Број 3337  вторник, 20 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Дипломатија со дебитанти

Дипломатијата сега директно се управува од партиските штабови

Тамара Грнчароска

Со намален буџет, но со нови вработувања, со осуммина именувани амбасадори, кои се' уште не се заминати на новите функции поради штедење, но со почетници кои константно се испраќаат на испомош во амбасадите, со внатрешни поделби на „старите кадри“ и „младите сили“ што пред неколку месеци кулминираше со навреди и закани при изборот на синдикален лидер, македонското Министерство за надворешни работи (МНР) е на добар пат да го достигне дното на своето функционирање и улога.

„Никогаш во дипломатијата не било идеално и тоа секогаш им одговарало на политичките партии, но секогаш се работело за да се оди напред“, наведуваат добри познавачи на состојбите во македонската дипломатија, кои сакаат да останат анонимни. Според нив, секогаш нашата дипломатија била врзана со политиката и трпела влијанија, но, сепак, за одредени работи се консултирале луѓе од Министерството. „Сега ништо од тоа не се прави“, наведуваат тие.

Минатата недела сликата за тоа како стојат работите во македонската дипломатија ја дополнија уште два момента - кратењето на буџетот на Министерството за повеќе од три милиони евра, но и истовремено објавувањето на оглас за педесетина нови вработувања.

„Кога има намалена активност се прават нови вработувања“, е коментарот на македонските дипломати, за кои она што се прави во македонската дипломатија е скандалозно и нејзино тотално руинирање. Според нив, нашата дипломатија ги изгуби двете основни функции - кадровската политика и надворшната политика - кои сега се управуваат директно од партиските штабови, кои немаат врска со потребите на една сериозна дипломатија, без какви било консултации со стручните служби во Министерството.

„МНР е стручна служба која, и' се допаѓало таа или не, ја реализира надворешната политика која ја зацртува Владата“, наведуваат извори од Министерството, додавајќи дека порано тоа ги давало опциите за тоа како може да се реализира одредена политика, додека сега веќе тоа го нема. МНР се бајпасира, целата политика се осмислува во владејачката партија, објаснуваат тие, според кои и новите вработувања во МНР се во насока на целосно партизација на Министерството и негово целосно „обезвластување“.

Официјалниот бројка на вработени во Министерството е 250 луѓе, плус 170 во дипломатско-конзуларните претставништва. На тоа треба да се додадат новите педесетина вработувања за кои минатата недела беше распишан конкурс, но, како што наведуваат нашите соговорници, и вработувањата кои ��реба да ја пополнат квотата за правична застапеност на малцинствата, поради што точната бројка на вработени во МНР се чува како „државна тајна“.

„Надворешната политика е тотално искривена“, наведуваат нашите соговорници. Се нема стратегија и одговор на ниту едно прашање, освен за спорот за името и тоа од само неколку луѓе, наведуваат тие. Според нив, уривањето на угледот на македонската дипломатија отишла дотаму што повеќе не се прави стратегија каде треба да се биде присутен како држава, каде да се оди и освен министерот и државните советници никој друг не патува никаде. „Стратегијата за тоа на кои собири треба да се присуствува се прави според тоа кој го плаќа патувањето - ако не е платено не се оди“, велат нашите извори.

Ако порано МНР се сметаше како „чекалница за надвор“ сега тоа може слободно да се нарече „експресна линија за надвор“. Тоа во разговор ни го потврдија и нашите соговорници, според кои, на македонските дипломатско-конзуларни претставништва им се потребни повеќе луѓе, но стручни и искуси. „Постои нешто што се вика кадровска политика во која ставка ’испомош’ е дискреционо право кое се користи за ад хок ситуации, претседавања со некои меѓународни институции, самити и слично, но и тогаш не се испраќаат дебитанти кои таму прв пат учат што е дипломатија. Тоа се прави тука, а не надвор“, категорични се нашите извори. „Од искривена слика тие прават правило“, е нивниот став за испраќањето на неискусни кадри во амбасадите и во конзуларните претставништва на Македонија, кои по некое време добиваат дури и дипломатски звања и функции.

Законот за надворешни работи, кој се чекаше со години, токму поради инсистирањето на стручната јавност за инсталирање на професионална дипломатија во македонското МНР, со што се направи обид да се минимизира партиското влијание врз дипломатијата, предвидува минимум стандарди кои треба да ги исполнат лицата што претендираат да бидат идни дипломати. Но, со измените кои беа направени од актуелната власт, на министерот, кој е политичка фигура во Министерството, му се овозможи големо дискреционо право за именување и испраќање на административни кадри во дипломатските претставништва. „Со тие измени и нејзината неконтролирана примена македонската дипломатија се врати многу назад“, тврдат доброупатените. Според нив, амбасадите се полни со дебитанти, кои немаат поим што треба да прават.

Иако македонската дипломатија секогаш била мета на меѓупартиски пазарења, вдомувања на партиски кадри како амбасадори и државни советници, пониските ешалони во Министерството, досега, главно, го држеа стручното ниво. Според нашите соговорници, ако на нашата дипломатија дефект и' се амбасадорите, тогаш уште поголем дефект сега е што таму нема кадар со бекап знаење. „Со таков избор на кадри не знаеш која штета е поголема“, велат нашите соговорници.

Прашањето, пак, за одложувањето на стапувањето на функција на осуммина новоименувани амбасадори, од по неколку месеци, поради немање финансиски средства, меѓу кои и амбасадорите во Грција, во Бугарија и во Албанија, е нешто што е недозволиво за една дипломатија, сметаат искусни дипломати. „Држава е скапа работа и функционалноста на државата не смее да трпи“, велат тие, наведувајќи дека е многу погрешно да штедиш на функционалноста, а не на нови вработувања. „Дома ги чуваш амбасадорите, а испраќаш испомош по амбасадите“, критички констатираат тие. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 3793 пати.

Испрати коментар

Од: Od Zagrizen graganin
Датум: 20.07.2010 00:13:59
MNR, e samo edno mesto kade se vrabotuvaat polu pismeni Luge, koi edvaj gi zavrsile Fklutetite ili nivnoto obrazovanie e somnitelno priemer Bugarija ili Ukraini ne se znae. MNR se smeta kako pecalbarska Agencija kade gi praqa polu pismenite da zarabotuvat nekoj denar a ne da mu sluzat na drzavata, Tesko na narpdot i za idninata.
Од: Pare
Датум: 20.07.2010 00:15:04
Prvo, ne e tocna informacijata deka se 250 vraboteni. Brojkata e najmalku dvojno pogolema. Druga rabota e sto nasite diplomati ne uspevaat t.e. ne im se dozvoluva da nametnat odredeni pravila koi vazat (skoro) vo cel svet. Zaradi toa nasite diplomatski pretstavnici se megju najmizernite onamu kade sto gi ima (so retki isklucoci), vo smisol na toa sto im e dozvoleno da go potrosat kako reprezentacija, da pokanat nekogo na rucek ili vecera, i sl. E sega, ima i takvi koi malkute pogodnosti sto gi imaat gi koristat za 'svoja dusa', pa si gi cestat prijatelite ili semejstvoto. Generalno, edna neseriozna i mnogu losa slika, koja ne moze da se narece diplomatija, ni doma ni vo stranstvo. Kako ilustracija, dovolno e da se zastane pred vlezot na MNR koga pocnuva ili zavrsuva rabotnoto vreme, da se nabljuduvaat mladite diplomati, a osobeno diplomatki, kako se obleceni za na rabota. Toa moze da bide samo obleka za eden vid rabota koja voobicaeno se raboti vo noknite casovi.
Од: Сергеј
Датум: 20.07.2010 00:15:30
Во услови кога угледот на Република Македонија во меѓународни рамки е доведен на најниско ниво, да се ипраќаат почетници како амбасадори само зборува или за „зрелоста“ на семоќниот премиер, или за неговите планирани, лоши намери кон сопствената земја! ( http://otpor.log.ph )
Од: sirma vojvoda
Датум: 20.07.2010 01:08:06
definitivno drzavata se raspagja epa corba makedonce corbaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa!!!!
Од: Aco
Датум: 20.07.2010 05:18:09
Ambasadorot vo New York zivee vo stan za koj drzavata plaka mesecna kirija od $6700, sto e apsoluten luksuz i za najuspesnite newyorkcani. Za $2300 moze da najde preubav dvosoben stan vo bilo koja naselba na manhatan. Zarem nasiot narod treba da plaka danok za vakvi trosoci??? Ambasadorot koga trosi pari odbira samo toa sto e najskapo bez nikakov sram i socustvo za makedonskite gradjani od koi najgolem del nema sto da jade... A druga prikazna se diplomatite sto rabotat vo ambasadata vo new york koi nemaat ni obrazovanie ni kulturata na odnesuvanje.
Од: Afion
Датум: 20.07.2010 06:17:26
Sergej, kolku godini imaa Frckovski i Crvenkovski koga bea pretsedateli, ministri na vnatresni i nadvoresni...
Од: do Pare
Датум: 20.07.2010 07:59:58
Pare misli deka diplomatia e samo da pokanis nekogo na rucek ili vecera,pa zarem misli deka tie se gladni pa treba nie da gi nahranime, potrebno e znaenje i mnogu znaenje, kultyra, obrazovanie sto uste mnogu vreme ke ni treba da go dostigneme nivo od predhodnite decenii. Znaat pravi diplomati niz kakvi diplomatski skoli pominuvale vo onaa predhodna Jugoslavija
Од: vidov se
Датум: 20.07.2010 08:23:02
Се симнал Мурто се качил Курто и сеа на Мурто му е криво. Шо не поминало кај нас па и ова. А и нашата дипломатија па една јака шо беше. Нека си ги работат конзуларните работи ко шо треба другото тури пепел.
Од: Lidija
Датум: 20.07.2010 08:29:09
Spored site slucuvanja vo drzavava mene se nekako mi izgleda deka Grujo i kompanija rabotat na raspagjanje na Makedonija,deka namerno gi pravat nekoi raboti za da ne dovedat vo kolaps. I da bese od neznanje dosega ke naucea. Da trgneme od sebe,ako trosis poveke od toa sto go imas normalno deka se doveduvas do propast,toa e prosta rabota sto sekoj ja znae. A ovie na angro trosat na spomenici,fontani,plazi,objekti i sto ja znam sto uste a nema pari za plati,penzii,stecajci,zemjodelsto itn. Znaci,planski i PATRIOTSKI se unistuva drzavata.
Од: девичанецот
Датум: 20.07.2010 08:30:27
Само Фрчко за министер за надворешни. Е тогаш сите негови роднини галичани ќе бидат експерти по дипломатија. И тоа преку ноќ. Па ќе си назначи личен фотограф, па личен фризер, па личен снабдувач на мастики за жвакање, личен снабдувач на пури... и ќе ни цвета дипломатијата.
Од: demokrat
Датум: 20.07.2010 08:34:34
kakva vlast takva nadvoresna politika mlitav premier mlitava nadvoresna politika
Од: Diplomat
Датум: 20.07.2010 09:01:20
Se e jasno ako si vnatre vo MNR i znaes koj ja vodi kadrovskata politika. Za da bide pojasno samo procitajte gi kolumnite na Ruzin. (http://www.spic.com.mk/kolumna/drzavniot-s-boca-od-belimbegovo.html) i (http://www.spic.com.mk/kolumna/avakum-ambasadoro.html)
Од: Трпе
Датум: 20.07.2010 09:09:54
Што да се прави,децава имат остри заби,може да јадат и зелено.Тоа ти е сегашна Македонија.Сите велат дека искуството и праксата се најбитни а нашиве толку зелени ги кинат и чекат како дипломати да созреват.
Од: Pace
Датум: 20.07.2010 09:38:26
А кажете во кој сектор НЕМА дилетанти, пардон дебитанти? Тоа ќе биде вест на годината!! Вака јасно се гледа дека од влада, преку сите министерства, а за агенции и дирекции ич да не правам муабет, се‘ се дебитанти.
Од: sto li ke pravat tie luge
Датум: 20.07.2010 11:09:29
sto li ke pravat tie luge tamu? ako im e celta samo da zemat plata i da ne odat na rabota togas ok ama vo denesno vreme e zalno da ne rabotis nisto
Од: Olivera
Датум: 20.07.2010 11:27:29
Младите сили од МНР треба да се остават да си ја работат работата и да не им се прават опструкции и безобразлуци од страна на таканаречените стари кадри, кои всушност се неупотребливи и само и прават штета на Република Македонија. Всушност, само затоа што поминале години и децении во МНР, не значи дека нешто научиле или пак дека направиле нешто добро за Република Македонија, како што самите сакаат да прикажат. И самиот закон за надворешни работи го „крчкаа“ со години за да го изгласаат само неколку месеци пред да падне претходната власт. Тоа доволно зборува за фактот колку добро работат. Ако беа вистински дипломати, ќе гледаа што порано (уште во раните 90-ти да го изгласаат, за да не одат циркузанти да не претставуваат по светот (со чесни исклучоци, кои можат да се набројат на прстите од една рака!). Затоа вакво ламентирање на новинаркава не држи, туку час поскоро да се остават младите сили да си ја работат професионално својата работа, без „солење памет„ од страна на самонаречени
Од: ambasador
Датум: 20.07.2010 13:12:37
ke go zapocnam komentarot so vic za mnr: vo mnr nema poveke sex, zosto site se rodnini! Vo 2006 bese imenuvam za minister za nadvoresni, covek bes skoro nikakvo rabotno iskustvo, magistrant na nisko vrednuvana skola vo germanija, covekot namesto da i sluzi na drzavata pa i na partijata od koja sto vo minatoto bese duri i izbrkan, toj vo prv plan go pretvori mnr vo familijarna agencija za pecalbarstvo, da zaposluva sekretarki koi potoa stanuvaat vrsiteli na dolznst pa ds, ili da do bivaat nagradi za najdobri diplomati, ili pak negovi simpatii od mladosta da vodat kadrovi politiki! Politikata i upropastuvanjeto na mnr nema vrska so politikata na vmro taa e sram za vmro i zatoa treba sto poskoro da odgovara magistrantot od duisburg!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 20.07.2010 13:47:43
Pili[tarci ja prezedoa dr\avata.A za dplomatija porano trebase najmalku 10 godini iskustvo vo diplomatskite raboti za da se stane konzul ili pak ambasador.Denes e dovolno da se poseduva partiska kniska i potpolna lojalnost kon vozdot... Zatoa nazaduvame...nazaduvame...kaj ke ni bide krajot???A imame iskusni diplomati...kolku tolku...
Од: од анти-дебилант
Датум: 20.07.2010 14:21:26
А да го наречевте написов- Дипломатија со дебиланти - некако потаман ќе ја опишевте ситуацијата.
Од: Dolno Vodno
Датум: 20.07.2010 14:24:52
Na onie sto gi isprakjaat da ja prestavuvaat Mk. nadvor od nejzinite granice, trebe da im se ovozmozat i finansiski sretstva so cija pomok ke mozat stopodobro da ne prestavat. No trebe da znaat deka svoite relacii trebe da gi odrzuvaat i so sredstva od svoite plati. taka kako sto preavat i naivnite lobisti, za da gi odrzuvaat svoite "prijateksli vrski", vadejki od svoj dzeb.. Pred sé, tie sto ne prestavuvat, trebe da znaat deka se dojden za da gi branat interesite na MK. da ja sakaat a koga odime vo ambasada , so stravn, da ne ni kaze nekoj konzul"KE JA IZGUBITE MAKEDONIJA", znaci da se vnimava KOJ se isprakja nadvor i kolku toj ja saka Mk.dali raboti za nea ili za nevcii interesi! Osobeno,Ne da se isprakjaat deca koi ke si IGRAAT DIPLOMATI ili "po kluc"! Sto se odnesuva do Frckovski i Crvenkovski nim niti togaj , niti sega moze da im se zameri na politicka kulturaelegancija i nadvoresnoto odnesuvanje. .Za Ruzin i slicni,bez mnogu "cepkanje "po diplomatskite godin

Најди! во Утрински
Втора страница
Бугарија ќе затвори 30 дипломатски претставништва
Прилеп град на рекорди
Вербатим