Број 3364  сабота, 21 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

„Меридијани“ го означи стартот на поетскиот фестивал

Невена Поповска

Струга - Со традиционалната изведба на „Т’га за југ“ и палењето на фестивалскиот оган, завчеравечер во Струга, свечено беше отворено 49. издание на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“.

Свеченоста ја проследија шеесетината поети од странство, учесници на манифестацијата, педесетина македонски учесници, граѓаните на Струга, како и претставници на политичкиот живот на земјава. Премиерот Никола Груевски, сопругата во Струга допатува непосредно пред почетокот на манифестацијата, министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, како и пратеници во Собранието на Република Македонија присуствуваа на свеченоста. Беше најавено доаѓањето на претседателот на Република Бугарија, Ѓорѓи Прванов, но тој не присуствуваше, а затоа пак, годинешниот лауреат, бугарскиот поет Љубомир Левчев го придружуваше бројна делегација од амбасадата на Бугарија во Македонија, која присуствуваше на сите настани во текот на денот.

По свеченото отворање, кое се одвиваше на платото пред Домот на поезијата во Струга и беше означено со огномет, присутните се упатија во салата на Домот на културата каде ги поздрави градоначалникот Рамиз Мерко, кој посакувајќи им добредојде на поетите од целиот свет, уште еднаш потсети на значењето на оваа најголема и најмасовна културна манифестација која се одржува во земјава.

Фестивалот за отворен го прогласи министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска, која во својата поздравна беседа меѓу другото рече: „Струга се наоѓа во предвечерието на големиот јубилеј со кој ќе го одбележи своето педесетгодишно опстојување. Овој јубилеј е голем триумф на македонската култура и традиција, која на извонреден начин го збогатува европскиот и светскиот културен простор. Со задоволство сакам да подвлечам дека и со јубилејното издание на „Струшките вечери на поезијата“ следната 2011 година, под покровителство на УНЕСКО, Струга и Република Македонија ќе ги отворат своите духовни порти за сите поетски магови, кои вградија дел од себе во она што денеска претставува оваа манифестација. Успеавме во нашите заложби, заврши Канческа - Милевска, јубилејот на ’Струшките вечери на поезијата‘ да биде верифициран како датум со глобално значење, настан значаен за целата светска културна јавност“.

По официјалниот дел, на сцената излегоа поетите учесници на годинашната манифестација кои читаа поезија на свој мајчин јазик и преку „Поетските меридијани“ ја упатија универзалната порака за градење мостови меѓу народите и државите. Програмата беше збогатена и со музички настап на групата „Синтезис“.

Годинешниот добитник на награда „Златен венец“, бугарскиот поет Љубомир Левчев, на вчерашната средба со новинарите рече дека „е голем љубител на македонските поети, на Македонија, но посебно на Струга и Дрим. Не знам дали има и друга држава во светот која е толку посветена на поетите. Очигледно дека поетите кои го дале своето срце и творештво, добиле многу од својата татковина. Затоа, искрено и отворено ја нарекувам Македонија, Република на поезијата и на поетите. Благодарам Македонија. Благодарам Струга, благодарам Дрим“, рече Љубомир Левчев.

Годинешниот лауреат на наградата „Браќа Миладиновци“ е поетот Владимир Мартиновски, кој ни изјави: „Секогаш кога сум на овој фестивал за мене е празник, бидејќи фестивалот ’Струшки вечери на поезијата‘ наредната година ќе одбележи половина век. Фестивал на кој учествувале поети од сите краеви на светот и тоа поети од кои што навистина сите ние учиме. Листата на лауреати на Струшките вечери на поезијата е навистина еден вид антологија на најзначајните имиња на современата светска поезија и оттука самиот чин да се биде дел од овој фестивал е за мене огромна чест“.

Во рамки на годинешните „Струшки вечери на поезијата“ беа одбележани 200 години од раѓањето на браќата Миладиновци, се одржаа омажи за академик Гане Тодоровски, доајен на македонската литература и еден од основачите на манифестацијата, како и за Андреј Вознесенски и Едуардо Сангвинети, добитници на престижната поетска награда „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“. Содржините на фестивалот ќе продолжат со традиционалните поетски читања во манастирот во Калишта, поетскиот портрет на лауреатот, кој ќе се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, ноќите без интерпункција, но како што најавија организаторите ќе има и многу освежувања со тоа што ќе се мешаат жанровите: музика, поезија и сликарство. Предвиден е настап на музичари од Израел, Шпанија и Италија, кои ќе изведуваат поезија.


#
Статијата е прочитана 1127 пати.

Испрати коментар

Од: стружанец
Датум: 21.08.2010 08:16:53
За кого...? Сами си читаат, сами се слушаат (ако не се трештени пијани). МИЗЕРИЈА!
Од: Realen ohriganec-dijaspora
Датум: 21.08.2010 13:48:11
Se dodeka se mestat dobitnicite na nagradite na ovaa svetska manifestacija SVP- STRUGA go gubi sjajot. Vreme e da se pocne da se nagraduvaat tie shto vistinski zasluzuvaat. Dosta so tie vashite nechesni mestenki i manipulacii.

Најди! во Утрински
Култура
„Браќа“ пред границите на издржливост
Кирил Џајковски на арт-фестивалот „Битола отворен град 2010“
Заврши јубилејното издание на „Охридско лето“
Изложба на тројца македонски сликари во Торонто