Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
На прво место

Досие „Средношколец“

„Прв би се борел да го добиеме Солун!“

Што содржи досието на уставниот судија Трендафил Ивановски кого Комисијата за лустрација го прогласи за соработник на службите?

Гордана Дувњак


„Ако дојде да се решава македонското прашање по пат на војна, прв би се борел за добивање на Солун, што за Македонија би било од голема важност. По ова набаци прашање дека во Грција постоеле американски воени бази, т.с ракетни бази, па (Н.Н.) му постави прашање дали мисли дека има и во нашата земја, на што одговори дека има во Винча, ама се држат во голема тајност. Зборувајќи за македонското прашање, рече дека тој веќином копнејал да се соединеме со Пиринска Македонија, велејќи дека народот од новоселскиот терен, веќином желејел за тоа. При оваа дискусија, други моменти кои заслужуваат за одбележување не се изнесоа“.

Цитираниот извадок е дел од личното досие под број 12736 на уставниот судија Трендафил Ивановски, кое се водело под името „Средношколец“. Тоа е содржано во извештајот од 8 февруари 1965 година, од времето кога тој бил ученик во струмичката гимназија „Јане Сандански“.

Слични пасуси може да се сретнат и во извештајот од 5 март истата година, каде што се зборува дека „етничките граници на Македонија се' уште не се точни, но верувам дека во иднина тоа прашање ќе се реши, односно Македонија би останала самостојателна и тек-тогај, таа би била најсреќна и најдобро би се развивала..“. Или во оној од 22 март каде што се наведува дека „Македонија би се ослободила, ако постојат повеќе барања и пишувања, но како што оди тоа е тешко...“

Романтичарскиот занос од младонационалистичките идеи за обединување на Македонија, но и разочарувањето што македонското прашање не е ставено на дневен ред на Четвртиот конгрес на СКМ, многу убаво се гледа во извештајот од 5 април 1965 година.

„Нема никакво фајде од вакви конгреси. На вакви конгреси не се донесуваат никакви ставови и одлуки, туку е важно да имаш вујко поп, за да станеш владика“, се вели во еден дел на споменатиот извештај, во кој е прераскажано наводното кодошење на 16,5 годишниот Ивановски и на она што го зборувале со двајца-тројца другари со кои биле во групата .

Досието на поранешниот прв човек на Уставен суд, Трендафил Ивановски, кој засега е единствената жртва на лустрациониот процес, се состои од записник и мислење. Записникот е од сослушувањето направено во УВР - Струмица составен на 27 март 1964 година и имаа четири странички, додека мислењето е изготвено еден ден подоцна и распослано на една страничка. И двата документа изготвени од струмичкиот инспектор немаат никаков потпис, штембил, ниту архивски број.

Во записникот од сослушувањето се наведуваат генералиите на струмичкиот ученик од трети клас, список на негови роднини и блиски пријатели, како и хронологијата на настани. И тоа од моментот кога почнал да се среќава со своите другари задоени од идејата за обединување на Вардарска и Пиринска Македонија, па се' до апсењето. Инспекторот се интересирал и каква литература читале на кружоците, па регистрирал дека тоа биле „Мајскиот манифест“, „Борба за Пиринска Македонија“, додека „Македонски револуционери“ делумно ја прочитале. Во мислењето или „мнението“,пак, запишал дека ученикот бил „исплашен, бидејќи знаел зошто бил повикан, но искрено ги изнел работите, зашто чувствувал вина“.

Во комплетното досие на Ивановски, кое Комисијата за лустрација го претставува како соработничко, а уставниот судија тврди дека е само лично досие на репресирано лице, се наоѓаат и два предлога - за регистрација и за дерегистрација, 10 извештаи, две признаници, прашалник. Или вкупно 21 документ, од кои првите два се од 1964 година, а останатите 19 од 1965 година. Збунувачки е тоа што постојат само предлози, но не и одлуки за формирање соработнички однос и за дерегистрација, а нема ни никаква изјава потпишана од Ивановски дека прифаќа да биде соработник. Сите десет извештаи се напишани од полицискиот извештај и се непотпишани, а се базираат, наводно, на четири усни кажувања на Ивановски и на шест писмени испратени по пошта. Не постои ниту еден писмен извештај напишан од самиот Ивановски, а тој ја негира и автентичноста на двете признаници, од кои се докажува дека, наводно, примал пари за услугите што ги испорачувал. И покрај тоа што уставниот судија бараше да се спроведе графолошко вештачење на двата потписа, за кои тврди дека ниту еден не е негов, Управниот суд го одби неговото барање. Прашање е колку во веродостојноста на документите содржани во досието ќе се впушти Врховниот суд, за каде што Ивановски подготвува жалба, која планира да ја поднесе утре. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 5411 пати.

Испрати коментар

Од: vmro pa komunjar pa vmro
Датум: 25.11.2010 12:17:02
I na baba mi brat i bese vmro i on ke se tepase za solun, posle nekolku dena vospituvanje vo zatvor izleze komunjar tezok i taka si bese komunjar do pred nekolku godini, sea gleam neso pak vlaga u film vmro, ...
Од: Учо- Гостивар
Датум: 25.11.2010 12:31:54
Ова е типичен пример или показ како ќе поминат сите кои ќе се дрзнат да ги преправаат односно враќаат на поправка и доработка законите кои ги носи ова парламентарно мнозинство.Со постапката против Иваноски се сака да се заплаши народот.Али „неќе моќи“.Колку народот повеќе молчи толку повеќе во него се собира јад и чемер.Тоа го покажува бројот на неопределени во спроведените анкети.Секој тоталитаризам завршил на ѓубриштето на историјата.Зошто никој за тоа не ги посоветува „децава“?
Од: Mitko
Датум: 25.11.2010 12:36:46
e hubavo, njama za tebe sega ni Zlatni Pjasoci ni Halkidiki... ke te proglasat persona non grata, ili po 1000eu na den ke ti baraat, a moze i kolata na tehnicki pregled da ja pratat i da najdat deka ne e po EU normativite, mnogu zagaduva..
Од: Атина
Датум: 25.11.2010 13:24:04
А кога се трга на Атина.Мене ми е поубава од Солун!
Од: Itar Pejo
Датум: 25.11.2010 13:25:30
Dobro, ovoj covek bese na najvisoki funkcii i porano i sega. Ajde komunjarite ne mu davale da se bori za Solun, ama posle? Zosto namesto da gi ponistuva zakonite na VMRO ne se dogovori so niv da trgnat za Solun? Ama izgleda poudobno e vo fotelja odkolku na bojno pole! Zatoa i vojskata ja pratija na pecalba vo Avganistan i Irak!
Од: Филип, Скопје
Датум: 25.11.2010 13:27:22
Оф, пусти Трендафиле, забега и ти. И што ако те направат кодош пред пензија? Штетата е веќе направена. Да не добиеш казна случајно? Ова е само да правиме нешто колку да се рече дека се прави нешто. Ништо значајно, ништо специјално. Влакно од глава нема да им фали на кодошите и на нивните фамилии.
Од: nekoj
Датум: 25.11.2010 13:35:37
Solun moze da bide vas povtorno na eden mnogu poeleganten nacin-vlezete vo EU. Ke nemate granici, ke moze da odite koga sakate i da uzivate vo negovite ubavini. Ke moze i da rabotite bez vizi kako i bilo kade vo EU, da kupuvate nedviznini bez problem i tamu pa i vo Solun. Ova e samo del od pridobivkite od EU. Za zal, niti pregovori otpocnavte, a i da pocnete dodeka go postignete gorespomentatoto ke pominat generacii. No tie idni generacii ke go imaat i Solun i Viena i Brisel na dlanka, kako sto gi imame nie sto ziveeme veke vo EU. Daj boze.
Од: Богомил
Датум: 25.11.2010 13:39:57
Kakva vina ima ovoj ccovek, osven ssto ne e sviracc po notite na vladata i na VMRO-vskite partiski partituri. Pa toj bre mamlazi, duri i da podlegnal na policiskite pritisoci, b il maloletnik. Po koj osnov denes nekoj poslussnik Adzziev mu lepi etiketi na dou[nik na liccnost koja, koga deloto e izvrssenio, ako veke postoi voopssto delo, bil so status na maloletnik. A policiskite izvesstai se tolku amaterski io nepismeni, ssto edinstveno mozze da predizvikaat potsmev i zzalenje.
Од: flying-monaco
Датум: 25.11.2010 14:57:40
Eh bre Trenko, da bese Brana na funkcija site ke ve pomiluvashe, a sega nigde ne ve beri.Da ne e covek vo vasata koza...Ne kaza barem kogo go kodosheshe ikoga ....
Од: Слободка
Датум: 25.11.2010 15:20:44
Историјата се повторува. Работата во интерес на Софија , Белград или Атина во Македонија се наградува. Борбата за Македонија се жигосува . Да се потсетиме само на примерите со Павел Шатев и Ченто.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 25.11.2010 15:33:58
Портокаловите ќе уапсат и затворат секој кој бил ДПМНЕ овца во ЗАЧЕТОК...Но ете старите се лутат и гласаат...а овие т.н. комуњари се купени и си гласаат за благосостојбата која ја остварија со себепродавањето...ВЛАСТИТУИРАЊЕ НА ВЛАСТИТУТКИТЕ...Функционира беспрекорно...па и добар дел од народот не гоп осудува...Затоа ова...влаституткиве се множат како стаорци во канализација...
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.11.2010 15:35:57
E,g-dine Monaco,pa pred tebe vo globala go imas celoto "kodosko" dosie na "lustriraniot" sudija. Sto mora da ti kazuva koj kodosel???? Procitaj sam i najdi go nakodoseniot!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Nekolku od dosegasnive komentatori i indirektno ti go pojasnuvaat toa,no oj da razbere.Mozes toa da go sogledas i od komentarot na VMRO pa kumunjar pa VMRO.(Znaci ,spored tebe,i negoviot dedo bil kodos), potoa od nekoj Filip,pa Bogomila, ama najjasno,vo kratki crti,ti posocil Mitko. Vo svojata zemja "kodos" vo dvete navedeni sosedni "persona non grata". Ostaj drugo,tuku i mnogu nasi revulucioneri vo koi se kolneme,na ist nacin biule "kodosi". E od vakva "lustracija",sega imame ulicna lustracija. Bog na pomos,ako ima preku koj da se molime!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: жртвување наместо призние
Датум: 25.11.2010 16:44:03
Фабрикувањето на случајот за уставен судија Др. Трендафил Ивановски ни покажува дека секој кој бил и е на линија на Македонија ќе заврзи како жртва, очигледно во структурите на власта се исталирани грчките бугарските па и српските влијаниа. Да го напрве тоа ,, Комуњарите,, безидејните ,,Портокалови,, не само што ке му ја признаеа големината, силината и патриотизмот туку ќе побараа да го овековечат по примерот на Ченто.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.11.2010 17:58:31
Потполно ја разбирам желбата г-ѓа Дувњак да го омаловажи материјалот преку изразот ,,странички,,и така некако се оправда првостепено судски потврдениот кодош.Чекајте малце па нели има право на жалба до врховниот суд,издржете ќе помине и ова патешествие.Да беше функционер од власта ќе имавме канонади од независно новинарски коментари,плус тукашните коментатори.
Од: Unreal city
Датум: 26.11.2010 05:23:32
I za ova go teretat? E stvarno se nezdravi -- aj Srekjna Nova 1949 povtorno.
Од: Од Приправник
Датум: 26.11.2010 09:32:17
На Грујовски му требаше некој од уставните судии да биде кодош. Пошто од целиот состав на Уставниот суд најдоа дека само Трендафиловски има полициско досие ,иако е кадар во судот на ВМРО ДПМНЕ, одлучено е тој да жертвува, само да може пастирот ГЛАСНО ДА И ОБЈАВИ НА ЈАВНОСТА -ЗОШТО ПАЃАЛЕ НА УСТАВЕН СУД ЗАКОНИТЕ ШТО ГИ ДОНЕСУВАЛА НЕГОВАТА ВЛАСТ. Жовекот е чисто жртва на монструмот од политичар Гујевски.

Најди! во Утрински
На прво место
Лустрацијата може да ја запали државата
 


Police raid on Macedonian TV station causes outcry
Montenegro accession talks should not be postponed, says EP
MEPs voice concern over eurosceptic Croatia