Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Скопје

И кучешкиот живот има право на достоинство

Здруженијата за заштита на животните бараат европски закони

Снежана Калабакова

И животните имаат право на достоинствен живот, а за тоа треба да се грижат луѓето, велат љубителите на животни. Тие се залагаат за промена на член 25 од Законот за заштита и благосостојба на животните, кој им дава одврзани раце на властите да одземат живот на здрава единка. Развивање на свеста кај граѓаните дека никој нема право да одзема или да се изживува со животните, никој да нема право да заработува врз грбот на својот домашен миленик, да се забрани фрлање отрови по улиците, се дел од барањата на здруженијата за заштита на животните, кои во вид на амандмани веќе се поднесени до Собранието.

„Анима мунди“, „Срна“, „Срце за животните“, „Нова надеж“ и независни активисти вчера на прес-конференција истакнаа дека бараат поголема ажурност од властите, полицијата, Градот, Управата за ветеринарство, македонските законодавци да се санкционираат и да се казнат организаторите на борбите, особено со кучиња и да се санкционираат трујачите на домашни миленици. Тие апелираат до Ветеринарната управа во придружба на полицијата да ги спречи борбите на бикови, петли или кучиња, од кои луѓето заработуваат пари.

Здруженијата побараа и катанец за стационарот „Вардариште“, за кој сметаат дека е вистинско мачилиште за бездомните животни и дувло на зарази. Посочија дека во Зоолошката градина треба да се носат животни што биле родени во заробеништво, односно во други зоолошки, наместо да се земаат од дивина. Љубителите на животни за утре напладне најавија марш за правата на животните, кој ќе почне од Градот, па преку Владата ќе заврши пред Собранието.

„Во Македонија постои Закон за заштита и благосостојба на животните, но по неколку години од неговото донесување, согледуваме дека има доста празнини, поради што предложивме негови измени. Дел од измената се однесува на третманот на кучињата-скитници. Ние бараме тие да се враќаат на местото од каде што се земени, а не да се носат во стационари, чие постоење е економски неоправдано. Исто така, бараме и да се елеминира еутанизирањето на заловените животни “, рече Бранимир Гаџиров од Здружението „Срна“ и потенцираше дека втората група поднесени амандмани се однесува на здравствено-ветеринарната заштита на животните во ЗОО, бидејќи во земјава нема такви стручњаци за диви животни.

Венера Петковска, претставник на независните активисти, потенцирајќи дека 90 отсто од бездомните кучиња се еутанизираат, истакна дека од октомври 2007 година до денес биле усмртени 5.000 кучиња. Притоа, според неа, животните биле усмртувани на крвнички начин, така што биле фрлани во јама на „Дрисла“ од која не можеле да излезат.

„Бараме европски закони и европски казни за прекршителите на правата на животните. Поддршка имаме и од здруженијата за заштита на животните од Хрватска, Србија, како и од повеќе европски и светски организации“, велат љубителите на животните.


#
Статијата е прочитана 872 пати.

Испрати коментар

Од: eva
Датум: 19.06.2010 03:55:49
gi sakam zivotnite no poveke sakam cisti ulici i tivki noki. gradov zalicuva na najzapusteno selo vo koe, ako vaka se prodolzi, kucinjata ke bidat gragjani od prv red. ziveam vo centar na skopje kade vo 3 casot nuatro ne se slusa nisto drugo osven divo loanje na kucinja skitnici. Vnimavajte, 3 casot nautro sum budna i gi slusam.... navistina ne mozam da sfatam kako nekoj gi stava divite i opasni kucinja pred sopstveniot zivot. Ako skam e da ziveeme vo sovremen grad, ajdetaka i da se odnesuvame. Vo urbana srednia nema mesto za zivotni na ulica. koj gi saka neka si gi vdomi za da ne pravat nevolji na ostanatite nedolzni gragjani.
Од: Od Prijatel
Датум: 19.06.2010 06:20:53
Odmene imate Podrska vo pravo ste kajnas ima poveke lujge koj ne zasluzuva kuceski zivot jas ne bi mugo smenal imeto na mojot Pes a kamo li na Makedonija Naj poveke me postuva i saka toj bi zaginal i vlegol vo ogan za Menee mojot najgolem Prijatel...
Од: Covekot ima prioritet
Датум: 19.06.2010 09:59:49
A zosto ne barate evropski zakoni i evropski kazni za prekrsitelite na covekovite prava vo Makedonija, koga gledate deka istite se krsat na sekoj cekor?A prekrsitelite na tie prava lesno ce gi locirate vo site vladeecki strukturi, koi ni se "redea" bo tekot na ovie 20 godini.Siromastijata e najrasprostranet oblik na eksploatacija i krsenje na pravoto na dostoinstven nacin na zivot. Zarem mislite deka poprioritetni se kucinata i drugite zivotni. Pa kaj nas golem procent od naselenieto zivee "kuceski zivot" i bi bile srecni da gi imaat uslovite na ziveenje na nekoi domasni milenici.I prestanete ednas so tie hipokrizii. Nas deca ni umiraat od glad i bez uslovi za lekuvanje , a vi e sega ste zapnale za kucinata.
Од: jovan
Датум: 19.06.2010 11:56:53
celosna poddrska za ovoj cekor, do koga ke se odnesuvaat bezmilosno kon zivotnite...samo napred ke uspeeme zaedno
Од: Никола
Датум: 19.06.2010 12:21:41
Диви и опасни кучиња?Ти во џунгла да не живееш?Ако имаш фобија од кучиња тоа си е твој проблем.Прво не постои човек што сака кучиња да му скитаат низ населба,тоа е јасно и никој не го оспорува тој факт,проблемот е што тие ладнокрвно се убиваат и мачат,кој има право на такво нешто?Маршот е за заштита на правата на животните,апел да се најде решение за нив.Современ град?Во современ град куче да повредиш одиш во затвор а камоли да убиеш,проблемот е што ограничено размислуваш и поради таквите како тебе умираат невини суштества.По мило нешто од куче не постои,жалам што не си имала шанса да го сватиш тоа.Кога би чувала куче и кога би го запознала поубаво,ќе сватиш дека и они имаат чувства,радост,тага,болка страв,те жалам искрено.Не си единствена така што размислува па можеш да се тешиш со тоа,друго и не ти останува.
Од: strlon
Датум: 19.06.2010 13:35:48
Taka e Eva vo pravo si se soglasuvam so tebe .Jas sum lubitel na kucinja specijalno ama dojdi da vidis tuka vo london dali mozes edno kucence da vidis kako samo seta po ulica, moze da vidis lisici ververici i se zivo samo kuce i mace nemozes da vidis posto lugeto se grizat tuka za niv. Kako sto napomenav lubitel sum na kucinja ama dobro gi svakam lugeto vo mk i sto trovat kucinja i se zatoa sto toa ne lici na nisto prav divi zapad. Se izvinuvam do zdruzenijata za zastita na zivotnite ama mislam deka prvo treba da pocnete da barate nacin kako da gi otrgnete kucinjata skitnici od ulicite pa posle da go osuduvate narodot za toa sto go pravi.Pozdrav
Од: Komentator
Датум: 19.06.2010 13:49:43
Gospoda "kuckari" bez navreda ama ako gi sakate malskite dukeli zemeti si gi doma i cuvajte gi...Ljubitel sum na zivotni..duri vo zoloska ne odam zosto smetam deka ZO gradina e grev...ama luge ..nekoi nasi malski dukeli podobro ziveat od nasata siromastija koja brca po kontenjeri a na ovie se grizat "kucni soveti" so davanje hrana.. pa potoa im smeta sto decata im ne mozat od dukelite doma da si dojdat...Eve sovet na "Srna" dajte gi izvoz vo Eu tamu ima dami.. sto poveke se grizat za dukci odkolku za decata i veruvajte sam vidov.zatoa nasite dukeli ke uzivaat tamu .. kako bubreg vo loj...!!!
Од: Ana
Датум: 19.06.2010 21:40:39
Bravo za Nikola. Nemam sto da dodadam ili odzemam na komentarot pogore.
Од: skopje
Датум: 19.06.2010 22:04:39
Ova e navistina strasno ako e vistina, eutanazija so frlanje na kucinjata vo jamata vo 'Drizla'. Sramota za vlastite i za onie sto razmisluvaat kako eva i drugite koi osven na sebe ne mislat na nisto drugo.Podobro bi bilo da razmisluvaat da vdomat ili steriliziraat po edno kuce ili kaj niv postoi samo edna metoda-se sto ti smeta likvidiraj go ili dezurnata izreka ako tolku gi sakaat neka si gi nosat doma. Da ne se kucinjata skitnici mozebi krivi sto se razmnozuvaat ?
Од: meri
Датум: 20.06.2010 00:36:23
i jas su ljubitel na zivotni. iam 3 macki, ne kupni tuku zemeni od ulica. site se sterilizirani taka da ne postoi opasnost da se razmnozuvaat i da macinjata zavrsat vo kontejer, vardar ili ulica. koga sekoj vlasnik, koj nema odgleduvacnica, i ne moze da gi vdomi potomcite na svoite milenicinja bi gi sterilizirale, ne bi imale takov problem, vo rok od nekulku godini kako sto imame sega. ne mi se jasno koga ke kazat: kako da mu go odzemam toa zadovolstvo. toa e instinkt a ne zadovostvo i ne e greota toa da se stori. greota e da se ubivaat, frlat vo vardar, vo djubre na ulica. navistina tazno:(((

Најди! во Утрински
Скопје
Затворен дел од „Илинденска“
Кафеанџиите се залепија до излозите
Ученици од Темпи на гости во Скопје