Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Референцата како план Б

Eдинствен притисок што го трпи Грција во Брисел е да се справи со економската криза

Слободанка Јовановска

Државниот врв си губи време и си троши од кредибилитетот, барајќи прием во НАТО и преговори со ЕУ со референцата БЈРМ, е општ став на сите што го следат спорот за името и во Македонија и надвор.

„Не може одеднаш од небо да извадите таков предлог. За да биде тој прифатлив во меѓународната заедница, треба одреден контекст и подготовка на терен. Истото тоа не успеа пред две години на самитот во Букурешт, кога климата кон Македонија беше попозитивна и го имавме американскиот лидер Џорџ Буш на наша страна, па нема шанси да помине сега. За да се успее, требаше досега да се подготви атмосфера и да се повлечат евентуално некои од провокативните „антички“ потези кои и станаа аргумент за вето на Грција“, оцени дипломат упатен во спорот за името. Грчки извори од Брисел, исто така, барањето го сметаат за апсурд, бидејќи Атина веќе го одби на самитот во Букурешт, па ќе го одбие и сега, бидејќи секогаш може да се повика на аргументот дека Македонија прва ја прекрши Привремената спогодба. „Би било политичко самоубиство ако Атина прифати датум за Македонија или прием во НАТО со референцата, бидејќи во сегашната

3економска ситуација в�� земјата премиерот Папандреу нема простор за маневар“, вели овој извор. Според него, единствен притисок што го трпи Грција во Брисел е да се справи со економската криза и никој не го прави тоа за спорот околу името на Македонија.

Референцата нема шанси, е став и на Зоран Талер, известувач од Европскиот парламент за Македонија, бидејќи, според негова оцена, Грција не би го дозволила тоа, иако би го поддржале сите други. Според него, Македонија моментно има три проблеми, цврстиот став на Атина за спорот, немањето интерес во ЕУ и во САД да се ангажираат да се реши спорот и немањето цврста стратегија во Владата во Скопје и меѓу позицијата и опозицијата во Македонија што да се прави околу проблемот. Во прилог на блокадата одат и очекуваните бројни критички забелешки во ноемврискиот извештај како резултат на летаргијата околу реформите, па и одењето назад во некои од областите, поради што Македонија се' помалку е на дневен ред во Брисел. „Во Македонија мора да престане ова дриблање кој е крив. Со тоа земјата се доведе во пат-позиција“, оцени Талер, додавајќи дека Владата треба да бара решение, а не постојано да ја менува темата, како ова сега со референцата.

Процените во ЕУ се дека игрите околу македонско-грчкиот спор почнале да личат на детска градинка, со Грците кои глумат дека се навредени од однесувањето на Македонија и со нашите функционери кои не кажуваат што сакаат. Неофицијално, и еврокомесарот Штефан Филе почнал да се држи настрана од спорот, бидејќи не сака да си го троши кредибилитетот во спор кој нема изгледи дека ќе биде решен.

Зошто, по сите овие пораки, претседателот Ѓорѓи Иванов, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, и министерот Зоран Коњановски во Рим, Стразбур и во Вашингтон туркаат нереално барање во НАТО и во Европската унија?

По се' изгледа, станува збор за алиби политика, бидејќи со блокираните преговори и распрсканите илузии дека е можно решение, друго моментално не остана, а самитот на НАТО и извештајот на ЕУ се веќе на дофат. Од Брисел уверуваат дека препораката за преговори од минатата година нема шанси да биде проблематизирана годинава, но за неа се' помалку се расправа, а на Грција не и' се брза. (С.Ј.)


#
Статијата е прочитана 2673 пати.

Испрати коментар

Од: Да се прекине ова понижување!
Датум: 07.10.2010 12:17:19
Зошто не се почитува Привремената спогодба? Како да се договориме со грција кога никаков договор не се почитува?
Од: Perica
Датум: 07.10.2010 12:36:28
Pa neli ne cinese referencata, pa neli Kiro I Branko bea najgolemi predavnici sto voopsto ne vnele pod referenca vo ON? Ova e politika kupi den prodaj , za da se ostane na vlast ,navistina ne mi e jasno kako javnoto mnenie se uste "padja"na vakvi eftini trikovi. I na kraj prosto prasanje do sekoj Poranesen Jugoslovenski Makedonec sto e podobro, ednostavna geografska referenca ili ovaa lakrdija od PJRM?
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 07.10.2010 12:46:08
Portokalive so 4-godisnata noeva politika, sami se dovedoa vo ovaa situacija. Sega so glavite vo pesok i so smknati gakji, Grcite kje im pravat sto sakat..... Samo, tragicno e sto cela Makedonija stana zaloznik na ovie portokalovi dilberi.... Pak B.C da ne e kriv, a Felix? Koj li kje pretpostavese deka elitnite portokalchinja (Griujo, Milosovski, Gjole the Who i Konjanovski) kje zastanat vo odbrana na svetoto ime FYROM :)))))
Од: Trpce
Датум: 07.10.2010 12:54:24
mnogu mal e pritisokot za ekonomskata kriza vrz Grcija..samo se kupuva vreme, se raboti za ogromen dolg...ne samo problemot za imeto, tuku i polnopravno clenstvo vo Nato ili kandidatura za EU se minorni raboti..EU birokratijata ke go jade kalajot koga ke izlezat i drugite drzavi so golemi dolgovi ... lekot e samo silna ekonomska razmena so Rusija, Kina i tretiot svet... pa i EU gi preseli fabrikite vo 3-ot svet, oni samo izigruvaat Lihvari so napumpanoto Evro koe e pred izdishuvanje.. a ne go saka ni UK, ni Svedska, pa ni novite zemji clenki
Од: Akademik, MANU
Датум: 07.10.2010 13:06:13
Na pogrshna strana se bara reshenieto za problemot so imeto! Edinstven nachin e da se odi na Megunarodniot sud , preku Generalnoto Sobranie na ON (kako Srbija), i da se pobara Sovetodavnoto mislenje za legalitet na (nelegalnata) referenca BJRM i obvrskata (isto nelegalna) za pregovorite za svojeto ustavno ime, (so druga drzava koja ne go priznava)!! Se drugo e pokazhuvanje nemok i neznaenje. Sega koga imame 129 zemji pod model RM, a odlukite se donesuvaat so prosto mnozinstvo vo Sobranieto na ON, mora da se trgne vo akcija!
Од: Call me FYROM!
Датум: 07.10.2010 13:54:48
Дали се работи за истото министерче што изигруваше подвижен билборд со натпис "Don't call me FYROM"?Дали се работи за истата партија што БЈРМ ја нарекуваше БАЈРАМ?Дури сега ништо не ми е јасно.Чекам некое портокалче да ми објасни!
Од: marko
Датум: 07.10.2010 14:19:09
ovie od dpmne so grueviski na celo ispadnaa pogolemi jugonostalgicari i od srbokomunistite pa sega sakaat makedonija zasekogas da ostane bivsa jugoslovenska republika i konecno si go pokazaa svoeto vistinsko lice na velepredavnici na makedonija epa da znaat vmro nema da im dozvoli da ja unistat makedonija i da ja napravat bivsa jugoslovensa republika
Од: Миле - Охрид
Датум: 07.10.2010 15:58:23
Каква самоувереност на пишувачот на овие редови кога, како сопствена оцена, го пласира официјалниот став на грчката пропаганда и вели „Државниот врв си губи време ..., е општ став на сите што го следат спорот за името и во Македонија и надвор. Тоа може да биде само пуста желба на подржувачите на грчките шовинистички барања за промена на нашето име во државава. Не ве има толку многу колку што ви се чини. Најверојатно таков впечаток добивате бидејќи сте добро мотивирани, за да бидете гласни и правилно инфилтрирани во голем број медиуми кои известуваат на македонски јазик. Впечатокот ви е погрешен. Македонците ги поздравуваат потезите на Владата.
Од: ДО АКЕДЕМИЦИ ,МАНУ..........
Датум: 07.10.2010 16:24:33
Од вакви академици ,советници и почетници во политика дојде Македонија.Собирајќи поени за одржување на власт и рејтинг,Грците си собраа поени за својата држава. Меѓународен суд,правда , бројки на држави кои не признале под уставно име тоа не важи така како ние сакаме..Ех кога некогаш би прогледале ваквите „академици“.Резултат на популизмот -ослабната позиција на Македонија во светот. тоа е главно, другото се е бадијала.Политика е умешност на некои ПОИНАКВИ патриоти! Нека оди власта да му се извини на Глигоров што го загуби и FYR Macedonia.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.10.2010 18:50:21
Станува предосадно да им се повторува на поедини коментатори да ич не им лежи симулационо-ползечкото однесување кон сопствената држава и народ,но тие се упорни и тоа тие.Инаку оној ПГ и ГД ептен греши кога ме прашува дали Б.Ц е виновен.Уште малку воопшто нема да биде виновен барем по Вест,ќе си одит во пензија вистински,имал притисоци од внатрешната опозиција па се до странците.
Од: mene
Датум: 07.10.2010 18:55:38
Pa moze li ushte da stiskame da vlezeme vo EU koga imaat finansiska kriza ( a moze i raspoad)? Ili mozda sakame tolku mnogu da i pomogneme na grcija hmmm, ako sme vo EU ke treba da donirame za grcija da ne ja unishti EU neli?
Од: ЏАБЕ СЕ ГУБИ ВРЕМЕ НЕМА РЕШЕНИЕ
Датум: 08.10.2010 08:11:16
Грција нема да се согласи со ништо освен наша капитулација или самопреименување или овие Македонци се различни од тие итн. Не е можно решение со шовинисти и после таков фашизам над македонскиот народ. Или прекин или да се чека да олабават со објаснување на вистината пред демократскиот дел од светот. Вистнска демократија кон малите народи нема. Вразумете се Македонци да не биде касно после овој беше оној беше. Слично е како во 1913 не беломорците или егејците не успеале сите не сме успеале.
Од: Stojko
Датум: 08.10.2010 08:53:47
@Feliks> Dobro e , tuka si. Izgleda se vklucuvas na klucni zborovi: dpmne, referenca i sl.
Од: makedonka
Датум: 08.10.2010 10:11:32
До кога ќе ги слушаме како го лажат народот дека нешто работат во врска со решавање на проблемот?! Да работеа нешто ќе имавме нови можни решенија,а не да се вратиме на нешто од минатото. Со нивната антиквизација дојдовме на колена пред светот. До пред година дена ни БЈРМ не беше прифатливо,а сега молат за истото. Јас не знам дали има држава во која до овој степен е изгубен дигнитетот на нацијата само за да се остане на власт!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Ако снема вакцини, ќе се позајмат
Компјутерите во наставата се користат инцидентно






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma