Број 3086  вторник, 15 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
На прво место

Ставрески и Протогер го мереа пулсот на СДСМ

Прашање на часови кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе „запукаат“ една кон друга

Соња Крамарска

Кога среде неколку стотици одбрани членови на СДСМ се појавија Зоран Ставрески - министер за финансии и кум на премиерот Никола Груевски и Мартин Протогер - десна рака на Груевски и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и двајцата дел од партиско-владината клика собрана околу премиерот, првата мисла што паѓа на памет е - како тие се вклопија во зовриениот опозициски амбиент, во саботата вечерта во Универзална сала.

Сериозниот Зоран Ставрески, дотеран како за седница на Влада, и Мартин Протогер, облечен во малку полежерен стил, беа главната политичка атракција на промоцијата на програмата на опозициските социјалдемократи. Придружувани од владиниот протокол, тие беа меѓу првите гости што ги зазедоа своите места во една од ложите на Универзална сала, каде што останаа до последната минута од партискиот собир на ривалите.

Присуството на двоецот Ставрески-Протогер предизвика без малку сензација на конференцијата на СДСМ. Тоа е првпат во близу две децении плурализам во Македонија една партија да прати толку високи претставници на собир на ривалска партија. „Мислам дека намерата на Груевски беше да ги прати своите најдоверливи луѓе за да ја почувствуваат и да му ја пренесат атмосферата од промоцијата на партиската програма на СДСМ“, вели поранешниот премиер и лидер на социјалдемократите, Владо Бучковски.

Не е тајна дека поранешниот вицепремиер и сегашен министер за финансии Зоран Ставрески е архитектот на економската политика на Владата. Тој со внимание ги ислуша мерките што ги предлага СДСМ во својата програма, но веднаш по завршувањето на партиската конференција, рече дека тие веќе биле дел од економскиот систем на земјата, но не дале резултати.

Во еден момент од партискиот собир на социјалдемократите, на кој главниот збор го имаа лидерот Бранко Црвенковски и потпретседателите Зоран Јовановски, Зоран Заев и Гордан Георгиев, Црвенковски го прозва Ставрески за одбивањето да се појави на телевизиски дуел со Зоран Јовановски. „Зоки, дали се' уште важи поканата до Ставрески за дуел со тебе на една од телевизиите“, го праша Црвенковски својот потпретседател Зоран Јовановски на што доби потврден одговор, а очите на сите се свртеа кон Ставрески, кој скржаво се насмевнуваше.

Без разлика на мотивите, присуството на топ-политичари од десницата на собирот на ривалската левица претставува позитивен преседан во односите меѓу македонските партии. Илија Димоски, директор на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека намерата на владејачката партија е да даде позитивен импулс во односите на двете партии, кои инаку важат за непријателски расположени една кон друга.

„Сметавме дека треба да покажеме почит кон нашата конкуренција и подготвеност да ја ислушаме нивната политичка понуда, особено и поради фактот што министерот Зоран Ставрески е еден од столбовите на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Димовски.

Веројатно е прашање на часови кога двете водечки партии во Македонија ќе „запукаат“ една кон друга. Впрочем, антирекламните флаери против програмата на СДСМ што осамнаа вчера како додатоци на некои дневни весници, иако официјално го немаат потписот на ВМРО-ДПМНЕ, сведочат дека непријателствата не се прекинати.

Политичкото неискуство и отсуството на самоконтрола кај Мартин Протогер беа причина на неговиот лик цели два часа да се менуваат изрази на бес, иронија и цинизам додека траеше претставувањето на програмата на социјалдемократите. За разлика од Протогер, на ликот на Ставрески не можеше да се прочита речиси ништо. Неговата маска на иста рамнодушност со која дава одговори на новинарите или соопштува владини мерки и овој пат беше пречка да се прочитаат емоциите кон настапите на ривалите. (С.К.)


#
Статијата е прочитана 4194 пати.

Испрати коментар

Од: Avram
Датум: 15.09.2009 00:16:28
Ovie od VMRO mozebi se strucnaci po ekonomija. Ama nikako ne mozam da sfatam zosto go zatvorija avtopazarot na Fersped zaradi siva ekonomija, koga rabotese samo 4 dena vo mesecot. A od druga strana pazarot vo Sutka raboti 30 dena mesecno, pogolem e od avtopazarot barem 3 pati i duri nesmees da zastanes so kola na ulica a da ne ti zemat 50 den. Demek za parking. Toa Prva zona li e za 50 denari ? Niz cela drzava ima pazari so siva ekonomija a vladata gi zatvara dukanite. Ali, rejtingot e najbiten. Im trebaat glasovite na romite i albancite. Pa duri ke im plakame i za treto dete. Jaki ekonomisti. Teshko nas, nisto ne biva ni od ovaa vlada, a ne se nadevam na nisto podobro i od SDSM ako se vrati na vlast.
Од: kaktus
Датум: 15.09.2009 00:57:39
Дојде моментот кога продавачите на магла од типот економска преродба во 100 чекори да се соочат со конкуренцијата-продавачите на магла во форма на Решенија. Двете страни нудат економски раст, па дури и развој, што треба да го реализира народот на својот грб. Тоа нешто не се постигнува со бла-бла програми, туку со ослободување на пазарните законитости и воспоставување еднаква положба на стопанските субјекти на пазарот. Тоа е основата на одржливиот (sustainable) развој. Сите досегашни мерки на економската политика на Владарот и Владата, а и на оние пред нив претставуваа дискриминација на пазарот и суспендирање на “природните“ пазарни законитости. Затоа резултатите беа поразителни и доведоа до девеастирано стопанство.
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 15.09.2009 02:15:28
stavrevski dosol kaj svoite.
Од: Ljubotan
Датум: 15.09.2009 03:57:19
Covek Ohrigjanec,Sto se strami ,da e Vnuk na Legendarniot Ohridski Blgarski heroj Proto-Gjeroff,toj se strami i od svojata krv!,Eeee tavise tie okolu Nikolceta!
Од: spaski
Датум: 15.09.2009 03:58:42
Vie novinarite kako sto dobro znaete da preslikate edna sostojba znaete da ja izmatite vodata i negativna energija da ispratite. Sto ima loso vo seto ova PREKRASNO e da se vidat zaedno na promocija na konkurentski programi toa e tolku pozitivno i ubavo kamo taka da e i za nadvoresnata politika sporot so imeto kako grcite sto napravija albancite isto srbi.......i ne znam koj site imaat koje e osnovno najdobro za zemjata da odi napred ili da ima polza pogolema-pa neli na narodot toa im e potrebno zatoa ve glasal a ne neprijatelstvo da sirite kavgi i nekonstruktivni karanici glupsti koji nikoj ne saka da gi slusa niskosti od koj glava boli.
Од: Trpe original
Датум: 15.09.2009 04:07:08
Jas smetam deka Vlado Buchkovski treba da ja pochuvstvuva atmosferata vo KPR Idrizovo.A inaku dobro e sto opozicijata se pojavuva so programa,samo se plasham da ne e nabrzina nackrtana kako onaa na DPMNE i vprocem kako i site dosegashni politicki i ekonomski programi koi ne vrodija so nikakov plod!Zatoa Makedonija stigna na ova deredze.
Од: Brian, Canada
Датум: 15.09.2009 06:13:06
G-gjo Kramarska vasiot animozitet kon vladata i vladeackata partija e samo vas i imate pravo na toa. No vo nekolku navrati moze da se procita vo vasite tekstovi, koga gi spomenuvate najvisokite vladini pretstavnici ministri i premierot da go koristite izrazot - "klika". E tuka veke pokazuvate prostotilak sto ne dolikuva na novinar. Toa se pretstavnici na vladata na republika Makedonija cij graganin ste tokmu Vie. Klika inaku predstavuva - bacil, bakterija. Kako bi se cuvstvuvale nekoj da ve narece "komunjarska klika", neli! Kako zrela licnost i dolgogodisen novinar, se nadevam i razumno sustestvo, najdobronamerno Vi obrakam vnimanie na pred se coveckiot , pa i novinarskiot kodeks. Se nadevam deka i recenzijata ke go razbere kako takvio i ke go objavi mojot komentar.
Од: bale
Датум: 15.09.2009 06:49:34
овие двајца се најголемите душмани на СДСМ и на Македонија, со ова ќе се сложи и Кољо диамантот (поточно рѓата)......
Од: Ace od Avstralija
Датум: 15.09.2009 07:23:58
SDSM e predmet za izmotavanje.xxx
Од: miki
Датум: 15.09.2009 08:06:14
bas me raduva sto opozicijata se reorganizira. toa e dobro za drzavata. sega i dvete partii imat programi i neka se borat megu sebe koja e podobra. neka bide natprevar na idei, a ne kako do sega samo da se plukat preku presovi. i novinarite namesto tracevi da pisuvat koj bil na mitingot i u sto bil oblecen, neka povedat debata dali e podobro site ednakov danok da plakat ili pobogatite da plakat poveke. ostajte tracevite za ekskluziv i backstage. na mene mi se sviga idejata za namaluvanje na administracijata. toa ako go napravat na dolg rok ke ima rezultati, ama na kratok mos ke izgubat izbori. toa e ogromna glasacka masina. tie pari od administracijata treba da se prenasocat u infrastrukturni proekti kako patista, skoli i sl. na toj nacin namesto vraboteni u administracijata ke imame vraboteni u gradeznistvoto. stopanstvoto so dobra infrastruktura ke e pokonkurento a i ke ostaveme nesto na idnite generacii. ke treba vreme dodeka sdsm da ja izbrise stigmata od minatoto, ama za start....
Од: Трпе
Датум: 15.09.2009 08:15:17
Ма нема што тие да мерат.Тие треба да учат.Нивното е видено,колку се способни и лакоми за власт.Криво ми е што дел од народот неможе да свати,како работат тие и што резултати имат покажано за овие три години.Но кога ке дојде судниот ден народот да свати,касно ке биде.Ставревски е прочитана книга.Него само женаму може од калта да го извади.За малку ке останеше во Хрватска,ако неговата жена не организираше да го врати.Тој е како птица на жица која се спрема да полета.Чека уште малку да дрпне,присвои,мати,натовари и емигрира.Америка го чека,тоа е неговиот втор дом.А кај Прота Геров неговото неискуство кажува се.Кај него постои само омраза против се што е створено претходно во Македонија.А такви дечки и самите себе се мразат.
Од: Red Rose:Na lice mesto megju pametnite
Датум: 15.09.2009 08:25:37
"Илија Димоски вели дека намерата на владејачката партија е да даде позитивен импулс во односите на двете партии," Zar personava misli deka nekoj kje poveruva za nagloto poprimanje chovechki lik na partijata mu i politikata shto ja oznachuva?! Intencijata na Grujo e Stavre od prva raka da gi ukrade site predlozheni merki i po nekoj mesec da gi primenat kako shto beshe sluchajot so namaluvanje na DDV-to za gardezhniot sektor i za prodavnici za siromashnite.Gliumenjeto deka "se e deja vu" e samo kamuflazha za stravot deka kje se vidi kade e inteligencijata i iskrenata posvetenost(bez kalkulantsvo i rasturanje na parite za spomenici i neproduktivni idiotizmi) i deka narodot kje napravi razlika megju bolnite za falba i serioznite za pomosh na drzhavata so celishodni i efektni reshenija.Po nekoj mesec kje gi realiziraat merkite na SDSM tokmu tie i kje si gi pripishat bezsobrazno akko svoi .Rasipanosta na vmrovcite e vo se,a ne samo vo likot na ozlobeniot potomok na bugarskiot general.
Од: x
Датум: 15.09.2009 08:26:51
bas me interesira sto doticnata "novinarka" ke napisese ako od VMRO nikoj ne se pojavese na kongresot. sigurno ke imase pak komentar samo okolu toa zosto nikoj ne se pojavil.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.09.2009 09:08:50
Се сомневам дека би било можно некакво мерење на пулсот,СДСМ преплашена од вонредни избори сигурен сум да имале тахикардија и пулс од 16о во минута,се од страв од превремени избори.Сиромашките заборавиле во паника да ги посочат изворите за финансирање на своите идеи со кој ќе го забезегнат народот.Визави роковите СДСМ и немал никогаш поим на значењето рок на исполнување секогаш било купи ден помини.Многу ми се бендисуваат коментарите од типот напред спасителу наш,да живее спасителот.Добро е што се гледаат корените на потекнувањето.
Од: Кире
Датум: 15.09.2009 09:19:00
Ставрески толку ‘одлепи‘ за време на конгресот, да на новинарското прашање на излегувањескина зелена и рече: ‘Ние сме во постојан дуел со граѓаните‘. Па можеби и несвесно гокажа она штого мисли, т.е. постојано ги лажеме граѓаните.
Од: od citatel
Датум: 15.09.2009 09:24:57
Ako dobro e sto bile ovie od vlasta.Neka slusaat nesto pametno. Ova im doaga kako da slusaat predavanje od vrvni profesori . Mozebi nesto i ke svanat.
Од: Sofre
Датум: 15.09.2009 10:00:24
Од поодамна немам сретнато личност која се разбира од екомија, политика, говор на тело (бихевиоризам) и што ли уште не. Сирота Крамарска сигурно и било тешко доследно да ја исполни дадената задача на следење дури и на фацијалните изрази на Протогер и Ставрески, за на крајот истото да го објасни со недостаток на политичко искуство (секако за разлика од нејзе). Веројатно легитимитет си дала со пишувањето на книгата за лидерот (тогаш уште вршител на должноста Претседател на Македонија), а оттаму и слободата во размислувањето. По се изгледа дека во Македонија имаме значителен број политички неутрални новинари, кои за да и помогнат на, според нив, слабата економска политика на Владата можеби би било добро да размислат за извоз на таквите како себе (сигурен сум дека трговскиот дефицит многу побрзо ќе се преформулира во суфицит)!
Од: јас
Датум: 15.09.2009 11:35:23
Знаци дечкиве од дијаспорава „знаат се' .“Можеби подобро е зошто си заминале таму и си зеле тамошни имина.Подобро , за да не ги сетат дека се од МК.Исправка : КЛИКА не е исто со КЛИЦА ( српски збор ) што означува бактерија,бацил...Клика е израз за врхушка, врвот од некоја партија и сл.
Од: Antonio
Датум: 15.09.2009 12:41:26
Brajan-kanada,eve i jas vikam deka ovaa t.n.vlada e edna obicna klika,i ne samo bakterija ili bacil kako sto ti kaza tuku ovaa klika zafakja epidemiski razmeri. Sedi si decko tamu kade sto si preku golemata bara i ne drobi ladna popara. Najlesno e da se bide sajber patriot,dojdi malku tuka da pozivees pa posle diskutiraj.
Од: Pajo
Датум: 15.09.2009 12:44:48
"partisko-vladinata klika".Bruka.
Од: Прашање
Датум: 15.09.2009 12:46:05
Дали го мерат пулсот или се спремаат да прејдат во СДСМ?
Од: MAKI
Датум: 15.09.2009 13:09:34
програмата на СДСМ за мене е идеална,верувам во нивните искрени намери,се имале грешки во минатото но сигурно не намерно,но не намерни,мислам дека ВМРО е исплашен од неа и затоа така негативно гледаат на неа но веке треба да е крај на нивниот непродуктивен популизам.
Од: „Решенија за Македонија“
Датум: 15.09.2009 15:06:04
Ги читам коментариве и се чудам како на нероден петко капа му се крои.Дајте бе драги „патриоти“ да ја прочитаме програмата да видиме што нудат па после ќе критикуваме или фалиме. Едно да ви кажам од програма не се живее ни треба акција, дела, успеси,просперитет.... Дајте еднаш да се свестиме и да го прифатиме доброто па без разлика кој го предлага. Во оваа состојба кога сме на дното добро е да се види кој што нуди но и што бара. Време е да почнеме со свои глави да мислиме па сигурно ќе биде подобро.....
Од: IKI
Датум: 15.09.2009 15:18:11
I da imaat neznam kakva programa a ocigledno ovaa programa e super sto ocekuvate ovie dvajca bugarofilcinja i predavnicinja zaedno so GOLEMIOT LAZOV GRUJO da recat deka programata na SDSM e dobra, aj da ne bidime smesni Se sto e loso vo ovaa drzava a losoto go pravi GRUJO a toa na grujo mu e uste od izbornata programa koja ja tera i vo vreme koga nema izbori a nasiov narod nasednuva e ona sto go pravela SDSM i za se kriv e BRANKO iprimer za gripot za toa sto vrne dozd zatoa sto e svedska kriza, megutoa vremeto se menuva, a za da se meni na podobro procitajteja novata programa na SDSM RESENIE ZA MAKEDONIJA DA ZIVEE SDSM I BRANKO. a tie GOTOVI SE.
Од: Ivana
Датум: 15.09.2009 16:42:39
G-din Protuger i G-din Stavrevski sigurno ne otisle tamu zatoa sto se plasat od SDSM!!!Vi se molam lugje, covek sto se plasi od nesto strav mu e da se sooci so toa nesto.Ocigledno e deka lugjeto si dosloe za da slusnat sto ima opozicijata da kaze i da pridonesat za edna pozitivna atmosfera vo nasata drzava sto nekoj uporno ja narusuva...Go pozdravuvam ova nivno pojavuvanje:)

Најди! во Утрински
На прво место
„Решенија...“ контра „100 чекори“
Германија останува лобист за Македонија
Интерпелација за Јанакиески и за Јанкулоска