Број 3634  вторник, 19 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Многу ветувањa, а малку за радување

Силен оптимизам за раст и инвестиции во новата владина програма, но колку е тој реален

Нина Нинеска-Фиданоска
Александрија Стевковска


Список на убави желби што немаат никаква врска со реалноста или издржан документ со навистина оптимистички прогнози кои можат да се остварат доколку напорно и предано се работи за доброто на народот. Која од овие две квалификации повеќе одговара за во кратки црти да се опише новата владина програма за работата на Владата до 2015 година, што стигна деновиве во Собранието?

Економистот Никола Груевски и овој пат игра на картата на високи бројки на економски раст. Ветува пораст на БДП меѓу четири и пет проценти во следните 24 месеци, а за 2014 и 2015 година ги резервира границите меѓу 5,5 и 7 проценти. Инвестициите се тие што треба да го донесат ваквиот пораст на македонската економија. За периодот од 2011 до 2015 кумулативното ниво на инвестиции се очекува да достигне фрапантна бројка од две милијарди евра. Сосема логично на ваквите резултати, невработеноста ќе се намалела од сегашните 31,2 проценти, на дури под 25 отсто по четири години. Можно ли е овие сегашни прогнози да станат и вистински статистички показатели во иднина и, што е уште поважно, има ли шанси тие, од хартијата на која сега се наброени, да се пресликаат и во реалните животи на македонските граѓани.

Економските аналитичари се децидни дека во програмата на новата Влада има навистина многу, многу оптимизам. Од каде го црпат Груевски и неговите министри е прашањето на кое сите би сакале да го слушнат одговорот. Изворот сигурно не би требало да биде моменталната економска состојба која новата Влада самата си ја остави во наследство, минорен економски раст (со исклучок на последната бројка кај БДП од 5,1 отсто во првиот квартал), исклучително ниски инвестиции (само од почетокот на годинава имаше извесна позитива и тоа како резултат на вложувањата на постоечките странски компании, а не на нови фабрики), недопирлива невработеност и сиромаштија и сериозно загрижувачки пораст на надворешниот долг. Уште помалку, сметаат познавачите, би било логично Владата да се потпира на светските економски процеси, со оглед што финансиските состојби се повеќе од критични, не само во Европа, туку и во Соединетите Американски Држави.

Токму и тоа е алиби на новиот кабинет на Груевски, кој веќе го спакувал тоа во програмата, па ја споменал опасноста од можна нова светска криза. „Доколку не се јави нова светска финансиска и економска криза и рецесија, очекуваме кумулативниот прилив на странски директни инвестиции во периодот од 2011 до 2015 година да достигне над 2 милијарди евра“, е еден сегмент од владината програма.

Професорот Ванчо Узунов од Правниот факултет е скептичен. „Навистина ме интересира на што се темелат очекувањата за раст на БДП од 4 до 5 отсто во 2012 и 2013 година, како и од 5,5 до 7 проценти во 2014 и 2015 година. Не мислам дека ќе се успее да се остварат тие бројки. Напротив, скептичен сум и дури сметам дека барем ако се реализира половина од тоа, треба да бидеме среќни“, коментира Узунов. Ништо пореални, според него, не се ниту плановите за кумулативно ниво на инвестиции од две милијарди евра. „Добро би било кога би биле наведени конкретните извори. Вака програмата изгледа како список на желби - што некому му се сонило тоа и е ставено во програмата. Неверојатно е дека ќе се оствари тој износ“, нагласува овој аналитичар. Тој додава дека е „интересен“ и планот за намалување на невработеноста под 25 отсто, бидејќи „ако не се оствари другото од програмата, таа не само што нема да се намали туку и ќе се зголеми“. Зоран Ивановски, професор на Универзитетот за туризам, вели дека планираниот раст е во секој случај оптимистичка бројка ако се има предвид економскиот циклус во кој се наоѓа Македонија, како и опкружувањето. „Го поздравувам тој оптимизам и се надевам дека ќе се реализира. Но, ако навлеземе подлабоко за да видиме дали се реални тие бројки, треба да ги знаеме политиките и инструментите на државата што ќе се спроведуваат. Јасно е дека излезот за нас се инвестициите. Сепак, околу трошењето на државата, препораката е поголема транспарентност при трошењето и консултации со експерти. Бидејќи сите инвестиции што ги почна Владата нема да предизвикаат и подобра економска состојба. За поголем раст се потребни само инвестиции во бизнис-секторот, а за тоа треба да се стимулираат и домашните и странските инвеститори. Инвестициите тешко дека ќе дојдат без евроатлантското интегрирање на Македонија“, вели Ивановски.

Овој експерт многу практично укажува на загрижувачката финансиска состојба во Европа и на начинот на кој таа ќе се рефлектира врз Македонија. „Би и' препорачал на Владата поголема претпазливост при трошењето на буџетските средства. Должничката криза ги зафаќа ЕУ и САД, што носи нарушување на финансиските пазари и ја зголемува цената на капиталот. Тоа ќе се преслика и на проблемот на нашата задолженост и ќе доведе до тешкотии како да се стигне до средства. Многу германски и француски банки се загрозени поради грчката криза. Од тие причини, нови трошења и задолжувања без продуктивни резултати не се препорачливи“, нагласува Ивановски. Двете стопански комори што го претставуваат бизни��-секторот и на кои најмногу се однесуваат мерките, вчера не беа многу расположени детално да ја коментираат новата владина програма.



#
Статијата е прочитана 2890 пати.

Испрати коментар

Од: илегалец
Датум: 19.07.2011 02:45:07
Груевски се покажа дека е најголемиот пропаганден итрец. И масовно да почнеме да умираме од глад, тој ќе продолжи да не убедува дека преородбата дава добри резултати.
Од: vladimir petrovski
Датум: 19.07.2011 04:24:32
po 15 dena na odmor bez kompjuter ivesnici i koga se vrativ vo bjrm svativ:deka bjrm e najlosata zemja vo evropa,celiot sistem se bazira na lazgi ne samo na vmro tuku na site pa zatoa po presnetkata site so sekogo do naevri ke zgasneme ko praven subjekt????
Од: Lazo Stefanov
Датум: 19.07.2011 05:58:06
Programa na vetuvanja, spakuvana vo posakuvanja za napustanje na siromastijata. Kolku se tie pogolemi, tolku e golema i povrdata deka dosegasnite postignuvanja bile navistina mali i naznacitelni.
Од: Sonista i manipulacii
Датум: 19.07.2011 07:58:07
Srbite velaat:' Sto je babi milo to joj se i snilo". ili so nasi zborovi kazana toa se obicni sonista i manipulacii za narodot.Sega koga svetskite ekonomski strucnjaci predviduvaat ponova finansiska kriza ovie mpredviduvaat astronomski rast na BDP i investicii?! Tie eve i na nevrabotenite im ja ukinuvaat zdravstvenata zastita. Fondot za zdravstvo krahira. apred krah e i Fondot za penzisko.No imame spomenici i ce jademe bronza. Nazad ni e zimata so ovie patrioti
Од: Трпе
Датум: 19.07.2011 08:04:10
Тоа што мр мистер Рејтинг го ветува и самиот на себе не си верува.Порано лажеше дека мораше а сега му помина во навика.За џабе не беа пишувани многу коментари во кои се потенцираже поговорката,не умирај магаре до зелена трева.Само да им веруваме дека за овој мандат дали ке биде цел или половичен .ќе се натоварат уште колку можат а обичниот народ како сака нека гледа во нивните дела(спомениците и музеите)или во звездите.Не му е за прв пат на ова напатено македонско народче.Но надежда последна умира.
Од: gjole
Датум: 19.07.2011 08:04:20
pa zatoa ne ste na vlas deka ne znaete zatoa se cudite i vie kako vesnik i toj strucnjakot
Од: bitola troa skolovan
Датум: 19.07.2011 08:31:24
Koja e Celnata grupa za ovaj napis kon onie sto rakopleskaat na manifestot ili onie sto troa razbiraat ekonomija - matematika.Za zal tie sto razbiraat se mnogu malku a i samite ova sto go pisuvate go znaat dodeka drugite ne sakaat ni da cujat nesto poinaku od manifestot zatoa ne pisuvajte toa sto "ne vrvi na pazarot"
Од: miki
Датум: 19.07.2011 08:55:59
Ne e najstrasnoto sto Gruevski laze(taka funkcionira) tuku sto tolku lugje mu veruvaat seuste..Vakov mazohizam, da custvuvaat deka sekoj den im e se poloso a povtorno da go glasaat ne e veke politicki tuku psihijatriski fenomen!
Од: kiki makedonski
Датум: 19.07.2011 08:58:15
Ветувањето сега е лесно и бидејќи се надзира кој ќе биде виновникот ако не се оствари предвиденото. Рецесијата. А владата ден и ноќ ќе работи ( граде ). Но што може не е крива.
Од: забеган.
Датум: 19.07.2011 09:44:44
Супер е продолжете,,,,,,,,,,,,,,,,,,,.Носете закони и тоа ТУРБО.Инаку нема Блада не дава Дуи.Удрете овој народ и не заслужил подобро.
Од: jean luc picard
Датум: 19.07.2011 10:18:06
народе спремај се за најлошото. идат гладни и боси години!
Од: mirce
Датум: 19.07.2011 10:19:08
So Minister kako Vele Samak se ocekuva nesto, covekot ne go biva za nisto. Ne treba poveke da bide vo Vladata.
Од: Citatel
Датум: 19.07.2011 11:00:42
"Професорот Ванчо Узунов од Правниот факултет " i "Зоран Ивановски, професор на Универзитетот за туризам" se najkompetentnite za da odgovaraat na prasanja od ekonomskata svera. Vi falele uste nekoj od Pedagoska i Zemjodelski nauki i hrana za da imame kompletna slika od EKSPERTITE. Gi cuvate ekonomistite za temi povrzani so proizvodstvo na struja ili za lekovi? Barem da bea biznismeni ili na bilo koj nacin direkt povrzan so ekonomijata.
Од: Sonja
Датум: 19.07.2011 11:32:39
Da gospoda komentatori, no problemot i situacijata se mnogu seriozni, nemoze da se ostavi nekakva si skelpana vlada da se zaeb.. so narodot. Idninata ke bide katastrofalna ne samo od ekonomski aspekt tuku i od socioloski. Sramni se pisuvanjata vo tekstot koi ne se potkrepeni so nisto osven so "bog ke mu dade pari na vozdot". Pa mozebi ke padnat od neboto kj li ke znae. Uzas, a site spijat.
Од: Радувајте се само
Датум: 19.07.2011 11:33:16
Професор од ПРАВНИОТ факултет сте го прашале да зборува за ЕКОНОМИЈА?!
Од: trpe od gradsko
Датум: 19.07.2011 11:38:15
Narode glasavte za VMRO-DPMNE i Gruevski uzivajte vo siromastija, izolacija i lazni vetuvanja veke 6 godina ke pocne otkako e na vlast...pa uzivajte baravte...uzivajte...siromastija, tezok zivot, izolacija od VMRO-DPMNE i Gruevski...
Од: made in italy
Датум: 19.07.2011 15:20:49
Jas nekni rekov deka:"Narodot vo Mak.e politicki i nazio.OTRUEN",i goli bosi da ostanete pak VMRO i GRUJO ke bidat idoli vo Mak.,bes razlika kolkava e nivnata vina,Citam tie celata krivica im ja prepisuvaat na prethodnite vladi i cak se vrakaat za 20 god.gledaj denes i misli za utre i popravigo toa od vcera ako si politicar so m..e toa tuka vo zapad go nema,mala greska narodot te kaznit bes razlika dali e od svoja partija,za vase dobro vreme e da izlezete od taa koma oti ke vi bide mnogu kasno!!!,pozz.
Од: jimmy1b
Датум: 19.07.2011 17:33:55
Sigurno dedo Mraz ke mu gi ispolni zelbite. Da si prikupi uste nekoe stance, da si zaposli nekoj od rodninite veruvam, a vo drugo nisto ne veruvam zosto od diktator nemozi da se ocekuva napredok.

Најди! во Утрински
На прво место
Туфегчиќ не доби унапредување
За чиновниците нема зима

"""