Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Георгиевски не го слави Рамковниот

Експремиерот, кој одигра клучна улога во конфликтот во 2001 и во склучувањето на Рамковниот договор, ја игнорира прославата на десетгодишнината

Гордана Дувњак

Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој е еден од петтемина потписници на Рамковниот договор, не ја избегнува прославата на десетгодишнината од овој значаен настан, тврдат од неговата партија ВМРО-Народна. Тоа што нема да го прекине годишниот одмор, кој го поминува во регионот и се враќа во земјава дури во средината на идната недела, во партијата го објаснуваат со „технички неусогласености“.

И покрај тоа што настанот е лесно предвидлив и однапред планиран, сепак, за ВМРО-НП неговото отсуство не е алиби, бидејќи, како што велат, „непоканет не се оди никаде“.

„Поканата за Георгиевски дојде во партијата дури завчера. Тоа му го кажав на Георгиевски во вчерашниот телефонски разговор, но тој во овој момент е на годишен одмор и не може да го прекинува“, ни изјави претседателот на ВМРО-НП, Марјан Додовски.

Тој не гледа ништо чудно ниту, пак, некаква тактика во однесувањето на нивниот почесен лидер, бидејќи, како што вели, ,да бил Георгиевски навреме поканет од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, ќе можел да си ги планира обврските“.

„Георгиевски нема зошто да ја игнорира прославата. Неговите ставови околу Рамковниот договор се добро позна��и и афирмативни. Тој се појави на дводневната меѓународната конференција што се одржа на оваа тема во јуни оваа година, кога присуствуваше на Штуловиот универзитет во Тетово. Но, тогаш беше поканет навреме, па можеше да одложи и некои обврски и патувања. Сега, ситуацијата е поинаква“, нагласува Додовски.

За првиот човек на ВМРО-НП е симтоматично тоа што многу покани за официјални државни настани не стасуваат до нивната адреса. И покрај тоа што нивната партиска централа е постојано отворена, тој тврди дека не биле поканети ни за 2 Август, Денот на словенските просветители, претходно за 8 Септември, како и за други празници. Не сака да се впушта во шпекулации дали во тоа гледа некаква скриена намера, но додава: „Не можете да одите таму каде што не ве викаат. Без покана не се оди“.

Од петтемина потписници на Рамковниот договор, од кои двајца веќе не се меѓу живите (тогашниот претседател на државата Борис Трајковски и лидерот на ПДП, Имер Имери), на саботната прослава во Охрид ќе присуствува само лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Покрај Георгиевски, на големото славење ќе го нема ни почесниот лидер на ДПА, Арбен Џафери. Партијата предводена од Мендух Тачи, откако замина во опозиција, упорно го негира Охридскиот договор, нарекувајќи го „мртва буква на хартија“. ДПА се залага за нов договор меѓу македонската и албанската заедница, која би го регулира државното уредување како бинационална федерација.

Она што е помалку апсурдно е што домаќини на овој голем настан ќе бидат оние што го негираа најмногу или, пак, воопшто не беа протагонисти на парафирањето на Охридскиот договор, туку претставуваа завојувана страна во воениот конфликт во 2001 година.

Актуелниот татко на нацијата, Ѓорге Иванов, кој сега со полна уста го фали Рамковниот договор, пред повеќе години, но тогаш во улога на професор, жестоко го критикуваше. Се' до неговиот избор за претседател на државата, тој во него гледаше скриена опасност за федерализација на земјата. Од времето на изборната кампања остана запаметена неговата споредба дека Рамковниот договор изгледа како космодиск. „Изгледа шашаво, ама функционира!“

И оваа јубилејна година, одбележувањето на Рамковниот е во организацијата на Секретаријатот предводен од кадар од владејачката албанска партија. Поранешната паравоена ОНА, која се трансформираше во политичката партија ДУИ, сите овие години е најревносен поддржувач на Рамковниот договор. На прославата се очекува да се појави целиот државен врв на чело со премиерот Никола Груевски. Секако, меѓу оние што најмногу ќе наздравуваат со шампањско, ќе биде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потпишувањето на Рамковниот договор го книжи како свој голем политички успех.

За разлика од македонската политичка елита, меѓународната заедница во охридскиот хотел „Горица“ ќе биде со силна екипа. Од Америка утре треба да допатуваат нашите стари познајници - поранешниот амбасадор на САД, Филип Рикер, кој прв пат доаѓа во новата улога во американската администрација, познатиот олеснувач Џејмс Пердју, како и аналитичарот Даниел Сервер. Се очекува и пристигнување на поранешниот претставник на ЕУ, Французинот Ален Лероа. Неговиот сонародник Франсоа Леотар, кој на 13 август пред точно една декада со својот потпис ја гарантираше валидноста на Рамковниот договор, поради лични проблеми со корупцијата, ќе си остане дома.

За аналитичарите тоа што меѓународната заедница доаѓа во полн состав и на високо политичко ниво е сосема разбирливо и очекувано. Сметаат дека по многу неуспеси на дипломатски план во кризни региони, Рамковниот договор за нив е „успешна приказна“, со која сакаат да се пофалат и да ја „продадат“ како добар превентивен модел за разрешување воени конфликти.

„Охридскиот рамковен договор ја придвижи Македонија напред кон полна демократија, граѓански права и признавање на културниот и етничкиот идентитет на луѓето во земјата. Јас сум многу задоволен поради спроведувањето на договорот. Постигнат е голем напредок. Беше тешко да се преговара, но беше многу потешко да се применува, а тоа е она што е важно“. Вака гласи оцената на Џемс Пердју, поранешен заменик-генерален секретар за операции во НАТО, кој во 2001 година, како олеснувач во преговорите меѓу македонската и албанската страна, учествуваше во креирањето на Рамковниот договор, дадена во интервју за Дојче веле.

„Имам впечаток дека сите овие дваесет години од независноста на Македонија, меѓународната заедница повеќе се грижи за нас да не' биде како држава, додека нашите политичари емитуваат лоша енергија“, подвлекува аналитичарот Мерсел Биљали.

Тој вели дека нашите политички елити се однесуваат кон Рамковниот договор како да е тапан. Удираат врз него со сета сила. „Додека се во опозиција, го кудат на сиот глас, а кога се во власт, го фалат“, тврди Биљали. Тој има разбирање и за отуството на Георгиевски на прославата, кој според него во поселдниве неколку години покажал редок државнички капацитет. „Човекот, едноставно, не сака да биде дел од една голема фарса“, заклучува на крајот Биљали. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 5964 пати.

Испрати коментар

Од: od kitan
Датум: 11.08.2011 00:21:05
ne mi e jasno zosto proslava i trosenje pari vo veter sto e toa tolku znacajno ima mnogu drugi povazni nastani koi ne se slavat i onaka ramkovniot e samo edna farsa so koja makedonija izgubi mnogu. rala za objavuvanjeto !
Од: vistina
Датум: 11.08.2011 02:49:39
Ne samo Gorgievski nego i drugite potpisnici od makedoncite ne treba da go slavat ramkovniot dogovor treba da se ramat ot toj predavnicki cin i treba krivicno da odgovaraat.kade se slucilo edna grupa na teroristi da sednuva vlada na masa za pregovori nikade samo kaj nas.Aku togachnata vlast beche rechitelna ovie Albanski teroristi za edna nedela ce gi nemache.Ramkovniot dogovor e uchte eden jarem na vratot na makedonskiot narod toa e nechto poniuzuvacko za nas makedoncite.
Од: Moris
Датум: 11.08.2011 06:54:40
Zosto da slavime nesto od koe se sramime i sakame da se promeni. Inaku Ljubco potpisal vo imeto na VMRO DPMNE i tie treba da slavat vo negovo ime. Da ne zaboravime vo cij mandata pocna buntot an albanskite paravoeni sili.
Од: pameten
Датум: 11.08.2011 07:15:36
Ljubcho beshe sekako najpametniot poliutichar za ovie 20 godini. Prv sfati deka Jugoslavija dobra ili losha e minato. Sfati deka od Bugarskite koreni nema beganje i mora da se najde modus vivendi so niv i so Bugarija, sfakjajki deka kaj niv ima ljugje so koreni od Makedonija kolku celiot Makedonski narod, koi shto ne se nitu asimilirani, ni otrodeni... toku imale razlichna evolucija i se zachuvale kako Bugari. Sfati deka ako se izgradat specijalni odnosi so niv tie kje prifatat i posebnata evolucija na Makedonskiot narod vo 20 vek. NE sakashe da go unishti identitetot, toku da go zachuva! I pred se, Ljubcho prv sfati deka so Albancite mora da se podelime. Za zal mnozinstvoto Makedonci ne posakaa da odat vo ovoj pravec, objavija Ljubcho za predavnik... i denes odime kon katastrofa!
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 11.08.2011 08:38:33
Ej "pameten", ej bugarine, ej sramoto bedna. Ako za tebe Bugarija e lulkata na postonjeto na Makedonskiot narod, toa e tvoj problem koj sto nikogas nema da go resis. Znam, niz Makedonija kako tebe ima i drugi, uste pogolemi i blagonadezni bugari, no treba site da znaete deka i vremeto raboti protiv vas. Sigurno vo dogledna indnina ke padnete vo grobot sto im go kopate na Makedoncite!
Од: malo crnice
Датум: 11.08.2011 08:54:16
Koga moze segasen minister za odbran da izbegne da polozi cveke za zaginati vojnici zasto pa mora ljubco da dojde od odmor za da prisustvuva na 10 odini od ramkoven. Jebote jubilej....10 godini ramkoven, daj za neraboten den da se proglasi.
Од: od mene
Датум: 11.08.2011 08:54:55
"Pameten" ili si Blgarin ili nekoj hemafrodit, Makedonec sigurno ne si. Inaku, Ljubco po mene e najlosiot politicar koj voopsto go imala Makedonija. Pri vojska i policija vo 2001. izgubi vojna od edna obicna banda siledzii. I toa samo za da ne se skara so Dzaferi i vlasta da mu trae nekoj mesec podolgo. I sega namesto da ziveeme nekoj normalen zivot, nie zivurkame non-stop ucenuvani od Albancite koi pola ni se dojdenci od Kosovo. I kazi mi edna druga rabota, ako Ljubco bese tolku cesen sto ne kaza deka se cuvstvuva Bugarin pred izborite 1998.?
Од: Tina
Датум: 11.08.2011 09:05:24
Ramkovniot ne e nekoja religijska proslava, tuku politicka spogodba, i tolku. A sega tije koji imat korist od Ramkovniot, da pokazat pocit, so nijnite raboti, a ne so novi izmisljotini na inatot, i gramzivosta.
Од: Бугарин
Датум: 11.08.2011 09:23:31
Sekoja cest na Ljubco koj e bez symnenie najdobriot makedonski politicar vo poslednite 20 godini. Mi e zal deka makedonskiot narod go namrazi zaradi nekakav si pasos. Ljubco e istinski makedonski geroj a ne bugarski predavnik. Tuk vo Bugarija moze bi 2/3 ot naselenieto si nemat ideja koj e Ljubco i mi e zal koga ceta iz makedonskata presa Ljubco BUGARINOT - PREDAVNIKOT. Pa i nema loso da ima pasos vo krajna smetka Bugarite i Makedoncite sa najblizni narodi vo celiot svet. Ova e fakt......Pozdravi iz Sofija.
Од: хроничар
Датум: 11.08.2011 10:11:37
Рамковниот не постои, тој не е мировен договор, не го потпишаа завојувани страни! Го потпишаа легални политички партии, и истиот амандмански е преточен во Уставот на РМ. Во суверена држава не може да постои пообврзувачки документ од констутивниот - Уставот! Од друга страна и формално правната рамка за Рамковниот, 20% албанска популација, за која е проектиран, не постои! Факт е дека албанското малцинство е помалку од 17%! И трето Рамковниот е анахрон и го компромитира европскиот граѓански концепт на Македонија, затоа што изнуди колективни права за албанското малцинство по принцип на процент, наспроти родените индивидуални права на Македонците и другите во државата! На Македонија и е потребен нов конзистентен Устав а не хибридна творба, со кој Македонија повторно ќе биде национална држава на македонскиот народ со меѓународните стандардни права на малцинствата! Повикувањето на Рамковниот договор и толкувањето и уизведувањето на нови права на малцинствата е уривање на уставниот поредок!
Од: el toro
Датум: 11.08.2011 10:37:29
Ne mi e jasno sto proslavuva zvanicna RM,ohridskiot ramkoven dogovor e katastrofalen poraz za Makedoncite i Makedonija,se razbira pod zakrila na takanarecenata megjunarodna zaednica koj ni ja skroi kapata, so nesebicna pomos na domasnite predavnici.A sto se odnesuva do bivsiot premier ne treba sega da se peteli i prodava patriotizam tuku togas koga vo Ohrid go potpisuvase ramkovniot!!
Од: srebre
Датум: 11.08.2011 10:45:12
na godisen odmor i ne go prekinuva...a od sto se odmara?se otepa od rabota mozebi?no i nema logika sto da slavi?toa li deka albancite stanaa suvereni i privilelegirani...za rabote,upis na vss,funkcii,sekade se barat kako da se deficitarni a makedonecot kako da e djavol i magister da e nikoj nema potreba od nego...dobro predlozi ljupce togas podelba terr za ludje ce imamve idnina sega poeka umirame ramkovniot e rak rana za makedonecot.....
Од: x
Датум: 11.08.2011 11:28:13
Toj e be batinja cela godina na odmor,se vrakja samo za izbori koga treba da odraboti za SDS-ovcite
Од: jas
Датум: 11.08.2011 11:39:36
Ja nadrobi kashata i sega ne saka da jade od nea...
Од: Bravo za Ramkovniot
Датум: 11.08.2011 11:42:02
Bravo za proslavata na Ramkovniot,i treba da se slavi.So toj Ramkovski dogovor malcinstvata dobija nekakvi si prava,koj pred toa ne postoeja i bea ugnetuvani od pravoslavnite nacisti koi bea na vlast poveke od 70g.Samo treba uste da se raboti na toa,ako treba i uste eden Ramkovski dogovor.Pred Ramkovskiot postoese samo"pravoslavniot"Makedonec,za malcinstvata ne se delea sredstva od budjetot.Videte kao e izgradeno Skopje:; Tamu kaj sto zivee pravoslavniot Makedonec,e luskuz,kaj sto ziveat malcinstvata prava katanga.A ovie sto se protiv Ramkovniot,ah,pa tie se nacisti so ispraN MOZOK od komunistickiot nacizam koj bese produzena raka na nacizmot na Hitler.Blagodaram na UTRINSKI ako go objavi mojot komentar
Од: Do Asan
Датум: 11.08.2011 11:57:02
Kolku Bugari imase vo 90? Kolku se demes? A kolku kje idap po 10 godini? Sakate li Vie golemi patripgi Makedonskiot narod da se podeli? Ako sporot so grcite ne obedenuva, sporot so Bugarite ne podeluva.Ako ovo ne go viduvate, zmachi zhiveete ma Mars.
Од: Aa
Датум: 11.08.2011 14:28:39
Ti li si makedonec bre, Asane?!!
Од: pile
Датум: 11.08.2011 15:25:33
Za site onie sto komentiraat vo stilot, deka datumot na ramkovniot dogovor ne treba se odbelezuva, oti fakt e deka ne se slavi.So ramkovniot dogovor se zapre procesot na raspad i podelba na Makedonija. Koj vojuvase protiv Makedonija 2001godina?, mnogu dobro objasnuva vo nedelnikot globus 2008 god. g-din Todor Atanasov, togasen clen na Sovetot za bezbednos na RM. Citiram ,,protiv Makedonija vojuvase makedonskata Vlada``.
Од: dragi
Датум: 11.08.2011 15:42:48
Ova e zatoa sto Djems Pedrju toj go proglasi pred 10 god. za "persona non grata" vo Makedonija, a istata osoba od Amerika denes e glavna vo obelezuvanjeto na ovaa svecenost. Treba li dodaten komentar ???
Од: Bukefal
Датум: 11.08.2011 15:55:02
Апсолутно се согласувам со “хроничар“, каков Рамковен, па уште и прослава??? Само да го надополнам “хроничар“ под “четврто“ да биде и ставот на Меркел и Саркози кои директно изјавија, дека мултиетничкиот концепт во Германија и Франција е мртов, не може да функционира! До кога ние во Македонија ќе дозволуваме со нас да се прави експеримент? Сите соседни држави се матични држави на своите народи, а ние и она што ни остана по Букурешкиот договор доброволно ќе го растуриме ли? Дури и лицемерниот олеснувач Пердју вели Рамковниот договор е завршено прашање сега Македонците треба да се завртат кон прашањата кои не се однесуваат на Рамковниот! А, дека албанските политичари кои партиципираат во Владата треба да се контролираат, доказ е најавата за помош од Британија за Рамковниот, која ја договарал вицепремиерот од ДУИ ! Срамота што држава сме ???
Од: emilija
Датум: 11.08.2011 17:03:06
sto da slavime za toa sto ni ja zemaat drzavata toa li da go slavime SRAMOTAAAAAAAAA
Од: do neinformiranite
Датум: 11.08.2011 19:15:40
Ljubco sfakja nesto onaka koga ke mu se plati.No toj ne rekol deka Makedoncite imaat bugarski koreni.Toj pred da dojde na vlast se kazuvase za golem Makedonec,a koga dojde na vlast napravi kup gluposti i steti protiv Makedoncite i zatoa izbiracite go ispratija vo gubristeto na istorijata.Evolucija imalo kaj nekoi drugi narodi,a ne kaj nas Makedoncite.Ramkovniot dogovor so negovite maani sepak ne e triumf na teroristite,bidejki kaj mnogumina od niv ima nezadovolstvo od dogovorot i smetaat deka dobile malku.Pa vo pravo se i neka im bide jasno deka so toa malku mora da se zadovolat.Povekje ne mozat da dobijat.

Најди! во Утрински
Втора страница
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Вербатим
Утната математика

"""