Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Буш ја храбри Македонија за компромис

Секое споменување на Македонија во Загреб беше прекинувано со аплаузи

Од нашиот известувач
Димитар Чулев

Загреб – Македонија само во неколку дена доби толку голема американска јавна поддршка за да почувствува дека зад себе сигурно ја има како пријател најголемата светска сила – Америка, но доби и порака македонските лидери да го завршат својот дел од работата и да најдат решение во компромис околу спорот за името. Отворената поддршка за Македонија на Џорџ Буш за време на посетата на Загреб, само два дена по мрачната одлука на НАТО во Букурешт, внесе поведро расположение кај македонските граѓани.

По силната поддршка на Буш, сега ние треба да го завршиме својот дел од работата. Лидерски средби на политичките партии, собраниска седница, консултации со интелектуалци и експерти, се дел од активностите на македонскиот државен врв со цел да започне градењето стратегија за дефинитивно решавање на спорот околу името со Грција, кој минатата недела беше причина Македонија да не добие покана за членство во елитниот НАТО-клуб.

Ова го најавија шефот на државата, Бранко Црвенковски, и Никола Груевски во саботата од Загреб по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, порачувајќи дека нема простор за разочарување.

„Жалам поради тоа што НАТО не ја покани Македонија, иако земјата направи големи напори во реформите... и дава значаен придонес во мисиите на Алијансата“, изјави Буш пред околу пет илјади загрепчани во говорот на плоштадот „Св. Марко“, кој беше централен настан од неговата посета на Загреб. Сите присутни секое споменување на Македонија во обраќањата на шефот на Белата куќа и на хрватскиот премиер Иво Санадер го прекинуваа со аплаузи. Со аплаузи и отворено изразување почит беше дочекано доаѓањето и на претседателот Бранко Црвенковски и на премиерот Никола Груевски на свечената бина.

Темата за одложеното асоцирање била доминантна на работниот ручек на Буш и државниот секретар Кондолиза Рајс со лидерите на Хрватска, Албанија и на Македонија. Повторен бил јасниот американски став, кој го поддржуваат и Хрватска и Албанија дека „Македонија мора да добие покана колку што е можно побрзо“.

„Знам дека ова е период во кој сите ние чувствуваме дека ни е нанесена голема неправда, што е точно. Меѓутоа, свесен сум дека многу рационално и обмислено треба да пристапиме кон дефинирање и редефинирање на стратегијата според која ќе се однесуваме во точното позиционирање на највисоките приоритети на Македонија во наредниот период“, рече Црвенковски на средба со македонските новинари.

Половина час подоцна, на одвоена прес-конференција, премиерот Груевски изрази уверување дека „Македонија има сили и ќе успее. Тоа е несомнено. Се разбира дека следната недела ќе преземеме чекори кои сигурно ќе вклучат пошироки консултации со експерти од политичкиот живот, но и други фактори од општественото живеење“, рече премиерот.

Доза оптимизам дека не е се' готово внесе средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Загреб, која претставуваше продолжување на разговорите започнати во Букурешт. Американскиот претседател го одржа ветувањето и во Загреб во саботата имаше средба со лидерите на земјите од Јадранската тројка, иако Македонија на Самитот во Букурешт не ја доби очекуваната покана за НАТО.

Меѓутоа, одвоените прес-конференции на претседателот и на премиерот во Загреб меѓу новинарите беа протолкувани како почеток на крајот на единството кое македонската делегација го демонстрираше во Букурешт. И во ставовите околу тоа кога и како треба да се позиционира земјата пред проблемот (кој не само што не е блиску до решение туку дополнително е компликуван со колективното чувство на огорченост во јавноста) можеше да се забележат благи спротивни нијанси.

Според Црвенковски, трагедијата на Македонија во минатото била што никогаш немала сојузници. Но, сега, според него, „како никогаш досега САД и други членки на ЕУ и на Алијансата се подготвени и самите директно да помогнат и да се инволвираат во процесот на изнаоѓање решение за спорот околу името. Сега имаме искрени, вистински и моќни пријатели и... треба да имаме предвид дека овој момент можеби нема да се повтори и треба да најдеме начин како да се валоризира ова“.

Македонскиот претседател истакна дека од американска страна му било укажано да се побрза со преговорите и изнаоѓање решение „и пред есен“, кога се претседателските избори во САД по кои може ќе останеме и „без симпатиите на претседателот Буш“.

Груевски изјави дека „тие се оптимисти дека во наредниот период прашањето за името ќе се реши“. Груевски рече дека го запознале Буш со детали за нашиот идентитет и некои проблеми што доаѓаат и дека „Буш и неговите советници се детално брифирани за проблемите со името“.

Различно од претседателот, кој смета дека треба да се искористи моментот, Груевски нагласи: „Ние како држава продолжуваме понатаму. Кога ги правиме реформите, не ги правиме приоритетно поради НАТО и ЕУ. Ги правиме, пред се', за себе, за нашиот народ, да имаме подобра економија, повеќе работни места, поквалитетен живот, а сето тоа ќе не' доведе во ситуација да бидеме поканети во НАТО и во ЕУ, така што ќе продолжиме реформите да ги правиме за себе. Потврдивме дека ќе продолжиме со темпото на реформи. Всушност, јас не знам да работам поинаку“, изјави Груевски.

Црвенковски ја осуди постапката на Грција „која со своето вето во Букурешт директно и брутално ја прекрши привремената спогодба од 1995 година“ и додаде дека согласно со тоа престанува и обврската на Македонија да преговара со Грција во спорот со името. Но, тој инсистираше дека не треба да се пропушти периодот додека сегашната американска администрација на чело со Буш е на власт и додаде дека само „со максимално единство на домашен план и со целосна посветеност и аргументација на надворешен план да се обидеме да го оствариме она што сите сакаме да го постигнеме“.

И Груевски, исто така, смета дека е потребно да се направат потемелни консултации, но потоа да се донесуваат одлуки. Премиерот го илустрираше тоа со зборовите: „Кога ќе ми се случи една ваква работа и за нацијата, три-четири дена не донесувам никакви одлуки, додека чувствата не се смират. Овие денови ги оставам за консолидација на сите нас“.

Во саботното интервју за „Дневник“ Груевски вели дека Караманлис е во заблуда ако мисли дека не' ставил во агол и може да добие се' што ќе посака. „Македонија била и ќе биде. Јас и претходно кажав, многу сакаме да станеме членка на НАТ�� и на ЕУ, свесни сме за сите предности ако станеме членка, но и за сите ризици ако не се зачлениме. Но, се' има граница, своја цена“.


Статијата е прочитана 3914 пати.

Испрати коментар

Од: AMSTERDAM
Датум: 07.04.2008 00:12:50
ZA KOMPROMISNO IME " POD USLOV " -Kako Makedonski PRIORITET, da se vleze vo pregovor so Grcija, samo i samo pod eden uslov : da se ispolnit , PRED-DOGOVOROT ZA KOMPROMIS. A.-Grcija pod pritisok na OON,NATO , EZ i Amerika, prvo da go potpisat PRED-DOGOVOROT so koj go priznaat postoenjeto na Makedonskiot identitet: Makedonskoto malcinstvo,Makedonskiot jazik i Makedonska Crkva i da najdat Finansiski sredstva da gi realiziraat tie proekti koji bi bile od gore navedenite faktori potvrdeni i garantirani. B.-Finansiskite trosoci,koji i sleduvaat na Makedonija , od denot na VETO od strana na Grcija , do naoganjeto na "kompromisot " da se stavat na racin na Grcija ,NATO I EZ, kako "promotori" na kompromisno resenie. Kompromisot treba da postigne minimum pet celi, kako neophodni : 1.- Treba prvo da go resime nasiot identitet, za da moze TEZINATA na KOMPROMISOT da bide OLESNITELNA okolnost za nasiot narod i nasata drzava i za da ne bideme postojano pod silen priti
Од: koce
Датум: 07.04.2008 00:13:12
Bush ja hrabri do zima, a posle Obama ke obezhrabri! Nema nada i spasa so ova politichka mafia.
Од: Macedonec
Датум: 07.04.2008 00:26:31
potrebno e da se organizira eden vid na kongres, sovet ili kako sakate narecete go na mudrosta. neka go organizira vladata, neka gi pokani site luge so pamet od makedonija, pa i od stranstvo ako treba, neka bidat toa site partii, nepartiski organizacii, manu, site univerziteti, naucnici, novinari itn. neka gi zamoli za idei i mislenja i neka im dade edna-dve nedeli da se pripremat. potoa, neka gi sobere site na primer vo ohrid i neka im dade na tie sto sakaat da se izjasnat... i neka slusaat i neka razmisluvaat site...
Од: Никола
Датум: 07.04.2008 00:34:14
Мене не ми е јасно како сите ја храбрат Македонија да направи компромис, а не ја притискаат Грција да го признае уставното име. Ми се чини дека така се поставија нашите политичари. Реално, по осамостојувањето, Македонија беше во тешка ситуација. Но не повеќе. Сега не треба да се прават некакви си компромиси со Грција, туку да се покажат заби!
Од: Dimko
Датум: 07.04.2008 00:37:03
Nikola Gruevski e drzavnik! Makedonija bila i ke bide. Makedonija na Makedoncite!
Од: Jovan
Датум: 07.04.2008 00:49:26
Koga nekogo hrabris za kompromis toa znaci deka mu sugeriras da popusti. Vo slucajov cicko Bush skrieno ni kazuva da si go smenime imeto. Toa e toa mili moj, i okolu toa razmisluvajte ,a ne da mislite parkot da go prekrstite, vie treba drzavava da ja prekrstite a ne parkot. Toa ve hrabri Bush.
Од: optimist
Датум: 07.04.2008 00:50:12
dali nekoj go gledase Dr Vance Stojcev vo 4om na A1? Se sto treba da se napravi e da se stapi vo cvrsto sojuznistvo so drzavite koi ne priznaa pod ustavnoto ime i da se se potpisi nekakov dogovor deka cvrsto ostanuvaat na stavot sto go imaat vo vrska so imeto, isto taka treba da se vospostavat stabilni odnosi so albanija i turcija poradi albanskoto i turskoto malcinstvo vo zemjava za da se vospostavat odlicni megjunacionalni odnosi, posle grcija mozi samo da se fali deka ne zafrknala so vetoto.
Од: vlatko
Датум: 07.04.2008 01:08:00
imame jasna zadaca! Uporno podmetnuvaniot kic ne e nikakva pricina za da se menuva imeto na edna evropska nacija! Ne znam kako Grujo go brifiral Bush za nasata istorija, no mene mi e jasno deka site ludaci koi kako crvenkovski, andov, maleski i buckovski uporno insistiraat na promena na imeto, NEMAAT VRSKA za celiot sreden vek, ilinden, i ASNOM. ....Znaci uste ednas::: ako si prost, ne znaci deka treba da se preimenuvas! Licno ocekuvam kicot na pasko kuzman, po nekoja godina samiot po sebe da se trgne!
Од: ace
Датум: 07.04.2008 01:09:15
Lele nema da poveruvate sto procitav on nekoj si erik ko bajagi vo eden blog za imeto Makedonija-ne sme vlegle vo NATO zosto VMRO bilo na vlast.Trebalo site da glasame za SDSM.E moj G-n. mnogu se lazes deka ako sega ima izbori JAS ke glasam za ova bledo izdanie od SDSM.Sekoja cest za pretsedatelot Crvenkovski i Premierot Gruevski,celata nasa delegacija,a i nasite novinari.Gord sum sto sum Makedonec i sto ne go smenivme imeto.Nema pregovori poveke.Dosta e....
Од: ramadani
Датум: 07.04.2008 01:10:49
imase edna reklama porano idese na city radio mislam deka ili neznam kade,edna cura vika: porasnav vo tranzicija, prvpat dobiv vo tranzicija, prvpat se zaljubiv vo tranzicija, ucev vo tranzicija, zastanav na ludiot kamen i se omaziv vo tranzicija, mi se rodi dete vo tranzicija,RASTE vo tranzicija. neznam za drugite generacii mozda manje-vise gi zabole za gorenavedenovo,megjutoa jas sum 81-vo godiste i pominuvam niz toj pati i site gore-dolu generacii sto se siguren sum deka najvise stradame od ovaa tranzicija i najvise sme pogodeni a nema da pomine sve dodeka ne vlezeme vo nato i eu!!toa e fakt!!imase ovde i 1 mn interesen komentar,kao dilema: povazno vi e semejstvoto ili imeto na drzavata vo koja ziveete? razmislete ubavo site za ova i se izvinuvam ako nekoj se pocuvstvuva navreden,nemav takvi nameri. poz
Од: Buntovnik
Датум: 07.04.2008 01:50:13
Samo si razmisluvam, kako ke se osekavme i kako ke gi docekavme nasite politicari ako Bush ne go napravi ona sto go napravi. Dali Bush mu pomogna na Makedonskiot narod ili na makedonskite politicari. Dali seto ova ne e samo vtora zavesa pred da si go smenime imeto. Bush go podrzuva vleguvanje vo Nato, no i ne podrzuva da najdeme "kompromis" za imeto. Sto e rezultatot od seto ova. Resultatot e ona sto uste pred polovina godina bese jasno. Makedonija mora da go smeni imeto. Seto ova sega mi izgleda kako meko sednuvanje na jajceto.
Од: daniela
Датум: 07.04.2008 02:08:06
taka e Gruevski cela Makedonija e so tebe,se razbira deka ima granica i nema nikogas da ja pomineme crvenata linija
Од: Marko J.
Датум: 07.04.2008 02:13:44
Ako Gruevski za dve godini se opleska treba edno da mu e jasno! Bush e na vlast uste sest meseci i toa treba da go iskoristi za nasata drzava. Sekoj predlog za imeto daden posle ili nadez deka ke odime ponatamu se zaludni!
Од: Nevrokop
Датум: 07.04.2008 02:18:57
Ako Bus se trudi da ja forsira Makedonija da prifati drugo ime osven Republika Makedoniaj..treba da barame drug sojuznik namesto Amerika. nikakvo prifakanje na drugo ime osven Republic Of Macedonia
Од: pravnik
Датум: 07.04.2008 02:40:12
Jas mislam deka Grcite odamna mozevme da gi smirime samo ako postoese barem eden nas vrven politicar koj sto jasno ke zavzemese stav deka nemame teritorijalni pretenzii sprema Grcija. Namesto toa, kaj Grcite na mnogu nacini go pottiknuvame stravot deka imeto Makedonija vednas ke go iskoristime za teritorijalni pobaruvanja preku nasata juzna granica. Ako Amerikancite dojdat vo situacija da biraat megju nas i Grcija, sekogas ke zastanat poblisku do Grcija, bez razlika sto nasite mediumi sakaat da vidat, sto ni prikazuvaat. Ako ne ni dojde umot, ke ja izgubime celata drzava a ne samo imeto.
Од: Alex
Датум: 07.04.2008 03:45:45
Se soglasuvam so komentarot na Amsterdam .Smetam deka osven imeto treba da se resat i drugite otvoreni prasanja koisto ne zasegaat-kako MPC,Makedonskoto prasanje vo grcija i nivnite "prava" koi i ne postojat i seto toa da bide vneseno vo eden dogovor.Oti veruvajte deka bez resavanje na ovie prasanja nie se stavame vo ponepovolna pozicija za resavanjeto na iracionalniot spor so imeto.Ke ni go promenat imeto i pak nema da ne priznavaat so sto neprestano ke go hranime nivnoto nenasitno ego
Од: mitko da pocne povtorno otponovo
Датум: 07.04.2008 03:47:50
Sega posle vrelata slakanica i tapsanjeto po rame da prestaneme da cvilime i da pocneme povtorno da razmisluvame ladnokrvno. Kaj sme sega? Tamu i kaj sto bevme. Republika Makedonija e zemja so ogromni bezbednosni problemi. Ne valja mnogu. Zatoa MORAME da vlezeme vo NATO. Zaradi toa morame da napravime KOMPROMIS so gadnite Grci. (Takov sega deteto Grujo i pijaniot-pretsedatel ne napravija.) Toa ni go vika i nasiot prijatel Bush (koj na zalost brzo prestana da zboruva za "izraelski" dogovori so Makedonija). Dogovorot najverojatno moze da se napravi na Nova Republika Makedonija (taka barem izjavuva Karamanlis). Povtorno braka Makedonci prestanete so cvilenje i tesenje i naterajte gi vasite nesposobni politicari da gi resat BEZBEDNOSNITE PROBLEMI NA OVAA DRZAVA ako ne ke ostaneme bez drzava.
Од: pozitiven nacionalist
Датум: 07.04.2008 04:46:05
Se soglasuvam potpolno so "optimist". Samo bi dodal treba da se najde nacin kako da se razbie tandemot Bugarija-Grcija. "Brakjata" od istok za da pokazat deka se stvarno na nasa strana kako sto sakaat da se pretstavat, treba izlezat od pozicijata "mizi Makedonija da te lazam" po koja ja priznaa drzavata ama ne i Makedonskiot narod i malcinstvoto kaj niv.
Од: slavjan
Датум: 07.04.2008 05:09:24
Chlenstvoto na Makedonija vo NATO e od egzistencionalno znachenje za nas, bidejki nie sme mala nacija, 1.2 milioni, pa nema da bide teshko za nashite komshii da ne destabiliziraat. Grcia nema sigurno da popushti za imeto. Dali nie ke se vikame Severna Makedonija ili samo Makedonija, za civilizirana Evropa toa voopshto ne e vazno. Evropejcite ke ne cenat po toa, kako ke se spravime so korupcijata, kolkava tolerancija ke pokazeme prema nashite sograganji albancite i kako ke gi sprovedeme reformite. Za nashite politichki vodachi povazno e izgleda da se chukat po gradite i da se pravat patrioiti, so cel da se odrzat na vlast, otkolku da se spravat so vistinskite problemi.
Од: Roko
Датум: 07.04.2008 06:18:47
vo pravo si druze ramadani! ma sto ke ti e identitet i gordost? daj od toa praseto(jagneto) i po edno skopsko , pada proziveeme a? Eee ... so vakov narod dobro i drzava uste sto imame :(
Од: Toronto
Датум: 07.04.2008 06:27:36
Bush ja hrabri Makedonija za kompromis??? Ova li e nasiot najgolem sojuznik, kako sto go kazuvaat nasive diplomati i na golemo se reklamira vo vesnicive? Ne hrabri da si go smenime imeto (zatoa sto ocigledno od dosegasnovo iskustvo so Grcija, kompromis znaci da go smenime imeto)? Ako ne se lazam celata poenta na pregovorite so Grcija bese da NE go smenime imeto i da NE go izgubime identitetot kako Makedonci. Cij vsusnost najgolem sojuznik e Bush, koj sto ne hrabri da go smenime imeto? Po sto se razlikuva negovata zalozba od onaa na Grcija.
Од: lav
Датум: 07.04.2008 06:28:09
ako imaat MALKU dostoinstvo makedonskite politichari ne smeat da sednat da pregovaraat za imeto i identitetot MAKEDONSKI poveke,... ''gospoda'' izberete go patot na dostoinstvo pa i da e tezhok
Од: Skopje via Afghanistan
Датум: 07.04.2008 06:49:05
Luge, ic ne gi sakam grcite, ne sum bil namerno vo grcija so godini, i kupuvam Makedonski proizvodi otsekogas. Ama ne se lazete, mora da pregovarame so niv i mora da napravime kompromis. By the way, bi bilo ok ako vklucat eden Albanec vo pregovarackiot tim. Samo slozno, na site MK ni e tatkovina.
Од: sofia
Датум: 07.04.2008 07:57:37
Солидаризирањето со грчкиот национализам, покажува дека Копенхагенските критериуми не се важни за пристапувањето на Македонија кон ЕУ, туку најважен фактор е некаков дополнителен критериум кој нема никаква врска со демократијата или владеењето на правото
Од: pameten
Датум: 07.04.2008 08:01:43
Grcite, Bugarite i svetot mora da prifatjat deka sme Makedonci. Nie treba da razbereme zoshto sme Makedonci! Sprema Misirkov: "Do 1878 g. imashe edna teorija za narodnosta ni.(Bugarskata) Sega set dve(Bugarskata i Srpskata)". Den denes Srbskata e zaboranena, no postjat ushte dve teorii: slovenskata i antichnata. Ako vo vreme na Misirkov Bugarskata teorija bila megjunardono najneprifatliva, sega takva e antichnata. Taa mora da se izostavi, jasno i glasno. Vidno e deka imalo vekovi, koga nikoj tatko ne go uchel sinot:"Ti si Makedonec". Slovenskata teorija e isto problematichna. Kako Slavjanite prifatili ime, koe togash ne se koristelo? Sloveno-bugarskata ima samo eden problem, koj mozheme da go reshime. Da ubedime Bugarite deka iako nashite dedovci do 19 vek bile Bugari, sega nie sme poseben narod. Ako toa uspeeme, drzhavata mozhe da ja narekuvame so sekoe ime.
Од: od jas
Датум: 07.04.2008 08:20:37
Mr president Bush blagodarime za celosnata podrska kon Makedonija megutoa ako imate "soveti" dadete mu gi na Grcija ..... A do nasiot pretsedatel Gospodine Crvenkovski vo svetot ne postojat prijateli tuku interesi.....Do politicarite vo Makedonija sovet dojde vreme za prekin na pregovorite i bojkot na sve Grcko....
Од: makedonija
Датум: 07.04.2008 08:33:50
Ova treba sto pobrzo da se resi. Ovaa agonija ne e samo 17 godini. Zapocnata e vo 1913. Dosta e!Nie sami treba da i ponudime (so svedoci, se razbira) na Grcija resenie koe nema da moze da go odbie. Posle seta ovaa galama na svetska scena okolu Makedonija, ke se najdat istoricari, areheolozi, lingvisti od svetot za koi ke bide predizvik proucuvanjeto na minatoto na Balkanot. Nivnite tezi tesko ke se probivaat, no ke se probivaat. E, toa ja plasi Grcija, a ne imeto. Grcija se plasi od svoeto minato kako od avet. No sega e vreme, koga i ona sto golemite dogovaraat zad zatvoreni vrati, se doznava. Evropa ja zastiti Grcija, kako bespomosna majka sto bi go zastitila svoeto razgaleno i bezobrazno dete. No, takvite majki se sramat od svoite deca . Na Grcija i pretstoi vojna so naukata i vistinata
Од: heh
Датум: 07.04.2008 08:44:31
prashaite go Latas dalia ia saka uste Grcia? :))
Од: Amy
Датум: 07.04.2008 09:02:01
Dobar politicar ne e onoj koj ke treba da prespie duri cetiri dena za da razmisli trezveno, tuku onoj koj ima inteligencija, hrabrost i odlucnost, pred se brzomislecki refleks, toa da go stori vednas, bez odlozuvanje. Ako za sekoja rabota sto ke go vozbudi Grujo, cekame po cetiri dena, podobro neka si zeme partalite i usvet. I najmnogu me plasi negovata isfrustriranost vo odnos na Pretsedatelot, negoviot magareski inaet i netrpelivost koja javno sekade ja manifestira. Kako nikogas, sega ni treba sloga, vzaemno razbiranje i pocit, a ne lecenje na komleksi i frustracii. Treba da svati deka intelektot na Pretsedatelot nemoze da go ima, sto i da pravi, pa, za dobroto na narodot, neka pocne da sorabotuva i malu poveke da slusa sto zboruva toj.
Од: Citatel
Датум: 07.04.2008 09:04:19
Vi teknuva na skecot na K-15 koga makedonecot i pasese i kopase i na kraj pak morase da plati za da ne go pravat corba?! Hepa makedonce, gluposta se plaka, ne samo sto ni aknaa veto nego sea pak ke se menuva imeto!
Од: aleks
Датум: 07.04.2008 09:04:43
Naseto drzavno rakovodstvo treba da i objasni na megunarodnata zaednica deka imeto na drzavata proizleguva od imeto na narodot. Vsusnost makedonskiot narod ja sozdal Republika Makedonija. Sekoe derogiranje na imeto na drzavata znaci i derogiranje na narodot. Taka ako prifatime ime Nova Makedonija se prasuvam dali sum jas i site drugi vo drzavava Novi Makedonci. Zatoa ne treba da se otstapi od dvojnata formula - za cels svet Republika Makedonija , a za Grcite kako im e volja
Од: anita
Датум: 07.04.2008 09:20:26
Se sramam sto gruevski e moj premier!Se sramam sto takov licemer i ogranicen covek ja pretstavuva moja zemja i ne nosi vo porazi!
Од: roze
Датум: 07.04.2008 09:23:31
BRAVO za Drzavniot vrv.Vo momentot ne e vazno dali ste od VMRO ILI SDS dali ste Vlav Makedonec Albanec Srbin Turcin .,vo momentot e vazno dali si ja sakata zemjata vo koja ziveete.Vo sekoe semejstvo (brak) ima nedorazbiranja , nervozi i nesoglasuvanja, poradi toa ne mozeme da ocekuvame Pretsedatelot Premierot i uste kup politicari od Drzavniot vrv da se soglasat maksimalno>Dali vie doma so svojot tatoko! majka! brat! ili sestra imate postojano i isto razmisluvanje vo pogled na dom problemi.Sekako deka ne!!!! Sprotivnostite i kompromisite vodat napred.Razlicnite gledista i pomudriot pobeduvaat.Zatoa lugje moi da bideme MUDRI i SLOZNI, da se razbereme i da si ja sakame zemjata.Vo zivotot za se ima granica.Na vaseto dete mu velite mozebi da popusta da bide kulturno i da se odnesuva ubavo , no nema da dozvolite da go ismejuvaat !!!!E toa se crvenite linii koi site morame da gi ispocituvame! Da zivee Republika Makedonija!!!Podrska do Premierot Pretsedatelot Vicepremierot i site .....
Од: men
Датум: 07.04.2008 09:24:06
Ne se nadevajde mnogu na nekoe brzi resenie osven vo slucaj da prifatime se sto baraat Grcite. Grcija ne stavi veto za potoa da se predomisli. Treba da svtime deka mozebi nema da vlezeme vo NATO i EU vo dogledno vreme. Treba da se izgradi edna evropska zemja koja sepak nema da bide oficijalno del od EU. Ima mnogu takvi uspesni prikazni. Kako ke ispadne vo nasiot slucaj zavisi od samite nas. Ne zavisi od politicarite na EU i NATO.
Од: Anakreon - Germanija
Датум: 07.04.2008 09:43:49
Vo Politikata i Biznisot nema priateli,tuku samo (strateski) sojuznici,eden od niv sekako se SAD.I taka ke ostane,nezavisno od idniot pretsedatel na SAD.Povazno od toa e da vladee cvrsto edinstvo vo MKskiot drzaven vrv-"kade ima sloga,tamu ima boga".Do denes nikoj od kriticarite ne spomnaa alternativa za NATO-zaklucok moj e,deka i tie samite ne znaat.Na Albancite vo MK ne treba da im zamerime.Nivnata idnina pravedno ja gledat vo EU i NATO;pa treba cela MK da go ide toj pat.Duri na edna razviena i mokna Germanija i se potrebni NATO i EU.MK e premala zemja da moze da opstane sama.Imam nadez deka najskoro ke se najde vresenie,bidejki i GR e pod zasilen pritisok od nejzinite partneri,Bukurest da ne se desi 2pat!Takvo nesto moze da predizvika zgolemen evroskepticizam vo Evropa,za sto zemiite-lideri vo EU od razbrlivi pricini nemat nikakov interes.Samo hrabro napred,Narode Makedonski!GR za ovoa debelo ke plati nekoj den-dali vo forma na Golema AL na severna Granica ili gubenje bitka za imeto
Од: Филиповски
Датум: 07.04.2008 09:49:06
Да се само македонци во државава тогаш ОК, не ни треба ни NATO ни EU, меѓутоа ако го слушнав добро Тачи, името е македонски проблем и албанците ќе не подржувале се додека тоа било можно, а што потоа ? Бунт ? Мандатот на Буш истекува, што потоа, сепак не сум за менување на името, ни по цена на војна !!!
Од: Каде не водиш премиери?
Датум: 07.04.2008 10:04:26
Груевски од Букурешт се врато со двојно вето или двоен пораз. 1) Не го зачува нашето име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА зашто и понатаму во ОН и многу ��емји сме ФИРОМ, а другите што не признаа под уставното име не советуваат за компромисно НОВО име за нашата држава. 2) Не влеговме во НАТО Убаво вика некој, епа МАКЕДОНЧЕ ЧОРБА! Груевски, каде ја водиш Македонија. Цел народ сме „заложници“ на твојата нарцизоидност и рејтингоманија.
Од: SALE
Датум: 07.04.2008 10:08:25
Ne mi e jasno zasto go lazat narodot deka Bus i USA se nasi prijateli tie samo ja podrzuvaat Grckata teza.Najdete drugo ime i ke ve primime pa za toa ne ni treba nikoj pa ni SAD.Vistinskoto prijatelstvo oni go pokazaa kon Kosovo kade go skoknaa sovetot za bezbednost so sigurno veto od Rusija a nemozea toa da go napravat vo NATO za nas i pokazaa deka vsusnost taa organizacija e nacionalisticka isto kolku i nivnata clenka Grcija
Од: Александар
Датум: 07.04.2008 10:09:09
Прашање - Знаете кога ќе се оправиме? Одговор - кога ке престане поделбата на ВМРОвци и СДСМ овци.На нас дефинитивно ни треба "Овчар"
Од: divna
Датум: 07.04.2008 11:03:17
Ne se sramam od Gruevski so mi e premier, naprotiv se gordeam i mu se zablagodaruvam na narodot so go izbra. Vo ovie sudbonosni vremiwa sesrdno se bori, zosto da bea drugi na negovo mesto kako znameto i imeto ke se raznebitese i makedonskiot narod. Mnogu poveke ste ograniceni i egoisticni koga go mislite sprotivnoto. Grcija neka vi bide primer kako se brani svoeto pa kakar i bilo tugo, taa gleda vo minatoto ,a nie treba da gledame vo idninata, za da i pomogneme bezbedno da go sonuva svojot son. Zasramete se.
Од: Ani
Датум: 07.04.2008 11:24:40
Site ni velat da napravime kompromis-kako sto gledam kompromisot se sostoi vo toa Grcija da ni najde ime a nie da go prifatime!Site iminja sto nie gi predlozivme kako alternativa,Grcija ne gi prifati-kade e tuka kompromisot?Treba da postapime kako sto rece O'neil-da ispratime protestni pisma do site evropski zemji i institucii da znaat deka ne sme glupavi i znaeme sto se slucuva i kolku pravila i zakoni bea prekrseni!I Grcija treba da potpise deka go priznava makedonskiot narod-za edna DEMOKRATSKA zemja toa ne e nisto tesko,neli?
Од: pacifist
Датум: 07.04.2008 11:30:37
Ne znam dali vi teknuva pred nekolku meseci koga liderot na DUI g. Ali Ahmeti bese vo Grcija i se sretna so ministerkata Bakojanis! Posle toa dosta dolgo vreme i uporno barase albancite da se vklucat vo pregovorite za imeto! Dali se sekavate koga dojde Vitkoria Nulan, Rozmari Di Karlo, Frid - t.e. drzavniot vrv na SAD dojde vo MK za baranjata na g.Ahmeti- a sto pravese vo meguvreme Gluevski?? eeee Glujo se zaebavase so niv, vodese prosrpska politika koja sto ne donese do tuka kaj sto sme! vreme e za pametno dejstvuvane, sfatete veke deka edinstven spas na ovaa drzava e pomiruvanjeto so Albancite a i zbratimuvanje na odnosite so R. Albanija veke NATO clenka! naskoro: clenka na EU!
Од: граѓанин-ох
Датум: 07.04.2008 11:41:26
Повеќе од јасно мие дека државниот врв нема стратегија за решавање на проблемот со името.И пред самитот во Букурешт експлицитно никој не кажа дали предлогот на Нимиц.Р.М.(скопје) еприфатен од нас или не е.Државникот прифаќаше додавки, придавки но јасно не се произнесе за предлогот на Нимиц, додека Грујо е посебна приказна 1.И тој јасно не се произнесе за предлогот на Нимиц. 2.Ем прифаќа преговори за некаков си компромис, не кажува каков -ем се крие зад некаков си референдум и сл.Сега ситуацијата е јасна изборот е сведен на:Прво-Остануваме на цврста определба не преговараме за промена на името и сме надвор од Нато и Еу и ако треба корења ќе јадеме( само што тие кои нудат таква опција се хранат во луксузни ресторани а ние обичните смртници веќе ја глодаме кората и многу бргу ќе дојдеме до корењата) и Второ -Со модификација на името интегрирани во Нато и Еу и со јасна иднина за следните генерации.Сега останува да одбереме една опција и сите да работиме како најбезболно да ја спроведеме.
Од: sss
Датум: 07.04.2008 11:42:01
do anita:a izgleda si pregorda na crvenkoski ,buckovski ,sekerinska i kompanija hahaha
Од: naum
Датум: 07.04.2008 11:51:36
Eve i edna logična izjava na premierot: " ... reformite gi pravime za sebe..." Ne razbiram zošto se misli deka Bush izrazil podrška vo Zagreb, Vsušnost izjavata e jasna. Najdete kompromis. Kako da se najde kompromis koga se znae deka Grcite ne prifakaat nikakov kompromis vo koj bi stoelo Makedonija? Zarem nekoj misli dega Grcija ne znae za amerikanskite pretsedatelski izborI? Zarem nekoj misli deka sporot ke se reši do esen? Mislam deka takvi optimisti nema ni kaj naj gorlivite za rešavanje na sporot. Zatoa da m i dademe na vremeto vreme i da ja napravime državata evropska, makar i bez NATO. A za imeto ke se rešava koga rabotite ke se dovedat do neviden apsurd. Pod FYROM da ne prepoznavaat samo nekolku državi vo svetot.
Од: Dragan
Датум: 07.04.2008 12:02:00
Eh nisto, si go izgubivme imeto pa i NATO, Gruevski gi drma rejtingomanijata, sirot zaroben e vo sopstvenata zamka , ke ni ja odzeme i EU. Egoizmot e strasna rabota
Од: Taipov Abdula-intelektualec od turskata narodnost
Датум: 07.04.2008 12:05:43
Bush-go zboruva istoto da se najde kompromis resenie za jmeto,dodeka trebase da se dogovaraat za sredbata na bukrest realno gledano albanskite ministri ja napustija vladata fakticki gospodinot Gruevski ostana sam vo ovaa situacija sto da pravi vlada bez ministri?koga za niv e po prioritetno da se priznae Kosovo nego sredbata vo bukurest. Nee problemot da se obedinaat da imaat ista cel SDS i VMRO nego vo ovoj slucaj treba site partii da se obedinaat i (maked.albans.turski). Bezuslovno priznavanje na Kosovo za maked.e apsurd treba RM.da ima garant za granici i za goranskiot etnicki minoritet sto zboruva makedonski i tenziite malku da se smiraat RM gi otvori granicite za vreme na Kosovskata kriza, RM ima zelba ima dobrososedski odnosi so sosedite i.t.n( tesko na makedonija so ovakvi sosedi) Jas sum optimist deka USA e od sekoj pat za RM gosp.Gruevski e mudar ke uspee bidete sigurni toj e lider za site bez razlika na nacionalno poeklo lider za site sto ja sakaat RM.
Од: Tome-tetovo
Датум: 07.04.2008 12:44:31
bidete "TIE" sto ste grcija nema problem ako sme mie MAKEDONCI, no grcija ima problem koj sto nie sakame da bideme anticki Makedonci(sto vrska nemame so toa vreme), ako nie im kazeme na grcite deka nie sme slavjani makedonci,(ili braducedi na bugarite) i to vo fakt SME, problemot se resava za 1 saat.
Од: Do ovie podolu
Датум: 07.04.2008 13:19:40
Do ovie podolu sto ne rabiraat sto e tikva a sto krastavica. Kako ne vi e sram da go napagate Gruevski za imeto? Neli vasiot cico Kiro, Branko, Frcko i drugata bagra ni bea kumovite na Firom. Podli komunjari ... definitvno vie ste glavnata kocnica za razvoj na Makedonija. Ako se vratime nazad za 70 godini i ke vidime deka Vmro bese i e na vlast samo 4 godini, togas i sega po dve i kako moze edni tikvari da ja prepisuvaat seta vina od komunjarite i ja stavaat na tovar na Vmro. Se nadevam deka Utrinski ne ke me kini za ova moe razmisluvanje.
Од: Turcin
Датум: 07.04.2008 13:48:03
Ne mozam da svatam kolku ovoj Bush laze.Zosto ne im se obrati na Grcite i da im naredi tie da se fleksibilni i da iznajdat resenie za imeto,bidejki jasno mu e kazano koj se Makedonci i Makedonija i deka Grcija nema nikakvo pravno i moralno pravo da ucenuva i da go monopolizira imeto Makedonija. Jas predlagam imeto da se preimenuva vo "Poranesna Turska Provincija Makedonija"bidejki samo vo Tursko vreme Makedonija bila celosan,Makedoncite mozele da odat vo Solun za trgovija,skoluvanje i bilo sto bez vizi.Potoa Makedonija da postane del od Turcija i na toj nacin po avtomatizam ke bide vo NATO,ama nikogas nema da postane clenka na EU bidejki tamu vazat zelbite na Grcija.Kako mozese Bugarija i Romanija da stanat clenki na EU,a Turcija se uste ceka,a ima podobra ekonomija,strateska teritorijalna pozicija it.n.,Odgovorot e "ne dava Grcija".Sto sakaat neka obetuvaat Bush,Solana i Fuere ne vazi ako ne odbori Grcija.
Од: mojso
Датум: 07.04.2008 14:23:45
Sto poskoro lustracijata.Posle toa site raboti ke odat podobro i pobrzo.Momentalno glavni grakaci vo makedonija se PR: sinot na covekot koj naredil pedesetite godini da se simne krstot od prilepskiot casovnik,sinot na covekot koj go sudese Cento,sinot na covekot koj go javase popot vo Radozda,vakvi mostri kolku sakas red po red.
Од: Od Svedska
Датум: 07.04.2008 14:28:46
Jas sum od Egejska Makedonija roden pred 68 godini zivejam vo Svedska 42 godini, Grcite ne se kako drugite narodi tie se poseben narod sakaat i mislaat na onoo sto ne postoj tie se nekoj poseben narod, ne mnogo gi obozavam,vo ovoj slucaj se pokazale USA SLOVENIJA ITURCIJA kako nasi verni prijateli mu blagodaram. So milost od Svedska.
Од: potomok na Aleksandar
Датум: 07.04.2008 14:41:56
Gos Taipov Abdula ALAL ti Vera tvojte komentari drzat vlaga jas potpolno se soglasuvam sotebe ako sekoj graganin e lojalen i edinstven kon Makedonia sosedite mozat da dzavkat kolku shto sakat ama za zal ne e taka nekoj gragani ne im mislat dobro na Makedonia. Mr Taipov you are a Good man Love Macedonia and she will love you 100 times more..!! God Bless You.
Од: Oliver N
Датум: 07.04.2008 15:15:39
Gragjani na Republika Makedonija, so bilo koja partiska pripadnost - obedinetese. Ziveeme vo vreme so klucno znacenje za toa dali ke opstoi drzavata na makedonskiot narod, a I kako ke prodolzi ponataka. Lugje sveste se, sosedite ne sakaat da postoime, sakaat da ne sotrat, da ne postoime vo bilo koja kniga od chovekovata civilizacija. Pa dali ne glredate deka so sekoj izminat den namesto da mislime na napredok i troreshtvo, nie sme staveni vo eden magichen krug okolu imeto. Pa i toa go sakaat, da stagnirame namesto da napreduvame kako drzava. A nie, nie treba da gi sogledane mudrite i vizionerski nashi drzavnici (ako gi ima?!) i niv da gi podrzime (ili ako treba da gi smenime so poasolni, ako imame?!)... A nie, nie da prifatime deka ova parche zemja ako sakame da opstani, da se vkluchuva vo megunarodnite organizacii. neka ja nosi odrednicata deka e severniot del od Makedonija ili pak gorniot del og Makedonija...pa neka bide Severna Republika Makedonija (North Republic of Macedonia) il
Од: Ранко
Датум: 07.04.2008 15:32:03
Од се во статијата најмногу ми се допадна оној дел од изјавата на м-р Груевски: ...„Кога ги правиме реформите не ги правиме заради НАТО, ЕУ.Ги правиме, пред се, за себе, за нашиот народ да имаме подобра економија, повеке работни места, поквалитетен живот...„ Отворено и поштено! Пред се, значи „ЗА СЕБЕ„ и своите пајташи, а потоа за нашиот народ што ке остане. А веке видено е како ни се подобри економијата, новите работни места нема луге да се пополнат, од поквалитетниот живот гледаме како се продават деца, се убиват заради она една уста помалку, црните хроники го полнат медискиот простор, од празните канти за губре нема ништо употребливо... Браво бе момче, мудроста ти под резерва, а глупоста летнала во небо! Високо, високо не се дофаќа! Да ни бидеш жив и здрав, а Господ не може да ти даде она што го немаш, да не трчилажеш...
Од: Makedonec Bre!!!!
Датум: 07.04.2008 16:48:11
Ako mozeme site zaedno da se slushneme shto zborime, kje vidime kade e problemot na Makedonija shto e dovedena do ovaa situacija. Neli gledate deka nitu Eden od nas nema soglasnost. Pa toa e toa shto rastura edna zemja, identitet, kultura. Zemete go primerot na nashite komshii kako e postignat nivniot uspeh. Egejcite so nas nekjat ochi da si vidat, a dali nie sme krivi shto od pogreshni knigi sme uchele vo shkolo. Da moj brakja i sestri, se dodeka nemame soglasnost, nema da prosperirame. Vo ovie kluchni istoriski momenti treba da najdeme zaednichki JAZIK i da zastaneme pokraj nashite lideri so poraka, da im dademe poddrshka vo nivnite pregovori. Golem e gnevot na nas Makedoncite, kako edna golema neizleciva kletva koja ne dozvoluva da se razbereme. Ako sekoj eden od nas razmisli dobro, kje uvidi deka nashiot zaednichki JAZIK e nashiot identitet i bez osuduvanje treba da im se kaze i na Gruevski i na Crvenkovski deka ne smeat ni da pomislat da go dovedat do nekakov rizik.
Од: jovan
Датум: 07.04.2008 16:48:42
Во Загреб Буш на Груевски му сугерира да преговара, тоа веќе го видовме во предлогот на Лубчо ,,Северна Македонија,, ние теба да си одиме на референдум како што предлози изврсниот на ДПМНЕ,, Груевски да не се залетува веднага да донесе одлука.
Од: makedonec od UK
Датум: 07.04.2008 16:56:51
ne e dovolna samo podrska od USA,Makedonskite politicki lideri mora da izgradat zaednicka platforma za idninata na Makedonia i da pojdat po Evropa za da gi ubedat Evropjanite deka "i sonceto e zvezda" !!! Ako ima nekoj sto go slusa glasot na narodot?!! Pred dva dena na sobir na najgolemite investitori vo Evropa,Grcki kolegi zboruvale za sporot so Makedonia. Bev shokiran koga razbrav deka gi ubeduvale deka Makedonia e nestabilno podracje za investiranje!!! Bile davani fotografi od premierot gruevski kako se poklonuva na tomb na koj ja ima kartata na obedineta makedonia!!! Also bile pokazuvani sliki od bilboardot na koj grckoto zname e so svastika. Im velele na Evropskite partneri deka sme NEANDERTALCI za koj nema mesto vo Evropa!!! Grcia raboti na ogromna marketing campania protif nasata drzava na sekade vo Evropa!!! Makedonia nema vrema za cekanje... mora da se pridobiat i drugi Evropski podrzuvaci!!!
Од: bibi
Датум: 07.04.2008 17:06:24
Makedonijo!!!!Baraj pravda vo Hag ,neka sudot se pozabavi malku so ova prasanje ...do sega nikoj ne go resi ...otkacete se od Bus i kompanija....vie ste im zadnja rupa na sviralo na Bus ....Samo Hag !!1
Од: perica
Датум: 07.04.2008 19:11:20
Pojasnuvanje : Potpisuvanje bezbednosna spogodba so SAD samo znaci deka mesto NATO trupi sledniot pat vo RM koga ke spuka ke interveniraat SAD trupi. Potocno ke se prosetaat od "Bondstil" i ke se rasporedat na linijata :Vaksince -Aracinovo -Kondovo -Grupcin-Gostivar-Boskov Most-Podmolje. Mozni se i nekolku "zastiteni" enklavi od dvete strani na linijata Kako (Jegunovce-Vratnica) i (Vevcani) za makedoncite i nekolku adekvatni za Albancite. Realno gledano ova ne e itaka loso bez mnogu zrtvi se zaokruzuva i se utvrduva faktickata sostojba. Pa posle zaedno so Kosovo vo EU. A ako na nacional-romanticarite(potomcite na Aleksandar ) ne im se dopadja eve pouka -brzo u Beograd po instrukcii posto ostaveni samite ste ko muvi bez glavi.
Од: SK
Датум: 07.04.2008 19:36:08
Ludje, vece ednas pisav, pak ce pisam. Ako mora nekoja dodavka, togas mozebi bi bilo dobro Slovenska Republika Makedonija. Nie sme sloveni, makedonskiot jazik e juznoslovenski jazik. Sto mislite?
Од: momce od Canada
Датум: 07.04.2008 20:16:51
Ne sum videl poglupavi lugje od gragjanite na Makedonija... Nikoj ne moze da me natera da go smenam imeto. Samo jas licno ako projavam takva zelba imam pravo da ja pokrenam postapkata vo nadleznite organi i duri togas prasanje e dali ke mi se odobri moeto baranje. Vo segasniot slucaj, komsijata (Grkot) me tera mene samiot (i ja tera svetskata zaednica da ucestvuva vo sramniot cin) da go promenam moeto sopstveno ime. Ne doagja vo predvid. Narodot koj ziveel i zivee na teritorijata geografski narecena Makedonija go prifatil imeto za svoe vo antickite i segasnite vreminja. %-alno vo odnos na komsiite nie sme edinstveni koi se deklarirale za Makedonci a ne Bugari ,Srbi , Albanci,GRCI, Znaci vo svetot treba da ostanime poznati kako Makedonci so sopstvena drzava Makedonija vo koja so radost se prifateni da ziveat i drugi nacionalnosti pod uslov da ja sakaat Makedonija a ne da ja mrazat. Prosto i ednostavno za onie koi se dvoumat. Ako ne vi e seuste jasno - javete mi se
Од: sloboda
Датум: 07.04.2008 20:41:06
Makedonijo mudro.Ova e taktika dobar cajkan los cajkan dobriot vo slucajov Amerika. Se i se samo da ni go smenat imeto i ne izbrisat. Mudro i trezveno se imame samo sebe si a mnogu neprijateli vnatre i nadvor.sto sakat da ne nema. Drzte se makedonci zaedno bez razlika na partjia zasto se sto imame sme edni so drugi. Pametno moj narode

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Политичката елита очекува расправа во Собранието