Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Чуден Клип осамна на „Јутјуб“

Бранко фрлил половина милион евра на медиуми

На клипот е прикажана предлог-стратегијата за односи со јавноста од ноември 2008 година

Клип насловен „А за тоа Бранко Црвенковски потрошил 500 илјади евра?!“ објави интернет-порталот „Јутјуб“, каде што на словенечки јазик се тврди дека поранешниот претседател дал половина милион евра за стратегија за односи со јавноста. На клипот, како што информираше агенцијата Макфакс, е прикажана наводна предлог-стратегија од ноември 2008 година, кога сегашниот лидер на СДСМ беше претседател. Документот, како што се наведува, содржи анализа на тогашната политичка ситуација во која пишува: „Наведените околности диктираат начин на дејствување на претседателот до крајот на неговиот мандат и затоа е потребно на сите идни активности на претседателот на Република Македонија да се гледа како на дел од неговата кампања за претседателските избори во 2009 година“. Во анализата се додава и дека основното прашање за изборот на стратегија за дејствување на претседателот на Република Македонија до крајот на неговиот мандат е повеќе во начинот на дејствување, кој би требало да ангажира што поголем број од избирачкото тело.

Веднаш по објавувањето на оваа вест вчера пристигна одговор од Кабинетот на поранешниот претседател и од двајцата словенечки експерти што работеле за него. Во соопштението од Кабинетот на Црвенковски се вели дека станува збор за „комплетна конструкција и шпекулација“. „Крајно непрофесионално и тенденциозно е Макфакс да објавува информации без притоа да го контактира Кабинетот на претседателот Црвенковски, особено за видеоматеријали објавени на неофицијален канал на кој секој може да стави што сака, а притоа да не го покаже вистинскиот идентитет“, реагираат од Кабинетот на Црвенковски. Тие потврдија дека е точно тоа дека во еден период од мандатот Кабинетот ангажирал двајца реномирани словенски експерти за односи со јавност како надворешни консултанти. Тие за Црвенковски изработиле разни анализи, истражувања на краткорочни и долгорочни комуникациски програми, извештаи и други документи за стратегиските проекти на Македонија, поврзани со ЕУ и со НАТО. Од Кабинетот на Црвенковски тврдат дека експертите не биле платени ниту приближно колку што е наведената сума.

„За каква конструкција и лага станува збор доволно говори и фактот што севкупниот буџет на Кабинетот за спомнатата година изнесувал еден милион и 170 илјади евра, од кои приближно 50 отсто се потрошени за плати на вработените, а останатите за меѓународни, домашни и тековни активности на претседателот“, објаснуваат од Кабинетот.

Двајцата експерти, Пеѓа Ашанин Голе и професорот Дејан Верчич, вчера испратија демант на објавената вест за Црвенковски. Тие потврдуваат дека работеле на истражувачко-консултантски проект за изработка и за спроведување долгорочна комуникациска стратегија на Црвенковски за стратегиските проекти на Македонија поврзани со ЕУ и со НАТО, како разни анализи, истражувања и извештаи. Но, демантираат дека работеле за половина милион евра. „Наведената сума не била ниту пресметана ниту, пак, исплатена за целиот проект и за севкупната наша тригодишна соработка со тогашниот претседател Црвенковски“, се наведува во нивната реакција. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 4384 пати.

Испрати коментар

Од: Бранковист
Датум: 26.10.2010 12:11:54
А колку е платено навистина? Зошто не е спроведена постапка за јавна набавка согласно Законот за јавните набавки? Прашања, прашања . . . . . . А одговори половични или нема . . . . .
Од: Rbetkovitkachite
Датум: 26.10.2010 12:47:23
Profesorot Igor Janev vo nekolku navrati ,vo pishana forma objasni kako treba da se postapi vo Obedinetite Nacii za da se prekine so majtapenjeto so referencata FYROM i novosklepanoto zname na tatkovinata. Ako majtapot trae edna decenija togash zagrizhuva nedovolnata pismenost na najvisokite makedonski politichari. Doopismenuvanjeto e nepoznat proces za makedonskite politichari. A zoshto da bide koga ne sakaat da se doopismenuvaat chitajki trudovi na nekoj si tamu istrazhuvach za materija sto ja opleskale!
Од: коментатоp
Датум: 26.10.2010 13:13:00
Значи нема крај на конструкциите и манипулациите на народот од страна на штабот на соц-национационалистичката ДПМНЕ.Нели му е доста веќе на овој народ од оваа политика на Гебелс. За секој и секого во оваа држава па и од надвор, кои не се на линија на нивната квази пропагандистичка политика ,имаат спремено конструкции и шпекулации за компромитарање на личноста кои можат да се стават на располагање за помалку од 24 часа И сега што останува на нападнатиот да демантира или да молчи.Во секој случај треба да ги собира пердувите што им е и крајна цел, да се прават епизоди од нивниот серијал” ПЛУКАЈ И ГЛЕДАЈ СЕИР”.Преку глава ни е веќе од вашето плукање! Ако е и од ДПМНЕ – ДОСТА Е.
Од: do rbetovitkacite
Датум: 26.10.2010 13:13:54
Razberete samo edno, a toa e deka Grujo ne e Ljubco. So nego vi bese mnoooooogu polesno.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.10.2010 13:14:30
Еве нека е и десет пати помалку платено,друго нешто со комичен призвук е важно.Зошто се ангажираат експерти за рекламирање а не се оди на избори за втор мандат.Распишаа ли тендер за бирање агенција,зошто се фрлаат пари за потоа да се искивира изборниот дуел,зарем тука нема соодветни агенции па овие потегнале дур до Словенија.Комика првокласна а богами и хумористично уникатна.Феличита zdaj naprej.
Од: zoro
Датум: 26.10.2010 13:14:43
mani parite, ne se vazni...nego...zamisli stranski experti mu delele soveti za strategija za problemot so imeto, i najjako od se za zemjodelieto?!? aj frle so bese platen za diganje na negoviot ochaen rejting + rejting cela novinarska "fabrika" za perenje mozok,, ama ova e too much.... epa zatoa 8% si se 8% i nisto poveke od osum!
Од: Gili
Датум: 26.10.2010 13:54:36
Samo vlasta neka konstruira lagi, ama se gledame na izbori kade Grujo ke padne kako krusa!
Од: toniii
Датум: 26.10.2010 14:30:36
ako crvenkovski potrosil 500 iljadievra zosto togas gruevski trosi 20milioni evra za reklami mislam deka tekstov nema nikakva smisla
Од: dragi
Датум: 26.10.2010 14:39:42
do feliks , bratce imas li ti svoj zivot ili zemas plata od vmro da pisuvas komentari po vesnicite, barem da te naucele da komentiras kako treba.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 26.10.2010 14:44:43
„Угледна меѓународна истраживања после 2006 показују свакогодишњи пад индекса слободе говора,слободе и плуралности медија,ефикасности владе и владиних мера“-стои меѓу другото во овој „документ“,на кој нема ниту потпис,ниту печат,ниту пишува некаде дека за тоа се потрошени 500илјади евра!Очигледна е намерата на MakMediaTV да расфрла магла!Ајде да го поставиме прашањето колку Народни Милиони Евра Се Потрошени за Налудничавиот Проект „Скопје-2014Δ.п.н.е.“и колку се потрошени за Глупавите бладини реклами?Колку пари се фрлени во празните Компјутери „за секое дете“ и ниските двоспратни автобуси?Колку парички се расфрлени на проектите Интернет и Факултет во Секое село?Колку во обезвреднувањето на знаењето и трудот?Колку нè кошта Антиквизацијата?Колку коштаат небулозните учебници преполни со глупости?Колку Дрва...????
Од: Феличита
Датум: 26.10.2010 14:56:55
Откога преку братучедот Красимир пробаа Братот да си го направат Сестра,сега портокалчињата пуштаат клипчиња од кај змајчеките. Гревчиња! Џабе везете, од Брат Сестра не бидува!
Од: Stara skpjanka
Датум: 26.10.2010 15:31:35
Bez plukanje "razmahuj pa kolektivu"; gadna e ovaa nova intriga na petparackite pronavogjaci! Od druga strana, nie sitnitre sveznalici lupame po koektivu, koj kako ke mu tekne. Ako Branko potrosil 500 000 za soveti i programi, se sekjavate li kolku miljoni lapnaa kampanjite na segasnava Vada?! Ako BC zel eksperti od Slovenija i mu zameruvaat, a ovie zdoa eksperti od Florida, Germanija i Bugarija, so cii soveti sekoj si vlecese na svoja strana, vidovme kade doteravme, i nikomu nisto, Bicikliski ne se javi da kritikuva.Ako BC zemal sovetnici od Slovenija, toa bilo najverojatno nameneto za idninata na MK, a ne da se kiti toj licno. Vprocem nema smisla denesnive da vadat vakva sitnica "na megdan" koga zad nim se vlecat ogromni direci. Feliks toa najdobro go znae!
Од: kalimero
Датум: 26.10.2010 16:19:38
A be dosta so Branko ne zamarate!!Zatoa sto pravese , sega e vo opozicija, i nikogas nema da se vrati.Ama i vie mediumite ne otupevte.Dajte forumi, trkalezni masi za toa kako da se razvivame, da prekopirame od seto sto e izmisleno vo svetot kade sto se razvivaat...a ne so Branko so Ljupco so Nikola...ne puknavte
Од: Јован АН
Датум: 26.10.2010 16:28:23
Не е во прашање колку пари потроши туку зошто се потрошени државни (или како што некој милува да каже - народни) пари за приватна кампања.
Од: јас
Датум: 26.10.2010 17:03:49
Среќко , ако станува збор за странски „експерти “твоиве портокали се без конкуренција...Тргни од оној „експерт“во Фондот за здравство и не барај понатаму..Не да беше платен и преплатен, а резултати , „чувал Господ“...Ами , нагажирањето на странска консултанска куќа за 7-800 000 евра за загубарите ?! Парите се фрлија во ветер , а резултати ЈОК !!Е Среќко , Среќко ,опули се во твојот двор , не мора да гледаш кај комшијата !!
Од: najpametniot
Датум: 26.10.2010 17:57:51
zaklucok:Grujo e najgolemiot gresnik,negativec vo filmot,a Branko e spasitelot,nesto kao Cak Noris
Од: gimi
Датум: 26.10.2010 18:11:03
Можеби го советувале да се пензионира. Пардон,да биде активен ама да зема пензија.
Од: karokan "gambit"
Датум: 26.10.2010 19:08:04
Pocituvana,stara skopjanke! Ne ti go komentiram napisanoto,ni dali Branko potrosil 500 iljadi evra,ni zosto gi potrosil,ni dali i zosto ne se javil Bicikliski i sl. Ti ja komentiram samo poslednata recenica: "Felix toa najdobro go znae". Ne,pocituvana,toj samo misli deka znae. Vsusnost znae da sklopi nekoja skladna i na prv pogled 'smislovna" recenica (natrupani i skladno povrzani zborovi)vo koja samo so eden poteg ja otkriva svojata osnovna cel he,he,he!!!!! Da ne saka vsusnost da ni poraca vo stilot na Nusic:"Srpska deco sto citati znate,ovo uvek na umu imeti; U Srbiji prilike su take,slave babe,preziru junake",za na krajot da zakluci: "Zato i Vi ne mucite se dzabe,srpska deco postanite babe"!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Znaes,toj go ima citano (ne i procitano) Crnjanski, verojatno ce razbere ili mozebi ce razbere ili nesto ce razbere ili nesto mozebi ce razbere. E Felix,bratce kolku si plodonosen.Preku tebe ce izgradime nov vid na komparacija vo n
Од: Dejan
Датум: 27.10.2010 08:42:32
narodni pari, potroseni za lichni celi i interesi vaka li treba da se raboti, koga se kritikuva vlasta za nerazumno troshenje,,, kako toa za spomenik pola milion se mnogu a za lichni ineresi e nishto??? bezobrazno licemerie!!!

Најди! во Утрински
Политика
Некој во Бангладеш, некој во Шведска!
Татарчев ја раскара десницата
СДСМ не се грижи за спомениците
Едукативен центар за идни лекари
Здравството е во кома
Коњановски во видеоврска со Авганистан
Рикер молчи за изјавите на Пердју






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker