Број 3434  среда, 17 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Банки
Вести








Site Meter
Економија

Ни пет илјади евра по џебот не ги плашат газдите

Секогаш имало и ќе има работодавци што ќе ризикуваат казна само да не ги платат давачките кон државата

Маја Томиќ


За да го закрпат месецот, се' повеќе луѓе се решаваат да работат хонорарно, на црно, непријавени. Каква било работа е добра за да се заработи парче леб, па дури и тоа да подразбира продажба на облека на каратонска кутија, претоварување стока или, пак, шиење во производен погон. Работници на црно можат да се сретнат на секој чекор, сепак, никој од оваа, како и од претходните власти, не сака или не може да ја прецизира реалната бројка на лица што работат во зоната на сивата економија. Сите некако ја прифаќаат како нормална оваа ситуација со нелегални бизниси, а власта со тоа го купува социјалниот мир. Секогаш имало и ќе има работодавци што ќе ризикуваат казна само да не ги платат давачките кон државата. Така си ги намалуваат трошоците, но и ним им останува поголем профит. Македонскиот пазар врие од невработени, кои можат малку да се платат, да не се пријават, а во секое време да може да се избркаат.

„Ме избрка газдата од работа. Без никаква причина. Едноставно, ми рече повеќе да не доаѓам затоа што нашол други девојчиња да му работат за 200 денари дневница“, вели една 20-годишна девојка со средно образование, која работела една година во кафуле, непријавена, за 400 денари на ден, постојано во исчекување дека ќе дојде денот кога газдата ќе ја вработи легално. Таа е само еден од илјадниците секојдневни примери на релацијата работодавец - млад невработен.

Точна евиденција за лицата што работат на црно нема и не може реално да се направи, затоа што не само невработените лица туку и самите вработени и пензионерите бараат работа плус за да обезбедат понормален живот за семејството. Поголемиот дел од вработените не можат да го преживеат месецот со ниските месечни примања.

Останува енигмата дали околу 60.000 лица работат на црно, како што има кажано Министерството за труд и социјала, дали нивната бројка, пак, изнесува над 100.000 лица, како што пред неколку години објави Државниот завод за статистика, што е околу 40 отсто од БДП ?

Според Сојузот на синдикатите, пак, бројката е најмалку двојно повисока.

И во последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија се вели дека вработувањата во сивата економија се' уште се присутни и недостига ефективна соработка и координација меѓу институциите што треба да го регулираат тоа прашање.

Според последната изјава на министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами, реално, 20 до 30 проценти од лицата работат непријавени.

„Факт е дека статистички се соочуваме со огромен број невработени, но останувам на ставот дека извештаите не кореспондираат со реалноста, од причина што голем дел од вработените се во таканаречената сива економија“, изјави Бајрами, додавајќи дека при секоја акција, Инспекторатот за труд затекнува се' повеќе непријавени работници. Вети дека во наредниот период институциите ќе се посветат на активности за утврдување на реалната стапка на невработени и побара акциите во таа насока да не наидуваат на критики.

Од Здружението на работодавци велат дека не треба да се штитат вработувањата на црно и дека државата треба да дејствува врз овој проблем преку мерките за намалување на невработеноста и преку олабавување на условите за работа на домашните компании.

„Битно е Владата да ја реши невработеноста. Очигледно е дека досегашните мерки за намалување на давачките на фирмите не ги поттикнаа да вработуваат повеќе лица. Се' уште има голем број работодавци, претежно на помали фирми, кои вработуваат на црно, иако казните се 5.000 евра по лице. Треба власта да се концентрира на поголема поддршка на домашните фирми за тие да работат порелаксирано. Така самите ќе вработуваат повеќе. Паричните казни не се решение“, вели Димитар Стојановски, претседател на Здружението на работодавци.

И покрај тоа што инспекторите постојано се на терен, одамна функционира анонимното пријавување на работодавците, се ловат и се казнуваат газдите што вработуваат на црно, Владата ги намали трошоците за фирмите за да ги поттикне да вработуваат. Сепак, досегашните резултати се симболични.

Вакви вработувања се' уште има, најмногу во угостителството и во градежништвото. Според најновите податоци на Државниот инспекторат за труд, ДИТ, во октомври годинава биле извршени 3.853 надзори врз фирми, при што се затекнале 295 непријавени работници. Во февруари биле фатени дека работат на црно 201 работник, а во јануари 60. Додека во цела 2009 година, според ДИТ, од вкупно 32.406 контроли во трговијата, рестораните, хотелите, индустријата, градежништвото, здравството и во образованието, дури 3.405 лица биле со нерегулиран работен статус.

Теоретски, сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и на поединците и значи незаконска предност на оние што не ги исполнуваат законските обврски. Работата на црно му штети на бизнисот и на совесните работодавци. Како последица од тоа, не се полнат здравствените, пензиските и социјалните фондови, што е на штета на сите граѓани.

Инаку, работењето на црно е присутно во сите земји. Во ЕУ просечната стапка е пет отсто од БДП. Според податоците од агенцијата „Еуробарометар“, во Чешка сивата економија е 10 отсто од БДП, во Унгарија 18 отсто, во Словенија 17 отсто, во Полска 14 отсто, додека во Бугарија стапката е поголема, 35 отсто. Грција има 20 отсто сива економија, а Италија 17 отсто. Од друга страна, во Австрија работењето на црно опфаќа само 1,5 отсто од БДП, во Холандија и во Британија по 2 отсто, а во Белгија е меѓу три и четири отсто.

Состојбите во бившите ЈУ-простори се слични. Во Хрватска се проценува дека 400.000 лица работат непријавено, во Србија околу 600.000, или една третина од активно ангажираните лица. Во Црна Гора нерегистрирани работат 50.000 лица, или 22,6 отсто од вкупниот број вработени.


#
Статијата е прочитана 3848 пати.

Испрати коментар

Од: Evejabe
Датум: 17.11.2010 12:05:19
haha pa site se zalat nema pari nema pari,nema rabota a site koli iznakupija od po 3000 -5000 evra e kaj gi najdoja tie pari od doma sedenje li ? samo stap za nas makedonceto. toj so saka da raboti se najduva rabota a toj so ne saka ce lezi i ce kuka
Од: Deki Boy
Датум: 17.11.2010 12:15:05
Vo vrska so 2% siva vrabotenost odnosno rabotenje na crno vo Velika Britanija e EDNOSTAVNO NEVISTINA!!!!!Stapkata tamu e mnooogu pogolema tuka rabotam i ziveam poveke godini!
Од: vale
Датум: 17.11.2010 13:09:42
dalinekogas ste se zaprasale dali tie isti luge sto se "bez rabota" sakaat da rabotat ili sekoja rabota prosetajte malku po kaficite i ke vidite deka po cel den se polni i ke vi stane jasno sekade ima isklucoci pa i tuka ali mali procenti - od obete strani
Од: Slovenija
Датум: 17.11.2010 13:18:05
Za se se krivi rakovodnite luge ako zakonot e zakon toj ke vazi za site a ne tie sto imaat prijateli ne prijavuvaat a najslabite dukandjii i da sakaat ne mozat pravdinata ja baraat nemoknite i se borat za nea a moknite nemaat potreba od pravdina oni si ja pravat
Од: reuter
Датум: 17.11.2010 13:49:27
E Vale .sigurno nesto nee vo red so vasiot sistem sto tolku mladina naoga zadovolstvo vo kaficite
Од: Stranec
Датум: 17.11.2010 14:22:32
од вкупно 32.406 контроли во трговијата, дури 3.405 лица биле со нерегулиран работен статус. 32406 X 5000 евра = 17 025 000 евра od kazni vo drzavniot budzet i dobra lekcija za gazdite aramii E toa da imase vlast i pravna drzava! Drzavata gi izgubila ovie pari i uste poloso napravi za rbotnicite-Gazdite pobogati a rabotnicite pomizerni
Од: Seaman
Датум: 17.11.2010 19:39:40
Zhalno e kolku mnogu lugje rabotat bez nikakvo osiguruvanje. Zhalno e shto koga se pravat inspekcii, tie odat samo kaj onie shto se prijaveni i imaat kompletna dokumentacija. Samo poglednete kolku lugje koristat javen prevoz, kako se polni avtobusite, e tamu se tie koi edvaj zarabotuvaat za da prezhiveat od plata do plata.
Од: mene
Датум: 18.11.2010 04:28:38
Abe ostavi kupuvanje koli,a na odmor odenje po Grcija,Turcija,Hrvatska to bez pari e taka,ima pravo covekot samo stap podebel za nas.....
Од: ivan
Датум: 18.11.2010 09:49:27
konecno posle podolgo vreme nekoj da napise nesto i na ovaa tema.rabotam 11 godini a imam staz duri 18 meseci. dokolku vaka prodolzam za 110 godini bi imal 15 godini staz :(

Најди! во Утрински
Економија
Седми пат се бара концесионер за македонските патишта
Директорот бил чист, Јанакиески, сепак, ќе чешла
Македонско-турска компанија ќе гради згради во Аеродром
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011