЛДП и од ОМ отфрлаат секаква можност за соработка со некоја од двете најголеми партии и што најавуваат самостојни изборни настапи, не ги засега многу ниту социјалдемократите ниту вмровците. Впрочем, владејачката партија веќе имаше едно горко искуство со Бошкоски, кој на претседателските избори во 2009 година, како независен кандидат, собра околу 150 илјади гласа, од кои барем половина можеа да легнат на сметката на ВМРО-ДПМНЕ. Либералдемократите тогаш немаа толкав успех - добија нешто повеќе од 40 илјади гласа што, сепак, не се за потценување ако се земе предвид дека партијата прв пат по десет години излезе сама на избори. А, да не го направеа тоа, тие 40 илјади лесно ќе можеа да се слеат на контото што дотогаш им беше заедничко со социјалдемократите.
Ако се има предвид дека сите анкети укажуваат на огромен процент неопределени гласачи, нешто слично би можело да се случи и на наредните парламентарни избори, и покрај процените дека Бошкоски изгубил атоми сила и дека за Манасиевски е хендикеп што дел од членството на ЛДП премина во СДСМ. Затоа, и да нема ни трошка вистина во обвинувањата дека Бошкоски соработувал со Црвенковски, а Манасиевски со Груевски, факт е дека на СДСМ му одговара дејствувањето на ОМ, како што и на ВМРО-ДПМНЕ и' е од корист независноста на ЛДП.
Според Арсовски, либералдемократите, сепак, имаат помалку можности да му наштетат на СДСМ, отколку што ОМ може да и' предизвикаат главоболка на ВМРО-ДПМНЕ. „Граѓаните што гласаат за смена на власта го сметаат својот глас како валута и затоа тие преферираат да гласаат за партија за која сметаат дека може да ја урне власта. Ним можеби повеќе им се допаѓа ЛДП од СДСМ, но нема да ризикуваат да го потрошат гласот“, објаснува Арсовски. Тој вели дека ситуацијата со ОМ е поинаква, бидејќи едно од образложенијата за формирање на оваа партија беше дека ВМРО-ДПМНЕ ја напуштила десничарската идеологија и оти скршнала кон центарот. „Има гласачи што идеолошки и' припаѓаат на десницата, но кои не се задоволни од ВМРО-ДПМНЕ, а никогаш не би гласале за СДСМ или за ЛДП. Но, тие би можеле да гласаат за ОМ, бидејќи така ем ќе настапат опозициски ем нема да извршат идеолошко предавство“.
ЛДП е партија со подолга традиција на политичката сцена и има искуство од коалицирање и со десницата и со левицата. ОМ, пак, се формираше пред околу една и пол година како вонпарламентарна партија, која досега не се испробала во изборниот ринг. Сепак, партијата на Бошкоски се соочува со поголема конкуренција, бидејќи кандидати за привлекување на традиционалното вмровско членство се и ВМРО-НП и Филип Петровски, која најавува формирање нова партија. За политичко ангажирање едно време размислуваше и здружението на бранителите „Достоинство“, што ВМРО-ДПМНЕ го третира како блиско до ОМ - слично како што социјалдемократите гледаа на врските меѓу ЛДП и „Демос“ - институтот што го формираа поранешни функционери на СДСМ, а кој сега е на раб на опстанок. |
#
|
Статијата е прочитана 5136 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Iskra |
Датум: 23.11.2010 12:45:36 |
|
LDP otsekogas pa duri i od osnovanjeto bila so VMRO-DPMNE i na nivna strana, i se vlecese na grbot na SDSM, samo ovie sutraci od SDSM ova nikogas ne go prepoznaa. |
|
|
|
|
|
|
Од: Goran |
Датум: 23.11.2010 14:00:24 |
|
LDP na narednite izbori ke dozivee debakal so Jovo i Dufe tie ke ja pogrebaat LDP. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 23.11.2010 14:24:01 |
|
И едните и другите, со соло настап, тешко дека ке дојдат над 1%. А како нечии привезоци, ни едните ни другите, мислам никому не им се потребни. |
|
|
|
|
|
|
Од: oko |
Датум: 23.11.2010 14:33:59 |
|
Мислам дека следните избори ќе бидат биполарни, дека граѓаните ќе се поделат по прашањето за името и за интеграциите - на оние што се за брз влез во НАТО и во ЕУ и на оние што се против промена на името...
A prasanje do Gospodinot Arsovski.....Za koj ste vie......cccc tresna zelena i ostana ziv |
|
|
|
|
|
|
Од: ресен |
Датум: 23.11.2010 14:57:56 |
|
Па видете го актуелното раководство на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ресен, сите поранешни членови на ЛДП.И новиот претседател што го токмат е од ЛДП. На локалните избори во 2 круг добија подршка од ЛДП. Само СДСМ на два пати им даде места 4:1 , ги спаси од исчезнување и доби нож во грб. Ама повеќе така нема, се надевам. |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 23.11.2010 14:58:42 |
|
I dvete partii samostojno se nisto. Ambiciozniot i revoltiraniot Ljube e duri i poubeditelen vo ovoj momentum za narodot. Manasievski, a osobeno Zernovski so svoeto odnesuvanje i igranje na treta opcija (ala Jadranko Kosor vo HR), so navredlivite izjavi deka bi bile protiv Gruevski duri i da se zaedno vo taa akcija so nevkusno odbraniot zbot za Crvenkovski, samo kazuvaat koolku vsusnost se opsednati od uslovno kazano potencijalnata mok na liderot na SDSM. Mislam deka treba da deluvaat posofisticirano, ako treba i da stojat celo vreme kade i da odat, a ne da izigruvaat skopski fraeri, koi ete, sakaat konecno da ja pocuvstvuvaat vlasta i beneficiite. Navistina nemame elementarna kultura na odnesuvanje, zboruvanje, tolerancija a toa vo oci ni go plesnuvaat i od neposrednoto opkruzuvanje (ex YU). Ni treba restartiranje i st li uste ne. |
|
|
|
|
|
|
Од: nabljuduvac |
Датум: 23.11.2010 16:49:59 |
|
Jovan manasijevski nema talent za lider na partija.Do sega nitu eden lider na LDP ne bil so liderski kapaciteti.Steta, zatoa sto liberalnata opcija e primamliva, so lugeto sto ja vodat partijata se mn antipaticni. kako moze Endi da bide vi vrvot i da jade od medot postojano?Pa toj nema kapacitet, samo sminkersko odensuvanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 23.11.2010 18:38:55 |
|
Мора да се сложам со b околу процентот на овие две маргинални партии барем по анкетите од сите профили и од власта и од опозицијата и ИРИ.Инаку е интересна темата која ќе се експлоатира на изборите а тоа е проблемот со името.Па така би било интересантно да направи проценка Феличита кој победува,дали ерга омнес дружината или власта.Само да нема став ,,ескиважа на избори,,. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pravnik |
Датум: 24.11.2010 01:17:29 |
|
Se prasuvam Makedonci do koga ke veruvaate vo Vmro i Sdsm tie ti se se edno isto idat edna godina rabotat pa potoa prodolzuvaat da go pravat toa sto im e i primarna cel Aramilok i "kodosluk"............ LDP treba da izigra mudro ako se zdruzi so povekemina zosto i da ne gi rasturi ovie arampasi.... |
|
|
|
|
|
|
Од: goran |
Датум: 24.11.2010 07:55:37 |
|
LDP bese i ke ostani rasadnik na kadri vo site opstinski komiteti pr. vo bitola ima 15 luge vo vmro - dpmne vo upravuvackite strukturi pa spored toa LDP ne mozi da bide losa partija LDP sega e stabilna samostojna paryija koja na slednite izbori ke dozivee procvet i mnogu dobri rezultati zatoa PRIKLUCI SE I TI BIDI DEL OD NAOVATA VLAST Pozzzz. |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 24.11.2010 08:47:26 |
|
Среќко,на изборите во 2012 година (ако и тогаш воопшто ги има),битно е само да не се повтори ситуацијата од 1994-1998 и 2006 до денес,кога една партија има апсолутна власт,а со тоа и апсолутна (не)одговорност.Инаку,твоите ќе бегаат од избори,како Груевски од дуел!Не би ме зачудило вие да го промовирате „ерга омнес“.Кај тие каде Војводата станува Бугарин,а Братот Сестра,се е можно! |
|
|
|
|
|
|
Од: coco |
Датум: 24.11.2010 10:08:49 |
|
Ama Jovo Manasijevski ima talent site rodnimi od Gostivar da gi zaposli vo Skopje vo drzavnata administracija |
|
|
|
|
|
|
Од: mite |
Датум: 24.11.2010 11:03:06 |
|
Гледам ЛДП привлекла внимание...што е доста интересно значи вреди и почнува да им копа очи, почнаа да се плашат „големите“ СДСМ и ДПМНЕ и се нарушува системот на владење „јас на влас не те чепкам за криминалот па ти на влас не ме чепкаш во криминалот“. |
|
|
|
|
|
|
Од: realnaTa |
Датум: 24.11.2010 11:16:39 |
|
hahaha... zarem do toj stepen dojdovte da gi sporeduvate ovie dve partii?! Kako mozevte LDP , edna aktivna opoziciska partija, i prav izbor za narednite izbori, da ja sporedite so potrckovska OM ? Sekojdnevno slusame deka LDP raboti vo interes na ovaa ili onaa partija, resetese za koja pa informirajte, ne ja prefrlajte topkata od edna na druga strana.... LDP e onaa stranka koja sepak smetam deka ke izigra mudro na naredni izbori i ke vi dokaze deka vo interes na narodot sepak rabotele... razmislete i ke sfatite deka bas tie se pravata opcija...osvestete se ! |
|
|
|
|
|
|
Од: BT |
Датум: 24.11.2010 11:17:06 |
|
Самостојниот настап на ЛДП на следните парламентарни избори треба да се свати како “повторно раѓање на партијата“, прочем како и живото на било кој голем човек во историјата на човештвото. Хајпрво се влече додека да почне самостојно да прооди.Инаку ако за нешто постои “преќутна согласност“ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ тоа е оркестриран напад како од заеднички хор,против било кој сериозен политички субјект во државава. Договорот гласи “НЕ СМЕЕ ДА ПОСТОИ НИКОЈ ТРЕТ ОСВЕН НИЕ ДВЕ“. Па народе ДОСТА Е , во изминативе години НАРОДОТ доволно ГИ ВИДЕ И СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. |
|
|
|
|
|
|
|
|