Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Унгарија една година ќе ја чисти отровната дамка

Четворица го загубиле животот, а 120 се повредени во истекувањето на токсична кал од фабриката

БУДИМПЕШТА – На Унгарија ќе и' бидат потребни 10 милиони долари и најмалку една година за да ја санира штетата предизвикана од истекувањето на индустриската токсична црвена кал. Припадниците на службите за итни интервенции се обидуваат да го запрат излевањето од фабриката за алуминиум триоксид што истекува во големите водени површини, вклучувајќи ја и реката Дунав.

Вонредна состојба е прогласена во три западни области откако хемискиот отпад се изли од резервоарот. Потврдена е информацијата дека четворица го загубиле животот, а 120 се повредени. Уште шестмина се водат за исчезнати. Најмалку седум села и градови се погодени, вклучувајќи го и Девечер, каде што „реката“ беше два метра длабока. Поплавата носеше автомобили низ улиците и оштети мостови и куќи, принудувајќи спроведување на евакуација на стотици жители.

Калта, комбинација од вода и рударски отпад што содржи тешки метали, се смета за опасна комбинација, според Унгарскиот национален генерален директорат за менаџмент со елементарни непогоди (НДГДМ). Иако причината за смртни случаи се' уште не е официјално утврдена, се верува дека жртвите се удавиле. Околу 600-700.000 кубни метри кал се излеаја во фабриката на 160 километри од главниот град Будимпешта, погодувајќи област од 40 квадратни километри.

Министерот за животна средина, Золтан Илеш, за Би-Би-Си изјави дека за чистење ќе биде потребно најмалку една година и, веројатно, ќе биде неопходна техничка и финансиска помош од Европската унија. Тој го опиша истекувањето како најтешка хемиска несреќа во Унгарија. „Областа е многу голема, има многу голема контаминација, потребни се многу човечки ресурси, потребна е и одредена машинерија“, рече тој.

Најмалку 390 жители се преселени, а 110 се спасени од поплавените области, соопшти НДГДМ. Околу 500 полицајци и војници, вклучувајќи и шест тима за одговор на вонредни ситуации се ангажирани. Гипс се истура во реката Маркал во обид да се врзе калта и да се запре натамошното излевање. Вонредна состојба е прогласена за реките Марсал и Торна, а Илеш изјави дека работниците „со крајни напори“ се обидуваат да спречат контаминација на реките Раба и Дунав.

Дописникот на Би-Би-Си е во селото Колонтар, прво и најсериозно погодено од населените места низводно од излевањето на контаминираната кал. Темноцрвена боја преовладува насекаде, рече тој. Се очекува армијата да постави понтонски мост за да дојде до дел од селата, кои се отсечени, бидејќи стариот мост беше однесен во понеделникот од калта. Таква е ситуацијата во местата каде што се најсериозни штетите и каде што неколку лица го загубија животот.

Фабриката произведува алуминиум триоксид, синтетички произведен алуминиум оксид. Тоа е бела или речиси безбојна кристална супстанца што се употребува како почетен материјал за топење на металот алуминиум. Неколкунеделните обилни дождови, веројатно, имаа своја улога во несреќата, јави дописникот на Би-Би-Си од Будимпешта. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Не сакаат да им ја урнат Станицата
Камерите спасуваат животи на патиштата
Грците пак на улица за 13 и за 14 плата
Нобелова за физика за пронаоѓање на најцврста материја
Шамиите влегоа во турските универзитети
Добитници на Нобеловата награда за хемија за 2010 година
Доналд Трaмп сака да биде претседател на САД
Талибанците на тајни средби со Карзаи
Над сто лица загинаа во поплавите
Холандија не го апси индонезискиот лидер
Тинејџерите се повеќе пијат
Два напада врз странци во Јемен






Bulgaria calls on World Bank to help manage EU funds
EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper