Проект
Раде Шербеџија и Мирослав Тадиќ во Скопје
Македонската јавност на 20 декември во Универзална сала првпат ќе има можност во живо да ги види и слушне Раде Шербеџија и Мирослав Тадиќ, кои доаѓаат во Скопје со проектот „Имам пјесму за тебе“.
„Ако се земе предвид дека во албумот преовладуваат македонските традиционални песни, неколку ромски и лички песни, ќе биде вистинско уживање да се чуе како тоа звучи во изведба на апсолутно најголемиот балкански актер и шансониер на сите времиња - Раде Шербеџија, со својот сензибилен, цврст, длабок и експресивен глас и еден од најголемите виртуози на фламенко-гитара Мирослав Тадиќ“, додаваат од „Авалон продукција“, организатори на нивното гостување.
Како што информираат, публиката ќе ужива и во неколку песни од Арсен Дедиќ, меѓу кои и легендарната поетска творба „Не дај се Инес“, која по неколку децении Шербеџија и Тадиќ ја ставија како дел од овој албум, и неколку песни од новиот албум што треба да се појави есенва. На скопскиот концерт, Шербеџија и Тадиќ ќе настапат во придружба на четворица врвни музичари: Април Гутрие - чело, Рој Естрада – бас-гитара, Кристофер Гарсија - тапани и Кристијан Терзиќ - пијано.
|