Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Ставрески порачал - сите на штедење

Владата го забавила плаќањето и на рекламните кампањи на телевизиите

Нина Нинеска-Фиданоска

Иако новиот министер за финансии, Зоран Ставрески, откако ја презеде жешката палка од својот претходник Трајко Славески, упорно одбива да признае дека буџетот е во критична состојба, работите на терен покажуваат дека државната каса е максимално исцрпена и празна.

Извори на „Утрински весник“, кои бараат да останат анонимни, тврдат дека на власта и' е се' потешко да обезбеди пари дури и за плати на редовно вработените од својата обемна државна администрација, па затоа секој месец се' повеќе се доцни со нивната исплата.

Од Владата вчера изјавија дека вработените ја зеле платата за јуни, но упатените велат дека е прашање до кога ќе се одржи таквата редовна динамика во исплатата. Според одредени експерти, доколку нешто итно не се преземе на планот на финансиско освежување на државната каса, септември е критичниот месец во кој би можело да се доведе под сериозен прашалник намирувањето на обврските за плати на државните службеници.

Од Министерството за финансии го демантираат ова тврдење, објаснувајќи дека „буџетот има доволно приходи за финансирање на платите и сите социјални права за цела 2009 година“.

Токму потребата да се обезбеди барем нормално функционирање на државните функции и да се делат плати на административците, според експертите, е една од причините што власта на престанува да се задолжува на домашниот пазар, и покрај тоа што постојано ветува дека ќе стопира со таа практика, бидејќи на тој начин ги истиснува парите од стопанството и ги зголемува каматните стапки. Завчера таа се задолжи со нови осум милиони евра, кои треба да ги врати во рок од една година.

Според неофицијални информации, веднаш откако стапил на новата функција, министерот за финансии, Зоран Ставрески, ги собрал на итна средба директорите на сите јавни претпријатија и на државните агенции, на која им порачал да се штеди секој денар што може да се заштеди, односно да се скратат сите расходи што не се итни. За сите проекти што се почнати, чуварот на државната каса не сугерирал да се стопираат, туку за нив да се издвојуваат минимум можни средства, само колку да се одржуваат во живот. Тоа би значело дека за голем дел од проектите ќе бидат пробиени роковите за нивна реализација, кои еднаш веќе беа пролонгирани.

Во Министерството за финансии велат дека раководителите на фондовите и агенциите редовно реферираат пред Владата. „Согласно со антикризните мерки на Владата, сите јавни фондови и агенции треба да ги скратат тековните расходи за 16 отсто. Владата редовно ја следи реализацијата на овие заклучоци, при што периодично раководителите на овие институции реферираат за исполнување на оваа антикризна мерка“, е официјалниот став што го добивме од Министерството, со што практично се признава дека постоела таква средба.

И додека за плати на административците некако и се наоѓаат пари, тоа многу тешко оди за вработените со договор на дело, чии број, според процените, се движи некаде до 3.500 лица.

Имено, поради исцедениот буџет, државните институции и општините не им исплаќаат редовно пари на агенциите за привремени вработувања, преку кои се ангажирани административците. Од агенциите велат дека префрлањето пари доцни од еден до три месеци. За да не бидат казнети, тие исплаќаат плата од сопствени средства, а често земаат и кредити од банките, само за да не ја изгубат лиценцата за работа. Одредени агенции имаат побарувања што достигнуваат и над 100 илјади евра.

Но, на ваквите поплаки од агенциите, од Министерството за финансии вчера за „Утрински весник“ изјавија дека по проверките што ги извршиле, констатирале дека досега сите налози што биле дојдени во Министерството од агенциите целосно биле исплатени.

Платата доцни и во јавните претпријатија. Околу 1.600 вработени во Јавното претпријатие „Македонија пат“ веќе три месеци не примиле плата. Вработените неофицијално изјавуваат дека не им се плаќало ниту пензиско, социјално и здравствено осигурување.

Но, „Утрински“ вчера не успеа да добие одговор од раководството на „Македонија пат“ кои се причините за доцнењето на платите на вработените.

На прашањето дали Владата должи на сите страни, од Финансии велат дека буџетските корисници редовно ги намируваат своите обврски. „Министерството за финансии нема такви информации. Согласно со антикризните мерки на Владата, буџетските корисници редовно ги намируваат своите обврски, што се следи на неделна основа за да се подобри ликвидноста на приватниот сектор“, велат од ресорот за финансии.

Иако никој не сака официјално да го потврди тоа, во јавноста наголемо се зборува дека државните фондови биле толку испразнети што Владата веќе не можела редовно да ги плаќа ниту своите реклами кои наголемо ги пласираше по медиумите, а особено преку дел од националните телевизии. Станува збор за оптимистичките владини кампањи за толерантност, патриотизам, за многудетно семејство, за образование, како и рекламите со кои таа се фали за своите успеси. Неофицијално се зборува дека милионските суми пари што се слеваа врз таа основа во телевизиите, во изминативе месеци значително пресушиле.

Македонските телевизиски магнати јавно го негираат тоа, нагласувајќи дека има одредени доцнења, но тие не се драматични.

„Утрински весник“ контактираше со Велија Рамковски, сопственик на телевизиите А1 и А2, кој вели дека засега не е загрижен поради малите задоцнувања во владините исплати за рекламите.

„Не станува збор за голема сума пари кои Владата ми ги должи врз основа на рекламите. Точно е дека таа доцни, но не е ништо поразлична во однос на другите клиенти, односно компаниите. Нејзиното доцнење не е надвор од она што сме се договориле и не станува збор за драматично доцнење. Таа и порано должела, па потоа си ги плаќала долговите. Очекувам дека и сега ќе биде така, па затоа не сум загрижен. Ако драматично должи, не би и' ни пуштал реклами. Но, моментно состојбите се такви што телевизијата има толеранција, исто како и кон другите клиенти“, изјави вчера Рамковски за „Утрински весник“.

Емил Стојменов, сопственик на телевизиите Канал 5 и Канал пет плус, вели дека неговата телевизија имала четири пати помалку реклами од Владата во споредба со оние што одат на А1 и Сител. „Со Владата работиме само во текот на оваа година и станува збор за многу ниска сума во споредба со другите телевизии. Веројатно, Владата ни должи некои ситни пари, меѓутоа мислам дека тоа е веќе регулирано“, изјави Стојменов. Тој вели дека неговата телевизија дава бесплатни реклами на Владата кога станува збор за кампањи од национален интерес.

Експертите од поодамна предупредуваат дека ситуацијата со буџетот е драматична, бидејќи поради кризата во него се слеваат многу помалку пари од даноци од граѓаните и компаниите. Уште при носењето на првиот ребаланс, со кој се скратија 216 милиони евра, тие сугерираа дека мора да се скусат најмалку уште 100 милиони евра и Владата итно да почне да штеди и да прекине со непродуктивните трошења. И ексминистерот за финансии, Трајко Славески, си замина од министерската функција токму со драматичната порака дека државата е пред банкрот и дека итно мора да се направи ребаланс за 100 милиони евра. Но, неговиот наследник Ставрески засега, барем јавно, тврди дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од итен ребаланс на државната каса.


#
Статијата е прочитана 4131 пати.

Испрати коментар

Од: *****
Датум: 23.07.2009 00:29:12
Pekinezerče, Kako do sega ne si naučil deka se štedi koga vrekata e polna a ne koga e prazna
Од: stecaec
Датум: 23.07.2009 01:01:45
Neli kaj nas krizata nemase da dojde?Kako sega site da stedat?Nie od krizata i ke karevme ,ova se zborovite na ministerot ex za finansii,a segasniov neka predlozi site bugetari ista plata,i toj i tie vo vladata i pratenicite ete stedenje
Од: ја
Датум: 23.07.2009 01:25:02
Овие од владава немаат гајле ќе најдат пари можеби стечајците што штрајкуваа со шаторите пред Собрание ќе им позајмат.Сметам дека Гвујо треба да го следи неговиот екс колега од Хрватска Санадер кој си даде оставка „ненадејно?“ а всушност на вести од Нова тв им ја кажаа вистината за банкрот на нивната држава,за лагите на власта во врска со кризата а сега им ги зголемуваат даноците за спас.Во хрватската сторија како во огледало да ја гледав нашава држава со оваа неспособна лажлива и фалбаџиска власт на чело со МИС��ЕР РЕЈТИНГ КОЈ ТРЕБА ДА ГО СЛЕДИ ПОТЕГОТ НА САНАДЕР И ДА СИ ОДИ.Подобро сам да си замини отколку народот одтамо да го извади насила.
Од: lenin
Датум: 23.07.2009 06:54:15
Vo princip toj sto stedi go vikaat domakin pa taka ispagja deka Nikola Popovski bil domakin koga stedel iako ne se pokaza kako dobar minister no toj itaa politika e veke manato.Ovie hostapleri trosejki gi parite za gluposti bildajki go svojot rejting nikojpat ne razmisluvaa deka ke dojde vreme smetkite da se platat pa sega ke se pravdaat so krizata pravdajki se deka posledicite na siromastijata se isklucivo od svetskata kriza.Istiot toj Stavrevski koj sto ima surat na Gebels tvrdese deka nema da ne zafati krizata pa sega povikuva na stedenje.Nivnite reklami koj ovoj kutar i nepismen narod im gi plaka celi 3 godini skapo ke ne cinat za zal ova e tek pocetok. No imam predlog kako da se spravime. Za da zaboravi narodot na gladot neka trca vo sportskite sali na grujo za da zaboravi deka e gladen taka ke mu bide polesno Vo Prazen stomak zdrav duh! Pardon VO zdravo telo zdrav duh!
Од: Трпе.
Датум: 23.07.2009 07:36:26
Куме,кумее,кумее ти изгоре кесето.Ајде деца трчајте,радувајте се,сега кумот ќе фрла ситни пари а крупни лаги.Кумот препорачува,сите да штедат но само тоа не важи за фамилијата и кога се однесува за културата.На кумот Ставре,инаетот не му дозволува да признае дека кесето му е дупнато.По завршувањето на свадбата сигурно ќе рече : И душата да сакате да ми ја земете,пари во касата нема.(децава неплански ги потрошиле)
Од: Сина рака
Датум: 23.07.2009 07:58:15
Не, бе супер е. Тоа го бараше народот. Оптимизам. Оптимизам во трошењето. Патриотизам. Патриотизам во нервирање на соседите, од кои сите се криви и не чинат, само ние сме во ред. Најпрвин Ставрески треба да им даде препораки за штедење на тие што седат до него. Доста со глупости. Сите се издајници што не мислат како нив. Многу луѓе предупредуваа дека може да дојде до вакво нешто. Не е тоа од кризата, туку е баш од овде, од нас. Нема странски инвестиции во земја која нема `средено` судски систем (знам, знам, има закони, ама не се почитуваат), инспекции на кои ни Свети Петар не им може ништо. Сепак ќе чекаме да се полни буџетот од казни и даноци и најмногу ќе биде погоден слојот на луѓе кој гласаше за партијата на власт.
Од: riste
Датум: 23.07.2009 08:08:21
najgolem stetnik za ovaa kutra drzava e Stavreski.Otkako ne dovede do bankrot sega ke stedime. Sto ke stedime koga gi potrosivme parite za gluposti? vo septemvri ke nema pari za penzii i plati. Kaj dojde od taa Amerika ...
Од: mitko nesto ne mu e jasno
Датум: 23.07.2009 08:14:07
Neli padot na danocnite prihodi e samo 4% zosto e potrebno da se skratat 16 procenti? I dali e toa mozno kaj site agencii. Nekoi od niv imaat trosoci samo za plati. No, ajde da vidime sto ke se sluci. Dali i najvernite VMROovci ke ostanat lojalni ako ne primaat plati?
Од: od citatel
Датум: 23.07.2009 09:39:45
Se mislam deka e ova e pocetok na krajot na ovaa vlada.Narode svesti se ne spi ti....
Од: Абре македонче
Датум: 23.07.2009 09:45:22
Абе предавници, се насладувате што кризата ја погоди и нашата татковина.
Од: kole
Датум: 23.07.2009 10:06:58
Вие штедете, а ние со Грујо ќе градиме споменици???????????????? Наздравје да ни е Македонијо, сами си ги избравме................
Од: Hari
Датум: 23.07.2009 10:24:31
Dali Kumot mislese da stedi i na Latas, Milenko i Mirka, pa sto misli on kako oni ke plasiraat takvi lagi na TV ako ne bidat dobro plateni, op rejtingot na Firerot otide. E praznoglavi Vmrovcenja, dali ke progledate koga nema da go dobivate ona sto do sega vi go davase Sefot vas?
Од: b
Датум: 23.07.2009 10:54:23
За такви како кумот, добро е било кога нешто да научи, отколку никогаш.
Од: stiv
Датум: 23.07.2009 11:00:33
E toa ti narodecu nas lekomislen. Nekoj veli da si odi MISTER REJTING zaedno so negovata bratucedska svita i so ekonomskiot Gebels kako go narekuvaat Stavre. Kakva ke bide korista na narodecot ako toa se sluci. Nikakva... Zatoa treba vednas da se zatvorat site mozni granici so rotvajleri skitnici i dvoglavi orli za da ne moze nikade da mrdne ovaa reformatorska klapa a sto i cetvrtiot cekor im bide slobodno paganje. Kako li Mister PRAVDA ke gi brani svoite mentori so ligavenje ili so plukanje. Zatoa narodecu kupi si cadori i parete gi vasite rotvajleri i koga ne im e dojdeno vremeto za toa....
Од: verag
Датум: 23.07.2009 12:07:23
Владата ќе заштеди со неисплачање плати на вработени во јавни претпријатија,а ќе троши за двоспратни автобуси.споменици и други неопходни луксузи. Тоа било во програмата на Груевски и е свето,нема отстапување па макар да умира сиромаштијата за леб.
Од: makedonec
Датум: 23.07.2009 12:14:29
Коментари воопшто не се потребни.Овие сами ке се изедат.Ставре и кога ја даде изјавата за ребалансот знаеше дека лаже,ама мора да му ги тинтари на НГ.Ако јавните претпријатија му должат на стопанството Парламентот под итно маора да донесе Закон за решавање на оваа ликвидност или НГ јавно да излезе и да признае дека неговите 30.000 војници се вишок.Тие сега молат бога внатрешната криза да се зголеми за да дојде до некаква влада на национален спас што ја предлагаше кодошот Тито Петковски , за да повторно некој друг биде крив.Ама БЦ ги дупи ништо не им соопштува ,па нема околу што да се р,чкаат.Некако и Велосипедистот е пасивен во изјавите.Сепак мислам дека „крив е БЦ„.Ич не ги есапи!!!
Од: goce
Датум: 23.07.2009 13:17:49
Ma super e bre! A i da ne cini nesto togas Krizata e kriva! I Fuere e kriv... I Branko so Komunjarite ja mati rabotata... A tek EU i NATO... Samo taka SEFE! Duri ovoj narod si go nosi jazeto za besenje vo dzeb, nisto drugo ne zasluzuva!
Од: zabegan.
Датум: 23.07.2009 16:48:09
оооооооо-Алчак што да штедат????А вие трошете за споменици,камери.Е по глупа влада ако постои во светов???Се бесам јавно.

Најди! во Утрински
На прво место
Сега и слободата на говорот станува услов за преговори за ЕУ
Пратениците ќе се варат до септември