Број 3381  вторник, 14 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Сиромаштијата драматично расте, достигна 31,1 отсто

Стапката на сиромаштија, која е највисока во последниве години, покажува дека македонските граѓани се' потешко преживуваат

Соња Маџовска
Александрија Стевковска


Сиромаштијата во земјава драматично расте. Бројките се застрашувачки, покажувајќи рекорден процент на сиромаштија од 31,1 отсто за 2009 година. Овој податок вчера го објави Државниот завод за статистика по десет дена доцнење и тактизирање. Во овој период бројките можеби се крчкаа и се шминкаа, но, сепак, статистика вчера доцна попладне, конечно, реши да ги обелодени податоците за сиромаштијата во 2009 година, според кои, процентот на сиромашните изнесувал рекордни 31,1 отсто, за разлика од лани кога таа изнесуваше 28,7 проценти, што е огромен пораст од дури 2,4 процентни поени.

Со оваа бројка се побиваат сите тези за економската преродба на Владата на Никола Груевски. Напротив, растот на сиромаштијата, која е највисока во последните години, покажува дека македонските граѓани се' потешко преживуваат. Најтешко им е на поголемите семејства, кои бројат повеќе членови, а за што Владата особено минатата година се залагаше, промовирајќи и трошејќи огромни пари за реклами, со кои ги советуваше граѓаните дека треба да имаат повеќе деца. Не е проблемот во тоа да се има повеќчлено семејство, туку како да тоа да се прехрани, во услови кога нема работа.

Според најновите податоци, најранливи се невработените, кои ги има 42,7 отсто. „Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства, имајќи го предвид фактот дека 53,7 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 40,5 проценти, односно 42,7 отсто од сите сиромашни се невработени лица. Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае врз бројот на сиромашни лица, имено, 56,7 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено максимум основно образование“, се вели во соопштението од Државниот завод за статистика.

Податоците за сиромаштијата, со оглед дека станува збор за 2009 година, периодот на кризата и на многубројните отпуштања во стопанството, потврдуваат дека Владата бадијала се фалеше оти земјава најлесно ја пребродила кризата. Напротив, како што прогнозираа многумина експерти според сите економски параметри, очекувано беше процентот на сиромаштијата да биде повисок од претходниот за 2008 година, што, секако, не и' оди во прилог на владејачката гарнитура во сегашниот политички момент.

„Алармантно сочувствувам со граѓаните, кои во државава живеат во мизерни услови, а ги има многу, што го докажуваат и најновите статистички податоци за сиромаштијата лани. Процентот од 31,1 отсто сиромаштија е највисок досега и само докажува дека економската политика на оваа Влада е лоша и дека токму таа ја продуцираше олку високата сиромаштија. Колку и да се зборува за придобивките на високиот економс��и раст во 2007 и во 2008 година, факт е дека бенефитот од тој раст отиде кај богатите, додека, пак, последиците од економската стагнација и рецесија минатата година веднаш се одразија врз сиромашните маси, регрутирајќи нови и нови лица во нејзините редови“, вели економскиот аналитичар Ден Дончев.

Според него, висината на процентот на сиромаштија е доволен сигнал Владата да преземе нешто за нејзино намалување. „Ако бројката за сиромаштија не е доволен сигнал дека итно треба да се преземе нешто за нејзино редуцирање, јас не знам што би било клучно за Владата да се реши да ја намали сиромаштијата“, додава Дончев.

Сиромаштијата во изминатите години, и покрај силните ветувања на сите влади за нејзино намалување, никако да оствари значајни надолни поместувања. Така, во 2004 година таа изнесуваше 29,6 отсто, во 2005 година била на ниво од точно 30 проценти, додека во 2006 година имала благ пад, 29,8 отсто. Во 2007 година стапката на сиромашни била измерена на 29,4 проценти, а во 2008 година изнесувала 28,7 проценти. Експертите одамна апелираат дека за да се намали сиромаштијата, како и невработеноста, која достигна стапка од 33,5 отсто, потребна е стапка на економски развој од најмалку пет, шест или седум отсто годишно, и тоа континуирано во период од десетина години, што досега не се случило.

Според светските стандарди, сиромашни се оние семејства што имаат да потрошат два долара дневно. Нашата Статистика не ја дава конкретната сума со колку пари живеат македонските семејства што се класифицирани како сиромашни. Линијата на сиромаштија кај нас е дефинирана како „ниво на животен стандард што треба да се достигне за едно лице - домаќинство, да не биде класифицирано како сиромашно“.

Скапотијата, пак, што почна да пламнува во последните месеци, уште повеќе ќе ги дотепа сиромашните. Економската состојба на граѓаните наскоро ќе стане уште полоша, а најзагрозената група, невработените и сиромашните, ќе продолжат да тонат во социјалната бездна.






#
Статијата е прочитана 1818 пати.

Испрати коментар

Од: evropa
Датум: 14.09.2010 12:09:38
sekoja god gledam se pogolema siromastija vo mak ne na ulica no pomedju moite prijateli...pred 10god nevraboteni jadoa cuftinja sega posna zelka.......gledam se poluksusni avtomobili.jahti,celi naselbi lux samo za bogatasi pa ova mi lice se povecko na rusija otkolku na evropa...kursot grujo ili sds mora da go menuvat diferencijacija mora da e pomala znaci povece danok od bogatasite ...da se trgne og danok na nedvizen imot videte gradat kuci na 4sprata a placat danok na imot 300den zar nee smesno....socijala mora da e evropska edna bugarija ima 20000den za semejstvo nevraboteni...
Од: b
Датум: 14.09.2010 12:24:44
Ова, според која прероба е обичната, или онаа, проширената и надоградената? И на која страница е?
Од: edna od razocaranite od Gruevski
Датум: 14.09.2010 12:35:58
Tekstot moze da mu go ispratite na Nikola Gruevski. Ziveam vo edna evropska drzava i momentalno sum na rabota. Slikava im ja pokazav, a tekstot im go prevedov na kolegite.Sramota kako Nikola Gruevski ja vodi drzavata. NEPROFESIONALNO, MIZERNO, OCANJNO, NESPOSOBNO,BEDNO. Neka odi neka se pokrie (skrie) od sram.
Од: Никола
Датум: 14.09.2010 13:07:14
Во соопштението на ДЗС е добро објаснета методологијата: „Врз основа на утврдените нивоа на линија на сиромаштија пресметан е процентот на лица чии трошоци се под нивото од 70% од медијалниот еквивалентен трошок.“ Уште е спомнато дека истата методологија ја користи OECD.
Од: coco
Датум: 14.09.2010 13:14:33
Ајде сега Феликс, Трајанка гукнете "Да живее Грујо да живее ВМРО, 24/7, остваруваме". Навистина (ваистина) остваривте, Македонија е најрелигиозна на Балканот, оти само АЛАХ И ГОСПОД може тука да помогнат, ама и нив им збогтисавте. Напред Влада, да живее преродбата тест трансформацијата во контејнер економија.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 14.09.2010 13:25:51
Za zal siromastijata doprva doagja ! A nemoze ni poinaku !! Zemja ostavena bez industrija,so ogromen birokratski aparat, so zakrveni braka ne moze da odi napred ! Ima vina i kaj segasnava Vlada nesporno, arno ama korenite se mnogu mnogu podlaboki . Kako da dojdat investicii koga site ocekuvaat da pocneme ocite da si vadime za osnovnoto covekovo pravo ,pravo na ime i identitet.Moj prijatel,Holanganec mi veli,Tome be ,pa vie ne ste ni za Afrika a ne za EUropa !! Vie uporno se drzite do srpskata:"Dopodne mrzim tebe a popodne i tebe i sebe" Samo ima tuka eden apsurd, budzetot raste zaedno so siromastijata ?? Znaci li toa deka socijalnite razliki stanuvaat drasticni !!?? Od kade pari na bogatite ako stopanstvoto odi vo kolaps !!?? Gi secat li nekoi nafatiranite dusci od vremeto na tranzicijata smetajki deka site tragi se izbrisani!!??
Од: ogata
Датум: 14.09.2010 13:42:39
Ne mu veruvajte na statistikite , veruvajtemu na Sitel,. Ova e nemoguce
Од: Stranec
Датум: 14.09.2010 13:43:00
Grujo dosega bev tvoj simpatizer iako nemam glasano za nikogo a ti mi bese simpaticen i potencijalen AMA STO E MNOGU MNOGU E! Vreme e da si odis vo penzija so Branko Crvenkovski i da dojdat novi sposobni deca pomladi od 35g i nekorumpirani. Smena na cela administracija za da "trgne" rabotata...
Од: KOPACITE
Датум: 14.09.2010 14:32:12
KAKO e mozno ova, so ovaaa vlada, pa neli kaj nas se zivee najubavo, .koga go slusa covek PASTIROT i latas kako da ziveeme vo svajcarija, no izgleda tie i dvajcata dobro se nafatiraa i podaleku od nosot ne gledaat, na eden mu smetaat lopatite a na drugiot, drugiot ne smee od prviot da i pogledne na stvarnosta vo ocite.
Од: забеган.
Датум: 14.09.2010 15:21:01
Што има врска важно Фамилијата си живе повеќе од добро.
Од: Игор
Датум: 14.09.2010 15:32:49
Нормално сега владата ќе каже светската економска криза е виновна за се. Што убаво им дојде кризата. Неспособен си да направиш нешто ама секогаш имаш на што да се вадиш.
Од: bg
Датум: 14.09.2010 16:08:18
Не е важно да има пари за луѓето, важно е да има нови споменици.

Најди! во Утрински
Економија
Грчките камионџии пак протестираа - улиците станаа паркиралишта
СДСМ ќе го разобличува економскиот мит на Груевски
Власта не попушта - работникот да се пријави веднаш
Во август пораснале и трошоците и цените во земјоделството
Бензините поскапи од 1,5 до 2 денара
Посилна заштита за потрошувачите
„Сковин“ ги поевтини вината
Заздравувањето нема да го зголеми вработувањето
Обама, не сме ваши банкомати!
Построги правила за банките