Број 3482  сабота, 15 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Притвор за крадците што беа ранети во Велес

Едномесечен притвор им е одреден на двајцата разбојници што пред некој ден беа ранети по кражбата што ја извршија во продавница за техничка стока во Велес. Против скопјаните Алмедин Хаџибулиќ (26) и Јасмин Куч (22) полицијата поднесе кривична пријава за посебни случаи на фалсификување исправи, односно за тешка кражба. Третиот нивни партнер е во бегство и по него се трага.

Според МВР, тројцата осомничени во почетокот на 2011 година украле скопска регистерска табличка од „југо“ и ја ставиле на „ауди 80“, со кое во понеделникот ја извршиле кражбата во продавницата за техничка стока „Мастер нет електроникс“ во Велес. Оттаму украле осум лаптоп-компјутери и два ЛЦД-телевизора и ги ставиле во „аудито“.

„Во моментот кога ја вршеле тешката кражба, биле забележани од полициски службеник, кој во два наврата гласно ги предупредил со зборовите ‘стој полиција‘“, велат од полицијата.

Но, откако тие продолжиле со кражбата, полицаецот испукал во воздух неколку куршуми од својот службен пиштол.

„Пријавените, не почитувајќи ја наредбата, влегле во возилото, вперувајќи огнено оружје кон него, по што од страна на полицискиот службеник б��ле испукани неколку куршуми кон возилото со цел да се онеспособи и сторителите да бидат фатени“, соопштуваат од МВР.

Крадците, сепак, успеале да заминат со возилото во правец кон Скопје, по што Хаџибулиќ и Куч побарале лекарска помош во Градската болница, а третиот партнер го однел возилото кај каменоломот во близина на Катланово и го запалил. Во близина полицијата пронајде еден лаптоп за кој се верува дека е украден од велешката продавница. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 992 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Обвинителството гледа докази за криминал во снимките
Ја кренал во воздух камерата што лови несовесни возачи
Во пожарот изгоре исчезната девојка од Битола
Тројца осуденици избегаа од затвор
Измамник оставил старец без пензија
Претепале инкасант за не платат патарина