|
|
|
|
|
|
Од изборите остана само вревата
Експертите велат дека кај нас е вообичаено да се прави фама од изборите, а јавноста ги доживува како момент на големи возбудувања
Оливера Војновска
Владејачката партија не ја прифати фрлената ракавица од опозицијата за распуштање на парламентот и барем за извесно време го архивираше прашањето за предвремените избори. Деновиве се крена многу врева и се потроши многу енергија на полемиката дали на Македонија и' требаат уште едни вонредни избори, кои овој пат ги побара СДСМ.
Но, малкумина поверуваа дека социјалдемократите на Бранко Црвенковски во овој момент навистина сакаат ново изборно соочување. Како што малкумина очекуваа дека премиерот Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи на такво нешто, особено откако ДУИ експресно се изјасни и кажа „не“.
Познавачите на нашите политички состојби посочуваат дека и на левицата и на десницата не и' одговараат избори, но темата е погодна за одржување кондиција кај членството и за меѓусебни препукувања. Експертите велат дека кај нас е вообичаено од изборите да се прави фама и добар дел од јавноста ги доживува како момент на големи возбудувања.
Професорот Ѓорѓи Тоновски од Факултетот за правни науки при ФОН е убеден е дека се работи за политичка манипулација. „Опозицијата е слаба и не верувам дека искрено ги побара изборите. Свесни се за популарноста и дека не толку се моќни да ја освојат власта. Се работи за политички маневар и тоа е очекувано во рамките на една политичката борба. Опозицијата не може да молчи, мора да прави нешто за да го сврти вниманието“, вели Тоновски.
Неколку дена се правеше драматика околу ставот на десницата. Се пуштаа дозирани информации дека за ова има поделени мислења и во ВМРО-ДПМНЕ и меѓу помалите партнери од портокаловата коалиција. Сепак, Тоновски е уверен дека премиерот во ниту еден момент не се двоумел за избори, туку само сакал да остави таков впечаток. „Во прашање е политичка игра: еве јас сакам, ама паријата не сака. На ВМРО-ДПМНЕ сега не и' требаат избори. Имаат се' уште непотрошени адути. Сега ќе се даваат концесии за патишта, хидроцентрали. Со неколку вакви зафати може да собираат поени и имаат прилика да кажат дека се дава импулс на економски план“, смета тој.
Политичкиот аналитичар Јове Кекеновски вели дека опозицијата „барала избори, ама се молела да не ги добие“. Но, и тој не очекувал дека премиерот ќе го прифати барањето за избори. „ По децидната изјава од ДУИ дека не е време за избори, беше јасно дека Груевски нема да се согласи за предвремени избори. Истовремено, премиерот сакаше да му стави до знаење на Црвенковски дека избори ќе има тогаш кога тој ќе сака. Што е многу важно, сега ја очекуваат кредитната линија од ММФ - околу половина милион евра, кои не би сакале да ги изгубат поради изборите“, смета Кекеновски.
Аналитичарот Ибрахим Мехмети вели дека на ДУИ не и' одговараат избори, бидејќи не би имале аргумент за нов мандат. „Не ги остварија целите кои им ги ветија на избирачите: НАТО и ЕУ. Така што, ДУИ не ќе имаше што да понуди, ќе мораше да се правда дека не е виновна за стагнацијата во евроатлантските процеси. На ВМРО-ДПМНЕ пак, и' одговара да продолжи оваа ситуција. Анкетите покажуваат дека Македонците не ја осудуваат политиката на ненапредување во НАТО и ЕУ. Поголемиот дел од јавноста го подржува ставот да не се менува името за влез во ЕУ и НАТО“, смета Мехмети. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ има прилично стабилни позиции, па и да се решела за избори, можело да изгубат некој пратеник, но не и власта. |
#
|
Статијата е прочитана 1857 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 10.12.2010 12:18:34 |
|
Dobro isprobuvanje na kondicijata na politickata scena, vo koja sepak, se gleda stravot na pozicijata so t.n. mali partii - urgentni sostanoci, koj posleden se smee najslatko se smee (kakva perverzija tokmu od Bicikliski). Dobro e da se drzi situacijata tenzicno, da se potsetuva zosto se zemeni aplaudiranite pari od MMF, da se vrsi nadzor da ne zabega vlasta (primeri kolku sakas vo opkruzuvanjeto)i taka da na demokratski nacin se docekaat izborite, koi spored popismenite bi trebale da bidat : "vetrot nosi ubavo vreme". |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 10.12.2010 13:28:54 |
|
i sto ako ima izbori?pak ke izgubi SDSM i samo pari ke se ispotrosat.Neka kaze SDSM kolku pari ke se potrosat za izbori koi nisto nema da promenat i koj ke treba da gi plati tie izbori |
|
|
|
|
|
|
Од: i od mene |
Датум: 10.12.2010 13:54:29 |
|
navistina zosto da se trosat pari za izbori. pa na nas ni e ubavo na Vlast. So tie pari ke mu izgradime na Gazafer palata vo Paljurci, i ke bapneme uste nekoj spomenik. Nekni vidob na plostad pedestina metri sloboden sprostor i navistina izgleda nekeko neubavo. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 10.12.2010 14:06:02 |
|
Времето за предвремени избори е стасано како презреана смоква.Но опозицијата не е насилничка како дпмне-овците.Тие сакат власта да ја земат по демократски пат.Нема да дозволат светот со нашата напатена земјичка да си прави шеги.Како што ова бладеачка партија државата ни ја направи циркуз.Не само што светот крена раце и господ се откажа од нас.Од глаата си патиме во карикатуралната безимена држава.со лажните патриоти на чело. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ја |
Датум: 10.12.2010 14:48:58 |
|
Цитат на Глуевски на крајот од партискиот состанок по повод барањето на опозицијата за предвремени избори:„Со оглед дека рѓосаната машинерија на СДСМ почна да работи турбо,мојот став е да седиме мирни уште 2 години затоа што не сакам да бидам песимист,но она во неделата кажува дека висиме на тенок конец... Дајте да видиме каде грешиме“. И оп - нема избори.Пусти страв од губење фотелја. |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 10.12.2010 15:18:07 |
|
Problemot sto go imaat makedonskite partii e toj sto nekoi imaat USI za maliot makedonec dodeka vladeackata nema .Dali ke ima ili nema izbori e samo eden poakzatel koj doaga od strana na 50 tina iljadi gragani vo koi vo skopje go pokazaa toa.Da se pravis gluv za toa sto ovie demonstracii i medii go pokazaa. Makedonija ide se dolu kade se gleda napredokot na zemjat a kade odi makedonija koga sekoja godina se slusaat samite prikazni a samo edni imaat "korisrt" od toa.Ako nekoj treba da se podzamisli toa e toj koj vodi toj go pokazuva patot a ovoj pat ne odi na dobro ili mozebivie go gledate toa dobro vo vasite anticki mislenja filovani so massa omraza i inaet . |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 10.12.2010 16:06:43 |
|
Promena na vlastta e dobra za narodot,no istiot narod mu dade neogranicena vlast na segasnava garnitura. |
|
|
|
|
|
|
Од: tome sad |
Датум: 10.12.2010 18:08:45 |
|
Se trazat novi izbori vo ime na narodot ,zarem narodot se samo istite glasaci sto se sekogas so SDSM samo sega pojacani so nivnite deca i vnuci.Ova enekoj inaet na Branko samo da go obori Grueski i nisto poveke,zasto nemaat nikakvi idei za da ja podobrat sostojbata vo Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 10.12.2010 18:24:02 |
|
Некако имаме одсаство на опозициски коментатори (се знаат кои се)да коментираат за барањето избори а молење бога да не се добијат,знаејќи ја ,,должината на чергичето,,.Покажувајќи атрофирани мускули си го шармираа членството кое го поистовети како народ.Никој не исполнува музички желби селектирани,те не се оди на преседателски избори поради спасувачка мисија те сакаме избори оти така сака народот(читај сакаме власт) |
|
|
|
|
|
|
Од: Johnny |
Датум: 10.12.2010 19:00:23 |
|
Predvremeni izbori i smena na ovaa vlast se apsolutno potrebni i neophodni ako sakame da si ja zacuvame drzavata dodeka se uste sansite za spas ni se minimalni.Ne preteruvam.Veke nikoj od vlasta a najmalku Grujo zboruva za investicii,vrabotuvanja,kade se ekonomskite zoni, kade se francuskite,indiski,italijanski.kineski investitori,kade se Gligor Taskovic,Vele Samak,Viktor Mizo,kade se parite koi po niv gi rasfrlase Grujo.koi se efetkite od mlionite evra potroseni pari za nerazumni reklami na vlasta.Nisto nema od ona za sto gi dobi izborite.Namesto otcet za storenoto 1 godina od usta ne go vadi Branko.I pokraj evidentnata kriza se trosat narodni pari bez kontrola i usul, a od druga strana se zadolzuvame se poveke i poveke,na megunaroden plan ne nema nikad,propadnata e sekakva politika na ovaa nesposobna vlast.Zatoa potrebata od izbori e prasanje za opstanokot na ovaa drzava, a ne dali opozocijata e podgotvena,se raboti za spas na narodot i drzavata. |
|
|
|
|
|
|
Од: dalton |
Датум: 10.12.2010 19:14:13 |
|
Posle tolku vreme e napravena prava analiza na sostojbite vo Vasiot vesnik od vasiot novinar Olivera Vojnovska |
|
|
|
|
|
|
Од: ?! |
Датум: 10.12.2010 19:38:18 |
|
Кога би ги имале сите овие наши пријатели,кога би ја имале барем ваква каква е затемелена државава,кога би го имале оваквиот граѓански свет со волка концензус за стратегиските прашање,а кога би ја немале алчноста или недореченоста,како обланда во која е сместено ова првото,нашите преродбеници и дејци ( од сите кампуси)од минатото,кој знае уште од кога ќе бевме зацементирана држава си сите нишани.А не вака.И покрај се,сеуште сме после Букурешкиот.А до кога?!До новите избори,.или до век и векова?Во што е проблемот.Стравот од иднината?!Да не сме исплашени од големата сума,и немаме храброст да одиме на нередното прашање.Ако е така,има оправдување.На се или ништо и не е баш убава стратегија.
Но,илач за таквата сосотјба не се секако нови избори.Во ситуација на силното светкање на црвените светла,ратните секири нека одморат.Државата плаче,моли за помош.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Nake Tufekciev |
Датум: 10.12.2010 19:52:45 |
|
EU mu doaga kako vicot za brak,tie sto se vnatre sakat da izlezat ,a tie sto se nadvor sakat da vlezat vnatre |
|
|
|
|
|
|
Од: алек |
Датум: 10.12.2010 22:08:12 |
|
Гладна кокошка просо сонила -позната македонска поговорка и му ја посветувам на Сдсм.Жал ми е но оваа влада оди кон остварување на ветеното пред народот не пред исполнување на вашите желби !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Феличита |
Датум: 11.12.2010 09:55:57 |
|
Мирен,Стреле,мирен! Без паника! |
|
|
|
|
|
|
|
|