Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Кога млекото станува урда

Александрија Стевковска

Во очекување на судскиот епилог за случајот „Сведмилк“ на површина испливаа сите лоши последици што тој ги произведе. Вишок млеко, пад на неговата откупна цена, преголем број добиток, кој поради девалвираната цена масовно се уништува.

Најмал заеднички содржател од сите овие случувања е „Сведмилк“. Несудената млекарница со европски стандарди и трагичен крај беше и остана вистински кошмар за севкупното сточарство во земјава, кој се сонува и дење и ноќе.

Стотици семејства кои поради пропаѓањето на шведската млекарница буквално банкротираа, сега се чудат кој пат да го фатат и како да го обезбедат сопствениот опстанок, бидејќи останаа со испустени штали и празни џебови.

И место да се преземат итни мерки за спасување на оваа значајна гранка и од државата и од откупувачите на млеко, никому не му е гајле за заштитата на домашната продукција за храна.

Владата, навреме, уште кога изби скандалот со „Сведмилк“, се амнестираше од сопствената одговорност и од последиците, а млекарниците го искористија случајот за да ја соборат цената на млекото и да почнат да увезуваат млечна суровина. Така било поевтино, а се решавал и проблемот со лошиот квалитет на домашното млеко. Наводно, македонскиот сточар произведувал неквалитетно млеко, па за да се дотера во финален производ, морало да се долева и увозно млеко. Ако е навистина така, како тогаш истото тоа млеко им беше добро на млекарниците кога „Сведмилк“ беше активен и кога владееше јагма за литар млеко повеќе?

И додека траат сите препукувања за тоа кој и колку е виновен за незавидната ситуација во која се најде сточарството во земјава, млекото се продава под цена, добитокот се продава и се коле. Во целата оваа безнадежност се наметнува прашањето дали во земјава ќе успее да опстои домашното млекопроизводство или, пак, иднината на оваа гранка е во увозот и на суровина и на готови млечни производи? Фармерите се плашат дека земјава место да оди напред и да формира своја суровинска база за производство, таа се враќа во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, кога на ангро се увезуваа млеко и млечни преработки.

Тие веруваат дека ако се случи такво нешто, слободно може да си ги спакуваат куферите и чарето да го бараат по белиот свет во потрага по корка леб. Ако не повозрасните, тогаш барем нивните деца, кај кои „Сведмилк“ ја разбуди надежта дека иднината и животот на село може да ги проживеат со сточарството, сега се се' поубедени дека животот на село нема никаква перспективност. Реките млеко по улиците се далечно минато, но затоа, пак, болна сегашност е маката на сточарите што ги обои селата во црнила.

Малкутемина производители, пак, што надежта за подобро утре се' уште не ги напуштила, веруваат дека откупувачите намерно ги уништуваат, купувајќи млеко од соседните земји, кои на тој начин се ослободуваат од него, за да ја депласираат цената на нивното млеко. Она малку што го добиваат понекогаш не им е доволно ниту за храна, а не пак за нешто друго.

На крај се поставува прашањето дали воопшто добиваат пари за предаденото млеко?

Според сточарите, млекарниците место со пари млекото им го плаќаат во натура со сирење и со кашкавал! Како тие не можат дома да си ги измолзат кравите и да си направат сирење и кашкавал. Ако нивното производство навистина им се плаќа со млечни производи, зар некој ќе има интерес да чува крави, со оглед на тоа дека тие струјата, водата и другите животни трошоци не можат да ги платат со кашкавал.

Се' на се', сточарството ни е пред тотален колапс, поради што најитно треба нешто да се преземе. А со ваквата ситуација губат и сточарите и државата, но и млекарниците!


#
Статијата е прочитана 873 пати.

Испрати коментар

Од: debrestanec
Датум: 15.05.2010 01:38:42
Nikoj za nisto ne se grizi da funkcionira nestoto a sekoj se grizi kako i kolku da proneveri ili kade da ukrade. Slika na zemjata od sekoj pogled i na sekoj cekor.
Од: mene
Датум: 15.05.2010 12:08:01
Nemame odgovorna vlada.

Најди! во Утрински
Едиторијал