13.02.2013, 16:55 Мислење
Фактура
Петар Арсовски
Клучот за излез од кризата е во рацете на опозицијата - ако одлучи да учествува на локалните избори и се врати во парламентот. А власта мора да се согласи да плати политичка цена за насилството на 24 декември
Секоја добра забава и пијанка во кафеана на крај завршува со моментот на вистината, елементарно содржан во две прашања: колкава е сметката и кој ќе ја плати? На крај, по добрата забава, пиењето и дружењето, овој ладен туш секако ја набива атмосферата. Во период на сериозна политичка криза, во каков несомнено се наоѓаме, разумно е да си го поставиме истото прашање: колкава е штетата и кој ќе ја плати цената?
Прво, најверојатниот исход и цената која ќе ја платиме за оваа ситуација е дополнителна ескалација на политичките тензии. Сегашните најави од двете најголеми партии индицираат дека локалните избори најверојатно ќе се одржат без опозицијата, но таквата ситуација е последица, а не повод за кризата, па со тоа и учеството на опозицијата на локалните избори би било шлагворт, декор, а не суштинско намалување или елиминација на политичката криза. Дури и во пет до дванаесет опозицијата да одлучи да оди на изборите, тоа секако нема да ја врати во парламентот, за каде што се најавени групни оставки, т.е. враќање на мандатите на опозициските партии, што секако кризата само ќе ја продлабочи, ќе ја ескалира.
Со таквиот развој на настаните, најпрвин да ги расчистиме небулозите околу надобудните идеи на секакви таратајки кои „се инспирирале“, па толкуваат дека е можно да се распишат делумни парламентарни избори за испразнетите места. Такво нешто е глупост од монументални размери. Основното правило на демократските избори, кај нас запишано и во Уставот и во законите е: еден човек, еден глас. Поради различните големини на изборните единици, особено оние во дијаспората, тој глас може да тежи помалку или повеќе, но секако е правно невозможно еден човек за иста функција да гласа двапати. Токму ова би се случило кога би се распишале делумни избори: прво сите граѓани од Македонија гласале за 120 (без дијаспората) места во парламентот, а потоа, според таратајките, истите луѓе ќе си гласаат за испразнетите 42 места на опозицијата. Пази богати? Значи еден гласач си добива два гласа: еднаш за цел парламент, па потоа за половина парламент.
Во таква ситуација се можни само два излеза: или целосни парламентарни избори или власта да ја игнорира политичката криза и да си го истера мандатот до крај. Двата се реално неповолни за позицијата: во првата ситуација би попуштила на барањата на опозицијата, а во втората гневот и незадоволството ќе продолжи да се акумулира, па не е невозможно да очекуваме дополнителна радикализација на теренот.
Каде е излезот од оваа состојба? Како што претходно напоменав, во моментов се одвиваат три паралелни процеси: локални избори, парламентарна криза и претстојниот извештај на ЕК, кој е поврзан со исчекор во решавањето на проблемот со името.
Власта, иако горделиво се однесува дека мува не ги лази, веќе се соочува со фактот дека настаните на 24 декември во и пред Собранието нема да исчезнат, нема да ги снема сами од себе. Напротив, и покрај режираните обиди, како овој со европарламентарциве-бројлери, кои како паднати од Марс мантраат дека не знаат за тепањето во парламентот, ама се детално запознаени со бројот и содржината на амандманите на опозицијата за буџетот, кризата се' повеќе ќе се шири, ќе се препознава и цената за неа само ќе се зголемува. Европските колеги на споменатите бројлери веќе низ парламентите на европските земји го подигаат прашањето за ситуацијата во Македонија на се' повисоко ниво.
Тука ние здушно им помагаме: се' полошо стоиме по прашањето на слободите и правата, се' погласни се констатациите дека во Македонија нема слобода и демократија. Како што ќе поминува времето, се' потешко ќе биде да се продаде спинот дека се' е нормално и дека нема политичка криза, туку напротив, ситуацијата ќе се влошува, паралелно во сите три процеса: ќе имаме нелегитимни локални избори, нелегитимно Собрание, и нема да мрднеме напред во евроатлантските интеграции, а тепањето во парламентот негативно ќе влијае на извештајот на ЕК, дури дотаму што под знак прашалник ќе се стави и препораката за отпочнување преговори.
Единствен можен начин кризата да стивне, да се разводени или состојбата да се нормализира, по основ на сите три процеси, е опозицијата да одлучи да ја смири. Единствениот клуч за реално смирување на состојбите со земјата сега се наоѓа во нивни раце. Само ако опозицијата одлучи да учествува на локалните избори, да се врати во парламентот, па со тоа да се отвори надеж за решавање на проблемот со името и отклучување на евроатлантските интеграции, тогаш имаме шанса состојбите да се нормализираат.
За тоа да се случи, власта мора претходно да се согласи да плати политичка цена за начинот на кој се однесуваше при донесувањето на буџетот и за насилството во и пред парламентот на 24 декември. Тука нема друг излез: во основа не е важен поводот или претходницата на тие настани, бидејќи не постојат околности под кои власта би смеела да си дозволи таков тираничен испад со новинарите, со опозицијата и со протестантите, каков што видовме во тој понеделник. Цехот за таквото недемократско однесување е неминовен, аксиоматски: тепаш новинари и пратеници во парламент – плаќаш цена. Не се веќе важни ни „олеснителните околности“, кои власта ги продава со спинот во медиумите. Не може ем да тепаш ем да си жртва, а токму тоа е она што власта се обидува да го направи – да ги игнорира и да ги бутне настаните под килим.
Тоа е суштината на кризата: нејзиното решение бара власта да си ја плати цената за сопственото однесување и додека тоа не се случи не верувам дека може да има излез од политичкиот вител во којшто се наоѓаме. Како одговор на двете кафеански прашања по пијанката од почетокот на текстов (колкава е сметката и кој ќе ја плати): цената е државата, а мора да ја плати тепачот, а не тепаниот.
(Авторот е магистер
по политичка комуникологија) |
Статијата е прочитана 4634 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 14.02.2013 00:31:47 | Ovde site steti i fakturi gi plaka narodot, pa spored toa preporakata opozicijata da popustela a vlasta da ja platela cenata, se cist promasaj. Vo slucajov nema da popusti nikoj, a ke bide ona sto ke im go naredat od nadvor, i toa vo 5 do 12. Moze da se sluci i vo 12 i 5 da im kazat, sto vo prevod znaci, moze da ima i malo odlozuvanje. |
| Da se tolku nema pamet?, 14.02.2013 00:52:46 | Utopija e da se isfrlenite pratenici vratat vo Sobranieto bez novi parlamentarni izbori. Ne znam so koja pamet Gruevski go napravi toa shto go napravi i so koja griza za Makedonija, ama toj poteg (pokraj nizata drugi) ke ima nesogledivi posledici po Makedonija i makedonskiot narod. Posle se shto se sluchi, isto e utopija deka nekoj drug namesto Branko, ke ja smiri situacijata i tek taka ke pomine preku ovoj sramen chin. Revansh, i toa zestok revansh, ke ima sigurno. Ke letat perja na site strani. Prashanje e samo na vreme i oblik, kako i koj (Branko ili nekoj nov Branko) ke go stori toa. Od toa nema beganje, ni vo Praga ni vo Voshington. A drzavata? Koga vlasta ne ja esapi (a platena e da ja esapi), zoshto pa da se opozicijata sekira (koja volontira). Izveshtajot e vece negativen! I da se razbereme, ne zatoa shto opozicijata trubi, nego zarad ona shto vlasta go stori. I seushte tvori! |
| jas, 14.02.2013 02:39:17 | za kakvo tepanje i kakvo nasilstvo zboruva avtorov..Edinstveno nasilstvo vidovme od cela opozicija, za niv nisto ne vazese na 24 dekemvri, bagra nevidena, napravija guzva, kriza i sega kriva im bila vlasta...more majkata |
| марјан, 14.02.2013 07:53:21 | како прво никој не беше тепан,туку беа изнесени да се направи амбиент да се продолжи со седницата.
никој нормален претседател на собрание нема да продолжи со седницата ако го окупираат и прубуваат да го влечат за ракав.убаво се гледа од сликата на тв.
не вељановски не стојан андов,секој ќе постапеше по правилата за ред во собранието.
ова е јасно како ден и не треба да ја извртуваме вистината.
опозицијата со ваков став само набива нервоза и губи од неопределенито гласачко тело.ова да и е јасно.и тие што се мислеле сега нема да гласаат.
|
| deutschland, 14.02.2013 08:23:09 | Arsovski ja pocnuva kolumnata odlicno!resenie,pregovori i DOGOVOR mora da ima.gruevski,EU,USA i edna kupa drugi podzuvaci na vladata treba nesto da mu dadat na izgubeniot branko koj svesno ja radikalizira situacijata do krajni granici za da moze potoa da ima prostor za otstapki.Predvremeni parlamentarni NEMOZE da ima(imase veke),kako prvo narodot se izmori od izbori sekoja god.a kako vtoro toa e MNOGU losa praksa za vo idnina,sekoja naredna opozicija da ne si bara predvremeni na sekoi 6 meseci!!!!branko nas toa go znae NO toj ne se zamara so idninata na site nas,NE,toj si gleda za sebe(svojata silueta)i za maliot krug poslusnici sto se okolu nego!za lugeto od opozicijata-toj vi e mnogu los izbor za vodac. |
| ФЕЛИКС, 14.02.2013 08:33:17 | Добро е што авторот еволуира од ,,само вонредни избори,,( тв 24 ч)во ,,клучот за излез од кризата е во рацете на опозицијата со влегување во институциите и одење на локални избори,,Плус одговорност на власта за она што се случи на 24 декември.За разлика од друг ,,аналитичар,, ставовите на на г-дин Арсовски одат рака под рака со ставовите на ЕУ,САД и мојата маленкост. Ваквиот приод е за поздравување (тефлонџиките & комп.ќе збеснат) оти терањето инает со надворешни фактори при кое нешто се загрозуваат државните интереси е евидентна партиска катастрофа.Оти се остава впечаток да ЕУ и САД се позагрижени за судбината на РМ,одколку опозицијата.Која во сета своја политичка немоќ се коцка и со државата и со партијата. |
| Трајанка, 14.02.2013 08:52:43 | Едно време во училиште учевме математичка логика, од тоа и тоа следи тоа ...... авторот тие часови ги пропуштил. Не ги спомнува настаните пред “тепачката“. Што се случи пред Собранието, која тепачка? Во Собранието се случи акција и реакција, на тој однос се одговара со таков однос и никој друг.... Дали детето дома да ви демолира се нема така да постапите со него или ова дека се пратеници па не смее така да се постапува со нив.Се слагам дека не треба така со нив да се постапува но.... дали му доликува на пратеник такво понашање какво тие показаа пред “тепањето“. Шекеринска, госпоѓа,професорка, да дозволи така да ја влечат, и со право ја влечат.
Повторно ке се навратам на математичката логика неточно и точно дава неточно...мислам на однесувањето пред и на 24ти декември |
| Јон, 14.02.2013 08:55:02 | Dont insult my intelligence! Значи не не` правете будали на здрав памет. Се што се случуваше пред, за и после 24ти декември беше следено во живо, 21ви век сме. Може да манипулирате со партиските кучиња, но не со мене. Доста веќе спомнувате насилство кога вие бевте тие што кршевте мој имот. Алоо камери ве снимаа. Па дома да ми правите така ќе си поминете многу полошо.
Јасно ми е во каква ситуација се, имаат уште многу да одработат за странците од кои се финансирани па затоа пред секои избори и секој извештај мора да одиграат претстава за која немаат никаков талент. Смешни се, жими се`..
Во ниту една кампања од СДСМ нема оригинална идеја, едно лого оригинално немаат, се` се крадени од некаде, ова е факт! |
| Скопско, 14.02.2013 08:56:50 | Не ми е јасно од каде е констатацијата на авторот дека пратениците или новинарите или било кој друг на 24-ти бил(е) тепани. Тие беа отстранети од собраниската сала, а самите си одлучија да го напуштат Собранието. Тоа е вистината. Дали снимките од мобилниот на Тушева се единствениот доказ кој треба да не убеди во нешто? Зошто никој од опозицијата не ги споменува снимките од камерите од собранието на кои јасно се гледа дека Претседателот на Собранието и собраниското обезбедување постапуваат стриктно според Деловникот кога во прашање е непреченото одвивање на седниците и одржувањето на редот и мирот во собраниската сала? На тие снимки се гледа и дека пратениците од опозицијата во неколку наврати се обидуваат да предизвикаат инциденти кои би резултирале со физичка пресметка, ама присебноста и професионализмот на Обезбедувањето го спречуваат тоа. Срамота е на оваков начин, со манипулации и лаги да се бламира било кој, а понајмалку некаков „Магистер по комуникологија“ (што тоа и да значи)... |
| meksikanec, 14.02.2013 09:23:25 | Imav eden profesor po matematika,koga pri resavanjeto na nekja komplikuvana zadaca ke recese-Resenje na ovaa zadaca e,nema resenje.Znaci za se ima resenje, no zavisi od akterite,razvienosta na nivniot mozok i kolku se bliski do narodot.Vo nasiov slucaj,mozokot zatai,zatoa sto samo ne salam covek moze da ja turne policijata vo zlostorstvo,sto se kosi so Praviloto za upotreba,Ustavot itn.Vrakanjeto na opozicijata.kaj onie sto mu aplaudira na zlostorstvoto e apsurdno,kako sto e apsurdno Gruevski da si dade ostavka,zatoa sto se sluci vo Sobranieto,bese najobicno izvrsuvanje na negovite naredbi.Tamam da e i policija takvite naredbi ne se izvrsuvaat,zatoa sto se nezakonski i protiv narodot.Zatoa,koga i da e site akteri do vozacot na Jankulovska ke odgovaraat.Na lokalni izbori opozicijata ne treba da ide.Krizata mozi da ja resi toj sto ja napravi,Vladata.Toa znaci edinstveno resenje se predvremenite Parlamentarni izbori.Se drugo,ke bide,badijala gubenje na vreme. |
| zoran, 14.02.2013 09:23:41 | Za kolkava cena zbori avtorot?sto ne kaze sto mu lezi na dusa- da nema izbori da ima tehnicka vlada i ovie da dojdat na vlast bez izbori ? toa e cenata? taka vi se svgja!nemoze toa taka , toa ednas bese i togas plativme dupla cena od taa sto sega e napravena so ovaa smetka.Aj neka kazat kako ke bide podobro,a ne samo promeni.eve vi lokalni izbori dobijte gi i sami ke si dojdat predvremenite.i ako pobedite pr.dogodina op pak rasprava za budzet i pak kavgi pak plukanje pak narod? ama togas nema da bidat 1500-2000 iljadi se se plasam deka togas ke nema zapiranje.Ete toa e cenata avtore sto sakatenekoj da ja plati a ne tvoite demagogii. |
| visimir, 14.02.2013 09:29:42 | Каде авторот виде натепан новинар?Исфрлените пратеници , беа спремни на тоа сценарио,нивната облека(фармерки,блузи),а не скапите одела кажуваа сами по себе се.
Хипотетички и да има нови избори и да се искомпонира нова влада и да небиде Грујо во не а, пак неговата партија ќе биде најмногубројна но не и на власт т.е. партијата за која гласа најголемиот број од македонците ќе биде на улица.Е тешко на народот и државата со такво сценарио. |
| Nekoj, 14.02.2013 09:35:56 | Opozicijata konecno pokazuva deka ima popametna rabota od igrite koi i gi servira vlasta.Dovolno vreme odese so lopatce i metese za da ne se vidi sramot.Sega konecno gi ostavi sami da se izrezilat i sami da cistat.Dosta bea OVCI .Ova e slicno so 2001 koga na nekogo mu se prisaka da si igra vojna pa zavrsi na masa so potpisuvanje na Ohri0dskiot Dogovor.Taka ke bide i sega ,pak Medjunarodnata zaednica ke gi sedne losite momcinja i natera da potpisat i toa sto tie nejkat.Koga se do zidot ovie silni mazista znaat da zaplacat i navednat glava.Zalam samo za zrtvite! |
| Zvonko, 14.02.2013 09:42:07 | Predlagam da se nadopolni i usovrsi Ramkovniot dogovor , da se upotrebat negovite
instrunenti za opozicijta i pozicijata.Olesnuvacite da ne olesnat. |
| Nikola, 14.02.2013 10:00:03 | Trajko Veljanovski treba da si odi! Toa e minimum shto opozicijata treba da go bara! |
| Jusuf Bejtulai, 14.02.2013 10:51:13 | ...uste i da go procitaat tie sto se povikani...tie sto narodot go stavaat vo svoja sluzba,vmesto tie da bidaat vo sluzba na narodot.. |
| Vinci, 14.02.2013 12:50:39 | Marjane pod itno nova dioptrija, da ne se majtapis so nas, kako taka bile izneseni ovie od opozicijata, toa sepak e mnogu grubo, jas gledav kako gi *miluvaat* i *najljubezno* gi *zamolija* da izlezat od salata, a oni ova da ni pravat!!!??? Aloooooooo epten zabegana rabota! P.S. Frankfurt brgu ke ima kraj na ova ludilo!!!??? |
| do Nekoj, 14.02.2013 18:16:41 | Gruevski ne e Ljubco.Ljubco pod pritisok navednuva glava i potpisuva,a ne Gruevski. |
| Do site vmrovcicki, 14.02.2013 18:57:23 | Ako po zakon e isfrlena opozicijata, togas objasnete mi po koj zakon se otsraneti novinarite???
Ima eden vika: dont insult my intelligence!
imam samo edno da mu odgovoram: Dude, if you really mean the things you say, you have no intelligence to insult!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Претежно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
|