Број 3315  четврток, 24 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Ново архитектонско „чудо“ во центарот

Катна гаража во барокен стил од 30 метри ќе никне меѓу „Пошта“ и МЕПСО, а ќе чини 8 млн. евра

Деспина Трајковска



Деветкатница во барок што не е барок, распослана на 10.000 квадрати, изградена од бетонски столбови и стакло, со капацитет за паркирање од најмалку 315 возила и тешка дури 8 милиони евра. Ваква ќе биде катната гаража што ќе ја гради идната година Јавното претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор на постојното зеленило помеѓу МЕПСО и „Македонска пошта“ во центарот на Скопје.

Ова, дефинитивно, ќе биде уникатен објект за паркирање во Европа поради фасадата наложена со проектот „Скопје 2014“. Иако старински и естетски испомешан надворешен изглед, објектот внатре ќе биде современ. Паркирањето во него ќе се изведува со лифтови, а освен за основната намена, во објектот ќе има и деловен простор. Предвидени се три бутици, Интернет-кафе, кафе-бар, простор за други угостителски дејности... За комерцијалните содржини ќе бидат „резервирани“ приземјето и првите два ката, а за паркирање вкупно десет, две подземни нивоа и останатите катови.

Владимир Бахчовановски, директор на ЈПССДП, вели оти е рано да се зборува за конечната вредност на објектот, но првичните процени се дека неговата изградба ќе чини најмногу 8 милиони евра.

„Моментно се работи на идејниот проект за оваа гаража, чие идејно решение е дело на Офелија Томиќ, архитектка, избрано на јавен конкурс. Сега тече и изборот за идејните решенија на останатите три катни гаражи. Проценивме дека изградбата на сите четири објекти ќе не' чини околу 30 милиони евра, средства кои во најголем дел планираме да ги обезбедиме преку кредити“, вели Бахчовановски.

Според плановите на претпријатието, сите четири катни гаражи треба да почнат да се градат наредната година и, најверојатно, рокот за изведба ќе им биде 18 месеци. Освен гаражата кај „Пошта“, која ќе биде наводно со барокен стил, останатите три катни гаражи ќе имаат модерни стаклени фасади. И во нив ќе има најмалку по еден кат наменет за деловен простор. Едната од нив ќе се гради кај Работнички дом и таму ќе се пресели ЈПССДП, друга гаража ќе се гради кај „Телеком“ и една од левата страна на Вардар, до Музејот на холокаустот.

Паркирањето во сите објекти ќе се изведува со лифтови, што според надлежните остава простор за поголем капацитет за паркирање. Со овој принцип на паркирање ќе се заштитела и животната средина, бидејќи ќе има мало количество издувни гасови од возилата.

Најпростран, иако не и највисок, ќе биде објектот кај Работнички дом. Постојниот ДУП сега дозволува изградба на четирикатница, но од претпријатието размислуваат да побараат дозвола за дополнителни два ката. Катната гаража кај „Телеком“, пак, ќе има девет ката. По принципот паркирање со лифт во гаражата ќе се овозможи капацитет од 406 паркинг-места. Катната гаража на аголот кај Музејот на холокаустот, според ДУП, налага капацитет од минимум 200 места за паркирање, но тој ќе достигне до 320, бидејќи паркирањето ќе се врши со лифт.

Инаку, локациите на кои ЈПССДП ќе ги гради катните гаражи до неодамна беа државни и требаше да се продаваат на лицитација, но во меѓувреме Владата се премисли и одлучи шест парцели наменети за катни гаражи да ги распредели на станбеното претпријатие и на Градот Скопје. ЈПССДП очигледно изигра подобро, а градските власти, односно ЈП „Градски паркинг“, доби од државата само две гратис-локации за изградба на катни гаражи.


#
Статијата е прочитана 9668 пати.

Испрати коментар

Од: darko
Датум: 24.06.2010 00:05:22
izgradba na katna garaza e odlicna ideja ama ovaa mnogu grdo izgleda.sepak e toa centar na gradot. pozdrav
Од: andrej
Датум: 24.06.2010 00:09:27
katna garaza vo srceto na skopje?a okou katna garaza tezgi lele makjo kade ne vodi vmro i toa lux katna garaza so lift?abe tie vmro ne mars ziveat ?pa koj ce palti luxparkiranje?ve molam vmro spadnate na zemja be narod nema leb da jadi mu treba proiizvodstvi rabotni mestye ,eu,nato ne vakvi gluposti.
Од: Vodno
Датум: 24.06.2010 00:11:47
Krajno vreme e ova ludilo da prestane, nikoj ne im dade mandat na decava da go unistat Skopje, neka se vratat tamu od kade dojoa.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 24.06.2010 00:14:30
ВМРОвциве тотално одлепија.....
Од: Zemjanin
Датум: 24.06.2010 00:34:50
Hihihihi...Ej. ova e ludnica:Borg sletal vo Skopje! Definitivno, site ljubiteli na Zvezdenite pateki ke doagjaat da se slikaat...hihihihi
Од: македонец
Датум: 24.06.2010 01:30:31
Е ако вака изгледа гаражата, архитектот нека ја врати дипломата... ова навистина веќе личи на кич... и на неуспешен обид да се ископира Гауди...
Од: nekoj
Датум: 24.06.2010 01:33:22
:-D Ne za dgabe rekle: budalite nemaat rogovi, mozes da gi prepoznaes po budalstinite sto gi pravat. Spored ova vam vi trebaat mnogu vakvi budalstini, za da sme na cisto neli.. Eh kolku vi treba delaknje makedonci..
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 24.06.2010 01:35:14
Maka macam da vidam sto e ova cudo....
Од: kole
Датум: 24.06.2010 01:50:20
Ова е веќе комплетна забеганост.......Да не е оваа Офелија ќерка на нашиот Лари Кинг (Слободан Томиќ)...... најголемиот поддржувач на Пастирот????????????????????
Од: kiroSAD
Датум: 24.06.2010 02:03:02
Vo moeto selo nema KANALIZACIJA!!! A kamo li za nekogasniot asfaltiran pat sto ni ne postoi veke , a vie se prepukuvate so perverzii vo Skopje. Stramota e lugee ima li svesni ne e samo Skopje . s. Gavoto Opstina Bogdanci
Од: Goran
Датум: 24.06.2010 02:11:57
Se nadevam deka ventilacijata vo celiot objekt e regulirana dobro, bidejki mozebi e dobro za nadvoresnata zivotna sredina no kako mi izgleda objektot zatvoren od site strani mi se cini deka nekoj ke se zadusi vo ovoj parking. Jas ziveam vo SAD i ovdeka imam zabelezano deka site katni garazi, a gi ima mnogu, se maksimum otvoreni od stranite na objektot, a imaat i mnogu dobar sistem za ventilacija, bas poradi ovie izduvni gasovi. Objektot mi izgleda intersesno, samo se nadevam deka ce gi reguliraat ovie detali.
Од: Дони
Датум: 24.06.2010 03:29:05
Не ми е битно како изгледа, па ни намената, туку што каде и да има малку зеленило и празен простор во центарот на Скопје, тоа се уништува и се гради нешто. Не можеме да дишеме бетон и асфалт, зарем е толку тешко тоа да се сфати?
Од: Arhitekt-London
Датум: 24.06.2010 03:32:14
Imam dosta prosetano,videno i prostudirano niz svetotod oblasta na arhitekturata.No ovoj proekt za katna garaza sto se predviduva vo centarot na Skopje e ordinarna glupost i neviden nonsens.Se prasuvam:Dali vo Makedonija definitivno nema razumni luge? Koj gi donesuva ovie lucidni nebulozni idei i koi se tie "Arhitekti" koi stvaraat vakvi monstruozni objekti??? Imaat li lugevo profesionalna i moralna etika i snosi li nekoj krivicna odgovornost za vakvo unakazuvanje na glavniot grad na drzavata???
Од: od mene
Датум: 24.06.2010 06:11:22
E toatlno site ste zabegale! Abe ne vi e sram da komentirate za se i sesto? Treba parking i tocka! Kako ke izgleda i dali ke se odobri s ima relevantni institucii. Breee sekoj sve znae. Abe umot vi go ispijaa prvokatorite od SDS i mladite partizanki od arhitektonski koi ucat kako se posumuvaat poljanki na fakultetot..
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 24.06.2010 07:35:49
Do koga vladata namesto da privlekuva investitori i tie da vlo\uvaat pari, taa od narodni pari izigruva najgolem biznismen?A biznisite se vrzani neli so profiti i so delovni interesi.Dali e rabotava vo ona - ZA PARITE SE RABOTI.Sramno i nekoj za ova 'e mora da osgovara.Sepak vo prasanje se pari na gra]anite.Samata ovaa vlast tvrdese deka vlasta e najlos stopanstvenik.A sega? Korupcijata sledi koga se tro[at drzavni t.e. pari od narodot.Lesno ke gi dogovorat zdelkite i podelbata na kolacot? Makedonijo kade odis?
Од: Georgi
Датум: 24.06.2010 07:36:49
Vo vrska so ovaau, usta edna golema glupost, na urbanizacijata vo Skopje, treba da se istaknat nakolku rabotui: 1.Od kade sredstva za izgradba.Od Budzetot na RM, kako i site drugi ob jekti i spomenici za proektot Skopjhe 2014,Toj budzet se poln i od gragjanite i od drugite mesta na RM, koi nikioj nisto ne gi prasal.Se cudam da do sega nikoj od Veles, Berovo, Ohrid, Bitola... i dr.mrsta ne se pobunile. 2.Kolku ke cini parkiraweto . Ako ke cini 40,- den., kako dosega na otvoreno, a ke cini poveke, togas garazata ke zjae poluprazna, kako segasnite zonski parkiralista. Vo nea ke parkiraat samo mal del od gragjanite na Skopje, t.n.novobogatasi i onie koi rabotat vo institucuii koi se na teret na budzetot, koi doagjaat sluzbeno, i parkingot pak ke go naplakaat od sredstvata od budzetot.
Од: Gogo
Датум: 24.06.2010 07:38:22
Tie sto celata svoja gradezna kreacija ja zavrsiva so Pelince, sega, vo otsustvo na bilokakva ideja, kritikuvaat . Samo tova im ostanuva.
Од: valdez
Датум: 24.06.2010 07:39:28
E luge pa deteto moe pravi podobri garazi od ,,lego ,, kocki. Oooooooohahahahahaha me bendisva haosot.UUUUUUUUUUUUUUUUaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa.
Од: Itar Peyo
Датум: 24.06.2010 07:52:16
Ovaa garaza ce bide pustena vo promet stom zavrsi rekonstrukcijata na aerodromite. Ce im bide neophodna na biznismenite od industriskite zoni koga ce doagaat vo Skopje.
Од: flying-monaco
Датум: 24.06.2010 07:55:53
Vistina grozno...Da ja mrazish sopstvenata drzava i toa koga neshto se gradi da si protiv, stvarno ne moze po inaku da se rece od omraza protiv svojot narod i drzava.
Од: Трпе
Датум: 24.06.2010 08:01:10
Ех,дпмне-овците не се способни да размислуват со своја глава,без разлика дали тоа е блада или локална управа.Немат никакви креативни способности.Само за препишување ги бидува.Препишуват од струмичкиот градоначалник,кој многу често милуват да го напаѓат.За жалење се овие така наречени дпмне-овци.А за архитектурата дали одговара или не ,изгледот и местоположбата,треба некој друг да им каже но инаетот не им дозволува да слушат..
Од: Dara Buba Mara
Датум: 24.06.2010 08:19:22
Abe ova ne e cudo, ova e vistinsko cudoviste. Ovie navistina poludele, a koj znae mozebi i gragjanite ke imaat nekoja korist od nego. Ne ke mora jadnite da umiraat po ulici, mozebi ke posakaat svoite napateni dusi da gi ispustat vo stilot na barokot.
Од: aurora
Датум: 24.06.2010 08:36:38
e, za ova treba da se ugledame na grcine, pa po smrdlivine ulici na gradot so palkite da gi ispotepame zabeganive decista iznasobrani od site dupki na Makedonijava, zosto navistina odlepija. Ova e veke alarm za nesto GOLEMO!!! PRETERAA!!!!!
Од: Grozdober
Датум: 24.06.2010 08:38:41
Polisa fotografija retusirana i unistena vo koren samo za da se zadovoli textot od vasiov vesnik. Neznam zasto samo ste stavile fotografija, ste mozele samo crna kocka da stavite i da napisete deka grujo ke gradi nesto..ili mislete deka vaka e podobro? Veke stanuvate pateticni i dosadni..
Од: boris
Датум: 24.06.2010 08:48:28
Во болниците нема шприцеви од 5 денари, ама во центарот на Скопје има огромни споменици од милиони евра Нема чаршави за болничките кревети, ама има катни гаражи Нема болници, ама има огромни стадиони кои ќе зјаат празни. Ќе купуваат песок за плажи на Вардар, ама нема пари за дупките по патиштата.
Од: Кирил, Скопје
Датум: 24.06.2010 08:50:22
Е баш слатко се изнасмеав. Ако е ова точно, не ми преостанува ништо друго. Нема начин да се сопре овој будалаштилак. Зар ќе се нервираме? Смејте се, луѓе, сечие време поминува. Ни векот не е вечен.
Од: klime
Датум: 24.06.2010 08:59:59
sade strucnjaci se sobraa na stranava.
Од: neron
Датум: 24.06.2010 09:00:02
леле... изгледа некој од вмро се залубил во FARMVILLE, пошто таму се мењат зградите на секој 7 дена, а ова гаража изгледа токму како една од тие 100 %, проверете.... ахахаа. се е смешно со овие, ама и вистино... поздрав...
Од: pero
Датум: 24.06.2010 09:03:13
Jas imam eden mnogu DOBAR predlog. Da napravime tvrdina, okolu naokolu centarot na Skopje. Taka ce mozat turisti da setaat kako vo Dubrovnik i ce mozat da bidat tet a tet so vidni likovi od istorijata!!! a?
Од: XXL
Датум: 24.06.2010 09:25:30
Ova arhitektonsko cudo ..mi lici kako na nekoja Vienska opera...e sega ne e samoto cudo tuku bas me interesira onoj sto go kupil avtoto 15 godini staro za 2000 evra ..ke ima moznost li da si ja parkira svojata "kanta"...so lift...na ova parkiraliste koe verojatno ke sakaat za taa usluga na HIP HOK vreme da si ja vratat...ili ova "luksuzno" parkiraliste e naracka na sosednite komsii koi sakaat na raat da im funkcioniraat delovnite objekti....!! od dobro "stoeci" musterii...!!
Од: pina
Датум: 24.06.2010 09:37:03
pa sto da pravat decata koga na vremeto roditelite ne im kupuvale lego kocki da si igraat pa taa faza u razvoj mora sega da ja pominat
Од: Nekogo
Датум: 24.06.2010 09:41:03
GRDOSIJA....NEVIDENA....!!!!!
Од: lale
Датум: 24.06.2010 09:46:50
Abe sekoj pameten covek samo da gi procita komentarite,bi trebalo da se otkaze od gradenje vakva glupost.Gospod da gi "pozivee" VMRO i moderniot barok.
Од: gragnin na skopje
Датум: 24.06.2010 09:49:36
Edna katna garaza od 8mil. evra ce napravi uste desetina luksizni kuki za "bliskite na proektot"...toa ti e veke uvezban recept na "privatizacija" na drzavnite pari...dobro e da ima katna garaza...no ne tolku skapa, sigurno moze da napravat za 2-3 milioni evra, podiskretna i poednostavna so istiot kapacitet......nikade vo svetot ne se pravi katna garaza koja ke strci so nekoj "barok"
Од: mkd
Датум: 24.06.2010 10:04:33
PARKING na Skopje vo centarot mu e POTREBEN. Ideata e odlicna
Од: graganin
Датум: 24.06.2010 10:07:45
Asocijacijata na arhitekti na Makedonija da izleze vo javnost so stav za ovoj nov proekt vo gradot?
Од: SPIRIDON
Датум: 24.06.2010 10:27:03
Klimeeee,bole vaa rabota be brat,ta dali sum ili ne sum stručnjak.Bole voa ludilo da se trošat parite na proekti kade ima provizija,kade nema kontrola kolku i zašo otišlo.Stvarno ke ostane,ama po koja cena.Ke bide posle dužen ko Makedonija.Koj ke vraka be,oti voa ne se zaraboteni pari.Se e kredit.A stopanstvoto stoe.Baza i nadgradba,a'Veter i magla.
Од: jas
Датум: 24.06.2010 10:31:52
Do Vodno abe ti nemas blaga veza od zivotot,ajde vrati se ti i tvojata sdsovska ekipa u srbija,neli ce bide poarno?
Од: cheshma
Датум: 24.06.2010 10:34:13
gledam so komentarive udri partiskata masinerija na SDSM!? bravo bravo! Namesto da se otvori debata okolu toa dali objektite se pristapni, kolku liftovite ke vlijaat vrz cenata, dali katnosta e bolema ili premala, tuka citame navredi, potcenuvanja ponizuvanja! samo napred, vaka narodot sigurno ke ve zasaka!!!
Од: Благоја
Датум: 24.06.2010 10:54:11
Гледајќи го чудново здание,веднаш на ум ми дојде прашањето-кога и каде во Скопје ќе се гради Вавилонската Кула?
Од: db
Датум: 24.06.2010 10:57:32
Se iznagledav na GRDOSII-Gradbi za cel zivot. Ajde sea vmrovcinja, DA NE ubedite kako toa e najubavo na cel svet, i za 8ml shto ke staite u dzeb...
Од: arhitekt
Датум: 24.06.2010 10:58:19
Како не и' е срам да испоректира вакво нешто? Не само што треба да си ја искине дипломата, туку треба да и' се забрани пристап до молив и компјутер! Ужас.. Се додека економисти ни проектираат објекти и тоа како им се сонило, ќе имаме вакви глупости во градов.
Од: skopjanec
Датум: 24.06.2010 10:59:12
da ne e vo mestoto na burmali xhamija daj boze da ne e ako e pa interesno ke bide da se gleda televizija
Од: valerija
Датум: 24.06.2010 11:17:51
centarot e pesacka zona kako moze tamu katna garaza pa i vo stil a site zgradi okolu nea se moderni arhitektot izgleda samo saka pari da si zeme bas go e gajle sto utre ke mu se smejat
Од: Петко
Датум: 24.06.2010 12:04:36
Најпаметно е на плоштадот да се изгради лудница во Барокстил да се знае во кое време кој бил на власт.
Од: perenje
Датум: 24.06.2010 12:42:10
Odlicna ideja za perenje pari.Do kade kje odi jadna Makedonija.Koj kje ja kacuva kolata so lift, a nadvor turlitava fasada.Klinikite gi zatvaraat, lekarite begaat, lekovi nema, deca umiraat, stecajci na ulici sekoj den, penziite se vo prasanje, samo jurisnicite se vrabotuvaat vo administracijata.Zar ke ima kraj ova ludilo?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.06.2010 12:50:02
Не грижете се!Тие остварија!Најпосле,Скопје сè повеќе Наликува на Забавен Парк сместен во некоја Лудница!Токму во близината на Современата Пошта ќе си изградиме Замок-Тврдина од XIII век со кој Коце„Орејќи в Градина“,ќе нè однесе во Современиот Барок!Градска Плажа со Грчко-Албанско-Шпанско-Хавајски Песок (читај: прав),Водоскоци во реката,Фонтани што вртат Народни Новокомпонирани Рефрени,Скулптури (од Трупци)кои ги придржува Трупец (читај: Ченто),Гоце со Раменици поголеми од задникот на коњот (човекот убаво си одел пеш),Бикови,Шмизли и Килави Шизици,Волови,Клизалиште на плоштад,Камен Мост со скалила...Диспропорционална Кич-Мегаломанија!Врв на умоболниот Малограѓански (не)вкус!Градот Ги исполнува сите услови за Луна Парк,поголем дури и од Дизниленд,со горделиво име: Земја на Чудата,изработена од градители-Разградувачи!Ептен Светла иднина:(http://ajvandoktor.blogspot.com/2010/05/2014.html)
Од: Tome
Датум: 24.06.2010 12:52:55
Abe selanite dojdoja vo Skopje i drobat zeleni Abe dibeci edni se gradi a ne kradi a kaj sto se gradi Ima rabota .Tie so velat nema pa batina ne dremete pred kompjuter barajte rabota koja drzava ke vi najde rabota ako ne si najdite sami
Од: robert
Датум: 24.06.2010 13:14:08
ми се смачи од вмро дпмне и нивните екстремно глупави идеи.
Од: seir-man
Датум: 24.06.2010 13:45:43
so 8 mil evra moze da se napravi edna elitna, nova klinicka bolnica namesto onie skladista od bolnici vo Bitola I Stip(koi imaat oprema od vremeto na barokot). koga ke se razbolat vernite VMRO vcinja neka odat na lecenje vo katnata garaza. tamu ministerot ke im meri pritisok i seker vo krvta. jas mislam deka grujo go mrazi svojot narod od dnoto na dusata. nikoj dusman tolku ne go upropastil ovoj narod.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 24.06.2010 14:44:19
Луѓе, за парите се работи.Глупоста се виде со се кое што е видено и провизиите со истото.Го упропастија градот но ги наполнија сметките.Даравелски нели им беше ситно ѓаче.Ќе го надминат?За колкупати? Циркусот продолжува.Кој може да го сопре?

Најди! во Утрински
Скопје
Дружба или служба?
Општината Бутел ќе го слави 5. роденден
Меморандум за штедење енергија