Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Хроника

Мадам Пепи в среда на суд

Персида Момировска ќе одговара за тргување со наркотици и за прикривање стоки

Љубиша Станковиќ

За крајот на следната недела скопскиот Кривичен суд го закажа стартот на судскиот процес што се води против обвинетата Персида Момировска (39), во јавноста позната како Мадам Пепи и на нејзиниот познаник Воислав Будисављевиќ (45) од Скопје. За нив, скопското Јавно обвинителство поднесе обвинителен акт, со кој Момировска се товари за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и за прикривање стоки, кои се предмет на шверцување и царинска измама, а Будисављевиќ ќе треба да одговара за фалсификување исправа. Роковите за поднесување жалба по обвинението се изминати и веќе в среда ќе треба да започне судскиот процес, на кој Момировска ќе биде спроведена од Истражниот затвор „Скопје“. На Будисављевиќ ќе му се суди во отсуство, бидејќи тој се' уште е недостапен за полицијата.

Според обвинението, Момировска ќе одговара за набавка на 1.910 грама кокаин. Обвинителството тврди дека во јануари оваа година, а поради илегална продажба, таа набавила кокаинска паста, која била спакувана во три црни полиетиленски пакувања. Станува збор за растеглива, млечнобела материја спакувана во пратки од 620, 705 и 585 грама, скриена во поштенска пратка испратена од Лима, Перу, а преку Фанкфурт, Германија. Според Обвинителството, испорачувач на пратката е извесна Медлин Гуевара Макахуачи од Перу, а како примател требало да се јави вујкото на обвинетата Момировска.

Кокаинската пратка во Пошта-2 во Скопје пристигнала на 28 јануари, но во меѓувреме, Момировска разбрала дека МВР влегол во трага на кокаинот, па решила писмено да го извести својот вујко да не го прима пакетот. Токму поради настанатиот проблем, кокаинот испратен од Јужна Америка, на 10 наредниот месец, бил подигнат од овластени службени лица.

Следното дело за кое ќе треба да одговар�� Персида Момировска се однесува на луксузна гардероба што ја пронашла полицијата во два стана во Скопје.

Првиот стан, во кој се чувала брендирана стока, бил изнајмен стан на улицата „Лондонска“, а вториот на улицата „Франце Прешерн“ во Скопје. За станот на „Лондонска“, кој Момировска го зела под закуп уште во текот на 2007 година, Јавното обвинителство потврдува дека постоел договор за закуп што бил продолжен, односно дека договорот бил обновен на први мај минатата година. Во становите биле пронајдени и запленети женски и машки сакоа, костуми, блузи, маици, мантили, бунди, палта, сандали, чевли, фармерки, кошули, панталони, корсети, подврски, гаќи за капење, патики, апостолки, кломпи, чизми, чанти, брошеви и ноќници. Станува збор за стока од светски познати марки: „алберта ферети“, „кавали“, „армани“, „долче и габана“, „галијано“, „клои“, „тифани“, „александер мекквин“, „ајсберг“, „урбис“, „мила шон“, „ла перла“, „тој-г“, „брајан хаски“, „гучи“ и уште многу други.

Делото за кое најверојатно во отсуство ќе му се суди на второобвинетиот Будисављевиќ, се однесува на фалсификување лични патни исправи. Тој поседувал фалсификувана патна исправа, лична карта и возачка дозвола, кои се однесувале на извесен бугарски државјанин по име Лазо Симов. Од направените проверки било констатирано дека на исправите биле извршени корекции, односно дека била внесувана нова содржина. Запленетите исправи ги пронашла полицијата во станот на првообвинетата Персида Момировска, на улицата „Иво Лола Рибар“ во Скопје.

Во текот на истрагата Момировска одлучила да го користи правото да се брани со молчење, а нејзиниот пријател не дал одбрана, бидејќи тој се' уште е недостапен за органите на прогонот. И додека Мадам Пепи безмалку три месеци е на издржување на мерката притвор, истата мерка е определена и за Будисављевиќ, но таа ќе биде активирана веднаш по неговото апсење.


#
Статијата е прочитана 1925 пати.

Испрати коментар

Од: Strana Gledano
Датум: 30.04.2010 10:21:54
A shto stana so Tefterceto na mushteriite?
Од: Hasan
Датум: 30.04.2010 22:38:36
hahaahahah abe tevterceto go nema go lapnal Volkot:) Ima Eden Zbor (Sto Busi Para Burgija ne Busi ) Taka Da i Tevterceto Go Nema :D

Најди! во Утрински
Хроника
Започна повторното судење за Ореше
Вештачењата за несреќата во „Бучим“ при крај