Број 3363  петок, 20 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хроника

Две момчиња загинаа во сообраќајка во Скопје

Момчињата се возеле во „хјундаи“, кој излета од коловозот, удри во бетонски рабник и се заби во киоск

Две момчиња загинаа во сообраќајна незгода што се случи вчераутро кај Тобако 2 во скопската населба Аеродром. Автомобилот во кој се превезувале, излетал од коловозот и удрил во околните трафики. Возачот Никола Димов (26) починал на самото место, додека сопатникот Владимир Малев (23) им подлегнал на повредите в болница. Нивните тела се дадени за обдукција, а причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат.

Трагедијата се случи околу 6,20 часот на раскрсницата од улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ и булеварот „Јане Сандански“.

„Автомобил ‘хјундаи‘ со скопска регистрација, управуван од Никола Д. од Канада, со престој во Скопје, излетал од коловозот и удрил во објект“, соопштуваат од полицијата.

Сопатникот Владимир Малев (23) од Скопје покажувал знаци на живот, итно бил пренесен во Ургентниот центар, но по кратко време, починал.

Очевидци на трагедијата не можеа да се соземат од шокантните сцени. Како што вели еден од нив, возилото во кое биле момчињата возело со голема брзина.

„Од Центар идеа накај Аеродром. Го минаа семафорот, колку што видов, пешак им излета и тие да не удрат во него, свртија десно, удрија во бетонскиот рабник, а потоа се забија во трафиките“, вели очевидецот.

Смачканиот автомобил и разбиениот киоск уште неколку часа сведочеа за големата несреќа. Жителите на Аеродром се жалат дека по булеварот „Јане Сандански“ се вози како на трки. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 4474 пати.

Испрати коментар

Од: kumanovac
Датум: 20.08.2010 00:14:01
golema steta i trgedija za dva zagubeni mladi zivoti.mene mladite ne me cudat bidejki site sme bile mladi i znaeme:mladost-ludost.mene me cudat roditelite na denesnive deca.so koja pamet na dvaeset godisnici im davaat ludi koli da se neli zabavuvaat.koga ke vidam dete od okolu 14 godini kako juri so skuter po kumanovo sekogas se prasuvam:roditelite na ova dete dali imaat gram mozok vo tikvite ili im sluzat samo za sisanje?za zal poradi glupi roditeli mladi zivoti odat kurban.
Од: TRAJANKA
Датум: 20.08.2010 04:26:43
Tragedija mladi sekoj den gubat zivot vo sobrakajkite , brzo vozenje kaj mladite e normalno. Od sekogas taka bilo , motori i koli se nesto sto malku koj moze da odole. No sudbinata e presuden faktor .Socustvo do roditelite i naj bliskite, Gospod neka gi prosti neka pocivat vo mir.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 20.08.2010 06:09:16
Вонредна состојба !!!
Од: risto
Датум: 20.08.2010 07:05:03
Не биле баш толку млади.Можеле доволно да резонираат за последиците додека дивееле.Што ке биде ако сите возачи така се однесуваат? И другите знаат така да возат!!Јас неверувам дека им претрчал пешак но и дае така,со 60 км на час колку штое најголема дозволена брзина во населени места кога би удрило возилото би останало на местото на ударот.Но да се вози со толкава брзина возачот мора да бил дрогиран.Нека им е лесна земјата и нека биде поука за другите.
Од: EU
Датум: 20.08.2010 10:15:04
"Brzoto vozenje e normalno" "mladost- ludost"pisuvaat vo nekolku komentari. Kako e toa normalno??? Se dodeka imame takvi vrednuvanja, vakvi targedii ke se slucuvaat. Avto skolite i policijata (pa i roditelite) moraat podobro da rabotat na podobruvanje na soobrakajnata kultura vo MKD. Nepocituvanje na pravila, prebrzo vozenje, vozenje pod dejstvo na alkohol e denes akceptirano od site ziteli na Makedonija. Takvite vrednuvanja mora da gi promenime.
Од: oskarmk
Датум: 20.08.2010 11:26:39
Na toa mesto denje ima vrvulica od narod, sepak dobro e sto ne zele nekoj drug na dusa, Inaku, sam covek sto moze da si napravi, nikoj drug ne moze da mu napravi. Mozi i vo Kanada toj vozacot vozel taka brzo, so 150 km/h, na srede grad.. ??????????
Од: Стојко
Датум: 20.08.2010 12:05:56
Иако за жалење, овде треба да се критикуваат и полицијата и возачите. Кога се работи за шоу-апсења полицијата излегува масивно на терен. Меѓутоа кога се работи за контрола на сигурноста во сообраќајот, нигде ги нема. Истото е случај на автопатот Скопје-Велес. Возачите возат безобѕирно, претекнуваат таму каде што не е дозволено, влегуваат во непотребни ризици загрозувајќи ги останатите, а многумина од нив сакаат да го надминат и Шумахер. Полицијата ја нема никаде. Во вакви случаи би требало ригорозно да се одзема возачката дозвола и судски да се изрекуваат драстични парични казни. Посебно тоа важи за возачите од дијаспората кои доаѓаат на одмор во Македонија. Тие како да збеснуваат, сакат да покажат колку се „кул“ и какви махери се, и да ги изживеат комплексите на својот беден живот во странство. Тоа отвара уште еден поглед на менталниот склоп на луѓето кои сега почнуваат и политички да солат памет и да бараат прекин на разговорите со Грција.
Од: vvv
Датум: 20.08.2010 12:54:19
Potpolno se soglasuvam so komentarot na Kumanovec. Sega vo moda e dete koga ke zavrsi 4-to odd. da mu kupat motor. A posle se nekoj drug e vinoven,neli?
Од: Vozac
Датум: 20.08.2010 13:20:12
definitvno e tragicno sekogas koga umiraat lugje na vakvi nesreki. no jas i ne svakjam, zosto vo makedonija seuste: - se pije i se vozi? toa e 100% normalno - se voze bes da se koristi pojasot? site statistiki pokazelo kolku mnogu toj kajs vredi na svojot zivot -se vozi uporno pre brzo. brzoto vozenje moze samo so kazni da se spreci. drugite stvari samo vo glaviti se menjaat. dur nikoj ne svati, deka pijan i ne zavrzan e eden cekor pred sudar, togas ke ima uste mnogu vakvi soobrakajki.
Од: majka
Датум: 20.08.2010 13:31:47
neka pocivaat vo mor. Zalno e sto vakvi primeri ima bezbroj, a nie NIKAKO da svatime deka : Koga sme pesaci treba da se odnesuvame kako vozaci, a koga sme vozaci treba da se odnesuvame kako pesaci. Soobrakjajnata kultura ni e na ocajno nisko nivo.
Од: Davor Kamenko
Датум: 20.08.2010 14:47:31
Risto dostra ne tresi gluposti!!! Mora da bil drogiran a?? Idiotu eden, soobrakajki se pravat od pijani lugje idiotu eden! Koga si slusnal za soobrakajka od narkoman be? Da cujam? Alkoholot e pricina za najgolemite zrtvi na patistata i lugjeto ne treba da pijat i vozat! Razmisli malku sto zboruvas pred da siris nevistini! Lugjeto kako tebe ne vrakaat nazad iljada godini!
Од: jas
Датум: 20.08.2010 16:45:16
vasite komentari za alkohol ili droga nema da gi vrati tie mladi zivoti...ako izletal peshak me interesira kade e toj sega, zosto ne se pojavi i dade izjava a ne da se krie i da kuti...da tocno, vozel so golema brzina megutoa sakal da go izbegne nego i izgubil kontrola...bog da gi prosti dvajcata...a peshakot neka nauci kade treba da premine ulica
Од: Od Kanada
Датум: 20.08.2010 18:02:41
Koi vozaci od dijasporata bre Stojko? Kakvi kompleksi bre covek, kakov beden zivot vo stranstvo bre? Ne zbori gluposti alooo! Samo sto dojdov od Makedonija. Kako se vozi, boze dragi.... Vozam vo Kanada poveke od 15 god. megutoa doma ne mi paga na pamet da sednam na volan. Zosto na takov nacin ja spomnuvas dijasporata? Si ziveel li nekogas nadvor od zemjata? Gi nosime decata svoi i gi ucime da ja sakaat zemjata. Dali pomisluvas kako se osekaat tie roditeli sega? Koj mislel na takvo nesto. Pocit to ozalostenite familii.
Од: kanada
Датум: 20.08.2010 19:49:19
u Kanada ne se vozi 150 na saat duri in na hayway, doduse ima budali koj vozat i pobrzo ama gi fakaat i kaznte se drakonski
Од: kicevcanec
Датум: 20.08.2010 19:54:02
Luge ako sakkaat neka vozat na avtopat i 300km ama vo grad ne smee pobrzo od 60km na siroki bulevari i 40km na ulici so edna lenta.mozeja da ubijat mali deca, I jas na avtopat ja stapnuvam do kraj no vo grad e razlicno.
Од: 20
Датум: 20.08.2010 21:44:49
kako ne vi e grev i sram da davate vakvi komentari posle vakva tragedija, zalosno za dva mladi zivoti kakov rasipan narod sme sekoj da iskomentira i da se siti... od kaj znaete dali bile pijani, drogirani..od kaj znaete kaj i od kaj doagjale.... sramota ni ja bukate drzavata so vakvi mizerni,primitivni komentari. NEKA POCIVAAT VO MIR!

Најди! во Утрински
Хроника
Родителите на капетанот Гоце Смилески не веруваат во неговата вина
Добила ќотек за да не се сврши за друг
Исчезнатата кичевка пронајдена искасапена