Број 3487  сабота, 22 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Македонија

Ги правеле со посебни потреби за да ги посвојат странци?

До министерот за труд и социјала, Бајрами, допреле информации за наводни злоупотреби со деца што се давале на посвојување надвор од земјава

Жаклина Ѓорѓевиќ


Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, има индиции за злоупотреби со деца од земјава што ги посвојуваат странци, и затоа смета дека е добро истражните органи да ги проверат овие посвојувања. Министерот, ексклузивно за нашиот весник, во интервју што ќе биде објавено во понеделник, изјави дека добил информации за злоупотреби со деца што наводно биле здрави, а во нивните документи биле заведувани како деца со посебни потреби, иако тоа не било вистина.

„Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактер��стики на дете со посебни потреби“, вели министерот во интервјуто за „Утрински весник“. Тој нема конкретни индиции за злоупотреби, а информациите ги добил во неформални разговори со луѓе надвор од Министерството. Токму затоа објаснува дека го вовеле електронскиот систем за посвојувања, за кој најави дека наскоро ќе профункционира. Според него, услов странец да посвои дете е ако претходно сите домашни посвоители се откажат од него, па дури тогаш странците да пројават интерес.


#
Статијата е прочитана 3719 пати.

Испрати коментар

Од: krt
Датум: 22.01.2011 12:15:01
Da e toa od praveno od vcera (sega) nisto ne bi bilo strasno, rabotata e taa sto ova e praveno so godini i zatoa na tie sto im se navistina potrebni deca za posvojuvanje i sto so godini cekame ne ni se dava prilika ni da vidime ni da zirnime, ova se pravelo sekogas za pari i porano i sega i ke se pravi a ne e bitno kakvo ke go napravat deteto. Alcnosta e golema po pari i ovde se zarabotuvaat mnogu pari, i koj ima ke ima i dete.
Од: roditel
Датум: 22.01.2011 12:18:13
До каде не се оди во злоупотреба на позициите а се само за профит? Министре доколку и до вас веќе допреле сомнежите тоа е веќе со сигурност така затоа што обично тој што е најповикан последен ги дознава информациите! Истерај те ја оваа работа до крај, вработените во центрите за социални работи се едни од најимотните .....
Од: Betina
Датум: 22.01.2011 14:01:25
Od edna strana dobro bilo za decata. Od druga strana ne e fer bidejki dolgi godini se "izmisluvaa deca so posebn potrebi za izvoz". A sto da ocekuvame od opstestvo koe ne mu e gajle za problemot.
Од: zapad
Датум: 22.01.2011 17:07:04
duri edna kina ne dozvoluva povecve posvojuvaje na deca od stranci a ne pa maked koja ime se pomalku naselenie..a tie deca so precki znaci li se od pomala vrednost pa da se izvezuvat???
Од: Itar Pejo
Датум: 22.01.2011 17:43:14
Sto ceka MVR? Treba vednas da ispratat 150 do zabi naoruzani policajci, se da pohapsat i da gi cuvaat vo zatvor se dodeka ne se najdat svedoci za da dokazat deka ovie glasini se tocni !
Од: Gligor
Датум: 22.01.2011 20:35:35
Za vakvite spekulacii smetam deka treba da bide angaziran ekspert za vakvi raboti-Dusko Minovski sega drzaven sovetnik vo Ministerstvo za trud, a isto taka i presedatel na sobraniskata komisijata za antidiskriminacija. Covekot ima raboteno na ovaa problematika okolu 10-15 godini skoro site posvojuvanja sto se izvrseni ucestvuval vo postapkata. sakam da kazam deka gi znae site mozni malverzacii i zloupotreba okolu ovaa problematika. Sakam javno da prasam ''kako e mozno kompjuterska aplikacija da odlucuva koe bebe kaj koi posvoiteli ke bide posvoeno, vo koja druga drzava ima vakva praksa, se reklo informaticko opsestvo i sega aj potsmevaj se so graganite??? Jas ke vi kazam vakva ludorija nema nikade, a mene mi se cini deka odlukata kade ke odi i koj ke gi posvojuva nasite deca da se prepusti na kompjuterska aplikacija e primitivno i cinicko ismevanje na celata javnost i drzavata od strana bas na onie koi gi prodavaat nasite deca bez roditelsa griza.
Од: iskusen
Датум: 23.01.2011 15:56:01
Ova e kapak na seto do sega sto se pravi vo vrska so posvojuvanjeto na deca. Do koga vo Centrite za socijalni raboti ce rabotata luge bez moral i bez custvo za toa kako treba da se vodi postapka za posvojuvanje.Moite sosedi cekaat da posvojat dete i mnogu dobro znam niz sto pominuvaat. Skopskiot centar e klasicen primer za neprofesionalno rabotenje.Od glaven pa nadolu.
Од: stavros
Датум: 23.01.2011 17:43:42
Da Dusko gi znae site necesni raboti zatoa sto Toj na toa raboi dolgo vreme. sega e nagraden so imenuvanje na mestoto pretsedatel vo komisijata za antidiskriminacija. Ima toj iskustvo i vo toa. Taa se bavi i so politicka diskriminacija, seksualno zlostavuvanje ... ima toj iskustvo ...
Од: ljupco
Датум: 23.01.2011 19:22:10
sramota za ministerot i za cela vlada sto se manipulira i so ova,.mesto za nasite luge sto se od od ova drzava da si posvojat da si ziveeat srekno gi usrekuvame drugi luge za pari.sramota za vladata

Најди! во Утрински
Македонија
„Tамифлу“ ќе препишуваат и матичните лекари
На бесплатна бања и преку „врски“
Татко планира да им стане мајка на своите деца
Холанѓаните навалија во Охрид и во Струга
Во Штип се гради еколошка куќа
Новаци брка инвестиции во Австралија