Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter
Скопје

На велосипед низ Скопје за 10 денари на час

„Градски паркинг“ ќе рента велосипеди на четири пункта, кај „Телеком“, „Бисер“, Ѓорче Петров и „Треска“

Сања Наумовска


Скопјани од идниот месец ќе можат да изнајмат велосипед за 10 денари за еден час. Ќе ги рента јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое ќе ги чува на своите паркиралишта. На располагање на љубителите на алтернативните начини на превоз засега им се 100 велосипеди, кои се холандска донација за Градот Скопје, преку проект на невладина организација.

Бројката, како што најавуваат од јавното претпријатие, во иднина ќе се зголемува. Велосипедите ќе бидат лоцирани на четири пункта низ градот, во центарот кај „Телеком“, кај „Бисер“ во Аеродром, во Ѓорче Петров и кај „Треска“. За неколку месеци, велат во „Градски паркинг“, може да се очекува на секој нивни паркинг да има одреден број велосипеди. Ќе се нудат и на училишта, факултети и други институции. Редовните корисници можат да добијат и попусти, а ќе се формира и клуб на велосипедисти.

„По завршувањето на проектот на невладината организација преку која се донирани велосипедите, Градот изнајде начин тие и понатаму да им бидат на располагање на граѓаните. ’Градски паркинг’ има мрежа на паркиралишта каде што можат да се чуваат, а поседува и софтвер со кој ќе се врши наплатата на услугата“, вели директорот на јавното претпријатие, Панче Стојановски.

Велосипедите ќе може да се најмат на еден паркинг, а да се вратат на друг. Пред најмувањето ќе се оставаат податоци на пунктот, а ќе се плаќа при враќањето. Може да се користат пари, картички или, пак, како кај зонското паркирање, СМС-порака.

Секој велосипед ќе има свој идентификациски број и ќе биде осигуран од уништување. Овој начин на рентање, сметаат во „Градски паркинг“, ќе биде привлечен за граѓаните кои ќе добијат евтин и пристапен, а наедно и здрав начин на превоз. Во иднина, вели Стојановски, ќе има и специјални бонуси за сите кои автомобилот ќе го остават на паркинг на периферијата на градот, на пример во Ѓорче Петров и оттаму ќе изнајмат велосипед до центарот.

„Новата дејност со која ќе се занимава нашето претпријатие нема да ни донесе профит, но и покрај тоа, имаме големи планови како да го развиваме. Сепак, нашата крајна цел е помалку возила во центарот на градот, која ќе се постигне со подигнување на свеста кај граѓаните дека овој начин на превоз е еколошки, а и евтин“, вели Стојановски.


#
Статијата е прочитана 1461 пати.

Испрати коментар

Од: Махир
Датум: 13.05.2010 01:13:12
Одлично! Ама очигледно Стојановски не возел велосипед низ Скопје бидејќи нема каде да се возат истите! Никој не ги почитува и тие малку велосипедски патеки што ги има низ градов, па дури ни пешаците! Вложете средства во изградба на асолни велосипедски патеки по примерот на сите европски градови (дури и Загреб), па никој и ќе нема потреба за изнајмување! Живеам во Хиподром и искрено измачување е да се стигне до Центар со велосипед, а посебно навечер кога 10тина глутници кучиња те бркаат и дополнително ти создаваат проблеми! Средете ги прво овие основни работи, па градете ја свеста кај граѓаните, иако сметам дека таа сама ќе си дојде откако ќе видат што им се нуди. Во спротивност ваквата иницијатива е залудна.
Од: natasa
Датум: 13.05.2010 09:39:56
da imas pravo i jas sakam da odam so tochak do rabota ama vo Zlokukani pred noviot most ke te izedat kucinja pa moram so kola niz Centar do rabota.Za 6km ti treba 35min. vozenje so kola.Neka sredat so kucinjata toa e najgolem problem,pa potoa se drugo
Од: Steve Frankrurt am Main
Датум: 13.05.2010 11:25:30
Maxire mi gi zede zborovite. Ubavo napisano. Kompletno si vo pravo.
Од: od drugata strana na vardar
Датум: 13.05.2010 13:40:36
vo potpolnost se soglasuvam so prethodnite dvaica citateli vo vrska so kucinjata skitnici "skopski striteri", kao i onie domasni milenici koi ne se soodvetno obezbedeni (odvrzani i bez ograda vo dvorovite). Pokraj toa sakam da na pomenam deka i nie od drugata strana na Vardar bi odele so velosipedi na rabota i za drugi potrebi, no ako od desnata strana i e napraveno barem nesto od levata strana ne e napraveno nisto, nema nikavi uslovi da ucestvuvas vo soobrakjajot kako velosipedist, a eve sega gledam iso punktovite "telekom". "treska". 'biser", "gjorce petrov", kaj se tuka cair, butel, radisani ili tie ne se del od gradot skopje. i na kraj dali ima nesto fajde od komentarive, dali nekoj ke gi procita i ke gi dostavi do kaj sto treba da se prezeme nesto konkretno so realnite problemi na gragjanite koi eve i na vakov nacin gi iskazuvame ili samo pisi komentar radi-reda i nikomu nisto, se po staro.

Најди! во Утрински
Скопје
Крводарителска акција во Куглана
Аеродромци ќе селектираат отпад
Приватниците од „Слобода превоз“ со обновен возен парк