Број 3476  сабота, 08 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Хроника

Бесен возач сакал да прегази полицајци во Штип

Полицаец е повреден во бркотницата со еден бесен возач низ штипските улици. Инцидентот се случил завчера, околу 9 часот, во близина на стоковната куќа во Штип. Тројца полицајци со службеното возило „фолксваген поло“ се обиделе да легитимираат возач на „мерцедес“ со бугарски таблички, кој не ги почитувал сообраќајните правила и прописи. Но, тогаш настанала вистинска бркотница. Полицајците го следеле возилото до трговскиот центар и застанале неколку метри зад него. Неочекувано, следениот возач преминал во напад. Го придвижил „мерцедесот“ наназад и удрил во полициското возило, а потоа се оддалечил од нив.

Полицајците несоземани од ударот, се соочиле со нов напад, односно триесегодишниот штипјанец Б.Х. повторно се вратил назад, го удрил службеното возило од задната страна и го туркал околу 50 метри. „Потоа го исфрлил на десната страна од тротоарот, при што оштетил и едно паркираното возило во сопственост на СИЗ за домување-Штип“, велат од полицијата.

Возачот повторно завртел еден круг околу трговскиот центар, по што се вратил и пак се упатил кон полицајците, кои брзо се качиле на тротоарот за да не бидат прегазени. „Возачот тогаш почнал со голема брзина да се движи назад, потоа застанал зад стоковната куќа, излегол од возилото и отишол во кафетерија од каде што е приведен“, информираат од МВР.

Од ударот еден од полицајците се здобил со повреда на левото колено и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Извршен е увид, од возачот е земена крв и урина за проверка на присуство на алкохол и метаболити. По целосно расчистување на случајот против Б.Х. ќе биде поднесена кривична пријава за „спречување службено лице во вршење службено дејство и насилство“. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1915 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.01.2011 12:29:57
Зошто него прашате ВОЗАЧОТ Зошто постапил така.Сигурно имал некоја голема причина.Не мисе верува дека возачот бил будала.
Од: Трпе
Датум: 08.01.2011 14:47:24
Секаде во светот има полиција и полицајци.И ниги имаме нив,но тие се способни да се перчат и да демонстрират сила, само пред мирниот народ.
Од: marioec
Датум: 08.01.2011 15:34:24
Ne sigurno ne bil Budala nego Zabegal malku.Ajde nebidi smesen.Nema pricina za takvo odnesuvanje,a ni opravduvanje.A sto ako i nekoj od policijata imal nekoja pricina i go napravil ko reseto.Za takvo odnesuvanje prvo se nosi kaj Psihijatar a potoa vo Soodvetna ustanova na dozivotno lekuvanje.Takvite se opasni za okolinata i za bezbednosta na Gradjanite.Za se ni e nekoj vinoven,a za storenoto nedelo neznaeme da podneseme odgovornost.Do koga taka?
Од: kaktus
Датум: 08.01.2011 15:36:52
Оштетил и возило на СИЗ за домување од Штип? А има ли уште такво нешто, по 20 години плукање по социјализмот и самоуправувањето?
Од: ace strumica
Датум: 08.01.2011 16:02:39
trpe stvarno ne mozam da te razberam so sakas da kazes so tvojot komentar a za soferot i takvite kako nego samo kotek
Од: Nikola
Датум: 08.01.2011 17:10:18
Ova da se sluci vo BILO KOJA zapadna zemja vozacot ke se tovari za obid za ubistvo na policaec. A nekoj rece "sigurno go napravil so pricina" i "policijata demonstrira sila" ... ne postoi pricina da probas da pregazis covek osven ako e vo samoodbrana. Jas sum miljarda posto ubeden deka cajkanot ne mu izvadil pistal za da go ubie vozacot.
Од: goran
Датум: 09.01.2011 00:14:27
Ako e tocno se sto pisuva vo ovoj tekst togas nasata policija ne si ja znae rabotata dovolno. Zavrtel okolu trgovskiot i se upatil direktno kon policajcite a tie jadnite trebale da skokaat na trotoar da ne gi ispogazi. Ova e veke napad na sluzbeno lice. Vo vakvi slucai, policajcite imaat pravo da pukaat vo gumite pa duri i vo subjektot. Samiot moment otkako go napustil mestoto i pak se zavratil vozejki direktno kon niv, pokazuva deka imal namera da im go zagrozi zivotot na policajcite. Zatoa treba da dobie uste edna prijava za napad na sluzbeno lice
Од: vladimir
Датум: 09.01.2011 02:28:04
само колку за информација , шоферот со неговото неодговорно возење пред 3 години во Италија предизвика сообраќајна незгода во која животот го загуби неговата жена и нероденото дете како и совозачот, мој пријател. Веќе 2 недели лудува низ Штип со мерцедесот и мислам дека полицајците ( колку и да не ги сакам ) во случајот се во право, и најдобро би било да се осуди веќе еднаш овој "човек".
Од: од Запад
Датум: 09.01.2011 07:04:11
Од првите два коментари се гледа за каква демократија си објаснуваат таквите граѓани на РМ. За жал приметувам дека има се повеќе забегани Трпевци. Само да знаете дека за такво однесување во демократските држави напад на службено лице е рамно на самоубство. Овој човек во САД сигурно ќе беше стрелан со сто куршуми. Во САД при застанување од страна на полиција секој непромислен потег од ваша страна на рацете е опасен по живот. А ова како на филм што се случувало во Штип се случува само во држави каде полицијата сеуште нема ингиренции како што треба. Бебешка држава.
Од: Љупчо
Датум: 09.01.2011 07:16:07
Никаква сплотеност помеѓу полицијата и народот. Сте се запрашале зошто? Затоа што се запослуваат без никаков критериум (просто речено: од село со опинци во полиција на работа).
Од: Alien from Space
Датум: 09.01.2011 15:14:02
На „бесните“возачи треба трајно да им се одзима возачката дозвола и правото да возат,па нека беснеат потоа колку сакаат!Секако,проблемот кај ваквите „бесни“ возачи е што најчесто загрозуваат туѓи животи,а ретко,своите!Не постои оправдана причина за загрозување на нечиј живот,ниту пак,оправдување за бесот со кој можете да повредите некого,освен во Самоодбрана и во случај кога ви е загрозен животот,или сте нападнати од некој силеџија!Овој прикажаниов,беснотијата нека си ја смирува во затвор!Се согласувам во целост дека треба да одговара и за обид за убиство на полицајците,но очигледно е дека тие си го познавале возачот!
Од: Velin
Датум: 09.01.2011 18:21:31
А полицијата е цвеќе за мирисање. Да, можеби будала бил тој што сакал да ги прегази ама полицијата во многу случаи претерува. Секојдневно сум во сообраќајот и искрено да ви кажам никогаш во животот не сум се плашел толку од нив како последниве години. На што ви личи тоа? ТОТАЛИТАРИЗАМ
Од: goko
Датум: 10.01.2011 10:04:04
jas mislam deka na ovakvi vozaci treba trajno da im se odzeme vozackata,gi ima mnogu i policajci parkirat kade sakaat,eden si stava sirena vo svojata privatna kola i si ja pusta toa treba se da se otpuste...

Најди! во Утрински
Хроника
Браќата Миладинови повторно на суд за „Изгрев“
Македонец во САД направил измама од 2,5 милиони долари
Се боделе со сабја поради бегалка
Тројца повредени кај мостот „Влајко“