Број 3440  среда, 24 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Европскиот шампион се буди од кома

Интер вечерва против Твенте во групата А од Лигата на шампиони сака да заврти на ланскиот лист

Нокаутираниот Интер вечерва на својот стадион против Твенте во Лигата на шампиони ќе проба да се освести. Рафаел Бенитез е под огромен притисок, иако претседателот Масимо Морати се прави слеп при очи и вели дека тој е голем тренер со кого Интер има светла иднина.

Шпанецот, пак, на секој начин пробува да се извади пред навивачите и вели дека за последните лоши резултати, вклучувајќи го и поразот од Киево, се виновни огромниот број повреди. Само Ето, Снајдер, Лусио, Занети и Пандев се здравите фудбалери од оној тим кој го крена европскиот трофеј во Мадрид. Снајдер и Пандев, пак, неодамна се вратија на терен и се далеку од ланската форма. Капак на се' беше и повредата на Кутињо, кого ќе го нема еден месец.

Сепак, без разлика на големиот број повреди и вечерашниот тим на Интер со Кастелаци, Сантон, Лусио, Матераци, Кордоба, Занети, Снајдер, Станковиќ, Бибаиани, Ето и Пандев делува на прв поглед моќно. Но, проблемот на Бенитез е психолошката надолнина. Падот на индивидуалната желба го масакрира колективот. Тоа, да речеме, не може да му се случи на Мурињо. Или ако види дека му се случува сигурно ќе си замине. Но, Рафа, како и во Ливерпул ќе оди до крај. Додека не збудали и тој и навивачите.

„Што, па тој пак загуби“, викна Мурињо во неделата за „Газета дело Спорт“ и додаде: „Неверојатно, тој е веќе девет бода зад Милан. Рафа се' уште се обидува својот англиски фудбал да го инсталира во Италија. А, се' е така различно ако Интер го компарираш со Англија“, се чуди Мурињо.

За разлика од него играчите на Интер веруваат во идејата на Бенитез. Меѓу нив е и Занети.

„Преживуваме тежок период. Но, чекор по чекор мора да се враќаме кон старата форма. Против Твенте мора да победиме. Друга опција не постои за нас. Главите горе и се' ќе дојде на свое место“, ги храбри своите соиграчи Хавиер Занети, чиј тим е на делба на првото место со Тотенхем, кој вечерва го пречекува Вердер. Твенте е втор со два бода минус и затоа овој меч му е од огромно значење.

Инаку, Интер и Твенте во првиот меч во групата во Холандија одиграа 2:2. Холанѓаните беа фантастични и уште тогаш најавија дека може да изненадат секого во групата. И сега се оптимисти дека може уште повеќе да му ја влошат состојбата на европскиот шампион. (Н.К)

Група А

Интер - Твенте

Тотенхем - Вердер

Табела: Тотенхем 7, Интер 7, Твенте 5, Вердер 2

Група Б

Шалке - Лион

Хапоел Тел Авив - Бенфика

Табела: Лион 9, Шалке 7, Бенфика 6, Хапоел 1

Група Ц

Ренџерс - Манчестер Ј.

Валенсија - Бурса

Табела: Манчестер 10, Валенсија 7, Ренџерс 5, Бурсаспор 0

Група Д

Казан - Копенхаген

Панатинаикос - Барселона

Табела: Барселона 8, Копенхаген 7, Казан 3, Панатинаикос 2


#
Статијата е прочитана 825 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Металург против Лада Толјати
Тони Паркер сакал секс со млада Британка
Жито Прилеп го доби грчки Арион
Исповест на играчот што го нокаутираше Алекс Фергусон
Алонсо се' уште не му честитал на Фетел
Армстронг на триатлон во Нов Зеланд
Ѓоковиќ го крена на нозе Марадона на АТП-финалето
Спарси продолжуваат да редат победи
Макпетрол во ЛШ со светскиот првак
 


Former Bulgarian minister denied US entry visa
Second Bulgarian commissioner awarded European of the Year
Croatia spends millions on improving transport network