Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Груевски не дојде на обраќањето на Црвенковски

Експозето предизвика остри реакции кај ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ и опозиционите партии го пофалија

Оливера Војновска

Последното обраќање на претседателот Бранко Црвенковски во парламентот не помина без скандали. Премиерот Никола Груевски вчера не го удостои шефот на државата со своето присуство во Собранието. Во собраниската сала се појавија само дел од министрите во Владата, меѓу кои: вицепремиерите за евроинтеграции и за Рамковниот документ Ивица Боцевски и Абдулаким Адеми, министрите чија надлежност е директно поврзана со надворешната политика, одбраната и НАТО, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски, и уште некои членови на владиниот кабинет. На излагањето на Црвенковски беа и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои пред седницата имаа координација на која се договорија селективно да присуствуваат. Никој од вмровците не сакаше да открие дали нивниот шеф, премиерот Груевски, ќе се појави, ги креваа рамениците и тврдеа дека „немаат поим“.

Инаку, вчера првпат говорот на Црвенковски го слушаа и пратениците од ДПА, освен лидерот Мендух Тачи. На претседателот Црвенковски и годинава не му дојде лидерот на ДУИ Али Ахмети. Од собраниската галерија експозето на претседателот го следеа дипломатите.

Експозето на претседателот предизвика остри реакции кај ВМРО-ДПМНЕ, имаше и оцени дека Црвенковски настапил како портпарол на официјалната грчка политика! За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, нивниот коалициски партнер во Владата - ДУИ смета дека претседателот има реален пристап и дал објективни оцени. На иста линија беа и коментарите од опозицијата кои сметаат дека Црвенковски правилно ги дијагностицирал состојбите во државата и дал насоки за излез.

Вицепремиерот Боцевски настапот на Црвенковски го потсетил, како што рече, на „една француска шансона ’пароли, пароли‘“. „Македонската јавност 17 години г�� слуша овие приказни поткрепени исклучиво со политика на чист кариеризам и гол политички опортунизам“, изјави Боцевски.

Според министерот за надворешни работи Милошоски, лошиот дел од обраќањето е тоа што недостатоците кои постојат во Македонија биле дијагностицирани од политичарот кој, како што рече, повеќе од 15 години носи клучна одговорност за најголем дел од нив. „Добрата вест е тоа што ова е негово последно обраќање како претседател, кој е избран на фалсификувани избори“, додаде Милошоски.

Шефицата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бонева, рече дека Црвенковски цело време за својот мандат се однесувал како претседател на СДСМ, па таков бил и неговиот последен настап, кој и' личел на предизборен говор. „Наместо говор што треба да ја обедини македонската нација, Црвенковски одржа говор што ја разединува. Најжално од се' е тоа што од устата на претседателот на државата слушнав обвинувања кои ми личеа како обвинувања искажани од гласноговорник на агресивната грчка политика“, изјави Бонева.

Потреба да го искритикуваат Црвенковски почувствуваа и потпретседателката на Собранието Светлана Јакимовска, пратениците Оливер Шамбевски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и Павле Трајанов од ДС, кои буквално чекаа ред за да дадат изјава.

Пратеникот од ДУИ Џевад Адеми смета дека излагањето на претседателот било реално. „Претседателот е институција од која е нормално да се очекуваат согледувања на состојбите, критики и насоки. Оваа година беше таква, како што ја оквалификува претседателот“, рече Адеми .

СДСМ смета дека претседателот имал добар говор и го понуди единствениот пат по кој треба да оди Македонија за да опстои. „Добро беа лоцирани слабостите и пропустите во водењето на политиката на внатрешен и на надворешен план. Се нудат препораки и решенија за проблемите во кои Македонија се најде“, изјави координаторката на пратеничката група Цветанка Иванова.

Според оцената на поранешниот претседател на Собранието, пратеникот од ЛП Стојан Андов, ова било досега најзрелото обраќање на Црвенковски во својство на претседател на државата. „Точно е проценета ситуацијата дека Македонија се наоѓа во еден пресвртен момент, или ќе најде сили да го најде вистинскиот пат и да си ги оствари историските цели или ќе ги изгуби перспективите, не само европски туку евентуално и перспективите за одржлив развој“, рече Андов. И лидерот на НСДП Тито Петковски смета дека обраќањето на Црвенковски било добро структурирано.


Статијата е прочитана 1086 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 19.12.2008 00:10:27
Milososki za A1 izjavi deka Crvenkovski stanal pretsedatel so izboren falsifikat. Mnogu mudar cekor za promoviranje na demokratijata vo Makedonija :) Osobeno koga doagja od nekoj sto dosol na vlast posle najkrvavite izbori vo Makedonskata istorija.
Од: sandra
Датум: 19.12.2008 00:18:59
jadni bea reakciite na vmrovcinjata, dodeka traese govorot ko pokisnati gluvci sedea, srednoshkolecot nikolovski si kucase sms - kraen prostotilak, a posle se ispotepaa site da dojdat pred tv ekran da go ispljukaat branko so cel da se umilkuvaat na gruevski inache perduvi ke letaat. no nieden ne ponudi argument zosto ne se slagaat so govorot, samo istite frazi, edvaj cekale da si odi branko bla bla, koj podaleku ispljuka ke go privsvoi odobruvanjeto kaj liderceto. jadni bedni mizerni. a gruevski sto ne dojde zbori za nego, ne moze toj da se izdigne nad sebe . zbori branko trebal da glumi edinstvo a toj kako glumi edinstvo sto dreme u shtip i tamu li sece lenta na nekoj sokak?
Од: sando slovenija
Датум: 19.12.2008 01:18:25
ne možam da veruvam STOJAN ANDOV I TITO PETKOVSKI go podržuvat BRANKO vie ja zakopavte makedonija 17 godini ste vo politika ušte go lažete makedonskiot narod vi pomina vremeto kako nekoja rasipana pašteta ne saka i maće da ja jade sram da ve jade grobari
Од: Andrej
Датум: 19.12.2008 01:34:47
Ah bre Ivice. Parole e italijanska pesna, a ne francuska, i ne e sansona, tuku kancona. Od odenjeto vo Brisel barem da naucese dva-tri zbora francuski. Ne e isto da se tresat zeleni vo kafana ili na sobir so kolegi stipendisti, i kako vicepremier! Ova so goliot politicki oportunizam ti e nesto kako potisnato, vnatresno jas. Ne se rasfrlaj so izrazi, zborovi, frazi, termini sto ne gi razbiras i ne gi vladees. Nitu vo kolumnite uspea da se profiliras kako covek so misloven i politicki identitet, nitu toa ti uspeva vo najvisokata vlast. Zal mi e samo sto lugeto od koi se ocekuvase nesto poveke, ja turkaat Makedonija vo Milosevicevski populizam i degradacija. I od kade bre ti Ivice branitel na makednskoto ime i identitet, koga smetas deka pred 1944 sme bile Bugari i deka istorijata ni bila falsifikat? Sto razbiras ti od makedonskiot jazik i literatura, sto pravite tamu na Ilindenska bb za zastita na jazikot? I ajde da ne postavuvam mnogu prasanja i samiot si sosema svesen zosto si tamu kad
Од: St.Patrik
Датум: 19.12.2008 02:01:33
Ne se soglasuvam so pretsedatelot za nadvoresnata politika, no vo pravo e za nezavisnosta na mediumite. Samo ne mi jasno dali mu e zal deka niv ne im tekna toa prvo ili nesto drugo e vo prasanje. A vladejackata partija i premierot MORAA da prisustvuvaat. Barem neka glumat kohabitacija ako nisto drugo...
Од: ramadani
Датум: 19.12.2008 03:09:23
DUI si e objektivna i dostoinstvena partija koja sto ne raboti na rejtingot na Gruevski i realno gi sodleguva sostojbite, nemoze i od niv da ocekuva poddrska premierot! Baska kaj Albancite vo MKD se ubedlivo br.1 taka da ne mu se plasat na Grujo mn mnogu moze samo on da im se plasi niv. Sve sto kaza pretsedatelot e tocno od A do SH ... bolelo nekogo toa ili ne bolelo....uste od koga dojde Grujo na vlast 2006-ta zestoko pocna da raboti protiv nasiot vlez vo EU i NATO so niza gluposti i toa namerni, i mene kako gragjanin na RM toa dlaboko me navreduva i smetam deka raboti negativno toj premier prema idninata i prosperitetot na mojata drzava i semejstvo i tokmu zatoa reagiram ama mal sum mn za da smenam nesto, vprocem i lugeto sto mislat kako mene se mn malce vo sporedba so tie sto go poddrzuvaat i sto da pravime sega?nemokno gledame deka brodot dlaboko tone i tone....
Од: Mariovka
Датум: 19.12.2008 03:55:18
Branko kako i sekogas stokmen,sekoj zbor na mesto odvazno si kaza toa sto mislese deka treba da go kazi i se e taka kako storece.No vie partal partija mislam na VMRO mislite deka go ponizivte so toa sto ne prisustvuvavte ili pokasno so izjavite na TV deka licelo na francuskata sansona.Ne samo sto ne go ponizivte tuku vie od partal se storivte mifki pogotovo Grujo.Razmislete dobro megu partal i mafka ima mnogu golema razlika.Mifkata e gnasna i posle upotreba se frla na gubre.
Од: ljupco,bitola
Датум: 19.12.2008 05:03:16
Ниеден лидер на партија не присуствуваше на говорот,освен Андов и Тито,ама за жал тие и немаат партии веќе.Дури и неговиот в.д. лидер Заев,не беше на местото предвидено за лица со посебни потреби.Никој не сака да губи време со веќе видено и чуено по стопати опортунистичко себерекламирање.
Од: miki
Датум: 19.12.2008 07:36:57
I Zaev ne prisustvuvase na govorot na Crvenkovski zar ne .
Од: Петко
Датум: 19.12.2008 08:02:29
Господинот Рејтинг си има свој претседател,-тоа е претседателот на една наша соседна држава,каде гос��оѓата Д.Димовска квачи јајца.
Од: zabegan
Датум: 19.12.2008 08:02:52
a sto da dojdese GRUJO koga negde bese sokrien i od televizia snimase kako se govori.kojznae kolku pati go ima toj govor preslusano.
Од: Vojslavec
Датум: 19.12.2008 08:30:28
Zalosno sto Brane odi vo istorijata kako......Znaci od narednata godina Makedonija SLOBODNA i Makedonija na Makedoncite .....Brane fala za se .....Makedonskiot narod e najgolemoto cudo na Balkano ...Go pobedi i posledniot komunisticki fosil...SLOBODNA MAKEDONIJA...
Од: lule
Датум: 19.12.2008 08:41:09
Veke videni oratorski sposobnosti od strana na nasiot pretsedatel. Ne e potrebno liceto B.C. da iskazuva trik govori tuku konkretni rezultati.Pozdrav
Од: marjan
Датум: 19.12.2008 09:01:59
So prostotilak i prosta masa ne se odi vo Evropa.Toa e veke procitana kniga i na Balkanot.Samo VMRO ( i za zal eden golem del od makedonskata javnost) toa nikako ne moze da go sfati.
Од: Трпе
Датум: 19.12.2008 09:13:35
Нормално е господинот Рејтинг да не присуствува на обракањето на господинот претседател.Неможе да го свари политичкиот говор на еден способен политичар.Тој самиот од себе се страми што неможе да поврзе две реченици ако претходно некој не му ги напише.А за ова дека претседателот Црвенковски бил избран на нелегитимен начин не држи.Дпмне-овците плукат и на своето.Бог да го прости претседателот Трајковски за Лјубчо беше нивната најлоша инвестиција.Костовски бил промашена личност.Поради толку многу свое плукање мораше да го донесат и казнениот закон за плукање на јавни места.Само од нивното неконтролирасно плукање ке се наполни државната каса.Дпмне-овците треба да сватат како изгледа еден изграден политишар,нема потреба да се срамат.Рејтинзите се минлива работа лесно се топат со пролетното сонце.
Од: Do Ljubco BT
Датум: 19.12.2008 09:30:10
Vo pravo si Ljubco, samo sigurno ke se soglasis deka Pretsedatelot se sto kaza vo vrska so situacijata vo Makedonija i Partijata na cie celo e tvojot firer, e cista vistina i socuvstvuvam so tebe i so site slepci kako tebe. Ne vi e lesno, ostanavte bez nieden argument bar malku da go dematirate. Intelektualnoto nivo vi e pod nula, a za lopovluk vi nema konkurencija. No sepak narodot toa go izglasa i sega ke trpime dodeka ne ni se sluci Srbija i Grcija.
Од: zapadna
Датум: 19.12.2008 09:42:50
Боцевски и сите ТВ куќи што најавија ПАРОЛЕ,ПАРОЛЕ...била француска шансона...ех мој Скопјани ништо не ви остана од умот...па тоа е ИТАЛИЈАНСКА КАНЦОНА,не шансона...срамно какви луѓе земаат огромни пари во Македонија,а ние кој нешто барем имаме познавање,седиме дома пред компјутер и слушаме во исто време и ТВ,па имаме моќ да оцениме до каде ни е водат Македонија луѓе кои не знаат што е шансона,канцона,италијанска,или француска,професори како г.дин.Ниче што кажува нешто на друг јазик него не успеав да го разберам...можеби од психолошката војна..да и јас сум РАНЕТА ВО СРЦЕ...Позз. до Андреј.... и утрински
Од: sanja
Датум: 19.12.2008 09:43:56
parole ima i francuska verzija, a bogami i hrvatska. Moze slobodno da napravime i prepev na makedonski
Од: miki maus
Датум: 19.12.2008 09:44:11
covekot e grobarot na makedonija.kako da dojde premierot da go slusa,da ne kazi nesto novo za da odime napred?so tito i stojan za raka i nadvor od politika
Од: zoki
Датум: 19.12.2008 09:54:41
Brodot ni tone!!! Dodeka Branko izdrzano argumentirase na vistinskoto mesto- vo Sobranie ,Gjujo vo Kocani trenirase demokratija.Mozebi denes Gjujo ke izleze pred narodot vo Kocani so televiziskata svita i gordo ke izvika"Nikoj Vas nema da ve tepa". Izvrsitelite imaa generalna proba, gi ostrat kasapskite nozevi. Bicikliski(covekov treba da si go priberat vo Bardovci) ke mu go pripise seto toa na Branko.
Од: TV-gledac
Датум: 19.12.2008 10:08:33
Na gospodinit zadolzen za EVROintegracii sakam da mu kazam deka pesnata, kako i zborovite koi gi citirase se ITALIJANSKI a ne FRANCUSKI. Se soglasuvam deka Pretsedatelot kaza zborovi, no negovite imaat SMISLA!
Од: meto mk
Датум: 19.12.2008 10:15:38
Ако еден политичар сака да сеиздигне над другиот и да покаже дека е поголем и поспособен треба да го примени правилото на појакиот и да го удостои послабиот.Ама грујо ппокажа дека ем му е страв ем нема политички дигнитет.Пртостачко однесување од премиер на држава.Не заради Претседателот туку заради високите претставници на државите кои ја почитуваат Македонија требаше да се појави ,па макар седел и во галеријата со нив.Како мисли да гради личен но и мегународен рејтинг за државата.?Какви ке бидат коментарите во дипломатските кругови за овој скандал.?Како дипломатите ке ја оценат изјавата на нивниот колега Ант.Милош.?И ред многу прашања и дилеми што оваа влада сама си ги наметнува.Но штом решила да оди наназад ,тоа е нејзин избор,а не на народот.Груевски мора да сфати дека е прво премиер на држава,апосле претседател на партија,па во контекст на таа висока позиција мора да ги прифати сите предизвици го сакал ��оа или не.Со самото бојкотирање на седницата демонстрираше немок.
Од: Vase
Датум: 19.12.2008 10:38:33
Sekoja cest na utrinski vesnik.Covek moze da si go kaze sopstvenoto mislenje i da ostane ziv.Prosto se cudam kako Ljupco od Bitola moze da trese takvi gluposti.Ocigledno covekot ne e so site.Site vmro-vcinja koi sto bea taka glasni gi snema naednas.A toj maziste -se javi so nova glupost.Pogolema od vcerasnata no uveren deka ke bide pomala od utresnata!!!!Covekot e za zalenje.Megju genijalnosta i gluposta e tenka granicata.Ljupco ocigledno ne e genijalec!!!So mislete:sto e covekov?????
Од: богомилец
Датум: 19.12.2008 10:47:28
Велат дури и рибата ако си ја држи устата затворена, нема да се фати на јадица. Ова правило важи посебно за оние што сакаат нешто да кажат, а не знаат што да речат, па во секој свој ,,коментар,, , место зреломислечки факти, уфрлаат салата од зборови. Еден мудрец рекол, ако немаш што умно да кажеш, устата отврајја само тогаш кога мораш да јадеш. И се разбира, кога мора да зеваш. А многумина од ,,патриотите,, додека Бранко зборувше, онака достоинствено, како што му прилега на еден шеф на држава, тие зеваа.
Од: „КОКС“
Датум: 19.12.2008 11:04:55
Гледајки ги коментарите на говорот на Претседателот на државата од највисоките политичари на владеачката ВМРО се прашувам: Дали се свесни за висината на нивната ароганција во јавноста? Дали господата Боцевски и Милошовски тоа го научиле за време на нивните школување во странство или можеби за време на нивните прошетки во светот или е тоа само дел од „школата“ на својата партија. Нека се запраша господинот Милошовски, ако воопшто може тоа да го направи: Дали некогаш слушнал сличен коментар на Кондолиза Рајс за Џорџ буш или на Бернар Кушнер за Саркози. А честопати јавно се „чудаат“ за оценките што ги добиваме од Брисел. Господа немојте да се чудите туку седнете и учете. Првиот час треба да ви биде на тема „Култура и културно однесување“. Бидете убедени дека дури таа тема не ја совладате заедно со вашиот шеф Македонија само ќе сонува за прием во ЕУ.
Од: eli
Датум: 19.12.2008 11:07:02
lele ne mi se veruva deka Branko ima seuste luge sto se so nego go podrzuvaat pisuvaat trogatelni komentari za nego .Dali ovie luge se normalni sigorno ne tie se poslednata generacija na komunizmot.dogledanje Brane falati za ovie godini so komunisticko vladeenje nie sme spremni za demokratija.
Од: PAROLE
Датум: 19.12.2008 11:33:25
Da razjasmime nekoj raboti okolu govorot na Predsedatelot i komentarot na Bocevski deka govorot e sto velat francuzite PAROLE PAROLE...Tie sto go znaat francuskiot znaat deka e na krajot na zborot parole ne se izgovara,se izgovara parol bez e ili Les parol,es (zborovi).So siot respekt ali Ivica ne go znae francuskiot.Pozdrav.
Од: 24
Датум: 19.12.2008 11:38:48
posteni ludze ne sedat so kriminalci -so ludze sto pobedile na izboren falsifikt-- so ludze koj nisto ne napravile z svojata drzava --a bile na vlast 17 godini
Од: JON
Датум: 19.12.2008 12:40:27
Se' shto kazha pretsedatelot e vistina od koja nema beganje. Zhalni se obidite na pratenichkata grupa na VMRO i nekoi drugi pratenici od vlasta intrevjuto na prestsedatelot da go prikazhat vo poinakvo svetlo. Toa shto ministerot Miloshevski ne pokazha nikakov pochit kon institucijata pretsedatel i ovpoj pazt ne e novina. Shto mozhe i da se ochekuva od chovek koj i za makedonskiot velikan Blazhe Koneskie go nareche"dzhudzheto od Nebregovo". Nishto poaren ne beshe ni Bocevski, koj samo drdori kako prazna vodenica kade i da stigne.
Од: Kunta Kinte
Датум: 19.12.2008 12:43:51
Za Makedonec od Eu, ovie izbori ne bea najkrvavi do sega. Ako malku te boli za mAkedonija, i ako sakas da ja znaes vistinataa, rasprasaj se za prethodno krvavite, i prasaj i istrazi zosto togas site mediumi molcea, i koj gi zamolcuvase. Dvojni arsini, od pogresni licbnosti.
Од: ginger
Датум: 19.12.2008 12:47:41
na krajot na kraistata, moze komentarive sto se pisuvani kako "hvalopjevi" kon "golemiot drzavnik" "golemiot dejec", koj sto zbori kako opozicioner , so kafanska intonacija, mesto kako pretsedatel na drzava,i ne se od luge, moze e nekoj program koj "shtanca" ubavi zborovi za negovite "golemi zborovi". oti od nego dela ne vidovme! i ve molam dramatizacija vo cest na crvenkovski ne ide, zvuci glupo.ko ovie izbori bile najkrvavite vo istorijata na makedonija!!!bozee!!ko da se zbori za ilindenskoto vostanie pokrenato od heroi ,a ne od kriminalci!! toj makedonec vo eu gleda li vo atina i vo grcija sto se prai, ili za toa vo eu e zabraneto i nedostoinstveno da se zbori. takvite ko nego se samo plevel sto ima koren, a ne plemenito rastenie sto ima smisla da postoi barem samo kako ime so koe sto se rodil!!
Од: zabegan2
Датум: 19.12.2008 12:48:56
Nema potreba da se prisustvuva kade se zboruva za veter i magla. Najdobro ce beshe da se isklucat mikrofonite i da se pusti muzika od klavir kako vo Chaplinovite filmovi. Toj sto edno kazuva a drugo pravi najdobro se iskazuva taka. Site ce bea pozitivni, nasmeani i ce se pozdravea na krjot. Dobra predstava - ce recea. Ovaka: Jas ve plasham i vie mora da se plashite. Nema da vlezete vo EU nema da vlezete vo NATO. Zosto da se prisustvuva na repriza koga seto e vece kazano vo premierata? Do Makedonec vo EU - se gleda deka sekoj petok urda jadesh.
Од: sale
Датум: 19.12.2008 12:53:33
од кога дојдоа дпмн-овците на власт не видовме една права политичка дебата ,па вистински да ги согледаме работите,нека казат сто мислат со нивните аргументи во лице
Од: Antonio
Датум: 19.12.2008 13:17:48
Mnogu mi e smesen ovoj zoltoklunec koj sebesi se pretstavuva kako minister za nadvoresni raboti,a koj neodolivo me potsetuva na her plik od humoristicnata serija alo alo(se prikazuva na tv alfa),maliot ocigledno zaboravil kako pokojniot ptretsedatel Trajkovski dojde na taa funkcija.A podocna ni toj ne im cinese pa tatar vojvodata duri i se izvinuvase pred celata makedonska javnost sto voopsto go podrzal.I i nneka se seti doticniot "strajkuvac so glad" koj im bese kandidat na prethodnite pretsedatelski izbori.
Од: биљана
Датум: 19.12.2008 14:08:04
Ми се ГАДИ од овој лицемер...Како може толку да не си ја сака и почитува сопствената земја и народ... Како може да плука за се во земјава , а при тоа оградувајќи се себеси од одговорноста, за сите пропаѓања на Македонија за тоталниот колапст што и го направи на државата,како на меѓунар��де план така и на финансиски план опустошувајќи ја до дно, а на чие чело беше од 1991 го. Исто така не можам да се изначудам на неговата констатација а и констатација на неговите пајташи, дека "Дури и кога пресудата би била во корист на Македонија, не постои ефикасен механизам со кој Грција би се натерала да ја спроведе одлуката на Судот. При евентуален таков исход ние би добиле само морална сатисфакција, но клучната цел, членство во НАТО и ЕУ повторно не би ја постигнале." Алооо...Дали размислува кога го кажува ова. Секако дека ако Македонија го добие спорот, а сигурно дека ќе го добие, Грција ке мора финасиски да ја обештети Македонија,затоа што со непочитување на Спогодбата и нанела непроценлива штет
Од: Spurga
Датум: 19.12.2008 14:48:57
Edno me interesira.Od kade toa,uporno da se kazuva deka SDSM ili Crvenkovski bile na vlast 17 godini.Sto e problemot so odredeni luge.Ne sakaat da ja razberat vistinata,ili se pravat so sila slepi,ili pak ne razmisluvaat kako sto treba,posto imaat nekoj drug da razmilsuva za niv.A mozebi i najlesno e vinata za greskite koi se napraveni,i pokasno svateno deka se naapraveni, da se prefrla na nekoj drug.Pozdrav
Од: Odgovor do Vase
Датум: 19.12.2008 16:39:04
Covekot e gl(j)upco.
Од: acko
Датум: 19.12.2008 16:51:03
Sekako deka bega od obelodenuvanje na negovata kvazi politika i ekonomija.Vaka eden den ke pobegne i od makedonskiot graganin najverovatno kaj Stanisev vo Bugarija.E togas nie ke se cesame..................
Од: од сузана
Датум: 19.12.2008 18:32:17
за жалење е ова што ни се случува во македонија им дадовме власт на луѓе кои кога нешто не е по нивни ќеф се однесуваат како дете на кое му е одземена омилената играчка срамно е што премиерот не присуствува на обраќањето на претседателот на државата кој што кажа многу реални и вистинити работи па дури и самокритични .црвенкоски е се уште претседател на рм кој што го избра народот и треба да се почитува како таков без оглед на тоа дали на некого во владата му се допаѓа или не се прашувам дали ние некогаш ќе донесеме на власт нормални луѓе кои ќе имаат храброст и врлина да ги признаат добрите работи и позитивните резултати на своите политички противници и да не мислат дека ако не се согласуваш со нив не значи дека си против нив туку дека имаш глава со која мислиш и уставно право на различното мислење (можеби оваа влада и тој дел од уставот ќе го промени,се немааат сетено до сега)благодарност до претседателот на рм за досегашната работа

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Според претседателот, кај нас нема демократија
Извршителите внесоа паника кај должниците