Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Македонија не го заборава наследството на Трајковски

Трагично загинатиот претседател остави систем на вредности за кои вреди да се залагаме

Жаклина Хаџи-Зафирова

„Борис е светла страница во најновата македонска историја, олицетворение на еден систем на вредности, за кој вреди да се залагаме. Борис е нашиот претседател, кој успехот на Македонија го натопи со својот живот. Токму затоа, но и поради многу други нешта, тој останува личност, чие наследство и во иднина ќе ја определува смислата на македонската политика. Македонија ќе покаже дека знае да ги цени позитивните вредности и ќе продолжи да чекори по патот на демократијата и меѓусебното почитување, како што тоа го правеше Борис Трајковски“, истакна претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, на вчерашната свечена собраниска седница со која се одбележа петгодишнината од загинувањето на претседателот Трајковски во авионска несреќа, во која животот го загубија и осуммина негови соработници и членовите на екипажот.



По тој повод, вчера во Македонија се одржаа повеќе манифестации со кои државава му оддаде почит на трагично загинатиот претседател. Покрај свечената седница, во Собранието се одржа и меѓународна конференција во чест на Трајковски, а беше отворена и библиотека која ќе го носи неговото име. Прексиноќа во Македонската опера и балет се одржа академија во чест на загинатиот претседател на која се обрати претседателот на МАНУ, а беше промовиран и документарниот филм „Претседателот“ од авторите Снежана Клинчарова и Горан Тренчовски. На вечното почивалиште на Трајковски на градските гробишта во Бутел државна делегација вчера положи цвеќе.

Во обраќањето пред присутните во собранискат�� сала, меѓу кои беа и членовите на семејството на починатиот Трајковски, првиот парламентарец Трајко Велјановски истакна: „Овој голем човек застана на кормилото на македонскиот брод во период исполнет со бури и невремиња, во кои требаше мудрост, храброст за мирно да се одведе во мирните води на меѓуетничкото разбирање и толеранцијата, силно нарушени во воениот конфликт од 2001 година“, рече Велјановски, нагласувајќи дека имплементацијата на Охридскиот рамковен договор се одвива добро, а тоа е процес што ќе треба да се надградува. Претставувајќи го Трајковски како иницијатор на идејата за формирањето на Јадранската група заради побрзо вклучување во НАТО, првиот парламентарец констатираше дека оваа визија на Трајковски не се остварила, но остануваат заложбите за влез во Алијансата и ЕУ.

„Борис Трајковски посебно внимание посветуваше на иднината на регионот, но и на светот. Токму затоа во меѓународната заедница важеше за лидер во Југоисточна Европа“, потенцира Велјановски, додавајќи дека наследството кое ни го остави Трајковски е големо. Велјановски му порача на семејството на Трајковски дека најмалку што може Македонија да стори за претседателот Трајковски е да го негува и надградува неговото наследство. Сепак, тој не заборави да ги спомне и изборите во својот говор, за кои се надева дека ќе поминат во фер и демократска атмосфера.

Претпладнето, свежо цвеќе на вечното почивалиште на Трајковски положија членови на неговото семејство, како и претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, кој, на изненадување на присутните, доцнеше дваесет минути. На гробот на Трајковски дојде и собраниска делегација, предводена од претседателот Велјаноски, како и претставници на АРМ и од дипломатскиот кор. Цвеќе за Трајковски беше положено и на спомен- обележјето на местото на несреќата во близина на Мостар, каде што замина државна делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Рафиз Алити, заедно со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски и претставници од претседателскиот кабинет.

Пратениците вчера со емоции се присетија на прерано загинатиот претседател. Нивна заедничка оцена беше дека на Македонија и' е потребен претседател како Трајковски.

„Со смртта на Трајковски загубивме многу. Беше ослободен од суета и знаеше важните државни прашања да ги гледа како прашања на луѓето, без мистериозност. Нам ни треба таков претседател, но дали ќе најдеме - не знам“, изјави пратеникот Стојан Андов. Тој оцени дека односот спрема Трајковски бил многу контроверзен, а самиот тој бил многу напаѓан. Околу новите моменти за истрагата за несреќата, Андов потенцира дека нашите органи се должни многу повеќе да бидат заинтересирани за вистината за да нема нелогичности.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Трајковски во колективната меморија ќе остане запаметен како најдобар претседател што го имала Македонија. „Трајковски во меморијата на сите ќе остане запаметен како политичар со голем визионерски капацитет, со голем дух и со разум и разбирање за сите околу себе“, коментираше Димовски. Прашан за кандидатот Иванов, тој одговори дека секој човек има свои карактеристики, а сите кандидати кои ги предлагаат тие ги исполнуваат основните морални и човечки кодекси за таа функција. Во врска со истрагата за „кингерот“, тој потсети дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време иницирале формирање анкетна комисија која очекува да продолжи со работа по изборите. Иако, според него, МНР паралелно води постапка. Пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули, рече дека ќе го памети Трајковски како пример на кој начин треба да се водат работите, односно секогаш да се консултира опозицијата како што тоа го правеше Трајковски. „Сите претседатели оставиле свој печат и покажале многу поголема храброст отколку владите, биле порешителни и работеле во интерес на граѓаните“, оцени тој. Макрадули оцени дека е симптоматично што истрагата за „кингерот“ се актуализира секогаш за годишнините од смртта на Трајковски.

Во чест на Трајковски вчера попладнето се одржа меѓународен лидерски форум на тема „Нашите заеднички вредности“. Вицепремиерот Абдулаким Адеми на форумот истакна дека иднината на Македонија ќе зависи од хероите на ова време. Тој порача дека на овие простори им се потребни лидери кои ќе го покажат патот кон евроатланските структури. За синоќа беше предвидено да се одржи Вечера на молитва и заедништво.

Струмица одбележа пет години од смртта на Трајковски

СТРУМИЦА - Членови на семејството, граѓани, претставници на Општината и на политички партии вчера ја одбележаа петгодишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. На неговиот споменик во Струмица беше положено цвеќе, а реч за ликот и делото на Борис Трајковски одржа градоначалникот Зоран Заев.

„Наш врвен интерес, а тоа беше врвен интерес и на Борис Трајковски, е да станеме дел од демократскиот свет, користејќи ги сите предности што ги носи членството во евроатлантските интеграции“, нагласи Зоран Заев.

Мојсеј, братот на Борис Трајковски, ја поздрави одлуката на Министерството за внатрешни работи за повторно отворање на истрагата за смртта на претседателот. „Можеби некои зборуваат дека е доцна за истрага, но не е. Има многу моменти кои укажуваат на нешто друго. Но, не сакам да зборувам повеќе од овластените луѓе за тоа прашање“, изјави Мојсеј Трајковски.

Чествувањата по повод петгодишнината од смртта на Трајковски во неговата родна Струмица продолжија синоќа со одржување на традиционалниот ораторски натпревар на средношколците на Македонија на тема „Претседателот“. За најдобрите млади оратори се предвидени парични награди. (Е.П.)

 


Статијата е прочитана 1105 пати.

Испрати коментар

Од: MIKI
Датум: 27.02.2009 03:53:22
od koga graganinot trajkovski stana pretsedatel za komunjarite,kakva dvolicnost.Seuste pamtam so kakvi pogrdni zborovi go narekuvaa a sega demek najdobar bese.
Од: pdk
Датум: 27.02.2009 07:46:01
Neznam dali se preteruva so velichenjeto na pochinatiot pretsedatel Trajkovski koj za mnogumina beshe kontraverzen duri beshe ziv no za mnogumina i ostana kontraverzen i posle negovata smrt. Beshe eden od potpisnicite i inicijator za Ramkovniot dogovor koj beshe potpisan ushte od dvaca "nashi" so koe Makedonija se obezlichi. Od toj Ramkoven se rodi Decentralizacijata i se doalbaniziraa makedonskite opshtini Struga, Skopje i Kichevo toa se katastrofalni shteti na nacionalna osnova za vreme na negovoto kratko vladeenje. Dali se ovie fakti ili ne?! Dali voopshto sme svesni do kade stigna Makedonija i kade odi denes posle seto toa, i dali sme svesni shto ne cheka utre... !!!???
Од: stole
Датум: 27.02.2009 08:28:30
So celosna pocit kon trgicno zaginatiot Predsedatel B.Trajkovski. Mnogu mie zal sto negovoto ime i tragicnoto zaginuvanje sekogas VMRO-DPMNE go koristi vo sekoja predizborna kampanja.Treba da imaat malku oset za pocit kon B.Trajkovski i negovata familija, nee dozvolivo po sekoja cena da se postigne pobeda na izbori, politickata etika ja zaboravaat zalosno.
Од: Читател
Датум: 27.02.2009 09:39:06
MIKI, ако се сеќаваш Љубчо Г. во името на ВМРО-ДПМНЕ го прогласи Б.Трајковски за "своја најголема грешка„ , ама ти тоа си го заборавил, нели ?
Од: nikola
Датум: 27.02.2009 09:54:10
bese golem covek i politicar, neka mu e vecna slava. A, samo bi go potsetil " stole " deka nikakva pocit kon pocinatiot nemase celoto sdsm na celo so b.c. i e krajno licemerno i bezobrazno od nivna strana vcera da kazuvaat deka od nego treba da ucime kako se vodi drzava. Site ucat i naucuvaat no nekoi nikogas nema nisto da naucat. Na b.c. ne trebase da mu se dozvoli da dojde na grobot na pokojnikot, samo go voznemiri negoviot duh.
Од: gragjanin na RM
Датум: 27.02.2009 10:04:50
do PDK: kontroverzen se veli a ne kontraverzen. Sto da kazam za komentarot koga e napisan polupismeno... znaci so pravo ke se posomnevam na ispravnosta i namerite. Mora da se naucime da ziveeme zaedno i da go pocituvame razlicniot od nas. Ako pdk ne moze da go svari toa, neka zeme eden Bukefal i pravec: kaj Hunzite.
Од: Do citatel
Датум: 27.02.2009 10:59:48
Prvo napadot e najdobra odbrana neli? Odgovori od koga gragjaninot Trajkovski stana pretsedatelot trajkovski za vas. Vtoro Georgievski tocno se otkaza, no dali imase poddrska od clenovite na partijata??? Se razbira ne.
Од: Skopjanec
Датум: 27.02.2009 11:40:43
Boris Trajkovski bese pretsedatel na RM ,no,se sekavate-ne po zelba na gragjanite,zasto ne dobi mnozinstvo glasovi.bese po tugja zelba,no kako sto togas oceni opozicijata,korektno si ja vrsese ustavnata zadaca.Da ne zaboravime bese i vernik i taa vera vo Boga,ona rano mracno utro,koga mu bilo svrteno vnimanie na nevremeto za letanje i stignuvanje na avionot toj resil da poleta.Se sluci nesrekata,pokraj nego zaginaa uste nekolkumina negovi sorabotnici,ostanaa nekolku semejstva bez tatkovci,majka edna...Da,Trajkovski go pravese ona sto smetase deka treba da se napravi,no ovie nedokazankovci koi znaat ili da falat ili da klevetat neznaat da procenat.Neka mu e slava na Trajkovsk,a steta e sto tie sto denes go velicaat,utre ne znaat kako da se odnesuvaat kon nego,so godini nanazad e taka.Kaj nas,ocigledno,najvaznoto e da se odrzi pomen za nekogo a ne i da se primeni negoviot nacin na rabota,ako toa se ceni.
Од: митко
Датум: 27.02.2009 15:05:34
колку бесе светла и чиста политиката на тој човек.поради кои причини ваквите како него го напуштаат овој свет,,,,да беше жив ќе ги подржуваше идеите на денешната власт и без никаков проблем ќе ги достигнавме целите....
Од: realen
Датум: 27.02.2009 15:35:03
''Citatelot'' dobro se sekava. A toa go znaat i od DPMNE deka Lubco Georgievski vo ime na partijata slednoto go kaza: '' SE İZVİNUVAME OD MAKEDONSKİOT NAROD DEKA GO PREDLOZIVME ZA PRETSEDATEL NA MAKEDONİJA''. Za DMPNE pokojniot Boris Trajkovski bese ''predavnik'' zosto mu mislese dobro za Makedonija.
Од: dvolicen
Датум: 27.02.2009 18:41:56
зошто толку дволичност!!!!!??? па нели човекот беше катастрофа како претседател? сега сите по него-борис цвеќе, борис душо. човекот не беше добар претседател! беше само добар човек, но не и претседател. и доста со ДВОЛИЧНОСТ!

Најди! во Утрински
Втора страница
Verbatim
Пресудата за Скопје