ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА
Собрани 15.000 евра од аукцијата за Онкологија
Под мотото „Да го продолжиме животот“, во понеделникот вечерта (30 ноември), во Универзалната сала во Скопје се одржа хуманитарна вечер за собирање средства за санација на апаратот за аплицирање на цитостатоци на Клиниката за онкологија во Скопје.
Се одржа модна ревија на која многу познати дами од јавниот живот носеа вечерни фустани од модната куќа „Елена Лука“, која воедно беше и донатор. Гледачите имаа можност да се јавуваат на телефонскиот број 143-404 преку трите оператори и да донираат 100 денари од повик или, пак, да учествуваат во аукцијата за фустаните што беа дел од ревијата.
„Беа собрани 15.000 евра што е речиси целата сума што е потребна за апаратот за цитостатици“, вели Зоран Стојковски од Центарот за институционален развој, кој во соработка со МТВ беше организатор на хуманитарната акција. (С.П.) |