Број 3416  среда, 27 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

„Ибар“ може да ја поплави Владата

„Досието ДУИ“ фрла поинаква светлина на воениот конфликт во 2001 и отвора многу прашања за вистинските мотиви

Оливера Војновска

Кога пред четири години се правеа срамежливите чекори за лустрацијата, се претпоставуваше дека процесот ќе отвори длабоки рани во кревкото македонско општество, но, само малкумина можеа да претпостават дека ќе резултира со вистински политички земјотрес. Трите досиеја за високите функционери на ДУИ, „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, а особено досието што го објави вчерашен „Дневник“ под псевдонимот „Ибар“( роден во Зајас, со факултетска диплома се стекнал во Приштина), силно го тресат кормилото на ДУИ и се закануваат да ја поплават Владата. Документите не само што ги проблематизираа позицијата на ДУИ и кредибилитетот на Владата, туку отвораат и многу прашања за настаните што ни се случуваа во поновата историја - транзициското време, особено за мотивите и за к��рактерот на конфликтот од 2001 година.

Досието за ДУИ, несомнено, фрла поинаква светлина на воениот судир пред девет години и, според некои согледувања, може да се покаже дека Македонија, всушност, била само монета за поткусурување за нечии туѓи интереси. Независно што веродостојноста на документите не е потврдена (и прашање е дали тоа воопшто ќе се случи), сепак, во нив се изнесени такви детали и пикантерии, што дури и да се формулираат како „шпекулација и конструкција“, се исклучително шокантни. Самиот податок дека во списокот на соработници на Службата за државна безбедност на СФРЈ се „мозокот“ на битката за човекови прав и прославените команданти на ОНА, а потоа пратеници и министри, е доволно фрапантен. За овие лица се тврди дека ги сервисирале тајните безбедносни служби во 80-тите години, но и во 90-тите години.

Поранешниот премиер Владо Бучковски од СДСМ, кој во времето на конфликтот беше министер за одбрана, вели дека приказната е стравотна.

Тој сака да верува дека сторијата за „Ибар“ ќе биде јасен сигнал за Владата, пред се', за ВМРО-ДПМНЕ, да ја расчисти мистеријата за досиејата на видни функционери на ДУИ. „Обелоденети се фрапантни податоци, мора да се испита веродостојноста за да може да се говори за кредибилитетот на власта. Шпекулациите може да се прекинат само со брза разрешница. Во спротивно, едни ќе тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин ја дисциплинира ДУИ. Други, пак, ќе се закануваат дека ова е само најава, а следни се кодошите од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Бучковски.

Информациите за наводната инволвираност на врвот на ДУИ во соработничката мрежа на српските тајни служби ја надминува лустрацијата и добива длабока политичка димензија, што се заканува да направи тектонски поместувања во македонското општество.

Според Бучковски, наивно е да се верува дека ова е чисто лустрациско прашање, без подлабоки последици за општиот амбиент во државата. „Ова е пар екселанс политичко прашање. Објавени се документи што може да отворат нови моменти за случувањата во 2001 година, да резултираат со едно болно соочување и на конфликтот да му дадат друга димензија. И доколку се нема храброст и одважност да се реши можно е да има сериозни импликации на внатрешно-политички и на етнички план. Сепак, се надевам дека и ВМРО-ДПМНЕ, но и македонското општество има сили да се соочи со реалноста колку таа и да е непријатна“, вели Бучковски. Тој е оптимист дека Белград ќе сака да соработува и ќе ни дозволи проверка на документите во српските архиви. Надеж му дава „демократски ориенираното раководство во Белград што сака да се одлепи од товарот на Слободан Милошевиќ и има искрена желба да ја внесе земјата во ЕУ “.

Познавачите на состојбите, особено во албанскиот блок, укажуваат дека нештата што се обелоденуваат може да почнат неконтролирано да се одмотуваат. Прогнозите одат дотаму што не се исклучува сценариото: некој сакајќи да се извлече од калта, повторно да заигра на картата на меѓуетнички судир.

Политичкиот аналитичар Нијази Мухамеди вели дека на оваа работа не смее да се гледа како на внатреалбанска битка, туку мора институционално да се расчисти. „Лустрацијата е само повод. Ова мора да се менаџира правилно и паметно. Не смее оваа работа да остане меѓу Никола Груевски и Али Ахмети. Со цел да се спаси сопствената кожа може да се прават непринципиелни пазарења, што потоа ќе резултираат со меѓуетнички тензии“, вели Мухамеди. Укажува дека прашањето е чувствително, го надминува форматот на Комисијата за лустрација и, според него, мора да биде третирано од највисоко државно ниво. „Проблемот треба да го менаџира државниот врв и да се вклучи Советот за безбедност. Во документите се спомнуваат српската и албанската тајна служба. Само навидум изгледа дека е кавга во албанскиот политички блок. Тоа е меч со две острила. Ќе следуваат убиства што треба да ги скријат трагите во досиејата. Проблемот ќе се префрли на меѓуетнички план и нема да ги одмине Македонците. Се лажат ако мислат дека може да стојат настрана и да гледаат сеир“, вели Мухамеди. Содржината на документите му кажува дека тие воопшто не се наивни и не потекнуваат од улица.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера немаа никаков коментар за досието „Ибар“, а немаше никаква реакција ниту од ДУИ.

Според документите што ги објави „Дневник“, формирањето и раководењето на штабот на Оружената војска на Косово (ОВК) било во организација и под директна команда на српските тајни служби. „Ибар“ и „Вујко“ уште во 80-тите години соработувале со поранешните југосло��енски тајни служби, а сојузништвото продолжило и во времето на Слободан Милошевиќ. „Ибар“ е опишан како еден од „најквалитетните и најпродуктивните соработници што Службата ги имала меѓу припадниците на албанската непријателска емиграција“. Во периодот 1983-1984 година, па до јуни 1997 година, „Ибар“ на службите им доставил на 10.000 корисни информации, податоци, белешки, документи, а учествувал и во неколку акции против албанската и усташката непријателска емиграција. За неговиот ангажман од Службите добил 167.560 швајцарски франци, 50.000 германски марки и неутврден износ во динари. Интересен момент е тоа што на еден од документите за предадени пари на кој има штембили на некогашниот Сојузен секретаријат за надворешни работи, како потсекретар е потпишан Зоран Јанаќковиќ, поранешен амбасадор на Србија во Македонија. Службата имала и компромитирачки материјали за „Ибар“ што ги потврдувале неговите „хомосексуални и педофилски склоности“.




#
Статијата е прочитана 5940 пати.

Испрати коментар

Од: sosma jasno
Датум: 27.10.2010 12:35:51
Sosema i dosega bese jasno deka pristinskiot student, koj pokasno ziveese vo Svajcarija, bese sorabotnik na tajnite sluzbi. Samo ne mi e jasno, zosto dosega za toa se molcese.
Од: bitolcanec
Датум: 27.10.2010 12:37:28
Sega neka mu se misli ahmeti so koj 'sadi tikvi". gruevski ubavo go namesto.kolku i da ne sakase grujo morase da vleze vo taa neprirodna kaolicija so dui arno ama dpa ne miruvashe kako ni tradicionalnoto prijatelstvo emgu tachi i grujo.seuste ni zue vo ushite ehot od onaa skandiranje"tachi vojvoda"ahmeti treba da znae deka e namesten od dpa i vmro-dpmne.sega neka mu se misli.
Од: epten zagrizen
Датум: 27.10.2010 12:57:40
Ovaa afera so dosijeata na funkcioneri vo DUI, mnogu mi lici na ujdurma na despotot Pinoce, koj saka da gi disciplinira koalicionite partneri vo slucaj da ima glasanje za predvremeni izbori. Taka ja pokazuva svojata mok i nadmok i ja potvrduva svojata uloga na diktator so cvrsta raka. Ne deka dosijeata ne postojat. Niv sigurno gi ima, no zosto se barase bas ovoj tajming, koga opozicijata bara predvremeni izbori, koga nasiot ugled i status vo Brisel i UN e komletno raznisan ili narusen, koga sekojdnevno se soocuvame so korumpiracki aferi, koga......
Од: tihi
Датум: 27.10.2010 13:28:35
Zar ne li vi e malku cudno , sto izviraat "dosieja" za partijata koja momentalno e na vlast i koja e formirana 2001 , a lustracijata e za periodot do 1991god.A za naslednicite i nalagodavacite od toj period nema ni D od dosieja.Nesto mi smrdi poznato.
Од: трпе
Датум: 27.10.2010 14:08:15
ако се рчка има што да се открие, кај вежбала ОНА ( Бонстил ??), кој ги опремил со современи работи, кој им дал информации за да удрат во Вејце и Карпалак и многу други работи... но мислам се ова ќе го заташкаат амбасадорот на УСА и Фуере... а нашите политички партии ќе гледаат некое поенче да фатат со помош на новинарите.. .. а што се заобиколуваат атентатот 95 и падот на Кингерот ?? .. ќе биде она кучињата лајат...
Од: satancho
Датум: 27.10.2010 14:19:05
e jaka drzava ti bila ovaa nasa FYROM. DUI pod kontrola na srbite, VMRO so lepoticata Dosta pod bugarite, koj ostana i dali ima makedonci. da se podelime i da ja zavrsime agonijata,
Од: vladimir
Датум: 27.10.2010 15:25:36
heheh kako ne be sigurno stojat srpski sluzbi i kosovo sami si go namestija i go izgubija i si namestija bombardiranje sankcii kakva glupost vadi SDSM su DPA sega hahah ,da bile teroristi bea i SDSM bese so niv na vlast sega i VMRO site ste isti igrate kako zapadot ke kaze !
Од: Komentator
Датум: 27.10.2010 16:02:51
Nie "prostiot" narod ne znaeme koj e vo pravo ..ama nesto vazno znaeme uste od Biblijata...PRED FAKTITE I BOGOVITE MOLCAT...!!!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.10.2010 16:42:32
До ептен загрижениот љубител на конспирации.Еве му една за размислување.Дали подметнувањето досија нее масло на опозицијата длабоко разочарана оти ДУИ одби да искочи од коалицијата.А здушно помогнати од нивниот камарад,противник на ДУИ.Инаку за вонредните изборе може да го информира Феличита кој вели да воајеризмот е попродуктивен од активно изборно делување.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.10.2010 18:20:12
Според „нашиве“политичари на Балканов има двајца дежурни виновници: до крајот на ’80-тите тоа е Темпо,а од крајот на ’80-тите водството го превзема погубениот С.Милошевиќ.Секако,по нивната смрт е најбитно целата вина да падне на нивниот грб бидејќи мртвите не говорат!Како резултат на оваа појава „нашите“политичари остануваат virgo intacta,вечни девици сè до доцните години!Токму како во славниот роман на Звонимир Мајдак, „може,ама да останам невина“-изустува главниот лик постојано!Невидена појава во светот на природата која е сеприсутна единствено на нашата политичка сцена!Секогаш ни е виновен некој друг!Не знаев дека трупите на ОНА и ОВК од Kosova Republikë во Македонија,ги префрлал лично Милошевиќ,со намера да ги загрози позициите на НАТО и на нашите „врвни“ мирнооазиски политичари!Епилогот е познат:кај нас не постојат документи за кодошите,тие се во Белград.Дури и кодоши немаме-и тие се плод на нашата фантазија и измислица на Белград!
Од: седумте џуџуња
Датум: 27.10.2010 20:17:43
хорхе ли го донесе досието?! :)))
Од: Cosa nostra
Датум: 27.10.2010 22:03:07
I za nevleguvanje vo NATO i EU ni bila vinovna Grcija!? Zarem ne gledame kakva paraspur drzava napravivme i koi licnosti i lideri ne vodat. ? Pa Cosa Nostra se vistinski angeli vo sporedba so niv.Eden asolen lider ne se pojavi na politickata scebna seto se bivsi kodosi, mafijasi ili zastitnici na mafijasite, ludje povrzabni so najtemnoto podzemje,, ludje obraboteni i kontrolisani od tajnite sluzbi na sosednite zemji( Srbija, Bugarija, Albanija, pa i Grcija) a da ne zboruvam so kakvi oci ne gleda Evropa i golemite zemju. E zatoa sme posledni i na opskata na Balkanot, a sirime lazni bibliski prikazni i anticki junastva i koreni, a iopstanokot i naovaa drzavicka ni e vo prasanje! ! !
Од: mene
Датум: 27.10.2010 22:12:54
Ova mu dojde kako grom od vedro nebo,vo sekoj slucaj necisti raboti,koj mati tesko da se doznae, Nas obicnite ni ostanuva da cekame.
Од: 888
Датум: 27.10.2010 22:13:57
haha, taci ke kazuva koj bil kodos.. a toj na crna lista na SAD.. uste eden obid na komunjarite branko grujo i taci da ja rasturat vladata i da proturkaat predvremeni izbori.. ne ke odi taka lesno..
Од: ?!
Датум: 28.10.2010 07:46:54
Низ историјата секогаш сме биле нечиј составен дел,демек, вагон закачен на локомотивата која траекторирала зависно маршутата која ја трасирале некои како и денес..Таа нами не ни била никогаш потребна?!Како сме стигнале дотука мајкому?!.
Од: Zoran
Датум: 28.10.2010 08:34:34
Kratko i jasno da vi objasnam. Se e ova malso na CIA i SAD. Tolku. Prodolzenieto se znae. Medjuetnicka netrpelivost, destabilizacija, vojna i opa... ete ja golema Albanija.
Од: enver-i
Датум: 28.10.2010 08:43:09
Gluposti i cista montazha,koga ne mozhea na drugi nacini mozhe i vaka pa probaa.Narodot ne veruva zoshto faktite se edni ne tie navedeni i napishani po kabineti.Vo terenot bea NATO i Amerikancite ne srbite i nivnite.Montazherite izgleda se golemi dolzhnici na srbite i nivnite sluzhbi, toa se gleta od vselenata ...!!!!!!!!!???????
Од: Rade.Hollandia
Датум: 28.10.2010 08:58:04
ni eden politicar vo makedonija neje cisti i da raboti cisto za narodo i drzavata site rabotat za svoj interes i profit da nese laze narodo deka nekoj misli za niv tuka se stvarno prevaril deka misli vlada ili parlament nekoj misli za graganite ne ne ne 100% tocen odgovor
Од: Феличита
Датум: 28.10.2010 10:00:44
Значи,Среќко,безидејната опозиција била полна со идеи!А,да не ти паднало случајно на ум дека правите смешен обид за дисциплинирање на Дујковците?Под камарад го подразбираш Тачи Војвода?Околу воаеризмот,баш повеќе сакам да ве гледам додека се диференцирате кој е машко, кој женско,што е Брат ,што е Сестра !

Најди! во Утрински
На прво место
Андов и Петковски сведоци на Анкетна






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker