Градот Скопје и ЗЕЛС вчера отворија заедничка Канцеларија во седиштето на Европската унија, Брисел. Отворањето на Канцеларијата има цел да ги приближи европските фондови кон македонската локална самоуправа, да овозможи навремено информирање за фондовите, претставување и застапување на локалните власти пред институциите на ЕУ, како и лобирање за каква било помош потребна на општините. Задолжена за лобирање и аплицирање во европските фондови е Маја Балевска, дописничка на Македонската информативна агенција од Брисел.
Именувањето на Балевска за прв човек на македонската Канцеларија во Европската унија e вистинско изненадување за многумина. Дотолку повеќе што конкурсот за избор на претставник во Канцеларијата, што го распиша Град Скопје, се' уште не е официјално завршен. Неофицијално дознаваме дека од именувањето на Балевска бил изненаден и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој вчера присуствуваше на отворањето на Канцеларијата. Затечени биле и во нејзината матична куќа МИА. Директорот Љупчо Јакимовски не сакаше ништо да коментира. Со образложение дека е во странство, вети дека свој став околу случајот ќе изнесе в понеделник. (Б.А.)
Nemojte taka pausalno da ja kritikuvate. Sigurno deka gospogata ima kvaliteti koi sto ne i se poznati na redakcijata na Utrinski. 100% sum siguren.
Од: sveto
Датум: 29.10.2010 14:02:27
Nedostasuva analiza na diplomatite koi sakaa da ostanat anonimni. Sto ste ja fatile na zab ovaa devojka, Ja izogovaravte i koga stana dipisnik na MIA.
Од: Aneta
Датум: 29.10.2010 15:15:17
Koi kvaliteti vi se molam, ajde javno nega go pokazat nejzinoto CV da go vidime nejzinoto obrazovanie i iskustvo vo ovaa oblast. Kako taka si gi biraat lugevo na vakvi pozicii stvarno ne mi e jasno. Do kade stignavme!!!!
Од: Od aren soj
Датум: 29.10.2010 22:34:04
Ma ajde bogati. Sto se zapnale po zenava. Pa samo kako ubavo reklamirase kave ,vo edna pikantna i poluerotska poza so razgoleni natkolenici. Takvi , samo takvi udarni prestavnicki ni se potrebni vo svetot Neke vidat vo Brisel kakov ubav soj sme.Ce vidite sega kako ce protecat fondovite vo Makedonija kako reka.