Промоција во „Или-или“
Вечерва во книжарницата „Или-или“, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана книгата „Ме сакаш ли под дождот?“ на Александар Русјаков.
Станува збор за збирка во која се поместени шест раскази на кои заеднички именител им е љубовта, погледната и раскажана од различен агол. Со оваа книга, издавачот „Или-или“ го збогатува фондот на изданија во популарната едиција „ПРОаЗА“ од домашни млади автори, на што, како што велат, се особено горди.
На коктел-промоцијата ќе може да се дружите со авторот, кој ќе ги потпишува примероците на книгите за читателите. (Н.П.) |